Сакам друго да Ви укажам, макаршто се плашам, оти прво ќе Ви треба молебен за отворање на умот... Во тоа време (пред 20 години), в училиште доаѓаа поп/оџа и се служеше молебен за благословен почеток на училиштната година. Тоа може и до некаде да се нарече индроктинација, ама деца слободно да си одат в црква и таму да се служи молебенот само комунист од шаблоните на Ленин и Енвер Хоџа може да го нарече индоктринација.
Лик со име Ортофил ми збори за отворање на умот. Бесценето До некаде велиш ? Да, сигурно деца во таа возраст спонтано се имаат соберено и упатено кон црква да се молат за успешна школска година, у никој случај не се под нечие водство. Немој, жити се.
Заборавив, в црква кога ќе одиме попот со пушка не` тера... Црквата на сликата се наоѓа во центарот на Крушево, на 2-3 минути од едно од основните училишта. Што значи децата можеле и сами да си појдат на богослужбата. Во мое време, се сеќавам дека сами си одевме в црква на молебенот, иако тогаш немаше ни “веронаука“ во училиштата. Само разликата беше што место на фејсбук, за молебенот разбиравме од тв или радио. Вистина имаше индоктринирачка реклама.
Во време кога вистинските вредности се изместени, не ме ни чуди што се поголем број на луѓе не веруваат во постоењето на Бог. „...да биде волјата Твоја, како на небото така и на земјата...“ Со ова само се потенцира дека Господ царува со небесните пространства, а на земјава, за жал, владеат демонски сили. Народов е заслепен, па не може да ја пронајде вистината.. Отидете на најдалечната пустина или планина, изолирани од светот, сами. Па, од космосот ќе ве видат и ќе слушнат што зборувате. Ние сме екпериментални глувци, марионети на новиот светски поредок, кој има една цел - пореметување на вистинските вредности. Никој нема да ви каже дека отровот е отров кога го сервираат. А, го сервираат многу убаво.
@Orthophill & @EvAngelos, дали истото ова би го рекле и за исто толкави деца во џамија клекнати да се клањаат? Ме мрзи да барам слики, па да ги ставам една до друга, иначе може и „пронајди ја разликата“ да си поиграме. Само си ја префрлате топката при вакви скандали (да, ова е скандал за кој треба и Меѓаши да реагира, како што мислам беше случајот и со исламска индоктринација), а подеднакво ужасни сте и двете верски заедници. Деца спонтано не се собираат ни за религија како ни за политика, тие приказни не можете да ни ги продавате. Виновни се родителите и организаторите на ваков настан, и истиот треба да се осуди во едно секуларно, а не „сталинистичко“ општество.
Јас немам проблем, дури и се радувам што многу деца одат на поука во џамиите. Еве како се организирани:
Ај продолжете во соодветни теми, оваа служи за поставување прашања и добивање одговори, не за пропаганда ваква или онаква и расправии, во секоја тема истото од вас. Јас во тој период почнав и немаше такво нешто во моето училиште.
Проблемот е во главите на оние кои сметаат дека одењето/носењето на деца в црква е проблем. Комунизмот (не мислам на Југословенскиот), кој ја забранува верата, и фашизмот во нормалните држави и општества се ставаат во ист кош. Индоктринација 1978: Индоктринација 1959:
Се разбира дека истото би го рекле. Македонија е слободна, секуларна и неатеистичка држава и муслиманите имаат слободно демократско право да си ги воспитуваат децата согласно Исламот - и никој не смее да им го забрани тоа право, или пак да ги тера да ги воспитуваат своите деца во рамките на некоја друга вера, филозофија или идеологија (како на пример атеизмот). Доколку поп или оџа влезе во образовна институција и таму почне да проповеда на сите деца, тука имаме проблем. Тука е нарушена секуларноста. Но ако родителите православни, во слободно време си ги носат своите деца во православни цркви, тоа е сосема ок и никаде не ја задира секуларноста на земјава. Интересно е тоа како не ви сметаше кога проститутки играа на излози во главниот град каде што шетаат и гледаат малолетни деца, или кога ЛГБТИ организираше парада на јавен простор, промовирајќи ја својата идеологија и стил на живот пред очите на малолетниците... а ви смета кога православни родители си ги носат децата во црква да си се помолат за успнешна година бе? Сериозно, тоа е проблем?
Првава фотографија ми разбуди детски спомени, кога со баба ми за рака заедно одевме на неделна литургија во "Свето Благовештение" во Прилеп. Вечно сум и благодарна за многу работи. И искрено ми е жал што некои никогаш нема да разграничат што значи воспитување во верата, а што е индоктринација во насока на живот без вера.
Во некоја рака да... и не само ти, сите ние. Имено ние постоиме уште пред настанокот на Земјата и материјалниот космос. Збиднувањата во природата се одраз во еден дел и на нашето колективно дејствување и недејствување. Не реков дека е манифестација на Божјата волја, туку дека илустративно попрво би можел Бог да се спореди со сонцето кое зрачи, отколку со некој тиранин кој се мисли и предомислува , делејќи правди и неправди.
,,Дали учењето на децата дека нема летечко шпагети чудовиште не е индоктринација?" ,,Дали учењето на децата дека нема еднорози не е индоктринација?" ,,Дали учењето на децата дека нема Дедо Мраз не е индоктринација?"
Тегови кревај. Моќ ќе појачувала И ти ли забега? Што ти вели Евангелос, сите сме грешни и секој еден ден што ни е даден ни е гратис и дека доколку Бог е вистина праведен сите заслужуваме болна смрт пошто нели, грешници. Па фала треба за денот плус. Затоа не прашувај зошто има несреќи оти заслужени ни се. Свашта.
Јас не прашував зошто има несреќи, туку Евангелос и Дејлајт се посветија на таа тема, мене друг ми беше муабетот, да не се фаќаше за рачки, веројатно ќе успееше да прочиташ. „Фала“ на „советот“, ама ти не си упатена во овие работи. Ме интересираат постови на луѓе кои имаат познавања од метафизичкото, не мора од христијанска гледна точка. Не дека не знам доста, ама можеби ќе сретнам нешто ново.
Исус бил убиен на крст, така? Тогаш зошто крстот се гледа како свето нешто, кога било начин на убиство во тоа време? Исус заедно со останати луѓе умреле на такви крстови, па како може да се гледаат како свето нешто и убав симбол? Исто така, да беше убиен на друг начин дали и тоа средство ќе се гледаше како свето?