Затоа што преку Крстот Господ и Спасител наш, Богочовекот Иисус Христос, нас луѓето не` ослободи од гревот и смртта. Во Крстот го гледаме оружјето со кое Бог го победи ѓаволот и гревот.
Не ја следам дискусијата но @sjdgo ако суштински се интересираш за метафизиката која ја спомена во постот, ова нека биде твојата стартна позиција. Теологијата не може да ја објасни метафизиката. Најдобронамерно проследувам линкови, нешто што вреди, се надевам не сфати како навреда. Поздрав. http://www.documentacatholicaomnia.eu/03d/-384_-322,_Aristoteles,_13_Metaphysics,_EN.pdf https://plato.stanford.edu/entries/aristotle-metaphysics/
Затоа што на крстот Исус Христос на себе ги зема гревовите на сите луѓе и со смртта смртта ја победи, за секој што ќе поверува во Него да бифе спасен и да има вечен живот. Слава му!
Имено, типов е познат новозеландски евангелистички проповедник кој се има конфронтирано и дебатирано со Докинс, а ова е неговиот коментар за смртта на неговата мајка вчера. Докинс на 80 години сигурно нема допрва да го поколебаат и преобратат ни останатите рандом луѓе со невкусни коментари, ниту тој - ама замислете ја оваа подла „техника“ со која се служат, упатена кон луѓе од секојдневието, кои многу помлади и ранливи се соочиле со вакви загуби во семејството. Најлошото е што во целиот ваков страшно нечовечки наратив на манипулација тие се уверени дека дејствуваат за доброто на таргетираната личност, сакаат да ја спасат од суровата казна по смртта во кои тие сметаат дека совршено добар Бог ја доделува на луѓе зашто не веруваат во него. Осет за емпатија изместен beyond repair... Сакам да знам, каде се моралните граници за ширење на верата и прозелитизам во абрахамските религии, ако воопшто и ги има?
Зошто сметаш дека би требало да има ограничување? Се чита како и секој текст најнормално. Симболот на верата е текст кој го составиле христијаните на првиот собир (конференција) на црквите во 325 година, а го дополниле малку на вториот собир (381). Тоа е текст кој ги кажува основите на верата на христијаните. Целта е да го прочиташ неколку пати, или уште подобро да го научиш на памет за да ги знаеш основите на верата. Потоа не гледам причина да го „мантраме“ тој текст. Можеби понекогаш да го читнеме за да се потсетиме што христијаните во 4-ти век сметале дека е најважно и најсуштинско да знаеме за нашата вера. Наместо тоа, би ти препорачал да си го читаш Светото Писмо, особено Новиот завет каде има практични водилки за секојдневниот живот.
Religija e veruvanje, dodeka sekta e grupa na lugje, koja najchesto e od religiozen karakter, no ne mora. Obichno sektite imaat obichno harizmatichen lider, podredena struktura, sopstven zhargon, i ekskluzivnost.
Може да се чита бесконечен број пати на ден. Препорачливо е барем еднаш во текот на денот. Црквата предвидува Символот на верата да се чита 2-3 пати. На повечерие, односно пред да си легнеме, на полуноќница, односно кога ќе се разбудеме и задолжително на светата литургија ако истата се служи.
Јас од прилика ја кажувам 3 пати дневно... при утринска молитва, попладне и пред да си легнам. Не сметам дека има некакво ограничување околу ова. Можеш да ја читаш и кажуваш колку сакаш. Баш пред некое време читав дека Симболот на верата се смета за лозинка за живот во вечниот Рај и царството Небесно на нашиот Господ Исус Христос.
Едно прашање во врска со религијата кое отсекогаш ме мачело: зошто жените се оние кои треба да се покорни, нежни, скромни?
Затоа што организираната религија од секогаш имала за цел да ги владее масите. Најинтересно е дека тие мизогинистички пасуси во Библијата се додава и подоцна.
Да му го прости гревовите.. Последните зборови на Исус биле ,,Оче прости им, не знаат што прават” И останало од тогаш, Бог да им ги простува гревовите на починатите. бар јас вака знам дека значи. @Vitaly @Orthophill ?
Да, во таа смисла е тоа Бог да го прости, да му ги прости гревовите...исто и она кога ќе речат "нека му е лесна земјата" и тие зборови означуваат простување, демек мртовецот да почива во мир...
Потоа рече Бог: „Да создадеме човек според Нашиот образ и подобие како што сме Ние И го создаде Бог човекот според образот Свој, според образот Божји го создаде; машко и женско ги создаде. Заклучок - bingo Бог е единка и секако машко јер logic и која би била побогу алтенативата(Сите сличности со постоечки мизогинистички личности ( и нивните плитки примитивни гледишта) се случајни.. - ОСВЕН ОНИЕ КОИ НЕ СЕ)
Ме интересира, Германија и Германците се Римо-католици или Протестанти? Која е официјална религија. На нет пишува дека се протестанти a официјална религија Католичка.