Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сè што сакате да знаете во врска со религија

Дискусија во 'Религија' започната од AdoLf, 14 јуни 2011.

  1. FVP

    FVP Популарен член

    Се зачлени на:
    26 септември 2018
    Пораки:
    358
    Допаѓања:
    1.201
    Пол:
    Женски
    Зависи кои делови од државата, но процентуално се отприлика подеднакво протестанти и католици. На северот, централните делови и истокот се процентуално повеќе протестанти, а на запад и југ католици.За повеќе информации прочитај за 30 годиншната војна, како и влијаните од поделабата после Втората Светска Војна врз религиозната самоопределба на германците. Инаку Германија има исто интересни закони во кои што луѓето кои се официјално религиозни плаќаат посебни (повисоки) даноци и такси.
     
    На daylight, Orthophill и EvAngelos им се допаѓа ова.
  2. ynboo

    ynboo Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 декември 2018
    Пораки:
    108
    Допаѓања:
    115
    Германија нема официјална религија туку се практикува ''freedom of religion'' утврдено со закон. Под официјална религија се смета државна религија пропишана со закон (многу малку христијански држави имаат државна (state) религија). Но најбројна религија е христијанството. Јужниот и западниот дел се претежно католички, а централниот и северниот дел се протестанти. Во источниот дел околу Берлин и границата со Полска има позначаен број на атеисти.
     
  3. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.216
    Допаѓања:
    4.254
    Формално на хартија тоа е така, но во пракса реалноста за жал е нешто поинаква. Особено кога институционалните цркви во Германија како што се католичката и протестантската (кои честопати уживаат голем углед и влијание во тамошното општество) ги доживуваат другите помали верски заедници како конкуренција и се обидуваат со разни манипулации и клевети да ги сузбијат.

    Повеќе во книгата на познатиот поранешен католички теолог порф. д-р. Хубертус Минарек:
    Новата Инквизиција: Ловот на „секти„ во Германија - Менталитет, мотивација и методи на верските и државни ополномоштеници за секти
    и во книгата на германскиот новинар и социолог Матиас Холцбауер:
    Камениот Орел и неговиот мирис на сулфур - Новото средновековие: прогон на религиозните малцинства низ историјата и прогон на прахристијаните денес

    neueinq.jpg dersteinadler.jpg
     
  4. marijaml

    marijaml Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2015
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    28
    Пол:
    Женски
    Дали може некој да ми обвјасни зошто задушата за првата годипнина на смрт на еден човек морало да се нози порано а не токму на денот на годишнината?
     
  5. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.718
    Допаѓања:
    10.211
    Пол:
    Машки
    Глупи човечки измислици. Мислиш дека на Господ му е важно ова што некој си Петко и Станко немале попаметна работа и измислувале вакви глупости и сега луѓе си тупат главата зошто требало така, а не вака? Секако дека не. Затоа не се оптеретувај со вакви бесмислици.
     
    На Lella и marijaml им се допаѓа ова.
  6. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.487
    Допаѓања:
    55.086
    Пол:
    Женски
    Прашај си поп кога треба и што треба, тој најарно ќе те упати.
    Претпоставувам си православна, без разлика кога треба да се направи поменот, направете го, бидејќи тоа е молење и спомнување на душата на мртвиот да не се заборави, и да и се простат гревовите, не слушај го @EvAngelos доколку си православна :D
     
    На marijaml, Orthophill, kuc и 2 други им се допаѓа ова.
  7. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.718
    Допаѓања:
    10.211
    Пол:
    Машки
    За жал на прсти се бројат (и тоа на една рака!) поповите што ја познаваат добро Библијата. И со нив што сум правел муабет, признаваат дека ова се небиблиски традиции, некои дурги буквално ги нарекуваат „глупости“.

    Инаку гревовите се простуваат додека сме живи и можеме да се покаеме. После смртта, немаме можност да се покаеме за гревовите. А некој друг да се покае за нас, ни тоа не е можно за жал. Знам дека џабе ќе ти постирам библиските цитати за ова (очигледно тие не ти се релевенатен доказ), па затоа ќе ти спомнам дека св. Јован Златоуст го вели истото, св. Василиј Велики исто, св. Кирил Александриски, блажен Августин, св. Јером и св. Грегориј.

    На Судниот Ден нема да се појавиме пред православниот архиепископ, ниту пред папата, ниту пред некој протестантски пастор, туку ќе се појавиме пред Господ Исус Христос - кој не бил ни католик, ни протестант, ни православен. Пред Исус ќе одговараме за тоа што не сме му биле послушни на Него (Исус). И за жал нема да поминат изговорите од типот „Ама мене ме родија православни родители и морав да ги следам православните адети и традиции....“. Исус ќе те праша: „Дали ти беше достапно Моето учење, Моите заповеди? Зошто не ги послуша? Зарем традициите ти беа поважни од мене? Во ред. Оди сега кај традициите тие да те спасат од гревовите... и правец во огненото езеро.

    Погледни што вели Исус:
    „Овој народ Ме почитува со усните, а нивното срце е далеку од Мене; напразно Ме почитуваат, учејќи науки, што се човечки учења.’ Вие ја оставате Божјата заповед, а го држите човечкото предание. Вие добро ја укинувате - продолжи Тој - Божјата заповед, за да го држите вашето предание!“
    (Исус Христос, ев. Марко 7:6-9, Библијата)
     
    На marijaml и candy.cane им се допаѓа ова.
  8. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.867
    Допаѓања:
    4.584
    Пол:
    Машки
    Годишниот помен може да се врши на денот на упокојувањето, но може и порано. Обично се вршат помените за викенди за да можат да дојдат повеќе души. Не е толку битно кога ќе се изврши поменот, битно е да се изврши.
     
    На orevokrsacka, Rama и marijaml им се допаѓа ова.
  9. marijaml

    marijaml Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2015
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    28
    Пол:
    Женски
    Многу го почитувам твоето мислење и се согласувам. На жалост се работу за свекор ми и свекрва ми е во паника што треба како треба, итн. Маж ми сака на денот поради тоа што кон татко му многу неправди биле направени во неговиот жибот, а свекрва ми се плаши да не не чини. Глупости живи. Некој вели вака, некој онака, а на попот не го имам прашано затоа што некој и не сака да вика поп, ете толку многу плеткани работи. Иначе јас сум верна но не религијосна личност и од формалности не се развирам многу. Уште еднаш фала ти многу.

    Благодарам и јас мислев на попот да го прашувам но некој не сака да викаме поп... Инаку фамилијата ми е православна а јас сум од странство и сум пораснала во католичка атмосфера така не ги знам добро адетите и ако не се толку раслични двете вери.

    Многу ти благодарам за мислењето и на тој начин мнигу често и зборувам на свекрва ми. Знаеш, велиме христијани сме ама се одмаздуваме, колниме, водиме инает итн. Постиме а се прејадуваме деликатези и да не ородолжам. Но како пто велат во мојот крнај таму каде пти ќе одиш направи како што прават другите... и јас постојанодискутурам со фамилијата како е момно да славаат празници а не ни ти знаат која била св. Петка или Св. Никпла. Не знаеа дека не постоело Св. Спас како личност туку сека го славиме Христос итн.
     
    Последна измена од модератор: 16 декември 2019
    На Rama, EvAngelos и Orthophill им се допаѓа ова.
  10. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.487
    Допаѓања:
    55.086
    Пол:
    Женски
    Драга @marijaml, според православието важно е да се направи помен за упокојување и мир на душата на мртвиот, за истата да не се заборави и да и се простат гревовите, разговарајте со поп како што ти кажав, ама и не е страшно според мене ако не се направи поменот на време, т.е ако биде ден покасно или порано од годишнината на смртта, тоа е исто како кога некои молитва за бебе земаат на 40 дена, а некои на 42.

    Во право си за се што кажа, ама во човековата природа е да бидеме грешни, секако дека треба да се каеме и да се трудиме што е можно повеќе да живееме живот според верата, ама тоа тешко некако ни оди, за жал...
    На крај на краиштата, ние сме само обични смртници, еден беше безгрешен само, тоа е Господ и тој на крајот ќе ни суди на сите според заслугите.

    Се согласувам со тебе дека многу суеверие има во православието и дека не се знае кој се слави и зошто, и јас до пред неколку години не знаев зошто се слави Св Спас(Спасовден во мојот крај) исто и не знаев што празник е Пречиста(тоа се слави на 4 Декемви и е празник посветен на Воведението на Богородица во храмот), исто не знаев што празник е Св Враче( тоа е празникот посветен на Светите-исцелители Кузман и Дамјан) и уште многу други празници има кои народски останале вака, суштината на празниците им ја знаеме, ама сепак имињата можат да го збунат секого.


    @EvAngelos Јас не познавам ниту еден поп кој е против правењето на помен, ниту еден кој рекол дека тоа се глупости, како да речат така кога тоа со неброени години и години наназад се прави за спомен на мртвите души, како нема да се простат гревовите на мртвите души, кога на тој помен попот одржува молитва, се спомнува името на мртвиот и кажува молитва за мртвиот, а исто и блиските на мртвиот можат да се молат.
    Не знаеме никој што ќе рече Исус на денот кога ќе излеземе пред него, сепак тој ќе ни суди за се што сме направиле на земјата, вклучувајќи го и водењето на животот низ православието, доколку би било погрешно истото:)

    На прсти се броеле поповите кои ја знаат напамет Библијата? Ма немој, јас баш го мислам спротивното, бидејќи милион пати сум го видела истото кога на службите ќе раскажуваа огромни текстови од Библијата, ќе кажуваа и метафори кои Исус ги кажуваше низ Библијата и слично, немој не си греши душа човеку, дојди еднаш на служба и сам увери се.
     
    Последна измена: 16 декември 2019
  11. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.718
    Допаѓања:
    10.211
    Пол:
    Машки
    Му е гајле на Исус дали некој се нарекувал православен, католик или протестант. Во времето на Исус, а и со векови после Него, не ни постоеле овие поделби.
    Исус преку 10 пати ЈАСНО се изјаснил што му е важно, а тоа е луѓето да го прават она што Тој го заповедал. Значи Тој = Исус, а не некој човек што му текнало да измислува некои работи 500 години после Исус.

    Ниедна црква не може да те спаси на Судниот ден, макар се нарекувала и "Најправославна највистинска Христова црква". Доколку одиме контра Исусовото учење, огненото езеро е нашата последна дестинација.

    Еднаш? Сто пати сум бил, и пред да бидам верник и потоа. Да ја знаеа поповите Библијата, ќе знаеа дека во неа сите стотина молитви се упатени до Бог и само до Бог, и дека нема ниту една единствена молитва упатена фо светец. И не само во Библијата, туку ни во целата ранохристијанска литература нема да најдеш молитва упатена до светец. Дури после 3-4 век почнуваат да се воведуваат молитви упатени до починати верници.

    Јасно ми е дека поповите се писмени и знаат да читаат делови од Библијата. Но едно е да знаеш да читаш, а друго е да ја познаваш Библијата.
     
  12. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.260
    Преименувајте ја темава во:
    “Се' што сакате да знаете во врска со религија, од аспект на Вангел.“
     
    На Mr. Right, DAngel, Just.do.it и 8 други им се допаѓа ова.
  13. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.249
    Допаѓања:
    39.624
    Пол:
    Женски
    А дури во 16от век се појавува протестанството. :wasntme:
     
    На DAngel, theowndemon, Rama и 2 други им се допаѓа ова.
  14. falconseeker

    falconseeker Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 август 2012
    Пораки:
    135
    Допаѓања:
    78
    Пол:
    Машки
    Дали Господ може да се премислува, или се е дел од совршена промисла?
    И дали има во библијата јасен аргумент, став за тоа?
     
  15. Tiktaalik

    Tiktaalik Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2019
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    49
    Пол:
    Машки
    Секако дека може да се премислува. Потопот на пример.
     
  16. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.216
    Допаѓања:
    4.254
    "Јас Господ не се менувам...„ - Стар Завет, книга на пророк Малахија 3:6
     
    На TrinityNeo, La.loca, eliesaab и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. falconseeker

    falconseeker Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 август 2012
    Пораки:
    135
    Допаѓања:
    78
    Пол:
    Машки
    Тогаш како може да постои совршена промисла, ако твојата молитва може да го премисли?
    Која е поентата ма молитвите тогаш?
     
  18. Tiktaalik

    Tiktaalik Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2019
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    49
    Пол:
    Машки
    Моја молитва? Не фала.
    Совршена промисла? Ти веруваш во тоа?
     
  19. falconseeker

    falconseeker Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 август 2012
    Пораки:
    135
    Допаѓања:
    78
    Пол:
    Машки
    Не реков твоја молитва, реков молитва. А промислата е онаква каков што е оној на кој му припаѓа, ако не си совршен, ни промислата нема да ти биде совршена. Господ совршен е или не?
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Tiktaalik

    Tiktaalik Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2019
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    49
    Пол:
    Машки
    Па не ќе да е, ако постои воопшто. Но ете некои се убедени дека постои.
     
    На falconseeker му/ѝ се допаѓа ова.