Каде тоа си прочитал за "божја промисла"? Поткрепи го тоа што прашуваш со конкректен цитат. Чив став е тоа? Ти што мислиш со бубрегот?Став може да биде или-или?
Еве цитат кај што се премислува: 6. И се покаја Бог што го беше создал човекот на земјата, па се огорчи во срцето Свое. 7. И рече Господ: „Ќе ги истребам луѓето што сум ги создал, од земјата – од човекот до животното, ѕверовите и птиците небески – оти се кајам што ги создадов.” - Прва книга Мојсеева (Битие), 6
И тоа што некој одлучил да се моли, и чинот и исходот е промисла ваљда. 1. Можеби Бог ги знае оние работи што одбира да ги знае, знае кога ќе посака да осознае. 2. Едно е да знаеш, друго да минеш низ искуството. Како кога знаеш каков вкус има одредена храна, но пак ја јадеш. Во сите случаи важи можеби, само размислувам на темата.
За да биде Господ, за да не е демијург, потребно е да има сезнајност и семоќност, во спротивно ќе биде само уште еден од божествата во паганските пантеони. Е сега, сезнајноста наложува дека сите нешта се случуваат според промисла, ако се работи за несовршено битие, и промислата ќе биде несовршена, ако се работи за совршено битие и промислата ќе биде совршена. Се разбираме сега? Не е став, прашање е. Дали Господ се премислува или не. Ете некои велат се премислува и тоа го поткрепуваат со библиски цитат. Твојот став кој е?
Работата е во тоа што ако искуството да се осознае нешто е неопходно, тогаш значи дека има цел за неговото постоење. Злото, гревот се промашување, нема цел за нив, грешка се.... Тоа значи дека не може од една страна да тврдиш дека има цел (па макар и само таква што господ ја знае) за постоењето на ѓаволот а од друга страна да го посочуваш како причина за злото.
@falconseeker Телемит си сине? Со среќа при објаснување на слободната волја на овдешните членови. Ќе ти треба. Just for the record - Битие не е идентично со терминот ,,суштествување", и ,,Демијург" конципира теорија од која произлегува дека Демијургот е всушност ,,Бог" кој го создал светот, а потоа заминал. Не се однесува ова за тебе, општо појаснувам.
Имало како возрасен човек некогаш. Клучот за тоа лежи во знаењето за можноста на повторно раѓање на човечките души во човечки тела (реинкарнација). Бог е само еден, но постојат многумина кои сакале или сè уште сакаат да бидат Бог и започнале свое создавање. Материјалниот космос и човечките тела се резултат на отпаѓањето од Бога а не последица на директно Божјо создавање. Во таа насока треба да се гледа на појавата на штетните микроорганизми. За многумина христијани е, но не за сите. Во тоа веќе никој нема право да се меша, потрага по причините за или против верување (и евентуално практицирање) би требало да биде исклучиво твоја слободна одлука.
Побарав цитати, не што ти и како разбираш. Господ вели "јас сум тоа што сум" , каков став би заземал било кој за негово дефинирање? Според тоа , бесмислено е да дебатираме за тоа какво мислење има било кој за Бог .Разлики секогаш ќе има од едно до друго мислење, но ако сакаш да го наметнеш твоето расудување како исправно и вистинито за сите тогаш правиш грев. Ако си со усвитена глава, причекај да дојде Синот Божји, па прашај го него.
Во христијанството не постои концепт на реинкарнација, туку земски и задгробен живот. Задгробниот живот има две опции - рај и пекол, нема повторни раѓања како друг човек, животно или растеие, тоа го има во други религии, не во христијанството, исламот и јудеизмот. Сакаш да кажеш дека бактериите, вирусите, паразитите ги создал некој што сакал да биде бог?! Па тие постојат со милиони и милијарди години! Долго пред луѓето да постојат! Плус, ако го тврдиш тоа, значи дека според тебе господ не е единствен креатор, дека има повеќе! Со тоа го ставаш во ист кош со паганските богови Тогаш не треба ни да се меша во се останато што произлегува од тоа. Во тврдењето дека религијата е буквален и апсолутен репер за вистинитост и точност, морален и етички кодекс за сите луѓе, не треба да има посредници - свештеници да кажуваат што е а што не исправно итн, итн. Ephesians 1: 11.All things are done according to God's plan and decision; and God chose us to be his own people in union with Christ because of his own purpose, based on what he had decided from the very beginning. Која е поентата од посредници - свештеници, ако е бесмислено било кој да го дефинира и да толкува кое што значи? Зошто постојат морални и етички стандарди во религијата, ако е бесмислено да се дефинира, стандардизира, толкува на други?
Па нели не постои реинкарнација во христијанството? Од каде му е тој "грев" на тоа кутро детенце што Бог дозволил да се разболи и настрада од рак? Дали ова значи дека болестите се посилни од Бог чим дозволува да нѐ разболуваат? Или општо лошите работи зошто не ги спречува ако е семоќен? Колкав "грев" треба да сториш за тоа да те снајде? Еве поконкретно со слика: Кој одговор и да го одбериш, испаѓа дека Бог не е семоќен и милостив како што се вели. Можно ли е да не постои?
Сигурно не онака, со особини како што го прикажуваат мејнстрим религиите. Нивната цел е контрола и манипулација на човештвото и за таа цел мораат да најдат институција со која стравот ќе биде алатката за контрола. Таа институција се трите светски религии - христијанството, исламот и јудеизмот.
1. Библијата не е пишувана на македонски. Овој дел оригинално е пишуван на хебрејски (стар еврејски) јазик. Оригиналниот збор е „воздивна“, и во многу други библиски преводи е преведен како се ожалости. Не станува збор за каење во смисла дека Бог признава дека направил грешка или грев што го создал човекот, туку едноставно се разжалостил што човекот ја злоупотребил својата слободна воља да се упропасти сам себе. 2. Тука станува збор за антропоморфизам - стилска фигура во која на Бог му се даваат човечки особини. 3. Во библиската книга на пророкот Јона, Бог му вели на Јона дека ќе ја уништи Нинивија бидејќи претерале со гревовите (слично како Содом и Гомора). Но му вели на Јона да иде да им го каже тоа. Јона прво не сака, ама потоа оди и им го вели тоа. Нинивејците се покајале, се одвратиле од гревовите и Бог потоа „се премислува“. Дали Бог не знаел дека ќе се случи тоа? Се разбира дека знаел. Не само што Бог знаел, туку и Јона знаел дека Бог нема да ги уништи ако се покајат. Ова има врска со Божјото предзнаење и Божјата предодреденост. Бог знаел што ќе се случи во иднина (тоа е предзнаење), но Бог не ги предодредил (програмирал) Нинивејците да се покајат од гревовите. Ако не се покајале, ќе ги уништел навистина. Но ако се покајале, нема да ги уништи. Сепак во состојбата во која тие се наоѓале (грев преку грев), нивната судбина со таков животен стил била таа - уништување. Малку посложена теологија е оваа, ама тоа е, не е се така едноставно. @daylight не е христијанин, туку е следбеник на верската организација „Универзален живот“. Тие имаат современа пророчица Габриеле Витек од Вицбург (Германија).
Тие финти можеш на рандом верник да му ги правиш, не на мене. Јас знам еврејски, иницијант сум, погледни го мојот профил. Зборот на еврејски значи каење, посебно употребен во овој контекст, еве подетално:
Што тресеш зелени бе жити се. Ти као го знаеш Арамејскиот јазик? Едно @falconseeker те демантира, второ ја промашуеш суштината. Еве for the sake of argument да речеме дека си во право (а не си) дека значи воздивна или ожалости, што правиме со остатокот? Од воздивнување уништуваш што си создал? Од ожалостување уништуваш што си создал? Не бе момче за од каење станува збор.
Жив и здрав да си, а за еврејски знаење, мие у Тетоо велиме: ќе треба малку столчето да го загрееш Ми подвлекуваш англиски збор? Епа да те потсетам дека Библијата не е пишувана ниту на англиски јазик Еврејскиот збор „на-кхам“ еве ти во еврејски лексикон: https://www.blueletterbible.org/lang/lexicon/lexicon.cfm?t=kjv&strongs=h5162 Види најдоле си пишува како што ти кажав: נָחַם nâcham (naw-kham'); a primitive root; properly, to sigh, i.e. breathe strongly; by implication, to be sorry, i.e. (in a favorable sense) to pity, console or (reflexively) rue; or (unfavorably) to avenge (oneself):—comfort (self), ease (one's self), repent(-er,-ing, self). Дури и англискиот превод што ги цитираш REGRET - во англискиот јазик не значи секогаш каење во смисла на признавање дека си згрешил, дека си направил грев. Затоа, наместо да тераш инат, едноставно прифати го еврејскиот оригинален збор кој буквално значи да воздивнеш, да издишиш длабоко, од болка, од тага, од жалење, од каење. А наместо тоа, пак, имај предвид дека Бог еден ден исто така ќе се „покае“, но ќе уништи неспоредливо повеќе непокајани луѓе отколку за време на потопот. Така што џабе сето дебатирање, ако еден ден се најдеме на погрешната страна на Божјото „каење“ (суд).
Арамејски? Аремејски зборувал Исус, а не Мојсеј 15 века пред наша ера. Бог никаде не вели згрешив што ги создадов луѓето. Еве дури и да го земеме тој збор, нека биде и дека Бог се покајал, се предомислил, тоа не е прв пат што Бог го направил, ниту последен. Ви дадов и уште порадикален пример - книгата Јона. Главната тема на таа книга е Божјото „предомислување“. Едноставно Бог едно му прорекол на Нинивејците, но откако тие се покајале, Тој се „предомислил“. Тоа само докажува дека нашите постапки не се предодредени и дека ние имаме слободна воља, а дека Бог одговара согласно нашите избори. Ако ние се покаеме, Бог ќе не поштеди од уништување. Ако не се покаеме, поинаква ќе биде судбината наша. Бог ја знае иднината и знае што ќе одлучиме, но сепак одлуката е наша. Тоа што тој знае што ти ќе одлучиш, тоа не значи дека тој ти се меша во изборот. Божјото „предомислување“ ја гарантира нашата слободна воља да се покаеме. Но, пак ќе кажам, Божјото каење нема врска со човечкото каење поради грешка или грев.
Да бе, посложена теологија било, стилска фигура било... Тоа ли им кажуваш на луѓето кога библиските приказни немаат смисла? Целава работа со покајувањето е морално неконзистентна, не само зборовите во пасусите. Ако на некој се заканиш со уништување или вечен пекол секако дека ќе се покае, што и да направил. Дури и добро дело да направам, ако некој ми стави пиштол на чело после, ќе се покајам. А ако удрам гладна мачка на улица и после Бог ми рече дека заради тоа ќе горам во пеколот, секако дека 15 пати ќе се покајам што сум ја удрила. Ама тоа ли е поентата? Цело христијанство се базира на ако не бидеш мирен ќе дојде чичко полицаец. А веќе сите знаеме дека оваа тактика покажува мрзеливо родителство и не е во ред бидејќи детето не знае уствари зошто е лошо тоа што го направило. Знае дека не треба да го прави, ама не знае зошто, ја нема добрата намера кај него. Ништо чудно, на простодушните луѓе во библиско време функционирал таков морал, ако може воопшто морал да се нарече, бидејќи не се грижиш за туѓата благосотојба туку за својата во случај да завршиш во пеколот.
А на кој јазик е изворно пишуван стариот завет? Благодарам, тоа и сакав да го прочитам од тебе, ништо повеќе, ништо помалку.
Пријател,повели послание од ефесјаните , спореди ,провери ,да не ти солам памет јас. Ти свештеник си? Сметаш дека е полезно ти да ни толкуваш ?