Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сè што сакате да знаете во врска со религија

Дискусија во 'Религија' започната од AdoLf, 14 јуни 2011.

  1. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.718
    Допаѓања:
    10.211
    Пол:
    Машки
    Приказните на Дарвин немаат смисла. Библиските извештаи си имаат смисла.

    Од првата страна, до последната страна на Библијата Бог си е конзистентен со изјава „Ако згрешиш - ќе бидеш уништен“. Тоа е она што им го кажал на Адам и на Ева, а така и ја завршува Библијата. Неконзистентност можеш да бараш кај Хиченс или Докинс, кај Библијата нема да најдеш :)

    Не е тоа една книга, туку 39 книги. Битие е пишувана на хебрејски (стар еврејски јазик).
     
  2. falconseeker

    falconseeker Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 август 2012
    Пораки:
    135
    Допаѓања:
    78
    Пол:
    Машки
    Ти кога жалиш некого, кога си тажен и во болка, земаш и го млатиш од ќотек тој што го жалиш можеби? :rofl: Или земаш и го убиваш?
    Зошто со сила се правите мутави бре луѓе? Кога контекстот на зборот во реченицата и текстот е јасен како ден?!

    Зборот коса има две значења во македонскиот јазик, но ако го употребиш во реченица која вели дека ќе одиш на бербер за да се шишаш, смешно и апсурдно е да тврдиме дека си зборувал за коса за косење трева!
    Во стиховите каде е употребен зборот, се вели дека Бог сотрел се живо и диво! Од луѓе, животни, растенија, инсекти.....и сега ти ме правиш будала у здрав мозок дека не било тоа поради каење што ги создал, туку поради што му било жал?!:rofl:
    Ај да не го цитирам Кили....:rofl:
     
    Последна измена: 10 јануари 2020
    На WildMk и lovestoneddd им се допаѓа ова.
  3. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.326
    Допаѓања:
    29.120
    Пол:
    Женски
    Нерелеватно. Не го спомнав Дарвин никаде.
    Морална конзистентност значи моралните начела да ти бидат исти постојано. Ако добро се сеќавам, и ти, а и други членови тврдевте дека Бог има различни морални начела во стариот и во новиот завет. Прво вадевте очи и заби, после го вртевте другиот образ.

    Гледај го видеово, интересно е:
     
    На WildMk, falconseeker, lovestoneddd и 3 други им се допаѓа ова.
  4. falconseeker

    falconseeker Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 август 2012
    Пораки:
    135
    Допаѓања:
    78
    Пол:
    Машки
    Проверено:
    Евесјаните 1:
    11.во Кого и ние бевме избрани за наследници, зашто бевме определени однапред со одлуката на Оној, Кој прави сè по советот на Својата волја,
    Така нешто, но не христијански, и не не мислам дека е полезно никој да толкува на никого. Сметам дека секој сам треба да го користи сопствениот потенцијал за осознавање и преку него да дојде до сознание. Верата во нечие друго толкување е корисна колку што е корисен нечиј туѓ ручек за твојата глад.
     
    На WildMk и daylight им се допаѓа ова.
  5. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.028
    Допаѓања:
    36.336
    Пол:
    Женски
    Зошто на Бадник постат, а пијат ракија, вино и пиво?
     
    На Sejfullai му/ѝ се допаѓа ова.
  6. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.718
    Допаѓања:
    10.211
    Пол:
    Машки
    Ноуп, сигурно не си праела муабет со мене. Моралот на Бог е апсолутно ист и во стариот и во новиот завет. Единствената причина зошто Бог ќе убие многу повеќе луѓе во Новиот завет е затоа што ќе биде поголема светската популација тогаш.
     
  7. falconseeker

    falconseeker Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 август 2012
    Пораки:
    135
    Допаѓања:
    78
    Пол:
    Машки
    Заканите никогаш нити успеале да ме исплашат, нити ќе успеат, така да џабе ти е ова. Да постоеше твоето страшило што го нарекуваш бог, ќе му порачав да ми се фати слободно.
    Друга работа, битие како господ, кое нели треба да биде апсолутно, апсурдно е да користи казна за нешто кое тој самиот го осмислил, дизајнирал и креирал. Што и да прогласи за грешка, зло, промашување, истото ќе биде создадено или допуштено од него! На тој начин самиот би си пресудил дека е несовршен, грешен и суетен.
    Незнам дали имаш деца, јас имам и знам дека најлесен начин да го натераш детето да постигне нешто е да му се заканиш, да го удриш, да го исплашиш. Ефектот е моментален, но на подолги стази, тоа ќе биде твој неуспех како родител првин затоа што ќе му бидеш лош пример и има големи шанси и тој да се служи со насилство за да ги постигне своите намери и второ затоа што нема да ги разбере причините зошто треба да се направи тоа што се бара од него, бидејќи истите ќе ги прави ,,мотивиран" од страв да не биде казнет.
     
    На WildMk, lovestoneddd и Sejfullai им се допаѓа ова.
  8. falconseeker

    falconseeker Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 август 2012
    Пораки:
    135
    Допаѓања:
    78
    Пол:
    Машки
    WOW!! Ептен благородно, нема што.... Колку треба човек да е мизерен и беден за да обожува ваков монструм?!
     
    На zolev, daylight и lovestoneddd им се допаѓа ова.
  9. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.718
    Допаѓања:
    10.211
    Пол:
    Машки
    Ако постои Бог и ако Тој е праведен, тогаш сосема очекувано од него е да ги уништи непокајаните грешници и злосторници. Зарем малку направи со тоа што и сопствениот син го жртвуваше за нив? Што повеќе од тоа да направи за да ги спаси? Едноставно, мислам дека тоа Му е последната опција - што ќе мора да ја направи кога станува збор за непоправливи грешници.
     
    На ynboo му/ѝ се допаѓа ова.
  10. falconseeker

    falconseeker Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 август 2012
    Пораки:
    135
    Допаѓања:
    78
    Пол:
    Машки
    Која црна праведност гледаш овде бре човек? Зошто го игнорираш ова:
    И која е поентата да жртвуваш било што за да простиш нешто некому? Нешто као - должник си ми, еве ќе ја исечам ракава за да ти простам....?! Освен лош обид за нанесување грижа на совест, друго објаснување не гледам во оваа глупост да убиеш сопствено дете за да простиш на некој што ти згрешил....
     
    На lovestoneddd и daylight им се допаѓа ова.
  11. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.326
    Допаѓања:
    29.120
    Пол:
    Женски
    Ова ќе ти го цитирам следниот пат кога ќе пробаш да оправдаш некој одвратен библиски закон со стар-нов завет аргументот. Toodles.
     
    На Alisa22, WildMk, falconseeker и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.718
    Допаѓања:
    10.211
    Пол:
    Машки
    Еве направи срч ако некаде сум кажал дека Божјиот морал се променил и цитирај ме сега. Такво нешто не би треснал ни на пијано :)
     
  13. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.326
    Допаѓања:
    29.120
    Пол:
    Женски
    Еве еден пример. Буквално првиот резултат што ми излезе. Може си бил пијан, ал не сечаш се. :D

     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  14. zolev

    zolev Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2015
    Пораки:
    70
    Допаѓања:
    72
    Пол:
    Машки
    Има разлика од предходниот цитат кој го понуди и протолкува како ти го разбираш.
    И за овој вториот цитат може различно да го протолкуваме, Оној кој прави се по своја волја не е исто да се каже дека се е дел од совршена промисла.
    Воедно во цитатот , волјата е усмерена за самите апостоли како избрани и определени за наследници.

    Велиш и ти си свештеник, за да го зацврстиш тој статус сигурно не мислиш дека е случаен, односно дека одредени настани влијаеле, настани кој имаат некакви духовни вредности, така и Павле разбира и зборува дека се избрани наследници.

    Друг цитат имаш за "се е дел од совршена промисла"?

    Добро мислиш, но ти настапи сосема спротивно, понуди твое толкување како апсолутна вистина.
     
  15. falconseeker

    falconseeker Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 август 2012
    Пораки:
    135
    Допаѓања:
    78
    Пол:
    Машки
    Да, имам.
    1 Јован 3:
    20.зашто кога нашето срце нè осудува, Бог е поголем од нашето срце и знае сè.

    Псалм 139:
    4.Додека мојот збор уште не дошол до јазикот, а Ти, Господи, веќе сè знаеш.

    Исаија 46:
    9.спомнете си за минатото: Јас Сум Бог, и нема друг Бог, никој не Ми е сличен!
    10.Оној Сум, Кој од почетокот го открива свршетокот и јавува однапред за она што уште не се збиднало! Јас велам: ‘Мојата одлука ќе се исполни, ќе извршам сè што Ми е по волја.’

    Доволно?

    P.S. Не реков дека сум свештеник, реков - Нешто слично. Иницијант сум во езотериски Ред.
    Настапив во согласност со настапот на преставниците на монотеизмот. Секој припадник на одредена деноминација тврди дека сите други се во заблуда и ќе горат во пеколот. Затоа го користам нивниот пристап. Штом тие се само во право а сите останати во заблуда, дајте да видиме кој е реперот според кој ќе го утврдиме тоа.
     
  16. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.216
    Допаѓања:
    4.254
    Не, туку значи дека ја почитува слободната волја на луѓето и не се вмешува во причините ипоследиците создадени од самите луѓе.
    Зошто Бог би требал да спречува нешто кое тој не го предизвикал? Бог ли е тој кој заговара војни? Бог ли е тој кој енормно ја загадил планетата Земја?

    Бог им дал упатства (Десетте Заповеди преку Мојсеј, Беседа на Гората преку Исус) на луѓето за подобар живот и смерници како да најдат излез од заплетканоста во материјата - луѓето се тие кои треба да одберат дали ќе ги следат тие или некои други свои смерници.
    Постои и во исламот, јудаизмот и христијанството но и тие како и другите религии се делат на разни школи и правци. Некои ја прифаќаат реинкарнацијата, некои не.
    Рајот и пеколот биле воведени како концепт откако настанал вакум со отфрлањето на реинкарнацијата од страна на црковните теолози неколку века по Исус.
    Не реков дека ги создале луѓето.
    Не. Бог е еден и вечен, а „креатори„ има многу и се минливи. Разликата е дека она што произлегува директно од Бога е совршено, а она што произлегува од креаторите кои пред многу милијарди (ако не и трилијарди години) сакале да бидат богови е несовршено и минливо па долгорочно донело страдање, а понајмногу откако низ долги временски циклуси постепено станале луѓе.
    Религиите ги создале луѓето делумно затоа што не умееле да објаснат некои работи, делумно затоа што некои од нив сакале да се наметнат како владетели врз останатите луѓе така што се прогласувале себе си за некакви посредници.
    Но самиот Исус низ молитвата Оче Наш ги упатувал луѓето директно да му се обраќаат на Бога а не на посредници.
    Тоа е така пренесено бидејќи луѓето кои ја пишувале и составувале Библијата не биле слободни од мисловните шеми на паганскиот свет каде наводните богови делеле милост и казни на луѓето. Во реалноста Бог само предупредувал преку пророците за погршената насока по која човештвото се движело и движи како и за трагичниот исход на сето тоа. Тие нешта не треба да се набљудуваат низ примзата на награда и казна, туку низ зкаонот на сеидба и жетва, акција и реакција.
     
    Последна измена: 11 јануари 2020
    На ynboo му/ѝ се допаѓа ова.
  17. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.718
    Допаѓања:
    10.211
    Пол:
    Машки
    Тоа што си го цитирала нема ни М од морален закон :) Тоа се свештенички закони поврзани со Храмот во Ерусалим и со жртвите во него.
     
    На ynboo му/ѝ се допаѓа ова.
  18. falconseeker

    falconseeker Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 август 2012
    Пораки:
    135
    Допаѓања:
    78
    Пол:
    Машки
    Колку богови има според тебе штом постојат нешта кои бог не ги предизвикал? Велиш дека Бог е само еден и се што произлегува од него е совршено, само тоа што било од ,,креаторите" не било... А тие креатори кој ги создал? И каква врска има слободната волја со болестите?
     
  19. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.216
    Допаѓања:
    4.254
    Тоа го објаснив во постовите претходно: тоа се битија кои сакале да бидат Бог, а тоа е невозможно, но бидејќи Бог ја почитува слободната волја на своите деца, тие можеле да ја испробаат својата луда намера.

    Поради долгорочното човеково погрешно мислење и постапување доаѓа до предизвикување на енергетски блокади и вртлози во човековата душа кои потоа се отсликуваат на физчикото тело во форма на нелагоди, болести, изложеност на катастрофи и сл. Но човекот има слобода на избор како ќе мисли и постапува па така болеста и здравјето, среќата и несреќата лежат во негови раце.
    Различни деномницации имаат различни дефиниции за тоа што значи да се биде христијанин.

    Јас верувам и го прифаќам Исус Христос како единствен спасител и избавител на сите луѓе и души, верувам дека луѓето би требало да живеат според Христовото учење чија есенција ја наоѓаме во Неговата проповед на гората. Но не сум католик, православен, протестант, адвентист, јеховин сведок, мормон, баптист и тн.
    Дали поради тоа некој ќе ме смета за христијанин или не, на тоа веќе немам влијание...
     
    На ynboo му/ѝ се допаѓа ова.
  20. falconseeker

    falconseeker Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 август 2012
    Пораки:
    135
    Допаѓања:
    78
    Пол:
    Машки
    Но пак не ми одговори кој ги создал тие битија што сакале да бидат бог?