Рече дека се што е од Бог е совршено.....а велиш дека креаторите се несовршени и минливи.....а Бог ги создал?!
Не, не реков такво нешто. Туку реков дека Бог создал битија со слободна волја. Некои од нив посакале да бидат Бог, сакале тие да бидат креатори а не дека Бог ги создал како такви.
Скокам како падобранец, али ќе прокоментирам во надеж дека нема да има љутиш. Да резимираме... 1. Се цитирате веќе извесно време. Притоа, не прифаќате меѓусебни крикити, и веројатно после оваа дискусија воопшто нема да научите нешто еден од друг, туку ќе се разидете по различна насока со првично стекнатите сознанија. Што значи вашата продуктивност во репликите се сведува на сувопарно ,,надмашување" его. 2. Не верувам дека некој детално ќе ги простудира цитатите (ако ви е во интерес да оставите печат, или некаква едукациска црта за другите членови). Ако не ви е, продолжете. Поздрав.
Воопшто не ми е целта да билдам его, само се обидувам да го разберам концептот што го опишува daylight, ама морам да признам дека не ми успева....
Во овие цитати се мисли на google.com тој знае с'е. Има едно празно место, секој воден од срцето запишува што го интересира гугл нуди опции на избор добри и лоши , а човек по пат на слободна волја одбира во кој сајт ќе влезе. Ако кликне хистори , гугл ќе ти го покаже твоето срце и што си пребарувал. Во сетинг можеш да подесиш заштита, однапред тој ти кажува дека има и лоши работи,да не ти биде после тој крив. Во ниеден случај не може да се рече дека гугул постапил со совршена промисла . Огледалце, огледалце најубав на светот кој е?
Сакаш да кажеш дека стиховите не се автентични, дека се извадени од контекст, дека не се добро преведени? Ако целиш на тоа, излитено клише е, веќе видено. Оној што ќе те мачи цела вечност ако кажеш дека не е најубав?
Не, не го мислев тоа. Моето толкување секој може да го провери и да се увери во тоа, само глуп човек може да негира дека гугл не е сезнаен. Од друга страна, пристап до Бог нема никој , како да се потврди нечие толкување? Ти улета клизачи овде со свое мислење, поткрепено со прашања , барајќи ставови. Не. Како може гугл да те мачи?
Не ме мачи гугл воопшто. Мислам дека бев јасен што ми е поентата, монотеистичките религии се офанзивни, не признаваат друго толкување освен нивното, сакам да видиме кој е критериумот, реперот со кој ќе докажат дека на пример овие стихови не значат сезнајност или дека во некои други не се зборува за садистички бог. Имаше една порака од Исус - ,,Третирајте го другите онака како што сакате да ве третираат" Јас токму тоа и го правам, ги третирам неговите следбеници онака како што тие ме третираат мене и сите останати што не се негови следбеници.
Во тие следбеници сум и јас, каде виде такво третирање упатено кон тебе? Или сите во исти кош и млати ги? Вака поставени работи од твоја страна се навредливи и понижувачки, па можеш грев да навлечеш на себе.
Дали ова не е навредувачко и понижувачко: Дали не е навредувачко да те прогласува некој за недостоен, грешен, заблуден? Сликава е поставена во официјален црковен храм, не само што ниеден верник не нашол ништо несоодветно во неа, туку речиси сите се крстат пред неа. А кај се порталите, јавните повици и соопштенија, говор на омраза кон геј луѓето, атеистите, окултистите...? Дури и практикувањето на јога беше прогласено за демонско ако се сеќаваш. Сето тоа создава колективна осуда кон овие групи.
Се согласувам со твојата забелешка, но бидејќи меѓуредови кажа дека "огледало" комуникација практикуваш ние имаме и друга страна на пример зошто не го завртиш и другиот образ. Исус има и таков цитат. Или само една страна гледаш и по таа судиш?
Јас не сум христијанин, можам да го применам само тоа што е порачано во однос на мене, тоа каде може да се пронајдам.
Напротив, многу добро знам кај сум. Да ти појаснам. Пораката што ја посочив јас се однесува на односот помеѓу христијаните и ,,останатите" или ,,другите" при што вели - ,,Правете им на другите тоа што сакате другите да ви прават вас" Во ситуацијава јас сум во групата - ,,другите". Пораката што ја посочи ти исто така се однесува на односот помеѓу христијаните и ,,некој" што не се христијани, при што вели: ,,Ако некој те удри по едниот образ, ти сврти му го другиот" Во ситуацијава, јас спаѓам во групата ,,некој".
Си толкуваше како што чувствуваш , само гнев и омраза се присутни кога се во прашање христијанството. Евреите имаат еден цитат во кого повеќе би се пронашол. Око за око, заб за заб. Тука немаш, "другите" , "некој", "останати" и слично, сите во еден кош па вадете си очи. Тоа е стариот завет, но Синот кога дојде го поништи и воспостави друг.
Правете им на другите, тоа што другите сакате да ви го прават. Никој не ви е крив, залудно вината ја бараш надвор кога не е таму. Омразата и гневот се рефлексија од односот на христијаните кон нас. И на нас ни рече: По ,,плодовите" ќе ги познаете.
Дали треба да се изземе ѓаволот од вина? Сите свесни Божји созданија се чинители кои имаат одговорност за своите постапки. Јас не верувам дека Бог е исклучиво добар и праведен. Ако сѐ што постои произлегува од Создателот, злото не е исклучок. Да бил секогаш праведен, не би ги дозволувал сите неправди. Ама тоа не е аргумент дека Бог не постои. И верувам дека е подобар од ѓаволот и од човекот.