Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сè што сакате да знаете во врска со религија

Дискусија во 'Религија' започната од AdoLf, 14 јуни 2011.

  1. Mama25

    Mama25 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    1.440
    Допаѓања:
    10.957
    Пол:
    Женски
    Дали со убиството на покојникот сите гревови ги превзема убиецот? Ова го слушнав неодамна и ми е непознато,дали некој знае повеќе околу тоа?
     
  2. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.639
    Допаѓања:
    22.100
    Пол:
    Женски
    Не знам како е според христијанството, но имам една другарка Турчинка која ми го кажа ова, значи во Исламот веројатно е така (а со тоа убиениот оди во рајот). Иако се` си мислам дека слично нешто имаше и во Библијата, ама да не те лажам.
     
    На Mama25 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.210
    Допаѓања:
    4.252
    Кога тоа би било така, тогаш Бог не би бил праведен. Да речеме дека убиецот (кој ги превземал гревовите на жртвата) биде по некое време убиен од друг убиец... тогаш другиот убиец ги превзема гревовите на првиот и воедно првиот убиец оди во рајот. Замислете го изразот на лицето на жртвата кога ќе се сретне со душата на својот убиец во рајот, а тој и вели : „хехе, и ја куртулив, и мене ме утепа еден друг убиец, па сега ја и ти заедно ќе си уживаме во рајот, ти се свиѓало тоа или не..„ :^)

    Секој носи одговорност за сопствените гревови, што сееш тоа жнееш велел Исус. Гревот може само да се разреши доколку сторителот искрено се покае, замоли за прошка, добие прошка од оштетените, им прости на другите, и го поправи она што уште може да се поправи и истите гревови повеќе не ги повторува.
    Сличното важи и за жртвата. Таа не може да влезе во повисоките духовни сфери доколку искрено не му прости на убиецот, бидејќи во Небото нема место за наврзаности. За да некој може да влезе во Небото мора и самиот со себе да донесе Небо, т.е. по природа да стане небесен.
     
    На friendy му/ѝ се допаѓа ова.
  4. mila34

    mila34 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2013
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    82
    Облеката при одење во црква

    да не знае некоја феминка да ми каже во колку почнува неделната литургија во Соборен храм? сакам да отидам, ама незнам од колку почнува
     
  5. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.864
    Допаѓања:
    4.575
    Пол:
    Машки
    Утринска богослужба околу 8-8:15, литургија околу 9 часот. Се надевам дека појде ;)
     
    На Witchman му/ѝ се допаѓа ова.
  6. mila34

    mila34 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2013
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    82
    Утринска богослужба околу 8-8:15, литургија околу 9 часот. Се надевам дека појде ;)[/quote]

    Бев да...фатив и од богослужбата дел...а на литургија цела присуствував..... и моштите од русија се донесени..ако не сте биле отидете обавезно
     
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.
  7. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    Сабајлево додека бев на причеста, попот додека пееше спомна нешто како - на Исуса сите жени и мајка му Дева Марија.
    Би сакала да ве прашам за кои жени се мисли тука? Знам дека ми е оскуден стихот ама не го запамтив целосно.
     
  8. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.864
    Допаѓања:
    4.575
    Пол:
    Машки
    Пеење, читање, проповедање што беше? Ако ни кажеш уште каде си била можеби побрзо и полесно ќе отркиеме што те мачи. :)
     
    На Witchman му/ѝ се допаѓа ова.
  9. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    Св. Ѓорѓија, христијанско-православна црква.
    Пееше попот и низ пеењето го слушнав овој дел. :)
     
  10. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.695
    Допаѓања:
    10.147
    Пол:
    Машки
    Вакво нешто нема во Библијата/христијанството. Според христијанството нашите гревови можат да бидат превземени единствено од Исус Христос Кој за нив беше распнат на Голготскиот крст. Се разбира, предуслов за тоа е да се покаеме и да веруваме во Исус.
     
  11. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.864
    Допаѓања:
    4.575
    Пол:
    Машки
    Веројатно си слушнала:
    Спомнувајќи ја Пресветата, Пречиста, Преблагословена, Славна Владичица наша Богородица и секогаш Дева Марија со сите Светии, самите себе, еден друг и сиот наш живот на Христа Бога да го предадеме.

    Ќе ја проверам и службата па ќе ти кажам точно, а можеш в недела и да си го прашаш попот :)
     
  12. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.864
    Допаѓања:
    4.575
    Пол:
    Машки
    Едно прашање за Евангелос, зошто кога се “крштевате“ го газите чесниот и живототворен Крст?
    [​IMG]
     
    На Witchman и tessie им се допаѓа ова.
  13. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.695
    Допаѓања:
    10.147
    Пол:
    Машки
    Тоа не е Крстот на кој што бил распнат Исус, туку тоа се плочки наредени во форма на крст, а го имаат следново библиско значење. Апостол Павле во една прилика рекол вака:

    „Зар не знаете дека сите ние, кои сме крстени во Исуса Христа, крстени сме во Неговата смрт? И така, преку крштавањето во смртта, погребани сме заедно со Него, - та како што Христос воскресна од мртвите преку славата на Таткото, - така и ние да одиме во нов живот. Зашто ако сме соединети со Него во смртта слична на Неговата, ќе бидеме и во воскресението слично на Неговото. Тоа го знаеме: нашиот стар човек е распнат заедно со Него, за да биде уништено телото на гревот, па да не му робуваме веќе на гревот,“ (Апостол Павле, Галатјаните 6:3-6, Библијата)

    Значи Светото Писмо вели дека ние христијаните, сме крстени во Христовата смрт. Крстот во оваа крстилница го претставува токму тој симбол, дека крштениот се идентификува со Христовата смрт, на симболичен начин го распнува своето тело нурнувајќи се под водата, а потоа на симболичен начин (излегувајќи од водата) воскреснува за нов живот под водството и Господството на Исус Христос.

    Исто така, нашиот Господ Исус Христос никаде не ни забранил да газиме над се што има симбол на крст. А такви има еден куп работи, почнувајќи од разните форми на плочки што ги има низ градов.

    А од друга страна, постојат и православни крстилници во форма на крст. Еве на пример таква е крстилницата во манастирот Зрзе:

    [​IMG]

    А еве уште една православна слика каде што крстениот гази во крстилница во форма на крст:

    [​IMG]

    Се надевам сега ти е појасно Ортофил.
    А сега би те замолил да ги погледнеш приложениве крстилници...

    Крстилница во Стоби (5/6 век)
    [​IMG]

    Крстилница во Плаошник:
    [​IMG]

    Крстилница во Хераклеа:
    [​IMG]

    И да ми одговориш зошто старите крстилници во Плаошник, Стоби, Хераклеа, Зрзе имаат крстилници за возрасни, а денешните православни цркви немаат такви (освен ако нема некој исклучок) и крштеваат бебиња во малечки легенчиња, а возрасните или ги попрскуваат малку со вода или пак ги крштеваат во река, а некогаш и импровизираат со гумени базенчиња?

    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
  14. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.864
    Допаѓања:
    4.575
    Пол:
    Машки
    Благодарам за одговорот, но крстот си е крст, било од плочки, било од дрво, било од злато... Се надевам дека не го изобразувате крстот на непокајаниот разбојник. Нејсе. Крстилниците се во форма на крст, но нема долу изображено крст, па да се гази по него. Знам дека сатанистите на стапалата си тетовираат крстови за да се потсмеваат со Крстот Христов. Ама дека вие од почит го газите не сум знаел.
    Во Православната Црква во 9999/10000 случаи се крштеваат бебиња или мали дечиња, па поради тоа и крстилниците т.е. купелите се мали. Кога се граделе базиликите во античките градови, тогаш имало многу возрасни пагани кои требало да се крстат и поради тоа се правеле крстилници за возрасни. Но сега реална потреба нема, освен можеби по една таква крстилница во секој град.
     
    На Witchman му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Kalina.ger

    Kalina.ger Активен член

    Се зачлени на:
    18 септември 2013
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Кога почнува литургијата во петок во црквата во Автокоманда? Се сеќавам секој пат кога слушав биохемија почнуваа. Сакам да отидам, за некој душевен мир, ама како да се однесувам? Може само да ја слушам, да не се крстам и слично? Никогаш не сум била, дедо ми атеист, мајка ми уште побетер. Помош?
     
  16. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    јас да ги прашам поупатените, како се празнува св Никола и повеке за празникот
     
  17. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.864
    Допаѓања:
    4.575
    Пол:
    Машки
    Како и секој друг празник, кој е со црвено слово во календарчето. Попладнето (обично во 16. часот) со вечерна богослужба, утрото со утрена богослужба и света литургија. Бидејќи паѓа во пост и е црвено слово, на овој ден се дозволува - разрешува јадење риба, масло и вино во било кој ден и да падне.
    Повеќе за свети Никола во неговото житие:
    http://preminportal.com.mk/content/view/5705/54/


    Светата литургија во петок во Скопје обично почнува во 8 часот (барем така е во свети Димитрија и Пресвета Богородица), а празничните и неделните во 9 часот. Е сега литургијата е богослужба во која учествуваат крстените верници, макар што првиот дел можат да го слушаат и учествуваат и оние кои се подготвуваат за крштевањето и се веќе огласени, т.е. одречени од Сатаната. Од друга страна литургијата не е театарска претстава (макар што и на театар ако сме задоволни аплаудираме, а ако не сме укаме), па на неа се оди за да се учествува. Ама сепак од негде треба да се почне. :) Така да појди еднаш и види како е, па кога ќе видиш каква е убавината на светата Литургија, ќе почнеш и да учествуваш. ;)
     
    На Witchman и okcenzi им се допаѓа ова.
  18. AquaQueen

    AquaQueen Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2013
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    15
    Пол:
    Женски
    Здраво :hai:
    Долго време ве читам но конечно решив да се регистрирам за да добијам одговор
    Вака моите родители се атеисти и јас сум израсната како атеист но сакам да станам верник многу малку знам за религиите во моето семејство не смееше да се зборува на таа тема :(
    Сакам да ми објасните нешто повеќе за христијанството и исламот навистина знам малку за да се одлучам за некоја од овие религии
    Имам илјада прашања во врска со ова се надевам ке ми помогнете :)
     
  19. Ketrin.Moon

    Ketrin.Moon Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2013
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    7.172
    Пол:
    Женски
    ^
    А твоите баба, дедо,па и другите предци во што верувале?Христијанстото или исламот?Прочитај ги темите ,и прашај конкретно ,а на интернет имаш многу извори библија, куранот.
    Но и овде ќе добиеш одговори.
     
  20. AquaQueen

    AquaQueen Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2013
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    15
    Пол:
    Женски
    ^ Моите баба и дедо од страна на мајка ми биле муслимани но тие починале уште пред јас да се родам додека баба ми и дедо ми од страна на татко ми биле христијани но биле во многу лоши односи со татко ми откако тој станал атеист само неколку пати ги имам видено и тие се мртви ;(
    Можете ли да ми кажете дали ке морам да се забулам доколку станам муслиманка и дали нависина жените ги немаат истите права со мажите одат ли жените во џамија :?:
    И што треба да направам доколку сакам да станам христијанка дали ке ме крштеваат нешто повеќе за празниците оние главните