1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сè што сакате да знаете во врска со религија

Дискусија во 'Религија' започната од AdoLf, 14 јуни 2011.

  1. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Сакам да го прашам @EvAngelos како најактивен христијански верник во подфорумот, а можат да ми одговорат и останатите христијани, ако е Бог добар и воедно сеприсутен, зошто не спречува блуд, разврат, ред други умоболни акти итн? Многу од луѓето кои би ги нарекле праведници или добри, би реагирале, кога би ја имале моќта би ги анулирале сите тие дејства, а Бог премолчува.
    Дали сте зеле предвид дека не знае за сѐ што се случува, дека по своја желба се исклучува од многу настани?
    Ајде што не увидувам зошто слободната волја човекот да греши (или не) е толку важна да ѝ ја испочитува шансата да се изманифестира, ама како не Му е Нему мака и жал да толерира сенешто?
    Сакам да прочитам ваши размислувања.
     
  2. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.143
    Допаѓања:
    4.115
    Не премолчува. Токму затоа ги испраќал и праќа пророците - инкарнирани светли битија кои како луѓе имаат задача да ги пренесат Божјите пораки и упатства до луѓето кои ја изгубиле директната комуникација со Него во своето внатрешно.
    Луѓето со своите постапки создаваат причини кои по некое време се враќаат како последици и потоа се чудат зошто Бог не се вмешува или дури го обвинуваат Бога за своите страдања. Но не ги создал Бог причините кои довеле до последиците.

    Бог само опоменува и дава патоказ преку своите пророци како да се надминат последиците и како да се престане со создавање на нови негативни причини кои потоа би довеле до нови негативни последици. Луѓето меѓутоа самите треба доброволно да одберат дали ќе ги прифатат или одбијат или останат индиферентни кон тие упатувања.Тоа важи како на личен, така и на глобален план.

    Но ниту причините ги создал Бог ниту пак последиците ги испратил Бог, туку тоа се луѓето и човечките души некогаш и денес.
     
    На ynboo му/ѝ се допаѓа ова.
  3. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Дали пророците и верските учења се семоќните кои имаат увид во апсолутно сечии мисли, планови, страдања за да ги спречат во моментот, или тоа е Бог?
    Без разлика на твојата верзија версус Библијата, ако е Бог единствено добар и нема негативен набој во него, тогаш од почеток не ќе дозволел зло.
     
    Последна измена: 12 јануари 2020
    На Lella и falconseeker им се допаѓа ова.
  4. falconseeker

    falconseeker Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 август 2012
    Пораки:
    135
    Допаѓања:
    78
    Пол:
    Машки
    Тогаш, ако тоа е случај тој не се разликува од паганските богови.
     
  5. falconseeker

    falconseeker Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 август 2012
    Пораки:
    135
    Допаѓања:
    78
    Пол:
    Машки
    Истиот одговор е секогаш - слободна волја. Одговор што од многу причини е погрешен и несоодветен а сепак тоа ќе ти биде одговорено.
    Слободната волја не е клучен фактор за нашите одлуки и постапки туку особиноте на оној што ги носи. Секоја одлука зависи од мотив, секој мотив зависи од твоите особини, потреби, склоности. Слободната волја е само можност за избор од опциите што се на располагање.
     
    На sjdgo му/ѝ се допаѓа ова.
  6. falconseeker

    falconseeker Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 август 2012
    Пораки:
    135
    Допаѓања:
    78
    Пол:
    Машки
    Еден од тие пророци - Исаија, друго кажува:

    Исаија 45:
    7.Јас ја творам светлината и ја создавам темнината. Јас ја создавам среќата и ја доведувам бедата, Јас, Господ, го правам сè тоа.’
     
  7. zolev

    zolev Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2015
    Пораки:
    70
    Допаѓања:
    72
    Пол:
    Машки
    Што тоа ви згрешиле христијаните?
    Плодот е љубовта, а не омразата и гневот.
     
  8. falconseeker

    falconseeker Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 август 2012
    Пораки:
    135
    Допаѓања:
    78
    Пол:
    Машки
    Плодот што требало да биде и што е, се две различни нешта. Ти кажав што ми згрешиле, не сакам да се повторувам. Денес не само христијанството, сите монотеистички мејнстрим религии се дискриминирачки, наметливи и нетолерантни. Претворени се во манипулаторска машинерија која се храни со стравот на лековерните и во целиот тој процес, колатерална штета се сите што не се асимилирани од оваа самопридвижувачка заблуда наречена религија.

    Сум имал прилика да го видам вистинското лице на многу христијани кое се крие зад слаткоречивоста и декларативните добри намери. Сум реагирал кај православни и исламски портали со цел да демантирам лаги што се пласираат таму во врска со Редот на кој припаѓам и сум бил дочекуван со навреди, закани и напади. Тие лаги полека обликуваат стереотипи кој се вдомуваат во свеста на луѓето и те приморуваат да криеш дека припаѓаш на нешто поинакво.... Овој пасивен прогон не е ништо помалку страшен од конвенционалниот.
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  9. zolev

    zolev Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2015
    Пораки:
    70
    Допаѓања:
    72
    Пол:
    Машки
    Се согласувам со поголемиот дел од твојата забелешка, за жал религиите повеќе наликуваат на политички партии каде за материјална корист се нуди духовенен благодет, а истиот тој благодет треба да се брани од секое поинакво убедување со отфрлање. Заборавиле дека Синот Божји велеше , болните имаат потреба од лекар ,а не здравите.

    А кој денес ги разбира неговите зборови?

    Секој Ред има валкан веш, сигурно и твојот штом наидуваш на такви реакции.
     
  10. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.143
    Допаѓања:
    4.115
    Не го кажал тоа така Исаија, туку така е пренесено од други луѓе:
     
  11. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.267
    Допаѓања:
    37.087
    Пол:
    Женски
    Ми се свиѓа прашањево па ќе ти одговорам од моја гледна точка.
    Затоа што тоа што ние го перцепираме како добро или зло е дел од наши субјективно поставени морални принципи а не дел од објективен систем што важи насекаде, постојано и низ целото постоење.
    Доколку постои Бог, тој можеби само поттикнал да се создаде цел овој универзум, при што сѐ доаѓа од Него но нема удел во нашите дејствија, а ние сме тие кои им ги припишуваме добрите или лошите страни на сите акти.
     
  12. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Прашањето за злото и страдањето е едно од најтешките прашања во христијанската теологија. Проблемот зошто е најтешко прашање е затоа што:
    1. Тоа често пати е силно емотивно прашање. И при силни емоции, разумот кај луѓето е доминиран од емоциите и тие не ни можат да ги „сварат“ таквите аргументи.
    2. Тоа прашање не е целосно одговорено во Библијата.
    3. Целосното познавање на тоа прашање е Божја особина, а на човекот му било забрането да јаде од плодот на дрвото за познавање на доброто и злото. Немаме никакви информации што всушност претставувало тоа дрво, но знаеме дека е поврзано со проблемот на доброто и злото и дека јадењето од неговиот плод е директно поврзано со падот на човекот во гревот.

    Во мојата книга „Божјите отпачетоци“ имам срочено едно големо поглавје поврзано со ова прашање, со 9 точки (аргументи). Ќе пробам накратко.
    Погоре имаш наведено неколку особено грешни злодела што луѓето ги прават. Но дали би било праведно Бог да ги спречува само оние кои ние ги сметаме за тешки злодела, а да не ги спречува луѓето да лажат, озборуваат, повредуваат со зборови, да злоупотребуваат работници да им работат за ефтина пара и сл. Ако Бог делува, треба да делува во насока на спречување на целото зло и страдање. Само тогаш ќе биде праведен.

    Но што значи Бог да делува? Како Бог треба да се справи со грешниот човек? Според Библијата тоа би значело смрт. Од почетокот до крајот на Библијата, казната за гревот е смрт. Но тогаш кој би преживеал? Според Библијата сите се грешни, и папата, и мајка тереза и сите „светци“ што ги гледате на иконите. Филозофот Солзеницин убаво го срочува ова (парафразирам): Линијата што го разделува злото од доброто, не поминува низ човечки класи, политички партии и сл., туку поминува низ човековото срце, низ сите човекови срца. Со други зборови, ако Бог денес одлучи да го елиминира злото, тоа ќе значи смрт за многу луѓе. Тоа би значело и смрт за сите нас што пишуваме на форумов, на мене и на тебе што го читаш ова.

    Но Бог не ја посакува смртта на луѓето кои ги создал. Бог им обезбедил Спасител и спасение - преку жртвата на Својот единороден син - Исус Христос. Исус Христос доброволно се понуди да ја земе казната за гревот и да се жртвува и смртно да биде ранет на Голготскиот крст. Тој е Божјото решение за човековиот грев, човековата грешност, злото и страдањето. Бог нема да задоцни со судот на злото и страдањето. Библијата вели дека Бог трпеливо чека, бидејќи не сака многу да загинат, туку сака луѓето да се покајат за гревовите и да се спасат од вечната смрт. Ете затоа Бог чека. Ете затоа Бог не го елиминира злото денес. Сега сме во фазата на Божјата милост и ширење на евангелието т.е. на пораката за спасение на луѓето. Преку тоа Бог ги повикува луѓето да се спасат, додека имаат време. А потоа Тој ќе му го даде нокаутот на злото.

    Интересно, кога иството прашање му го поставиле на Исус (зошто некои таму пострадале), Тој не им го одговорил, туку два пати им повторил: Ако не се покаете и вие ќе загинете така.
    Со други зборови, мислам дека Исус како да сакал да им каже: Не е ваше да знаете зошто како некој таму пострадал. Таквото знаење нема ништо да промени. Туку помудро е ние да се покаеме додека имаме време, за да не пострадаме со слична трагедија. Можеби и немаме капацитет целосно да осознаеме работи поврзани со злото и страдањето.
     
  13. falconseeker

    falconseeker Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 август 2012
    Пораки:
    135
    Допаѓања:
    78
    Пол:
    Машки
    Не, таквите реакции се последица на систематски смислен пасивен прогон, како што претходно нагласив. Се извртува вистината се дава лажно објаснување за одредена симболика и на тој начин се создава стереотип со кој се демонизира она кое било детектирано како закана за догмите на дотичната религија.
    Доказ, аргумент за ова што го тврдиш?
     
  14. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.143
    Допаѓања:
    4.115
    И не дозволил! Оние духовни битија кои сакале да станат такви, можеле тоа да го сторат, но исклучиво вон Небесното Царство. Така се создале тнр. светови на падот (наречени и сатански хиерархии) и како последица од тоа низ незамисливо долги временски епохи настанала материјата а потоа и човекот.

    Кога потоа почнале да страдаат и едни со други да се напаѓаат и злоставуваат, Бог поради својата милост им испратил весници на светлината (Божјите пророци) кои им го покажувале избавението од злото и патот на враќање во вечната татковина каде што нема зло, но во повеќето случаи таквата помош била грубо отфрлена и човештвото продолжило да страда и да се бори со сопственото зло.
    Историјата на Библијата како збирка од разни книги.
     
  15. ynboo

    ynboo Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 декември 2018
    Пораки:
    108
    Допаѓања:
    115
    Како сакаш да не бидеш третиран така кога си крајно безобразен и користиш секакви погрдни зборови.
    Ако си дојден тука да расправаш и да докажуваш нешто, имај барем малку почит кон тие што веруваат и не навредувај го тоа во кое тие веруваат. Страшило можеш ти да се наречеш и само такви како тебе можат "да ни се фатат".
     
    Последна измена: 13 јануари 2020
  16. asdas

    asdas Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    1.033
    Допаѓања:
    1.950
    Па ни јас не познавам ниту еден трговец или производител кој е против тоа некој да ги купува неговите производи.
     
    На falconseeker му/ѝ се допаѓа ова.
  17. falconseeker

    falconseeker Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 август 2012
    Пораки:
    135
    Допаѓања:
    78
    Пол:
    Машки
    Ништо не ми кажа со ова! На кој начин историјата на библијата е аргумент дека стихот што ти го посочив не значи тоа што е напишано?
     
  18. falconseeker

    falconseeker Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 август 2012
    Пораки:
    135
    Допаѓања:
    78
    Пол:
    Машки
    Кој како заслужил, така ќе биде нарекуван. За мене некој што демонстрира сила на послаби може да биде само страшило и ништо повеќе. И не само тој, туку и сите што обожаваат таков бедник можат да ми се фатат!
    Нити сум имал нити ќе имам почит за луѓе на кои силата и моќта на тиранинот им е репер за праведност!
     
  19. ynboo

    ynboo Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 декември 2018
    Пораки:
    108
    Допаѓања:
    115
    Колку само се замараш со некои филозофски прашања што и немаат никаква смисла и немаат одговор. Не знам која ти е целта тука да пропагираш некои неповрзани работи што дури се и досадни и пресмешни за читање.
    Намали малку со погрдните зборови и барањето докази и одговори.
    Не за друго, ќе се дозбуниш па дури и ќе полудиш ако продолжиш со ваков интензитет на филозофирање.
    Хвала пуно.
     
  20. zolev

    zolev Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2015
    Пораки:
    70
    Допаѓања:
    72
    Пол:
    Машки
    Денес ќе се молам за тебе и твојата душа.
    Синот Божји , Исус Христос ќе ги послуша моите молитви.
     
    На Selest и ynboo им се допаѓа ова.