1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сè што сакате да знаете во врска со религија

Дискусија во 'Религија' започната од AdoLf, 14 јуни 2011.

  1. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Ако тие сили произлегле од Создателот, логично е да имаат допирни точки. Според христијанска логика, тој е Севишниот, а паганските божества се отпаднати од него.
    Мора да постои објективно добро и зло. Од каде потекнал моралот, чувството и перцепцијата за правилно и погрешно кај луѓето? Настрана што можат да бидат поматени.
    Па нема секој човек ист пристап кон информациите и фактите. Некој би разбрал, некој не.
    Апсолутно сѐ што не чини требало да се спречи од корен. Ако наведов екстремни примери, не значи дека заборавив на останатите ниски страсти.
    Внимавај, некој човек можеби тргнува на овој свет со мисла да биде добар, чесен, праведен, но тој овде не е сам. Ако постојат ѓавол и демонски битија, а нели, „ѓаволот не спие“, ако постојат лоши луѓе секаде наоколу, и сите овие директно или индиректно го поттикнуваат човек да греши, човекот колку и да не сака, ќе згреши. А еден грев води кон друг, негов или туѓ и така во круг. После велиш „сите луѓе се грешни“. Па Бог ги сместил во такви околности. Излегува како Бог да сака секој човек да згреши.
    Повторно да те потсетам дека според Исус и Библијата, полесно камила ќе влезе низ иглени уши, отколку богатиот во Царството Небесно. Значи има злото некаква врска со статусот?
    :rofl:
    Зошто не сфатиш дека „срцата“, т.е. луѓето се различни и дека некои се полоши од други? Дали Бог одлучил да бидат такви или не ги превенирал околностите кои довеле до нивно расипување, полоши се, и треба полошо да ги снајде, а ти упорно сите ги сместуваш во ист кош. Се надевам дека Бог сепак не резонира така.
    И тоа неизбежно ќе се случи еден ден. Јас велам, зошто дошло до тој степен?
    Ова делува како и Бог да подлежи на закони врз кои нема контрола, затоа и жртвувал крв за грев.
    Не си тој што ќе каже кој го заслужува Царството Божјо. Во Библијата има грешници кои му се мили на Бог.
    Не е истото прашање. Не прашав зошто „некои таму“ пострадале, туку посочив дека има неправди. И една забелешка, не е убаво така да разговараш со луѓето, „можеш да пострадаш“, „ако утре е крајот на светот ќе одиш во пеколот“ и сл. Не си Исус, не сме во драмска претстава да се соживуваш со моменти во Билијата.
    Како не дозволил, а се случило?
     
    На Lella му/ѝ се допаѓа ова.
  2. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.142
    Допаѓања:
    4.115
    Се случило вон духовниот универзум (Царството Небесно).
    Нас никој не нè терал со сила да си заминеме од таму. Одлуката била наша дека сакаме наш свет и наши правила - Бог дал опомени кон што води тоа но рекол слободни сте, ете повелете создадете си ваш свет со ваши правила. Бог за тоа не е виновен.

    Да ја спречел Бог слободата на отпаднатите битија тогаш и самиот би бил зол, но злото не постои во Бога туку амо вечна добрина.
     
  3. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Многу добра поента. Па да, Бог не може против својата природа. На пример, Бог не може да лаже - бидејќи е вистина. Бог не може да умре - бидејќи е бесмртен. Па така и Бог не може да „прогледа низ прсти“ на гревот - бидејќи е праведен.

    Реков дека никој, апсолутно никој не го заслужува Божјото царство. И тоа не го кажав од мој памет, туку кажувам јасно учење од Божјото Слово. Во Библијата пишува дека:
    „Нема никој праведен, нема ниту еден;... зашто сите згрешија и им недостасува Божјата слава, но се оправдуваат од Неговата благодат, преку откупот во Христа Исуса, Кого Бог Го постави за жртва на помирувањето преку вера, во Неговата крв, за да се покаже Неговата правда во пропуштањето на поранешните гревови, во времето на Божјото долготрпение;“ (Римјаните 3, Библијата).


    хаха не разговарам ја така со луѓето, скраја да е :) Ти кажувам за една случка каде што некои загинале во трагедија и некои реагирале на тоа, си ги поставиле истите прашања како и ние данес: Зошто Бог не го спречил тоа? Зошто баш тие луѓе? Сигурен сум дека роднините на тие луѓе исто така сметале дека тоа е неправда. Сепак Исус одговорил како што им одговорил (да не се повторувам пак, да не ме караш :)
     
  4. falconseeker

    falconseeker Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 август 2012
    Пораки:
    135
    Допаѓања:
    78
    Пол:
    Машки
    Мое право е да се замарам, твое право е да не ме читаш ако не ти одговара напишаното.
    Ме интересира една работа.... Како ја замислувате вечноста под авторитет на битие, за чии одлуки сте спремни да го молите да не ги спроведе? Дали ти би имал мирна душа, знаејќи дека некој гори, се мачи, страда и тоа засекогаш - цела вечност? И тоа за нешто како на пример различен став, не верување, ,,погрешна религија" погрешна сексуалност и слично.
    Да речеме имаш пријател, роднина или дете и не верува во твојот бог, после смртта ти одиш во рајот, твојот син или ќерка во пеколот. Ќе уживаш ли таму?
     
    Последна измена: 13 јануари 2020
  5. falconseeker

    falconseeker Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 август 2012
    Пораки:
    135
    Допаѓања:
    78
    Пол:
    Машки
    Значи ако добро те разбрав, за тебе одлучувачко да веруваш во него е тоа што веруваш дека има моќ и сила над сите останати и дека може да те мачи и казнува, па немаш друг избор освен да го прифатиш?
     
  6. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Не ви се мешам у дијалогот, само да појаснам дека според христијанството Бог после Судниот ден нема никого да мачи ни еден милиметар повеќе од тоа што тој/таа мачел некој друг. Во Библијата јасно пишува дека секој ќе биде суден според делата свои што ги направил, а потоа непокајаните ќе бидат уништени во огненото езеро. Библијата ова го нарекува „втората смрт“. Тоа е духовна смрт, а не вечно мачење.

    Обично атеистите сакаат да го портретираат вака Бог, како некој психопат кој ги уништува луѓето кои не го слават. Но христијанството не проповеда таков Бог. Според христијанството човекот е ВЕЌЕ во дупката на гревот и тоне во живата кал. Бог преку Исус ни подава рака. Кој ќе се фати на таа рака - ќе биде спасен. Кој не, ќе си загине поради своите гревови, а не затоа што му ги повредил чувствата на Бог.
     
    На ynboo му/ѝ се допаѓа ова.
  7. falconseeker

    falconseeker Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 август 2012
    Пораки:
    135
    Допаѓања:
    78
    Пол:
    Машки
    Абе многу благородно, нема што. Семоќно и безгрешно битие, кое ја прогласува сопствената креација за грешка..... Нема ништо апсурдно тука.
     
  8. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки

    Креацијата не е грешка, туку креацијата избрала да направи грев. Живо битие со слободна воља е посовршена креација од робот кој е програмиран да не греши.
     
    На hardtodealwith му/ѝ се допаѓа ова.
  9. hardtodealwith

    hardtodealwith Активен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2020
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    47
    Пол:
    Машки
    Не вреди да им објаснуваш.Во Светото писмо пишува дека не му е на секој дадено.Господ ако сака ќе им даде и нив ако не им дава тој знае зошто.
     
    На ynboo му/ѝ се допаѓа ова.
  10. falconseeker

    falconseeker Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 август 2012
    Пораки:
    135
    Допаѓања:
    78
    Пол:
    Машки
    Упорно верглате една иста работа која безброј пати е побиена! Спободната волја не е причина за тоа што ќе биде изборот! Одлучувачко за изборот е особината! Ти имаш слободна волја да ја облечеш левата чевла на десното стапало, но обликот (особината) на стапалото е клучен за твојата одлука!
    Ако тврдите дека човекот има креатор, тогаш особините на луѓето се дел од дизајнот на тој креатор!
    Просто е неверојатно до каде оди подлоста ваша да се игнорираат фактите и да се продолжува упорно со нешто кое е побиено безброј пати!
     
    Последна измена: 13 јануари 2020
  11. zolev

    zolev Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2015
    Пораки:
    70
    Допаѓања:
    72
    Пол:
    Машки
    Синот Божји пострада земајќи ги на себе сите наши гревови. Нема и не постои друг пат кој води до Отецот, а Тој ни го покажа патот и секој што верува во Него ќе добие спасение.
    Цела вечер ќе Му се молам за тебе за спасение на твојата душа.
     
    На ynboo му/ѝ се допаѓа ова.
  12. falconseeker

    falconseeker Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 август 2012
    Пораки:
    135
    Допаѓања:
    78
    Пол:
    Машки
    :D Ти благодарам за добрата намера, но залудна ти е таа мака пријателче, живеј си го животот, не биди жртва на илузија.... Нема никој да те казнува, рајот и пеколот се овде, не во некој друг свет....
     
    На lovestoneddd му/ѝ се допаѓа ова.
  13. ynboo

    ynboo Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 декември 2018
    Пораки:
    108
    Допаѓања:
    115
    Лелеле значи чим не сакаш со добро да постапуваш со оние кои се предаваат на волјата на Севишниот затоа што "лошо" те третираат најпаметно ќе ти биде тебе и другите како тебе да си избегате негде таман ем да се тргнеш од нас кои веруваме во случај да не ти "наштетиме" ем да се ослободиме од вакви филозофи. А верувај не знам кај би се изолирале. Гледаш дека прашањава не ти се на место и дека не добиваш никаков одговор. Ту мач филозофија и секако = сериозни проблеми со психата лол.
    Господ да е со тебе.
     
  14. falconseeker

    falconseeker Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 август 2012
    Пораки:
    135
    Допаѓања:
    78
    Пол:
    Машки
    Штом ти велиш дека нешто е најпаметно, тоа значи дека ни под разно не треба ни да помислам на такво нешто.
    Ту мач филозофија било сериозни проблеми со психата?!:rofl:
     
  15. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.267
    Допаѓања:
    37.092
    Пол:
    Женски
    Поради фактот што имаме развиени емоции , како и тоа што морало да се постават некакви норми и правила за да си го организираме општествениот живот и да се развиваме во заедница.
    Многу морални норми се менуваат низ различни временски периоди и култури, а и низ различни ситуации.
     
    На falconseeker му/ѝ се допаѓа ова.
  16. zolev

    zolev Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2015
    Пораки:
    70
    Допаѓања:
    72
    Пол:
    Машки
    После три дни во молитви, Бог кој е на небото ми ја покажа твојата самотија во детството. Си бил отфрлен и избегнувам од врсниците дали поради некој телесен недостаток , навистина не можев убаво да разберам.
    Поради тоа си собрал многу гнев и омраза , а редот во кој си влегол е со идентична омраза кон христијанството. Препознавање!
    Но знај го ова , Синот Божји цело тоа време бил со тебе, само ти не си го препознал неговиот лик.

    Вечно нека е името негово, слава во сите векови.Амин.
     
    На ynboo и hardtodealwith им се допаѓа ова.
  17. falconseeker

    falconseeker Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 август 2012
    Пораки:
    135
    Допаѓања:
    78
    Пол:
    Машки
    Моите емоции не можат да влијаат на фактите и аргументите. Без разлика јас кон кого чуствувам или не омраза, тоа што сум го посочил како аргумент си останува.
    Монотеистичките религии манипулираат со емоциите на луѓето, со нивните стравови, надежи, емпатија. Многу често сум среќавал ваква ситуација ( не кон мене лично, во генерална смисла на зборот) каде како ,,аргумент" за вистинитост се таргетира одредена емоција. На пример - како може да е лага, кога синот божји беше со тебе кога - (рандом случка што има емотивен импакт врз животот на тој човек)
     
  18. zolev

    zolev Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2015
    Пораки:
    70
    Допаѓања:
    72
    Пол:
    Машки
    Мојата обврска како верник , а верувам тоа треба да биде обврска на секој верник , да се молиме, не само за најблиските, туку и за тие кој водат грешен живот иако не ни се познати.

    Лесно е да осудуваме, тешко е со љубов да возвратиме.
     
    На ynboo му/ѝ се допаѓа ова.
  19. falconseeker

    falconseeker Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 август 2012
    Пораки:
    135
    Допаѓања:
    78
    Пол:
    Машки
    Претпоставувам со болдот целиш кон мене. Можеш да образложиш како и зошто мојот живот е грешен?
     
  20. zolev

    zolev Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2015
    Пораки:
    70
    Допаѓања:
    72
    Пол:
    Машки
    Омразата кон човек ти е поголема отколку љубовта.
    Каде припаѓа, кон што верува и како некој се однесува , е патоказ на твојата омраза која ја следиш.
    Со омраза си задоен, а не со љубов , но сепак штом Бог ја послуша мојата молитва има нешто.
    Чудни се Божјите патишта.
     
    На ynboo му/ѝ се допаѓа ова.