Жално е што критиката, соочувањето со аргументите и дијалогот го перцепирате како омраза. Немам јас причина да те мразам, зошто би го правел тоа?! Не те ни познавам. Живееме во време а слободно изразување и јас токму тоа го правам, слободно коментирам, се сомневам, преиспитувам. Зошто ти тоа го гледаш како омраза е прашање што сам треба на себе да си го одговориш. Инаку чисто информативно, нема ама баш ништо вистинито во тоа што си го видел во твојата визија за мене.
До сега што пишуваш овде, зрачи омраза , нетрпеливост и гнев кон верниците и кон тоа во кое тие веруваат. Да, верувам во Синот Божји, зошто тебе тоа ти смета? Ги немам сите одговори, немам ниту јасна претстава како функционира тоа, но тоа е минимално во споредба со верата која ја имам. Сепак , не ширам нетрпеливост кон поинакви верувања и не ги провоцира со прашања. Љубов од твоја страна , не видов. Бог е голем, за секоја визија има причина. Моето го направив, другото останува на тебе.
Не ми смета ти во што веруваш, мислам дека наназад во темава разјаснивме што ми смета и ти дури и се согласи со мене, и самиот си кажа дека и тебе тие работи ти сметаат. Мојот револт е кон религијата како институција, не кон твоето лично верување и систем на вредности. Верувам дека религиите го уназадуваат човештвото, шират заблуда и индоктринација, манипулираат со емоциите на луѓето и ја потиснуваат индивидуалноста за сметка на колективното чувство на сигурност и припадност. П.С. Љубов од моја страна има, се вика Агапе Таа визија нема врска со мене.
Едно прашање од мене. Што е тоа што ве убедило/натерало да верувате во онаа религија која ја следите?
Мене тоа што голем број пати кога сум се помолила на Господ да ми се оствари нешто врз кое сум била немоќна, ми се остварило
1. Научните докази кои недвосмислено покажуваат дека светот е плански и интелигентно создаден. 2. Објективните историски докази за Исусовите чуда и воскресение. 3. Веродостојноста на библиските записи. 4. Стотиците исполнети Библиски пророштва. 5. Уникатноста на Исусовото учење. 6. Божјата натчовечка љубов излеана преку Исус врз човештвото. 7. Единствена вера во која Бог се жртвувал за човекот. 8. Конзистентноста на христијанството со секојдневието. 9. Сведоштвата на променетите христијани. 10. Промената што Бог ја направи во мене. 11. Многу уникатно исполнети молитви. 12. Божји интервенции во мојот живот, особено кога сум застранувал.
Не бројам со цртки.. Али доста пати се остварувало, и за мене кога сум барала и за друг. Гоолем дел од работите се остварени, работи врз кои јас не сум можела да влијаам или не сум сакала директно да влијаам. Ми нема друго објаснување освен дека тоа е дело на Господ, т.е производ на моите молитви
Секоја ли молитва се остварила? Сигурно гарантирам не. Повеќето не ти се остварени ама не сакаш да признаеш. И да броиш и да не броиш цртки, пак гарантирам дека повеќето не се. Која е причината за малубројните остварени е друг муабет веќе.
Насловов на темава е: Се што сакате да дознаете во врска со религијата. Јас од твоја страна не гледам нешто шо сакаш да дознаеш туку да привлечиш внимание. Молитвите не се за да се оствари нешто за да добиеш нешто што го сакаш него за духовното. Не го искушувај бог т.е не го ставај на тест него бидеќи тој нее мачка да те драсни на еднаш туку неосетно. Најинтересно мие кај луѓето е тоа шо кога се во невоља тогаш го бараат господ а до тогаш изиграваат херои. Во еден авион се возиш, се случува да паѓа тогаш ќе почниш итоа како да се молиш.. Ако не верувате/ш во религијата/единиот бог не верувај, тоа е твое право и тоа и бог го дозволил му дал слободна воља на луѓето ама и им рекол: Блажени сте вие што поверувавте во мене. Не веруваш не не верувај ама не шири глупости бидеќи вие атеистите/сектите сте досадни како 3та смена и смешни како теоријата марксизам-комунизам.. Вашето неверување чувајте си го за себе.
Ова е форум, така? Мое е на кој начин ќе го кристам, се додека сум во склад со правилата на истиот. Ако молитвите не се за да се оствари нечие „молење“ зошто тогаш се молите како членот погоре. Во право си дека е лично право кој во едениот кој во 100 кој во ниеден бог ќе верува. Зошто ако е право на секого тогаш проповедате овде? Малку ви се празните цркви? Одете таму па проповедајте си. Дали ќе сте блажени, осолени, окиселени..... ваша работа, не го проектирајте тоа секому. Кој шири глупости не знам, ако заблудата е вистина...тогаш не знам кој шири глупости. Чувајте си го вие вашето верување за по дома, што имате потреба да се фалите со вашата вера? Интересно што секти ствараат исламот и христијанството. И христијанството почннало како секта.
Како? Знаеш ли дека 98% од Македонскиот народ е религиозен и официјална религија на Македонија е Христијанство. Ширум државата е дозволено да се шири таа идеологија, теорија поврзано со Христијанство и комуникација било каде и на било кој начин. Нешто си слушнал ама не си го разбрал. Да, Македонија е секуларна држава но тоа важи кога станува збор само за политиката. Тебе и да ти смета и да се противиш, ѓабе тие бидеќи немаш никакво право на тоа ниту пак да шириш идеоллгии бидеќи е забрането со закон. Секта се и јеховините сведоци, но е во склад и е поврзано пак со таа религија која преовладува во државата. А други секти како Шинто и бла бла и атеизам е забрането. Секташки теории и Атеизам ти можиш да шириш доколку процентот на населението верува во тоа. Кина е атеистичка земја исто и С. Кореја каде е забранета библијата бидеќи се атеисти цел народ. Така да внимавај, тоа е исто како забранетата идеологија на Хитлер. За овие работи подобро е да се консултираш со Социолог. ))
Woooow што ми изнакажа, бога ти. За тие 98% на папир нема да коментирам погледај си ги празните цркви. Исто колку што ти имаш право да шириш идеологија (христијанство) имам право и јас и никој не може да ме спречи во тоа. Повели пробај да ме спречиш. Но си се зезнал во нешто. Атеизмот не е идеологија. Колкав е процентот на население ич не е релевантно. За Шинто и бла бла бла не си ни чул ниту знаеш што е и не се петљај во работи што не ги знаеш. Немам што социолози да консултирам, сосем си ги изместил работите, не ќе да се така како што велиш.
Празни цркви спомна, океј. Појди во некоја куќа каде одат секоја недела во црква и каде не одат редовно и почни да му се докажуваш како овде. И едните и другите и другите ќе ти го речат истото т.е во одбрана на тоа што веруваат и тие шо одат секоја недела и тие шо се поретки. Не значи дека црквите се празни и дека луѓето не веруваат. 98% од народов сите дома го праеја бадник, божиќ, василица и сл.. И ти неможиш да водиш анализи според тоа колку народот ја посетува црквата и дека ако не ја посетува не верува. Еве јас сум еден од нив, ретко ја посетувам црквата..Но кога се работи за религијата спремен сум на се. Еден турчин муслиман ми велеше: Дечко, во животот морално можеш да умреш само за Државата и Религијата. Другото е сето неморално.
Јас ништо не докажувам. Не е мое да докажувам. Кој што сака нека си верува и нека не проповеда како ти. Ако имате 98% верници (како не бе) што имате потреба да проповедате. Дали имало или немало бог, и тоа твојот баш, ќе видиме, а можеби и нема. А тоа колку праеле бадници, василици никаков доказ не е.
Да одиме на онтологија, да излечиш некој болен од рак? Или да воскреснеш некој мртов можеби? Или да донесам вода неколку литри да ги претвориш во вино? Ќе ги испиеме заедно, што викаш? Бај да веј, дека во Македонија 98% биле верници е подеднаква глупост како таа што одредени партии ја верглаа дека сме биле економски лидери во европа. За истите тие, верата се сведува на крштевки, венчавки, слави, задушници, погреби, велигден. Нити библија прочитале, ниту ја отвориле. Јас имам колеги што се убедени дека јајца за велигден се фарбаат затоа што во библијата така пишува. Спроведување на дело на принципите и пораките на христијанството е посебна приказна. На пример, жена според новиот завет не смее да подучува ни да има власт над мажи. Денес имаме жени професори, судии, менаџери. Според верата ваша, секс пред брак е строго забранет, пробај најди верник што секс имал само после брак. Дури и венчавките во црква повеќе од пола се со невести кои имаат стомаче од 5ти 6ти месец. За вртење на другиот образ и сакање на непријателот ич да не ни почнувам.....вака можам да продолжам до утре. Инаку за тоа што ти го кажал пријателот турчин, имаше една воена организација на блискиот исток што тоа верно го практикуваше - ИСИЛ
ИСИЛ/ИСИС/ИД - е организација која работи за интерес за друг. Прогуглај на нетов да видиш со се дешава и како функционира таа организација. Во исламот никаде не се спомнува за Џихад-света војна или кревање на исламскиот свет како шо го претставуваат тие. Има цитати во куранот кои асоцираат на Света Војна ама не се директни. А ИД ги прај директни со надоврзување. ИД работи за туѓ интеред за процент од $$$ бизнисите а ќе гинат млади деца за нивни потреби. Турската KGT e прва шо води борба против ова. ) А кај нас Христијаните исто нема свети воњи.
Ја утна поентата - дека е апсурдно да се бориш и да наметнуваш верување! Верувањето не е знаење, не е факт, верување е! Плус вашето не се ни темели на нешто кое вие сте го искусиле, туку на нечие тврдење од пред два милениума... Бранење на вера по секоја цена е патот кој под едно или друго име води до примерот кој го посочив. Твојот идентитет не е твојата вера, таа е само утеха од стравот дека еден ден ќе умреш, толку. Стравот е темел на твојата вера не љубовта, не сочуството, туку стравот.
Исус таму воопшто не зборува за кој појака „магија“ ќе направи. Делото на Исус е да ги спаси луѓето. Тоа е Неговата мисија. Тоа и значи името Исус - Спасител. Поголеми дела значи повеќе спасени луѓе, повеќе христијани. После проповедта на апостол Петар, се покајале и крстиле околу 3000 души. Исус додека чекорел на Земјата не направил ни приближно толкаво дело. Но откако отиде кај Отецот и го испрати Светиот Дух, плодот е евидентен, христијанското движење излегло од Јудеја и брзо се проширило низ целиот тогашен познат свет - низ целата Римска империја. А денес има милиони Христови следбеници.