Не сум некој познавач на грчкиот јазик, провери и увери се сам едено тире на буквата колку го менува значењето. 1.ου μη γευσωνται превод they don't taste 2.οὐ μὴ γεύσωνται превод they taste like me Првото е од поново време текст. Второто е од 1881год
Ти сам ми понуди извор, таму за секој стих има детална табела на која секој збор е граматички и морфолошки објаснет и преведен. Истите тие табели ти ги постирав на темава поназад. На нив јасно се гледа дека нема никаква грешка во преводот. Повели увери се сам: Link
По која логика по религијата жената е создадена од ребро жити све на лсд да не е бил тој што го видел тоа и го напишал?
Феминка и јас така размислував ама сватив дека пример ако верувам во мојата мачка како да е света да и се молам мојата сама потсвест ке верува во неа дека ке ми се оствари нешто. Јас мислам дека тоа сум се помолила ми се оствари е повеке психологија
Од тој линк и јас кликам за превод.Текстови од различни периоди даваат различен превод. Еве, конкретен пример ти дадов со три апострофи се менува значењето. Табелата, не ја сметам за точна бидејќи сите зборови со едно значење ги нуди, додека во реченица сосема друго е. Толку!
Значи тоа што ти одговара ќе го сметаш за точно, тоа што не ти одговара нема да го сметаш за точно?! Па текстот е врз основа на преводот од табелата! Плус, лесно може да најдеш и друг независен превод на истите зборови! Од една страна велиш дека не разбираш старогрчки, од друга прогласуваш за невалиден превод што го користи цел свет! И плус ми порачуваш дека не треба да се суди, дека треба празна глава! Благодарение на тој ,,клуч" денес не живееме во среден век. Ренесансата е директен производ на активноста која произлегува од езотериските Редови. Таа активност влијае и инспирира небројни уметници, научници, писатели, филозофи, архитекти.... Тоа ,,будење" од мракот на црквата денес го нарекуваме ренесанса! Ослободување на човештвото од илјадагодишниот мрак.
Секој иницијант се занимава со компаративна религија. По иницијацијата, секој од нас добива - curriculum, листа од области, книги, религии и филозофии што ги проучува. Секако, охрабрен е и самостојно да бара и такви што не се опфатени со истиот. Би ја препорачал како многу корисна книгата - Тајни религии од Клаус Ридегер Мај.
Езотериски - иницијаторски Ред - Ordo Templi Orientis. Првично е дел од регуларната масонерија но подоцна се одвојува од неа како засебен Ред.
Не сум масон, и не не владееме со светот, но итекако придонесуваме и сме продонесувале за свет каде слободата и правата на луѓето ќе бидат реалност.
Одделувањето на црквата од државата, појавата на ренесансата, влијание во архитектурата, литературата, филозофијата, музиката, политиката. САД на пример е држава која се темели на масонски принципи, Џорџ Вашингтон и многу други претседатели на САД биле масони. Моцарт, Бетовен исто така биле масони. Предводниците на француската револуција биле масони. Огромен број писатели биле масони.
Баш поради тоа што не ми е познат старогрчкиот , пребарував , кликав преводи и резултатот го виде. Ова не е прашањето дали мене или тебе ни се допаѓа, туку ние како зрели и возрасни луѓе , бараме точност на одреден цитат. Табелата, не е валиден факт, бидејќи еден збор може да има две различни значења.(доказ преводот) Јас цело време нудам линкови, преводи, па и таа табела од мојот линк ја извади. Што понуди ти? Што понуди да не убедиш? Со што го поби различниот превод на две идентични реченици кој се разликуваат со три апострофи? П.с. Да се испразниш од предрасуди. Сеуште се молам Бог да ти даде знак.
Во 1904та, тогашниот водач на Редот - Алистер Кроули објавува дека човештвото влегува во нов еон - еонот на Хорус. Како потсетување, во тој период жените не се рамноправни со мажите, хомосексуалноста е забранета и се казнува, слободата на изразување е само мит, слободата на говор исто така. Во продолжение ќе ти прикачам текст кој се вика Liber Oz и во кој се наведени целите на Редот, сама спореди колку од тоа било реалност тогаш, колку е сега: Значи целиот свет греши и е во заблуда освен тебе? Тоа што преводов е официјално прифатен од сите, за тебе не е факт?! Тоа што на сајтот што самиот го предложи имаш паралелни преводи од речиси сите официјални верзии на новиот завет за тебе не е факт? Јас сум тој што има предрасуди?! Нема никаде две идентични реченици што се разликувале во значење кога е во прашање стихот! Пак ќе нагласам, секој збор е образложен, преведен и анализиран и граматички и морфолошки! Тоа го направиле луѓе што се експерти, тој превод е факт за сите освен за тебе. Пробај на бетмен, може поголем успех ќе имаш?
Доказ не видов,не се ни потруди да побараш. Прелистај некој сајтови. https://www.hope-of-israel.org/p20.htm Овде се ливчињата од каде е препишувано, таму во празниот простор помеѓу деловите од записити запиши што сакаш и да завршиме со разговорот. https://en.m.wikipedia.org/wiki/Magdalen_papyrus
Пак не ми одгововори на прашањето. И јас можам да набројувам успешни агностици, ама тоа не се мои дела, нивни се. Значи што вие (ти) лично сте (си) придонел(е)?