Тврдеше дека преводот е погрешен, се виде дека не е, потоа тврдеше дека значењето може да биде друго, а факт е дека истиот превод се користи во целиот свет и тоа со векови. Тврдеше дека има оргинал од кој било вадено, додавано и менувано, таков оргинал не видовме никаде, освен линкови, текстови и слики од текстови што скоро биле откриени и на кој никаде не видов ама баш ништо за конкретниов муабет. И после сето тоа ти упорно тврдиш дека јас сум немал докази и факти. Тоа само покажува до каде отишла индоктринацијата кај тебе, колкава е заблудата и слепилото кај тебе....
ОТО е таен Ред во однос на членовите, идентитетот и се поврзано во однос на него не смее да се објавува освен ако некој сам за себе не реши да открие нешто. Поради тоа, информации од конкретни луѓе, настани и активности се нешто кое не смеам да го откривам, нешто кое подлежи на заклетвата што сме ја дале.
Имам едно прашање кое многу ме збуни. Ако господ бил отац Јехова кое му се молиме на него тогаш зошто го викаме господ Исус Христос? Валда немаме двајца господа... И без негативни коментари бидејки незнам и ве прашувам и можеби згрешам иако незнам мн во библијата.
Христијаните веруваат во троедин Бог (Свето Тројство, Света Троица). Значи Бог е: Татко (Отец) = Јехова Син = Исус Христос Светиот Дух Овие три се засебни личности, но сепак се едно и ја формираат Божјата троична природа. Човекот не може целосно да ја разбере оваа троична природа на Бог, исто како што не може да разбере и како мажот и жената стануваат едно тело во брак. Сепак, како што мравката не може да ја разбере човечката природа, така и ние не можеме да ја разбереме Божјата.
А кога едниот брачен партнер вара, и другиот си го носи со себе или се делат тогаш? Оној што вара е посвоена личност? Шизофренија? Зошто "дел од тебе" е спремен да те силува, убие, малтретира физички и психички? Дали според она "едно тело" единствен излез од насилен брак е убиство или самоубиство?
Во христијанството нема пратеници Бог е Господ, Исус е негов син. Исус и Бог, и Светиот Дух сочинуваат Света Троица(Свето Тројство). Господ-Отецот Исус-Синот Светиот дух= Света Троица т.е една единка која постои истовремено и вечно.
Можеби Пророк е правилниот збор за нив, зарем не? Сакав само да посочам дека пратеник не се користи официјално во христијанството...тоа се користи во исламот.
Мене ме интересира зошто диносаурусите не се спомнуваат во светите книги, а докажано е дека постоеле.
Диносаурус е прилично нов збор и затоа не се споменува во Библијата, логично нели? Во Библијата се опишани такви животни како диносауруси и исто така како и сите други и тие се створени од Бог.
Дa динoсaурус е нoв збoр нo тoa не е единствен прoблем вo библијaтa, спoред библијaтa светoт пoстoи 6000 гoдини, гoлемaтa пoплaвa е пред некoи 4000 гoдини и сo тaa пoплaвa верниците гo прaвдaaт изчезнувaњетo нa динoсaурусите, сo кoе се тврди декa динoсaурусите и чoвекoт кoегзистирaле, oвa се мнoгу гoлеми нелoгичнoсти вo библијaтa aкo ме прaшaш мене.