Што е нелогично не разбирам? Појаснување ако може каде точно не е логично. За големиот потоп имаш и докази, фосили, имаш фосилизирани птици и школки на едно место. Такво нешто може да се случи само во огромна катастрофа, а не постепено.
Еднаквост не може да се нарече со друго име. Еднаквост е еднаквост. Едно е феминист, едно е човек кој сака и се бори за еднаквост. Јас омраза кон машкиот пол имам само во феминисти видено, за нив сите мажи се исти и сите се шовинисти иако не се сите такви, што по логика не е еднаквост. Знам дека нема врска феминизмот со темава ама твојата истомисленичка многу сака да провоцира па затоа споменав.
Витали, оф топик ќе бидам, но читај внимателно. Во рамките на лингвистиката терминот фенимизам е сосем прифатен и значи еднаквост. Оваа одлука не ја усвоив јас, туку професори, борци за човекови права и директори на невладини и владини организации во светот уште доцните 50-ти години. Феминистите се борат за човекови права, радикалните феминисти се екстремисти (со право во одредени заедници каде стапката на силување и родова еднаквост е висока). Има и мажи феминисти. Иако во многу мал број, бидејќи вообичаено се неедуцирани околу правецот и идеологијата на ова движење. Ова е твое субјективно толкување. За да бидам јас нејзина или таа моја истомисленичка, (претпоставувам на Енџи мислиш), треба да се согласуваме речиси за сите идеалистички теории и концепции кои го опфаќаат феминизмот, а тоа е невозможно. Јас не одговарам во нејзино име како ниту таа во мое. Ние не сме секта. Взаемната подршка не значи дека идентично размислуваме на сите теми, бидејќи не постои апсолутна вистина. Феминизмот не е егзактна наука туку правец и борба за подобар свет. Поздрав.
Од ова што го напиша со 90% не се согласувам Патем, нема потреба да се разламага феминизам со личност која зборува за ФЕМИНИСТИ. Феминисти е нереален поим воведен од десницата за да се омаловажи феминистичкото движење, преземен од „woke“ левицата за да се направи "поинклузивно" феминистичкото движење.
Не мора да се согласуваш. Феминист е реален поим во теорија и пракса. Не мора да имаш матка за да се бориш за еднакви човекови права.
Ниту ти ниту јас се бориме. Да се боревме вистински, светот денес ќе беше поинакво место за живеење. Патем контрадикторно е да бидеш екстремен феминист а да не бидеш геј, just saying...
Апсолутно не е, сексуалната ориентација не ја бираме. Политичата определба можеме секогаш да ја одбереме. Феминизмот е движење и политика. Во политичко лезбејство не навлегувам. Мешаш радикализам и екстремизам. Досаден и бескорисен муабетот, да не беше ти пишала немаше ни да видев што се збори
Не oчекувaј сaмo oдгoвoр, aкo спoред нивнaтa книгa дo пред 4000 гoдини живееле динoсaурусите сo нaс, зaмисли штo ќе кaжaт зa прaистoриските фoсили oд жирaфa и нoсoрoг вo Делчевскo, нa Алесaндaр милениците, немa никaквa лoгикa oд евoлуциски пoглед.
Екстремниот феминизам не може одделно да функционира од политичкиот сегмент и уредување на една држава. Екстремната феминистка не може да сака мажи бидејќи жените ги става во примарна и "доминантна" позиција. Затоа е "екстремен".
Не те негирам, само ти реков дека зборуваш за политичко лезбејство (Џули Биндел, Шила Џефрис и остали). Нешто во што не се пронаоѓам и со кое не се сложувам. Сексуалната ориентација не е избор. Оваа дискусија е постара од времето и нема победници, нема потреба да ја влечеме.
Во радикален феминизам не спаѓа само борбата за матката и сурогат мајчинството, туку тоа е целокупна концепција која го деградира интелектот на машкиот пол и не дозволува негово вклучување и едукација, туку бескруполозно го турка физички и психички на работ. Тука љубов кон момците нема, само омраза. Така да ова што го пишав јас претходно, стварно нема врска со политичко лезбејство. Ти не си радикален феминист, да беше, немаше да пишуваме само теорија туку ќе имаше и акција. Двете компоненти се битни и апсолутно деструктивни, често анархистички како и самиот поим (екстремен феминизам нели).
А ти дали тие луѓе навистина ги сметаш за верници? Тоа се испрани мозоци кои попрво би однеле цела продавница на гроб за да ''јаде'' мртвиот одколку да помогнат на некој кој нема. Мене тие ми се исти со оние кои со голи цицки трчаат на улица за да бараат права или пак сметаат дека бременоста било понижување за жената.