Сериозно ти одговорив. Старите ако ти се репер за тоа каква врска треба да имаш со бог, оние стари што као не пуштаат машина на митровден, пошо се препобожни, а колнат по сите не знам што да ти кажам друго.
Според Библијата само на Шабат не се работи тоест секоја недела како што прават евреите, на тој ден е нешто како слава што имаме денес, се готви се собираат сите дома роднини блиски и слично, не се работи само занаетчиска работа, друго се е дозволено.. Во Библијата деновите се рачунаат од зајдисонце до зајдисонце и последниот ден се одмара. Овие календари денес се пагански и врска немаат со Библијата како што и православните празници. Православните кои се означени со црвено не се работи на тие денови но во православен календар, во Библијата нема такво нешто. По Библијата исто празник е 14 ден во новата година но таму сметањето е на друг начин како и ден така и месец. Според Библијата месец има 29 или 30 денови, а година 12 или 13 месеци. Календар според Библијата неможе да се штампа и така да унапред нема да знаеме ништо, постојано треба да се набљудува млада месечина. Ако одиш по Библијата и ако веруваш во она што Бог го рекол немаш потреба со православие премногу да се оптоваруваш ниту што ќе речат другите за тебе. Тука имаш детално што и како ако те интересира. Ако треба нешто да дообјаснам или нешто друго пиши слободно. https://www.religija.me/?page_id=73
Добро ако перам, го правам тоа попладне. Перам од практични причини, не сакам да трупам облека купишта, оти ако гледам, среда, петок, недела, празник, многу се фаќа.
Според Библијата само занаетчиска работа не се работи на празниците и тоа на Библиските празници. Перење и чистење не е занает туку тоа е потреба, така да слободно и во секое време кога тебе ти одговара освен на Шабат нели. Во суеверија немој ич да веруваш дека некојаси Марија куќа ќе ти запалела или нешто лошо ќе ти се случи бидејќи тоа е паганизам.
Леле не ми се верува дека уште постојат луѓе што се водат по некоја книга што треба, а што не треба да прават Не се перело, не се чистело, не се бањало цц
Абе мајка ми ме прекорува, демек не пазиш, пере на празници. Не се чуди, моја пријателка работи во администрација, млада е од Скопје и 100 пати повеќе внимава од мене кога ќе пере.
Тоа е селектирање што им одговара од библијата а што не , не им одговара да перат и пеглаат и се повикуваат дека библијата така вика, ама кога библијата вика не лажи, не биди лаком, не биди мрзлив наеднаш се замижува пред тоа Впрочем, зошто ако има трансцендентен Бог кој ги надминува времето и просторот, истиот би се грижел дали некои суштества си ја перат облеката на одреден ден?
Што е најтрагично не го вели тоа. Вели да не се работи занаетчиска работа на тој ден за да семејството се собере на маса, да бидат заедно, тоа кај евреите е слично како славата што е кај нас.. Се друго не е забрането. Самиот Исус на Шабат лекувал луѓе и бил осудуван за тоа од незнабожци демек не требало да работи... Да си на служба да помаѓаш да правиш она што се мора никој не ти забранува па дури ни Библијата ако не верувате слободно отворете Библија и може да си прочитате.
Не веруваме во тоа што го пишува у библијата. Буквално ништо нема смисла и не разбирам зошто некој да живее според некои правила што некој ги напишал. Знаеме што е лошо с што добро, книга не ни треба тоа да не учи. Најлуцемерните луѓе што сум ги запознала биле вакви фанатици.
А демек работата во администрација и живеењето во Скопје се гаранција за прогресивност па е чудно некој со тие особини да биде затуцан и припрост?
Тоа е најбитно, едно копче ако кликнеш на машината ќе гориш во пеколот, а тоа што лажат, се караат, навредуваат, колнат, тоа мање битно Треба еден апдејт да се направи за "правилава", апдејт што ќе вклучува бела техника
Имаш избор, никој не те тера со сила да веруваш во нешто. На секој по делата свои мислам дека е доста кажано. Тие што си ги запознала не виделе Библија во животот никогаш. Со влегување во црква не се станува верник.
Логично, или пак некој им диктира лажна Библија за да има контрола врз нив како црквата на пример. Како и католичката така и православната иако она што го прави католичката е далеку поужасно од православната.
Изворно во самата Библија (како и Куранот) има и многу полоши работи од бесмислените суеверија меѓу народот (насилство, ропство, шовинизам, во Куранот и педофилија). Самите свети книги се такви какви што се, самите во текот на својата содржина се контрадикторни и си ја побиваат навидум мирната порака на површината. Така што не е баш сè негативно сврзано со *лажни* верници, иако е популарен тој доста млак муабет во корист на верските чувства И ова доаѓа од луѓе кои да, ја прочитале барем една од светите книги (т.е. обично таа на религијата во која припаѓа нивното семејство и околина), а и за останатите сега има недвосмислени цитати достапни за сите и доволни да се процени ова.
Не може да е припроста кога има титули, кариера, секогаш е облечена по најнова мода, семеен бизнис, нашетана, ама ете внимава кога пере.