А сега што си? Како се декларираш? Провери да не случајно веке си крстена кога си била бебе , штом баба ти и дедо ти на татко ти биле христијани. Има и такви случаи. Одлуката си е твоја , лична. И за двете работи појди си во двете места , џамија и црква и разговарај си со стручни лица.
Доколку сакаш да станеш Христијанка, ќе има крштевање. Се крштеваат и возрасни и тоа не е ништо невообичаено. Додека пак, од тоа што ми го кажувале за Исламот и шамиите, жената треба да носи шамија, но (зависи, муслиманите различно гледаат на ова) со оние со кои што сум разговарала, ми велеле дека е многу поважна скромноста во облекувањето и однесувањето, отколку ли шамијата и дека најдобро е да ја носиш, не поради должност и обврска, туку поради лична желба да му удоволиш на Алах со таа постапка. Така ми кажувале, значи не мора да значи дека е со сигурност така. А за ова сигурно знам. Ако веќе се покриваш, треба да носиш хиџаб. Очите и лицето треба да ти се гледаат. Сите останати варијации, не се Исламот каков што го опишува Куранот, барем според мене. А жената, и во двете религии е многу ценета ако се разгледуваат работите на правилен начин. Различна е, со различна улога во светот, но никако не е потценета и/или обесправена во поглед на мажот. Она што е сега важно за тебе, не се обичаите низ кои треба да одиш. Обичаи, како обичаи, нема да те оперираат па да треба некоја посебна подготвеност , или пак некое големо предзнаење за празниците. Верниците учат за својата вера додека се живи и не е никаков грев ако на почетокот на твоето духовно спознание влезеш без големи знаења. Мене ми е страв да помислам на тоа колку работи не знам се`уште за сопствената вера, а се нарекувам Христијанка затоа што така срцето ми вели. Она што е потребно е повик. Духовен повик. Ти препорачувам да разговараш со духовни и свештени лица од двете религии постручно да те поучат. Потоа, ќе знаеш доволно за да препознаеш во која насока те води срцето.
Ооо, јас имам прашање - религиски гледано зашто во некои манастири чуваат черепи од монасите кои нели живееле во тие манастири? Зашто нели не ги закопаат? Сега не говорам за Светците, туку за монасите.
Атеист сум моментално и не сум крштевана ке појдам ке разговарам и ке ве известам за што сум се одлучила Многу ви благодарам на сите
Не е важно во што верувале твоите баби, дедовци и прадедовци. Едно е национална и етничка припадност, а друго е вера. Вербата е лична работа. Не може некој друг да верува за тебе. Колку и да се нарекуваш муслиманка, ако ти длабоко во себе не веруваш дека она што го проповедал Мухамед е вистина, нема да биде муслиманка. Исто така, колку и да се нарекуваш христијанка, ако длабоко во себе не си убедена дека Исус Христос е Божјиот Син, дека тоа што Тој го проповедал е вистина, дека пострадал за гревовите наши и дека воскреснат на 3-от ден, ти нема да бидеш христијанка. Крштевањето само по себе не те прави христијанин, како и сунетот муслиманин. Колку за информација, и Адолф Хитлер и Сталин биле крстени, ама тешко дека биле христијани гледајќи според нивните дела и убедувања. Штом ти не сакаш повеќе да бидеш атеист, тоа значи дека тебе нешто те убедило дека Бог сепак постои така? Епа сега следен чекор во твојата потрага по Бог е да видиш дали и на кој начин Бог му се објавил на човекот. Христијаните веруваат дека Бог се објавувал преку старозаветните пророци, а дека во полнота ни се објавил преку личноста и делото на Исус Христос, потврдувајќи го со многу силни знаци и чуда кои само Бог можел да ги прави. Христијаните веруваат дека Бог се погрижил да сите важни работи за Него и Неговата интеракција со луѓето бидат запишани во она што ние го нарекуваме Свето Писмо или Библија. Тоа е основниот, најсигурниот и најверодостојниот документ за верата на христијаните. Муслиманите веруваат дека Божји збор е Куранот. Она што јас би те советувал е, ако навистина твоето срце копнее по Бог, тогаш да не прашуваш друг да ти кажува што ти да веруваш, туку сметам дека си доволно образована да самата истражиш и самата да си донесеш одлука во што ќе веруваш. Само така ќе биде најискрено, ненаметното, најлично. Бидејќи Билијата е огромна книга, ти предлагам да си набавиш нов завет и да си го прочиташ. Таму се наоѓа учењето и делото на Исус Христос и Неговите ученици (апостолите). Прочитај ги внимателно и запознај се од прва рака што поучувал Исус Христос - основачот на христијанството. Потоа набави си го Куранот и прочиташ што Исламот навистина учи директно од најглавниот документ на муслиманите. Јас ги имам и двете овие книги во електронска верзија и ако не можеш да ги најдеш во печатена форма, ќе ти ги пратам во електронска, па читај ги од компјутер. Нека Бог те благослови во твојата потрага по Него и нека те воведе во целосната вистина! Бог во христијанството ветил дека секој што ќе го побара со сето свое срце, ќе го најде (Еремија 29:13, Библијата) Ако имаш некои конкретни прашања околу Христијанството или Исламот, слободно прашај. Христијанството, Библијата и историјата на христијанството студиозно ги проучувам десетина години, а Исламот 6 години. Имам држено и курсеви (предавања) за сличностите и разликите меѓу нив Поздрав!
До негде 19. век постоела општа пракса да се откопуваат покојните на 3. години. Бидејќи се верува дека оној кој направил големи гревови и кому Бог не може да му прости ни земјата не сака да го прими. Па така ако некој и по 3. години не бил примен од земјата, се зајакнувале молитвите (трисагии-блудци, парастоси и литургии). Тоа е едната причина поради која се окопуваат покојните, но на Света Гора и други големи манастири нема големи гробишта, т.е. нема место за покојните па поради тоа се откопуваат по самото распаѓање и се чуваат во костурници.
http://www.youtube.com/watch?v=NXsyRAPU8g0 што вера се овие или што и да се неможам да ги сватам нека ми образложи некој ако знае
Се згрозив. Во опис на видеото пишува "north cyprus ameno clip. its just a joke:))))" така што ќе речам дека веројатно се само мајтапчии. Претпоставувам (aj да не употребам епитет) особи кои ги исмејуваат калуѓерките и Христијанството. Не коментирам ништо, Тој кој суди ќе го каже последниот збор. Мада, како што го гледам антагонизмот меѓу земјите во кои преовладува Православието (Христијанството), кога ја гледам омразата, окупаторските желби, непризнавањето на црквите, воопшто не ми е ни чудно ни страшно ни несекојдневно ваквото исмевање. Значи јас сум против сите видови на исмевање на одредена религија, без разлика која е таа религија. Против ова видео сум како што сум и против филмот Innocence of Muslims. Што не` носи до заклучокот дека човекот (и тоа многу лицемерен поаѓајќи од лични земски интереси) е оној кој повикува на непријателство меѓу религиите, не Господ.
Како што можам да видам видеото е од Северен Кипар (North Cyprus) во кој живеат Турци поточно најголема религија во државата е Исламот и ги исмејуваат калуѓерките и Христијанството како што кажа tessie за видеово немам зборови
Можеби им е наследен Исламот во семејството, но ова дефинитивно не се Муслимани и од она што го знам за религиите, ваквото исмевање и самоиницирано напаѓање не доликува ниту на Христијанството ниту на Исламот. Така што, најпаметно е луѓето за другите религии да учат од светите книги, не од вакви пациенти.
http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%A5%D1% ... 0%B2%D0%BE http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%98%D1% ... 0%B0%D0%BC почни од тука па продолжи со прашања, со задоволство ке ти одговараме
Draga AquaQueen, vo meguvreme razmisluvav za tvojata situacija, i se prashuvav sto bi napravila jas da sum na tove mesto. Mnogu e neblagodarno da spekulira od ovakva vremenska distanca lichnost(kako mene) koja samo nekolku dena po raganjeto vednash bila krstena vo crkva, i pokraj golemata podelenost vo semejstvoto, sto da se pravi so novorodenoto dete, bidejki vo familijata imalo clenovi na komunisticka partija. No ete po milosta Bozhja, "pobedile" bogoljubivite dushi vo semejstvoto vo koe sum rodena. No oda ovaa vremenska distanca, so aktiven crkoven liturgiski zhivot poveke od edna decenija, ona sto mozam da go kazam( zboruvam opshto , motivirana od tvoeto prashanje) e slednovo: Ako nekoj saka da si pomine lezheren religiski zivot, ako ne saka da bi progonuvan, shikaniran, navreduvan, ubivan, ako ne saka sekade kade sho ke se pojavi negoviot nacin na ispoveduvanje na Bog da bide postojano na cel na razni bezbozhnici i inovernici, neka ne izbira pravoslaven hristijanski zivot. A ako nekoj saka vecen zivot, zivot vo Svetata Edinosuhna Troica - togash izbor bi bil pravoslaven zivot vo Hrista. Izborot e sekogash nash. Bog nema da ni zabelezhi sto i da izbereme, toj ni dal slobodna volja.
Имам едно прашање за кое немам добиено конкретен одговор во врска со жената во Исламот Јас имав другарка муслиманка која ја омажија за човек кој го избра нејзиното семејство сега немам никаков контакт затворена е во 4 ѕида нејзиниот маж не и дозволува никаде да излезе служи само за чување деца додека тој секоја вечер излага со различни девојки тоа го знае и нејзиното семејство но не преземаат ништо на почетокот имав мал контак кој подоцна беше забранет нормално од нејзиниот маж бидејки јас сум атеист имав конакт се до раѓањето на нејзиното прво дете кое беше девојче по што нејзиниот маж буквално полуде и сакаше да го продаде но се спречи тоа благодарение на неговите родители каков живот ке има девојчето колку ке биде дискиринирано од страна на татко и кој буквално не ја смета за своја керќа не се знае како и да е тој се однесува како да и е господар на другарка ми Дали навистина жената ги има истите права а ова погоре е исклучок или ова често се случува
Во традиционално исламско семејство, кое само по традиција се смета за муслиманско, ги практикува некои од празниците, но во суштина не ги познава исламските верувања, ниту верува искрено, ниту пак некогаш Куран фатиле во рака... тие се исто како и традиционалните православни семејство или како атеистичките семејства. Амбалажата им е различна, но суштината иста. Така што правата на жената во тие семејства и иста како и правата на жената во просечно атеистичко семејство. Но доколку збориме за вистински муслимански семејства, семејства каде што луѓето се вистински муслимани, кои веруваат во Куранот и ги следат тамошните упатства како Божји закон, таму сметам дека жената ги нема истите права како и мажот. Сега, во неколку точки, ќе објаснам зошто сметам дека жената ги нема истите права како и мажот и тоа користејќи ајети (цитати) директно од Куранот - светата книга на муслиманите. (Зборот „сура“ значи поглавје од Куранот.) Предупредување: Куранските ајети можат да ги повредат религиозните чувства на муслиманките, па доколку некоја е чувствителна, препорачувам да не ги чита. 1. Гласот на жената сведок вреди колку пола маж Сура 2:282 вели: „И земете двајца сведоци, двајца мажи, а ако нема двајца мажи, тогаш еден маж и две жени, кои ќе ги прифатите како сведоци; ако едната од нив две нешто погрешно каже, другата нека ја потсети.“ (Сура 2:282, Куранот) 2. Ако се неверни, жените треба да се заклучат дома до крајот на животот (за мажите ништо не се спомнува) Сура 4:15 вели: „Кога некоја од жените ваши прељуба ќе стори, побарајте да тоа против нив го посведочат четворица од вас, па ако посведочат, држете ги во куќите се додека смртта не ги стигне или додека Аллах не им најде некој излез (пат).“ (Сура 4:15, Куранот) 3. Жените можат да се разменуваат Сура 4:20 вели: „Ако сакате една жена да пуштите, а со друга да се ожените, и на едната од нив големо богатство сте и дале, не одземајте ништо од тоа. Зар насилно да и го одземете, чинејќи очигледен грев?“ (Сура 4:20, Куранот) 4. Жените треба да се тепаат ако се непослушни. А што е непослушно, нормално си одлучува секој маж по свој ќеф. Сура 4:34 вели: „А оние од чија непослушност се плашите, вие посоветувајте ги, и после од нив во постела разделете се, па и удрете ги; кога ќе ви станат послушни тогаш зло не чинете им! – Аллах е навистина возвишен и голем!“ (Сура 4:34, Куранот) 5. Жените мора да се покриваат, да гледаат надолу. За тоа може да прочитаме во Сура 24:31 од Куранот. 6. Верните муслимани ги чекаат еден куп девици (хурии) за (сексуално) уживање на небото. За ова се збори во многу сури од Куранот, еве само некои: Сура 52:20, 55:56, 55:71, 56:17-23. 7. Исламскиот хадис бр. 295 вели: „Жената која без оправдана причина ќе го одбие мажот кој ќе ја повика во постела (за секс) - поради што тој ќе се налути - ќе биде проколнувана од мелеките (ангелите) се до зората“ Значи, она е должна да хмммм...не одбие..... кои се тие оправдани причини? Ако истите не се видливи, дали значи дека ги нема? Или пак, едноставно, може ли некогаш да се нема желба? Или од жената се очекува во секое време да биде навиена за исполнување на сексуалните барања на мажот?
Доколку сакаш подобро да ги разбереш разликите меѓу католицизмот и православието мораш да ги набљудуваш од историска перспектива. Во најкратки црти тоа оди вака: Католицизмот, во неговата изворна форма, настанува некаде во 4ти век, поточно во 380 година кога било востановени како официјална државна религија во Римската Империја од императорот Теодосиј на истокот и Грацијан на западот. За жал побратимувањето на црквата со власта придонело да црквата се исполитизира, корумпира и да се прикалемат многу пагански елементи кои добиле христијанско руво (амбалажа) со цел полесно и побрзо христијанството да биде прифатено од паганските народи во Римската империја. Бидејќи Рим бил центарот на Римската империја, тој станал и центар на црквата. Но иако тој бил најголем центар (каде што бил и папата), сепак постоеле и други центри (Константинопол, Ерусалим, Александрија и Антиохија) меѓу кои позначаен бил во новоизградениот град Константинопол (град кој го изградил императорот Константин). Рим бил престолнина на западниот блок на Римската империја, а Константинопол на источниот блок. Разликите постепено почнале да се појавуваат. На западот службите се воделе на латински, на истокот на грчки. Исто така, на политички план, после 4ти век Римската империја почнала да ослабнува, а Византија да ојачува. После 7-8ми век веќе Византија била доволно моќна и не сакала да зависи ниту политички, ниту црковно од Рим, па тие си терале независно и покрај тоа што официјално тие го признавале Рим за центар на својата црква кој во тоа време уште се нарекувала католичка. Тензијата меѓу истокот и западот се зголемувала и само се чекало на погоден момент за поделба и раздвојување. Како една од причините (што обично се учи во учебниците) е проблемот Филиокве (што на латински значи: „И од Синот“). Имено, постоело разлика во символот на верување (изјавата на верата) меѓу источната и западната црква (разлика која постои и ден денес, а сепак нема некое практично значење за верниците). Во делот од изјавата која го исповеда верувањето за Светиот Дух, источната црква вели дека Светиот Дух исходи од Отецот, а западната црква вели вели дека Светиот Дух исходи од Отецот и од Синот. Како клучен момент за поделбата се зема 1054 година кога црквите меѓусебно се анатемисале (си фрлиле проклетства) и потоа секоја си терала по својот пат. Источната црква си придодавала (усвојувала) источни традиции, западната западни традиции. Во источните храмови се задржале иконите, а во западните скулптурите. Западната црква си го задржала папството, источната не. Западната црква останала хиерархиски и национално неподелена, а источната црква почнала да се дели по национална основа и секоја земја почнала полека да си одвојува своја посебна црква. И така настанале многуте православни цркви денес кои сите имаат национален предзнак (МПЦ, СПЦ, БПЦ, ГПЦ, РПЦ итн.). Повеќето од православните цркви се одвоиле матичната црква со расколнички чин, а потоа биле прогласени за афтокефални и автономни, а некои - како украинската, црногорската, македонската итн се уште немаат добиено афтокефалност и се водат како непризнаени од останатите православни цркви. Еве на пример, само пред неколку дена, на собор на архиепископите на православните цркви (по повод одбележување на 1700 години од Миланскиот едикт) останатите православни цркви, предводени од вселенскиот патријарх Вартоломеј, ја нарекоа МПЦ антихристијанска и псевдоцрковна организаиција. http://www.jadiburek.com/sodrzina_detalno.aspx?id=355 Значи и католичката црква и православните цркви се занимаваат со политики, со тоа што православните цркви, заради својата национална природа, се занимаваат и со етнофилетизам со што добиваат симпатии и од етничките групи. Исто така постои и за нијанса разлика во величањето на блажената Марија. Имено католиците за нијанса повеќе ја величаат од православните, со повеќе титули, повеќе и се молат на неа. Католиците веруваат дека таа била безгрешно зачната. Потоа постојат и ситни небитни разлики од типот како да ги држиш прстите кога се прекрстуваш со раката. Велам „небитни“, бидејќи и тоа е подоцнежна новотарија во овие цркви и нема допирни точки со учењето на Исус и апостолите. Исто така има разлика во литургиите, бидејќи католиците ги прават по западен стил, а православните по источен (Византиски) стил.
ПЦ - Православна Црква РКЦ - Римокатоличка црква 1. Filioque. Оваа е најголемата ерес која се има проширено во римокатоличката црква. И претставува неканонски додаток на Символот на верата кој е усвоен на Првиот и Вториот Вселенски Собор. Имено оваа измисленица вели дека Светиот Дух излегува и од Отецот и од Синот. Односно дека и Отецот и Синот се извори на Светиот Дух. За разлика од ова, Православните исповедаат дека Светиот Дух излегува само од Отецот. За промената на Символот се разговарало на 8. Вселенски Собор свикан во времето на светиот Фотија Патријарх Константинополски. 2. Папски примат. Во Православната Црква сите епископи имаат иста власт во својата епархија и единствено се разликуваат по честа која ја имаат поради нивните епархии, старост или времето кое поминало откако се хиротонисани т.е. завладичени. Една “комплетна“ православна помесна црква може да се состои од само еден Епископ и верниот народ(нижи клир, мирјани и монаси) кој е собран околу него. Во краен случај за помесна православна црква може да се смета и собирот од еден Епископ и еден мирјанин. Кај римокатолиците не е така. Таму комплетноста на Црквата се доживува само преку римскиот папа. Без папата нема Црква. Фактички гледано од православен еклисиолошки агол во Римската Црква постои само еден единствен епископ, а кардиналите, надбискупите и бискупите се само негови викари. Поради овие причини ниедна бискупија не може да се смета за “комплетна“ црква. Значи во Православието епископите се разликуваат само по честа (кој ќе седи на подобро место на светата литургија или на трпезата, кој прв ќе си тури манџа и сл.), но не и по власта. Па така дури и да сакаат Вселенскиот Патријарх и Охридскиот Архиепископ да го посетат најзабаталеното село во Битолската Епархија, тие тоа не смеат да го направат без дозвола на локалниот Епископ, во случајов Битолскиот Митрополит. Патем вистината и чистотата на верата во ПЦ ја чува целата Црква - Епископатот заедно со презвитерите, ѓаконите и верниот народ; во РКЦ тоа го прави единствено римскиот Епископ т.е. римскиот Папа. Лага е дека свети апостол Петар имал власт над апостолите. На првиот апостолски собор просто кажано пресекол свети Јаков брат Господен - Иерусалимскиот Епископ, а не свети апостол Петар. (На жалост и ПЦ не признава дека Иерусалимскиот Патријарх е прв по чест.) 3. Чистилиште. Чистилиштето ПЦ не го признава. Во РКЦ задгробниот “простор“ е поделен на 4 дела: рај (место каде што душите уживаат и се радуваат во присуството на Бога), лимб (место каде одат некрстените праведници, каде нема маки, но и Бог не е присутен), чистилиште (место на маки од кое може да се излези по одреден период, слично на затворска казна на овој свет за која може да се добие помилување) и пекол (место на маки од кое нема излез - доживотна казна без право на помилување). ПЦ признава постоење на рајски живеалишта и пекол. Пеколот е поделен на ад т.е. лимб и геена(пеколни маки). Но, ПЦ не признава грев за кој што молитвите на Црквата не можат да издејствуваат опростување. 4. Причест. Верниците на РКЦ добиваат само Тело Христово, а само клириците добиваат и Крв. Притоа се причестуваат со хостии, т.е. бесквасен леб во вид на жетони. Православните се причестуваат и со Тело и со Крв од едно лажиче и од еден Агнец (Леб), исповедајќи дека сите се едно Тело во Христа Иисуса. 5. Призив на Светиот Дух. Пред осветувањето на светите дарови Православните Го повикуваат Светиот Дух да слези на верните и на светите дарови и да ги претвори Лебот во Тело Христово, а Виното во Крв Христова. Римокатолиците тоа го немаат. 6. Мариологија. И Православните и Римокатолиците ја почитуваат и ги просат молитвите на Пречистата, Преблагословена, славна Владичица наша Богородица и секогаш Дева Марија. Но, Римокатолиците исповедаат дека Богородица уште при нејзиното зачнување во утробата на света прамајка Ана била безгрешна и ослободена од првородниот грев. ПЦ пак учи дека Богородица била без свој грев, чиста и непорочна, НО дека од првородниот грев се ослободила во моментот кога ја прифаќа волјата на Бога Отца и во нејзината пречиста утроба од Духот Свети се зачнува Бог Синот и Слово, Господ наш Иисус Христос. 7. Брачни свештеници. Во ПЦ дозволено е свештениците да бидат женети (иако после примањето на ипоѓаконски чин не можат повеќе да се женат), во РКЦ свештениците се задолжително безбрачни и живеат во целибат. Унијатските свештеници може да бидат женети. Ова се главните разлики меѓу ПЦ и РКЦ. За 6 од овие разлики РКЦ уште веднаш би се покајала (макар што римскиот папа Венедикт беше еден од ретките разумни и мудри папи после Великата Схизма), но никако не може да се откаже од 2. разлика, односно власта на Римскиот папа. Доказ за тоа се најразличните унии со православните и монофизитските еретици (исповедаат дека Господ Иисус Христос имал само една природа - Божјата, т.е. дека не бил Богочовек, ами само Бог). Ама факт е и дека сите унијати лека полека се полатинуваат. Демант дојде од Нови Сад. Ниту Патријархот Вселенски тоа го мислел ниту Иринеј Бачки така превел... http://www.b92.net/mobilni/info/763247 http://www.blic.rs/Vesti/Drustvo/411370 ... kta-u-Nisu
Кога се прекрстуваме, тоа го правиме со трите собрани прста од десната рака (палец, показалец и среден прст). Со ова ја исповедаме верата во Троичниот Бог, т.е. Света Троица, а другите два (малиот и домалиот прст) остануваат при дланката и ги симболизираат двете природи Христови: човечката и божествената. Што значи дека оваа поставеност си има свое суштинско значење кое секако произлегува од учењето за Бога забележано во Светото Писмо. Римокатолиците се прекрстуваат со целата дланка, т.е. со сите пет прсти кои ги симболизираат петте Христови рани. Инаку, терминот „католичност“ е исто што и терминот „соборност“, затоа е поправилно да се ословуваат со „Римокатоличка црква“, „римокатолици“ затоа што и Православната црква е католичка, т.е. соборна,( или вселенска). И Римокатоличката и Православната црква молитвено ги почитуваат светителите и секако Мајката Божја како прва застапничка и помошничка на сите нас кои молитвено и се обраќаме во неволја. Токму затоа е толку почитувана и прославувана од најголемиот број христијани, и титулирана заради нејзиното неискажливо значење во тајната на спасението на човекот. Затоа велиме„ Навистина е достојно да те нарекуваме блажена тебе Богородице, секогаш блажена и најнепорочна, и мајка на нашиот Бог. Почесна од херувимите и неспоредливо пославна од серафимите...“ Постојат и некои догматски разидувања од типот на „Филиокве“ кој е застапуван од Римокатоличката црква. Римокатоличките свештеници не се женат, а православните свештеници мора да бида женети. Колку што ми е познато, во апостолско време не само свештениците, туку и епископите биле женети. Христовата Црква уште од почетоците била поделена административно, помесно, според географската положба - Ерусалимска, Римска и сл. а подоцна според националниот состав на верниците во државата, но тоа не значи дека е нарушено духовното и канонско единство на Црквата како целина. За жал, скоро сите православни помесни цркви своето признавање, самостојност и место под сонцето го добиле со многу труд, пот, понекогаш и со пари за да го остварат она кое природно им припаѓа. Ако ја погледнеме историјата на балканските народи (а секако и сегашницата) ,посебно нашиот македонски народ, не треба да не чудат негирањата и бесмисленоста искажувани од нашите соседи. Старите навики тешко се искоренуваат, за жал