Тоа за одење во црква/манастир за време на менструација не го измислиле попови, тетки, стрини, туку така пишува во Библијата. А Библијата е Божја реч, бар за верниците. Баш поповите се тие кои го олабавија ова и кои дозволуваат одење во црква со објаснување дека напишаното во Библијата датира од многу стари времиња, кога се' уште немало хигиенски средства како сега (влошки, тампони). Единствено, не смее крв да капне во црква и затоа била фрката. А зошто, на тоа се' уште ни јас немам одговор. Значи, може да се оди. @GirlLove
Не ми треба книга за да знам дали нешто е праведно или дискриминира. Библијата е полна шовинизам така да, ако ми речеш во библија дека пишувало не ми значи ништо. Среќа, не се водам по шовинистички книџиња
Не треба многу памет за зошто не треба да капне крв во црква. Црквите отсекогаш биле собиралишта на народот и главни места за ширење на зарази. Крв е биолошки отпад, едноставно, приметиле дека преку крв се шират болести - па затоа крв да не капне. Има многу логика во тие правила во Библијата, среќа денес науката е доволно напредна за да не ни е потребно правило за зошто нешто не треба да се случи, туку едноставно можеме да знаеме зошто не е убаво нешто да се случи.
@Orthophill во темата втор брак пиша дека ако сакаме повеќе информации за црковен брак да пишиме во категоријата религија. Ме интересира дали при црковен брак потребно е двајцата бивши сопружници да се присутни? Во врска со цената кажав дека можеби не е вистина бидејќи слушнав низ муабет
Ако мислите на црковен развод. Значи, црковната постапка за црковен развод оди по следниов редослед: Еден од сопружниците преку својот надлежен свештеник, праќа барање за црковен развод. Црковниот судија или лично владиката ги повикува сопружниците на советување, за да проба да ги помири (слично како во социјалното). Ако помирување не е можно почнува црковната парница. На парницата може да присуствуваат двајцата сопружници, но доколку не сакаат да присуствуваат или не планираат да се помируваат, праќаат напишани изјави преку својот надлежен свештеник, кој е еден вид на адвокат. Судот донесува одлука, кој е виновен, можно е и двајцата да се виновни и се носи пресудата. Доколку мислевте на новата венчавка, на втората венчавка на едниот од бившите сопружници, може да присуствува бившиот сопруг/а, ако биде поканет, па и да не е поканет црквата е јавен објект. Иако малку чудно е тоа, но се надевам има и такви парови кои се развеле, ама се пријатели.
@Orthophill може одговори на оваа тема? Може подетално објаснување во врска со тоа кој има право на причесна? И како ако при црковен развод се установи дека еден од споружниците е грешен во очи на црквата и ако сака да се покае смее пак да оди на исповеди и причесна во таа црква или не смее?
Можат да се причестуваат само оние кои: 1. Се крстени во едната, света, соборна и апостолска Црква. 2. Кои немаат направено смртни гревови: абортус, прељуба, убиство, блуд, кражба, магии, одење по бајачи и гледачи, непростување и кавга со било кого. 3. Покајанието е можно, ама за да дојдеме до причесна, треба да направиме дела спротивни од гревовите. Не само да речеме, ете се кајам, ама по пет минути истата песна.
А кој надгледува дали правиме дела спортивни од гревовите, надлежниот свештеник каде што редовно треба да се оди на исповед?
Да, ама не само тој. Најбитна е нашата совест. Но, прво треба да проработи и да сфатиме, дека сме направиле гревови, а после со помош на совеста ќе почнеме да правиме добри дела спротивни на гревовите. Во големите гревови ги пропуштив малтретирање и потсмевање со послабите и скратување на плата на работниците.
Имаат ли удел молитвите во тоа како со помош на совеста ќе започнеме да правиме добри дела спротивни на гревовите?
И тоа голем удел. Молитвата е големо помошно средство. Затоа треба да се стремиме да се молиме често, барем секое утро и вечер.
Зошто има толку многу религии? Нели ако постои господ тој нема да не дели на вакви и такви и е еден за сите?
Гледав едно многу интересно видео кое се вика The Jesus of history vs the Jesus of faith. Прво нешто што го знаеме е дека Исус бил Евреин. Тогаш зошто побогу, на слики го прикажуваат вака: со блед тен, плави очи и светла коса. Изгледа како да е од Австралија. Исус, според нашата националност, култура, боја на кожа се менува. На пример: 3.Евреин од Израел уствари би изгледал нешто вака