Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сè што сакате да знаете во врска со религија

Дискусија во 'Религија' започната од AdoLf, 14 јуни 2011.

  1. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Што ќе зборуваш Вајлд, со испрани мозоци за кои абортус е грев поголем од убиство, а силување ич и не е грев.
    Со такви ќе зборуваш?
     
    На buba4e89, Alisa22 и WildMk им се допаѓа ова.
  2. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.260
    Не можам да се запрам да објаснувам.
    Дури и кога знам дека нема корист од објаснување.

    It's a feature, not a bug :lol:
     
    На DAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.326
    Допаѓања:
    29.120
    Пол:
    Женски
    Фактот што Библијата ја смета жената (и сè што таа ќе допре) за нечиста за време на менструација доволно кажува за христијанството како религија.

    Сум слушала изговори од типот, тие ,,чудни" забрани биле доста логични за тоа време, врзани со културата, биле од помош за народот тогаш.

    Добро, ама свесни ли сте дека со тоа имплицирате дека првичната семоќна сила на универзумов имала бесконечен број начини како да им се прикаже на луѓето, и решила да го стори преку Библијата, каде кој од кој закон е понелогичен и нерелевантен за сите времиња во кои Библијата се чита и (замислете) почитува.

    Ова само зборува за тоа дека сите религии кои имаат вакви бесмислени догми се само израз на ограниченоста на луѓето кои тогаш ги пишувале книгите, а вие со цел памет 2000 години подоцна им одите по умот.
     
    На Asparagus, andrejko82, smile:) и 8 други им се допаѓа ова.
  4. Alisa22

    Alisa22 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2017
    Пораки:
    2.171
    Допаѓања:
    13.129
    Пол:
    Женски
    Која е точно вашата основа да верувате дека библијата е вистина? Одговорот не може да биде "бидејќи библијата вели дека е вистина" по таа логика секоја книга и секоја религија би била вистинита а тие не можат да бидат вистинити затоа што се контрадикторни една со друга. Во книгите "Бог" е прикажан како диктатор кој ако не ги следиш неговите наредби ќе завршиш во "пеколот" .
    Во Библијата, во рајската градина, ако плодот на дрвото на знаење содржи знаење за добро / зло и исправно / погрешно, тогаш како Адам и Ева можеле да знаат дека е „погрешно“ да не се покоруваат на Бога и да јадат плодовите?
    Како може "Господ кои ги сака сите " да прати некого во пеколот само затоа што не ги почитувал неговите диктаторски "правила"?
    Значи Бог ги казнува грешниците само за да нанесе болка и страдање засекогаш. Не постои лекција што треба да се научи или да има корист од овој вид казна. Како е овој бог на љубовта?
    Зошто Бог кој ги "сака сите " го "создал злото" ?
    Ако ги споредиш Бог и Сатаната само врз основа на нивните "постапки" во Библијата, Сатана ќе излезе подобар .Единствените луѓе во Библијата што сатаната ги убил биле семејството на Јов, и тогаш само кога Бог рекол дека е добро.
    Како може "Бог" да му заповеда на својот избран народ да убие бебиња и деца? (Осија 13:16; Саш 13: 15-18, итн.)
    Ако само треба да имам верба и да верувам, како да знам што да верувам? Секоја различна секта на христијанството (и секоја религија) вели дека морам да имам вера за да верувам дека она што тие го велат е вистина. И како вербата ќе го направи тоа да е "вистина"?
    Зошто Бог би го осудил својот син на маки и смрт од рацете на луѓето кои што планирал да прости во секој случај? Зарем тоа не е во негова моќ?
    Не верувам дека некој верник ќе ми одговори со факти и научни докази но еве нека стојат . Ќе останам со многу прашања но без одговор. :(

    @EvAngelos @Vitaly немате коментар?
     
    Последна измена: 21 мај 2020
    На *Amethyst*, smile:), John Snow и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.649
    Пол:
    Машки
    За каков пекол зборуваш и за која религија? Во мојата религија нема ниту пекол ниту рај. За сатанисти како теба секако дека сатаната ќе излезе подобар од Бог. Немам намера да давам објаснување на човек кој нема елементарни теолошки познавања а има толку многу прашања кои не се однесуваат на мојата религија.
     
  6. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.260
    А кому ќе објаснуваш, ако не на тој што не знае?
    На оние што знаат ли?

    Го разбираш концептот на 'објаснување'?
     
    На *Amethyst*, Just.do.it и smile:) им се допаѓа ова.
  7. Alisa22

    Alisa22 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2017
    Пораки:
    2.171
    Допаѓања:
    13.129
    Пол:
    Женски
    Која е твојата религија? Зборувам за христијанство , немаш одговор па затоа тоа го зборуваш и плус ме нарекуваш дека сум сатанист.. Ако не знаеш што да одговориш кажи само дека не знаеш а не да зборуваш така. Инаку не сум сатанист ,прекини во секој пост да зборуваш како јас тоа сум сатанист очигледно немаш логичен одговор па пишуваш нешто колку да пишеш , јас се уште не гледам одговор на моите едноставни прашања ,така да сфатив немаш одговор.
     
    Последна измена: 22 мај 2020
    На *Amethyst* и John Snow им се допаѓа ова.
  8. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.649
    Пол:
    Машки
    Има 150 страници само на темава и плус други теми. Нема потреба да мантрам те едно исто. Оној кој сака да научи нешто ќе научи. Таа не сака да научи туку сака да провоцира. Оној кој сака да научи прашува или истражува. Елементарни познавања нема од религија а поставува такви прашања. Како прво нема поекол ниту рај во мојата религија а таа упорно ги споменува бидејќи тоа така некој го кажал на улица.

    Јас сум Христијанин и кај нас не постои ниту пекол ниту рај ниту чистилиште. Може со католицизам си ме помешала. Што ти е тоа на аватарот? Немаш прочитано Библија а ми поставуваш вакви прашања. Дури и кога ќе добиеш одговор нема да го сфатиш и ќе го негираш бидејќи теолошки си не писмена. Земи прочитај јасно ќе ти стане се.
    Бог им рекол да не го јадат тој плод от тоа дрво, сатаната им го вели обратното, дека ако пробаат се ќе им станело јасно и тие ќе биле богови, тие одат по негов пат. Пекол не постои и вечно страдање не постои. Незнам од каде ти е тоа. Бог не го создал злото, злото не е камен или нешто што може да се види, тоа си постои одсекогаш. И не се фаќај како слеп за стап за одредена реченица доколку предходните и следните не ги знаеш. Смисолот на она што се вели може многу лесно да се измени доколку го игнорираме она што е напишано пред или после. Бог не простува доколку тронка покајание немаш во себе.
     
  9. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.260
    И Католицизмот спаѓа во Христијанство?
    Ти во кој одгранок припаѓаш?
    Која е вашата доктрина?
     
    На Just.do.it, smile:) и Alisa22 им се допаѓа ова.
  10. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.649
    Пол:
    Машки
    Јас се оградив од секакви ограноци бидејќи сите тие не го велат она што е напишано во Библијата, дури и спротивното го велат.. Доволна ми е Библијата мене.
     
  11. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    4.940
    Допаѓања:
    53.148
    Пол:
    Машки
    Он бил христијанин а не католик. Толку од неговата теолошка писменост
     
    На WildMk, Amellie13, Lella и 6 други им се допаѓа ова.
  12. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.649
    Пол:
    Машки
    Добро си седеше во темите за секс, уште ти фалеше да држиш предавања за религија. Католичката црква е најголемото педофилско лоби на светот како можеш да кажеш дека тоа е Христијанство еве незнам.
     
    На Аргентина * му/ѝ се допаѓа ова.
  13. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    4.940
    Допаѓања:
    53.148
    Пол:
    Машки
    Океј, католичката црква се будисти. Кога ќе знаеш што си дојди да праиме муабет.
     
    На Just.do.it, smile:) и Alisa22 им се допаѓа ова.
  14. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.649
    Пол:
    Машки
    Неможе да е христијанин оној чија религијска организација е педофилско лоби, го освојува светот и убива луѓе во име на религијата, чиј свештеник носи сатанистички симболи и во чија црква има секакви сатанистички симболи и статуи и чија библија се разликува од другите и ги има само оние книги кои на нив им одговарат.
     
  15. Alisa22

    Alisa22 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2017
    Пораки:
    2.171
    Допаѓања:
    13.129
    Пол:
    Женски
    Не си доволно теолошки писмен за да разговараш со него , пс земјата е рамна .
     
    На piksooki, Amellie13, John Snow и 2 други им се допаѓа ова.
  16. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.260
    Значи не припаѓаш на ни една регистрирана религија, туку сам си тумачиш, како шо си мислиш дека е правилно?

    Или друг ти кажува како да гледаш на пишаното во Библијата?
     
    На John Snow, Alisa22, *Amethyst* и 2 други им се допаѓа ова.
  17. Alisa22

    Alisa22 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2017
    Пораки:
    2.171
    Допаѓања:
    13.129
    Пол:
    Женски
    Толку од неговата теолошка "писменост"
     
    На smile:), Just.do.it и WildMk им се допаѓа ова.
  18. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.260
    Типично за секој проповедник: “Слушајте ме мене. Јас знам се'“
     
    На smile:), *Amethyst*, Just.do.it и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.736
    Допаѓања:
    9.260
    Пол:
    Женски
    А вие добри сте шо очекувате Бог да е добар? Не можи нешто злобно и покварено, полно со мани како чоекот да го создал некој шо не знај за зло. Едноставно соочете се со својата природа и работете да го подобрите во себе тоа шо не чини наместо да ја барате кривицата надвор од вас. Не ја гледај раската во туѓото око, ами гредата во своето - Исус
     
    На Angie1432 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.094
    Допаѓања:
    55.846
    Пол:
    Женски
    Мене ова ми падна в очи.
    Како тоа, злото постои од секогаш? Значи дека злото постоело и пред бог да "постои"? Значи дека тоа е помоќно од бог, затоа не можи тој да спречи да се случува зло во светов? Дали тоа значи дека не е семоќен како што го нарекувате верниците?
    :?:
     
    На WildMk и *Amethyst* им се допаѓа ова.