Не се замарај со вакви традиции.Не верувам дека имаат вистинска врска со религиските учења туку со суеверија.
Твој е сајтов? Пошто рече сам си толкуваш, а ваму на сајт се повикуваш. Или колку да скратиш на објаснување? Браво што учиш изумрен јазик
Не е мој сајтот. Не ја толкувам јас се трудам да почитувам се како што пишува таму а не да ја модифицирам по мои потреби Библијата. Да скратам објаснување секако затоа ти пратив. Хебрејски не е изумрен, се зборува и ќе се зборува во Израел.
Нели тој на кој е пишана Библијата е изумрен, а новиов е модифициран? И англискиот не е ист како во времето на Шекспир. Впрочем, Шекспир и денешен англичанец, воопшто не би се разбрале.
Модерниот хебрејски јазик нормално како и секој друг јазик се надоградува има нови зборови усовршувања и слично. Но она што е пишано во Библијата е исто и нема друго значење освен исклучоци за кои има дополнително објаснување и секако додека некој чита ќе се запознае со тоа.. Оној кој знае хебрејски нема да има проблем да ја чита на хебрејски Библијата.
Што значи тоа дека ако сакаш да одиш в црква требало чиста да бидиш? Знам дека ако имаш менструација не треба да се причестуваш и да крштеваш дете. А ако имате секс вечерта наредниот ден можи да се оди во црква? Нели и тоа е дадено од Бог оти да не можиш Ова стварно не го сфаќам...
Во религија нема место за логика. Нема што да разбериш, треба само слепо да следиш нечие видување за светот.
Под нечисто не земајте само она што вам ви одговара. Истото важи и ако не сме избањати или сме кажале нешто лошо пред да одиме во црква или сме се искарале со нкој.. Божји храм е, ако ви одговара влезете почитувајќи ги правилата, ако не ви одговара незнам зошто воопшто се нарекувате христијани и одите во црква кога пробувате да измените нешто што е контра од Христијанството. Во таков случај може слободно да си се пројандете себеси во друга религија наместо да пробувате да модифицирате една. Тие 7 дена мислам дека не ти е дојдено до црква и не ти ставил никој нож на гуша да одиш, може да почекаш после завршување на месечниот циклус и да одиш, или ако си имала секс минатата вечер може да се истушираш и слободно да одиш. Не споредувајте црква со дискотека. Правилата се тие.
И уште ова сега баш ми текна. Бевме друштво собрани и во близина имаше манастир и ај да појдиме да запалиме свеќа. Едниов пар беа само земени односно само збор дадено онака една вечера и таа заминува да седи кај мажов. Бидејќи не биле венчани не оделе во црква... Негов роднина откако направиле веридба 7 год не направиле свадба и 7 год не биле во црква.... Ова не ми својствено мене и не би го применила.... Дали е баш вака еве нека кажат тие што знаат
Оние што имале вонбрачен секс не смеат да се причестуваат, а според црковното право ни да влегуваат в црква се` дури не се покајат и исповедаат за тоа.
Абортус, убиство, малтретирање на сиромашни, вдовици и сираци и запирање или кратење на плата на работник.
Дај бе брат да сме оделе да му кажеме на попот дека сме имале секс, а не сме биле венчани јако сеење страв и контрола над народот свака част