Како не важи? Сеа важи или не важи,да знам дали да се огрешам пред Господ или да се чувам за брак? Или секој си толкува како сака па етикетира кој е грешник и кој не е?
Holly shit озбилно не знаеш? Христијанството редовно одбива да го спомене силувањето во оние страшните гревови затоа што реално, и не верува во силување. Комплицирано е, знаеш. Што ако и се допаднало, силување е тогаш? Кутриот тој што се обидува да го намести. Што ако се во брак, силување е тогаш? Брачна должност им е, знаеш. Што ако, и што ако, и што ако... Секогаш има некое оправдување. И мене стварно не ми е јасно со кој здрав памет било која жена може да биде верник, да се клања на замислено човече кое активно придонесува во нејзината опресија или да сака верник, кој е толкав женомрзец што најголемиот грев од сите му е абортусот, нешто што ебено спаѓа во репродуктивно здравје и за кое не би требало да се прашува додека не израсне матка и не го всади фетусот во неа. Тогаш нека е колку сака против абортусот, нека ги износи ситеможни фетуси на светот ако сака. Психопати, јбт...
Кажи колку луѓе се чуваат за првата брачна ноќ??? Децана невиност губат на 15-16 год. Ако сака си има ако не сака нема да има. За мене без разлика кој и да е,малтретирањето не го оправдувам. А за силувањето и тоа не. Како можи бе да се и се бендиса силувањето??? Некој на сила да ја тера на секс(ако и е брачна должност)??
Не контрирам, ама морам да појаснам дека ова воопшто не е учење на Библијата, туку е учење специфично на православието и католицизмот. Во протестантските цркви на пример не е така. Библијата е јасна по овие прашања: 1. Сите луѓе се грешни. 2. И верниците прават гревови. 3. И свештениците што служат причест прават гревови. 4. Гревот на блудствување воопшто не е истакнат НАД другите гревови: лажење, оговарање, насилство, крадење, мразење, гордост, алчност по пари и материјално богатство (нешто што постои и меѓу свештениците кои ја служат причеста на пример) итн. 5. Причеста е за грешниците кои веруваат и се надеваат на Божјата милост излеана преку Исус. 6. Црквата не е музеј на светци, туку болница за грешници.
Изгледа @WildMk е во право... Најчесто, своите гревови си ги оправдуваме и релативизираме. Па ете дури и се дрзнуваме да се поистоветуваме со римскиот папа и да ги менуваме зборовите на светиот апостол Павле, според кого не може блудник да се причестува. Од Првото послание на светиот апостол Павле до Коринтјаните (глава 6) Прославете Го Бога во своето тело 12„Сѐ ми е допуштено!“ Но не е сѐ полезно: „Сѐ ми е допуштено!“ Но ништо не сакам да завладее над мене. 13 Храната е за стомакот, а стомакот за храната; но Бог и неа и него ќе ги уништи. Телото, пак, не е за блудство, а за Господ, а Господ – за телото. 14 А Бог и Господа Го воскресна, и нас ќе нѐ воскресне со силата Своја. 15 Зар не знаете дека телата ваши се делови од Христа? Ќе ги земам ли деловите од Христа и да ги направам делови на блудница? Тоа никако! 16 Или, пак, не знаете дека оној, кој со блудница се соединува, станува едно тело со неа? Зашто е речено: „Обата ќе бидат едно тело.“ 17 А кој се соединува со Господ, еден дух е со Него. 18 Бегајте од блудството! Секој грев, што го прави човекот, е надвор од телото, а блудникот греши против своето тело. 19 Или не знаете дека вашето тело е храм на Светиот Дух, Кој живее во вас и ни е даден од Бога и дека не припаѓате само на себе? 20 Зашто скапо сте платени. Затоа прославете Го Бога во своите тела и во своите души, кои се Божји. ПС: Додуша ова се однесува на светата Причест - Вистинските Тело и Крв Христови, а не на попарата од леб и вино што ја јадат во протестантските заедници.
Не, апостол Павле никаде не вели дека блудник не може да се причестува. Тука воопшто не е темата за причеста. Ниту деловите што си ги болдирал не зборуваат за причеста. Тука се зборува за причеста исто толку колку што се зборува и за пожарната, за расизмот, за вакцинацијата, за ДНК, за компјутери итн. Нула. Павле на пример зборува за причеста во 11-та глава од истото послание, а таму блудството воопшто не е ни спомнато. Таму единствена пречка за некој да не зема причест е наведено ако човекот не го распознава Христовото тело и ако од причеста прави пародија - како што бил случајот со таа црква каде што се правеле гозби, се прејадувале, си опивале со виното и тие пијанки ги нарекувале „Господова вечера“ (причест).
Соединувањето (заедницата) со Христа, значи само едно - причестување. А во горниот цитат си стои убаво дека блудникот не треба да се причестува и дека соединување со блудница и со Христа не оди. Исто си стои дека блудот е најголем грев, затоа што со него се осквернува телото наше, кое е храм на Светиот Дух. Пак повторувам тоа се однесува за вистинската причесна - Телото и Крвта Христови, а не за попарата што се дели по протестантските заедници.
Не. Во Светото Писмо, причеста никаде не е поистоветена со соединување со Христа. Тоа е специфична православна доктрина дека кога свештеникот ќе го благослови лебот и виното, тие магично се претвараат во буквално тело и буквална крв Христова, па оттаму и верувањето дека верникот при тој чин се „соединува со Христа“. Хех, камо да можеше така со некаков механички чин ние да се соединиме со Христа. А за жал тоа го веруваат 90% од православните. 90% од нив си живеат исто како и атеистите, ама затоа кога ќе земат причест они си веруваат дека се „соединиле со Христа“ и со тоа го заработиле вечниот живот. Ама тоа е, таква религија си бара народот - да си живее како што сака, а за празник да влезе во црква, да си направи некакви религиозни дела и да му е мирна совеста потоа. Што бара народот, тоа му продаваат некои цркви. За жал.
И католиците го прават истото за жал. Не реков само православните. Сум чул за индулгенција да. Протестантската реформацијата во 16-ти век беше најмногу мотивирана од тие индулгенции Јас сум протестант. Си чула за митарства?
Па тоа е нешто слично на чистилиштето и индулгениите во католичката црква. Православната црква го има присвоено ова верување во 10-ти век. Верувањето е дека по смртта, човековата душа иде накај небото, ама така полека и на патот до небото поминува низ некакви граници (митници) на кои што има ѓаволи и тие ѓаволи бараат откуп за гревовите на покојниот. И затоа и се измислени и задушниците, демек ти тогаш раздаваш храна на сиромасите за да платиш за гревовите на покојниот и овие ѓаволи ја пуштат душата да помине низ тие граници. Секако ова е тотално спротивно на христијанството, бидејќи Исус и апостолите и целата Библија поучува дека Исус го дал Својот живот како жртва за сите наши гревови, и Тој со Својата смрт на крстот платил за сите наши гревови и нема потреба некој храна да раздава за да „доплати“. Фактички со тоа се понижува и обезвреднува самата Христова жртва. Па уште според ова верување Бог би дозволил некакви ѓаволчиња да ја спречат душата да дојде кај Него
Единствената жртва за која јас знам се вика свеќа. Ама не сум јас учена многу, ќе да сум бегала од часови. Митарства- нормално, за мито. А што се објаснувате уствари? Чија црква е најубава?