Не, туку дали според Библијата оние што имале вонбрачен секс смеат да се причестуваат. Јас укажав на тоа дека причеста е за сите грешници и дека тие што имале вонбрачен секс не се погрешни од оние кои различно грешеле од нив.
Да грев е,затоа што од толку многу работни денови баш еден ден е тешко да се остави се и посвети на Бог.
Јас сакам нешто да прашам за муслиманството, ако има некој што знае? Или ова само за христијанство е темава?
Насловот на темата е „Сè што сакате да знаете во врска со религија„. Значи тука спаѓа и христијанството, и исламот, и јудазимот, хиндуизмот, будизмот, џаинизмот, шинтоизмот и тн... Не постои муслиманство, туку ислам. Следбениците на исламот се нарекуваат себе си муслимани. п.с. не сум муслиман, само појаснувам во врска со темата Сè што сакате да знаете во врска со религија.
Не мора да си муслиман за нешто да знаеш, ама небитно. Ај може ќе се јави некој што знае...ако не заборавам што сум сакала да знам во меѓувреме
Ти прашај Не мора веднаш да ти биде одговорено, можи и по денови, месеци, години.... Така да, што побрзо прашаш, знај дека помалку ќе чекаш....
Жити се олади малце, грев било да пуштиш машина за перење еве во библија читам, на празници не смеело да се користи бела техника
Перење и чистење не е работа туку е потреба. Во Библијата се вели да на се работи занаетчиска работа доколку тоа не е нужно, и тоа само на шабат а не во недела. А перење чистење и готвење е потреба. Или служба како доктор, пожарникар, полицаец, тоа е друго.
А,ти сакаш да тестираш некои виши сили па затоа од 365 дена баш во тој ден мора да копаш,переш...? Немам ништо против,тоа си е индивидуална ствар,меѓутоа секаде си пишува,а и во Црква да прашаш ќе ти одговорат дека не е пожелно тој ден да се прават било какви активности од типот на горенаведените освен ако не е итно. Сепак треба почит да се има нели ? Грешиме затоа што мислиме дека не е нешто којзнае што (одиме со мислата : ај бе шо луѓето што не прават па јас за една машина или за трева косење - пример.Господ простува) меѓутоа зошто па да се ставаме во искушение еве баш за бела техника или слично ?! Позз
Точно дека е потреба меѓутоа,јас дадов конкретен пример за перење. Од 365 дена баш тој ден да е потребата,мислам стварно е малце no sense..
Почит кон што? Кон Бога нашиот небесен Татко, или кон човечките заблуди и традиции кои ги пропишува црквата? Исус во тој поглед бил недвосмислено јасен: Не го создаде Бог човека поради саботата, туку саботата поради човека.
Прашањето на членката не беше за денови во неделата,туку конкретно за празник,без разлика во што ден се паѓа
Религија како религија не е лоша ама многу погрешно се враќа во некои култури и затоа луѓето модерни стануваат атеити и верувањето во бог им е како да веруваат во дедо мраз, пример културата на амишите.. веруваат во Бог опседнато верување владее патријархат убиваат кучиња, силуваат свои деца, сурови кон околината, и што да мислиме даље за религијата секако дека се упропастува, како може да одеш на црква и да силуваш свое дете, некој во секта нема тоа да го направе...
Перење, чистење и готвење и исто работа како што е копање, орање, градење зашто не е нешто итно и неодложно да се направи баш во денот на одморот (денот посветен на Бог и на создавањето). Денес во седмиот ден ако свариш јајце, следниот месец може ќе си речеш и торта ќе направам. А примери за тоа има многу во Светото Писмо. Затоа и на израелците во пустината кога патувале Петок паѓало повеќе мана и собирале за два дена и не се расипувала, што не било случај другите 5 дена.
Ne svakam, kako moze masinata za perenje sto e novo izmislena rabota, ne se raboti racno,ne vlozuvas nikakov trud za da raboti, moze da bide grev!? Eve za drugite raboti jasno ok kopas, znees, oras...no za masinata za perenje ne mi e jasno. Jas za Bozik, Veligden, Bogorodica primer ne pustam, ili cekam da pomine 00, no eve ako nekoj znae neka pise.(stvarno mi nema logika).