Zasto, za da ne mislam posle deka mnogu loso sum postapila, decata mi se rodeni na dva golemi praznici, ama ne mi e jasno stvarno.
За да се сфати зошто постои и зошто Бог не го спречува злото, треба да се разгледа почетокот, генезата на злото (гревот). Тоа може да биде сложено прашање со долг сложен одговор кој секако подобро ќе го сфатите сами ако го проучите (ако сакате да дознаете). А појасно објаснето може да се проба. Се што Бог создал било совршено, без грев, без зло. И сите живи суштесва ги создал со слободна волја (а не програмирани роботи) и тие му служеле од љубов, а не од страв. Луцифер (подоцна сатана) бил еден од најголемите и најблиските ангели до Бог. Во неговиот ум се појавила завист, љубомора зошто и тој не е вклучен во создавањето, кое што го прави Бог (Таткото, Синот и Светиот Дух). Тој посакал да стане како Бог. Почнал своја пропаганда, да сее семе низ ангелите дека Бог не ги сака, дека Божјиот закон ги ограничува, дека ако тие му слушат на Бог, тој ќе ги уништи или казни. Бог тоа секако го знаел, му дал шанса на Лицифер да се покае и врати, ама тој решил да продолжи. Една третина од бројот на ангелите го прифатиле неговото тврдење и почнале да го следат. Така се појавило злото (гревот). Ако Бог овде го уништил Луцифер, тогаш останатите ангели би си рекле може Луцифер беше во право и Бог го уништи, и би му служеле од страв, тогаш не би имале слободна волја. И секако тие не знаеле што е злото и гревот, зашто до тогаш немало такво нешто. Од тогаш до сега сета вселена ги гледа последиците на злото. Бог не го спречува злото зашто тој не го создал. Злото го прави сатаната, но Бог допушта (само не дозволува на сатаната кога сака да убие човек) за да докаже дека оние што го сакаат Бог и го почитуваат го прават тоа од љубов, а не од корист, за да добијат вечен живот. Најдобар пример е Јов. Така да Бог го допуштил злото баш затоа што е љубов, а не тиранин да ја скрати слободната волја и да ги присилува своите созданија да го почитуваат не од љубов, ами од страв. Но ќе има и крај на злото, цената за тоа е животот и откажувањето на божествената слава на Исус Христос. Тука е уште еднаш покажана Божјата љубов кон човекот, кој иако му згрешил, тој го дал животот за да биде спасен. Има едно видео кое сликовито и јасно го објаснува ова и преку библиски стихови, па ако сте заинтересирани, прашајте.
Во Светото Писмо пишува дека на шабат не се работи а не во недела. На тој ден се собираат сите дома на ручек, како за некој поголем празник кај нас. Готвење и чистење е потреба а не работа, и на тој ден треба да јадеш и на тој ден треба да бидеш чист.
Eve za drugite raboti jasno ok kopas, znees, oras...no za masinata za perenje ne mi e jasno. Jas za Bozik, Veligden, Bogorodica primer ne pustam, ili cekam da pomine 00, no eve ako nekoj znae neka pise.(stvarno mi nema logika).[/QUOTE] Седмиот ден (кој според Библијата е единствено празник во Новиот Завет, во кој живееме) не е ден во кој ги правиме нашите секојдневни и активности кои можеме да ги одложиме, туку треба да е ден во кој ќе се одмориме од нив и од секојдневните мисли и денот ќе го посветиме за нашиот Бог размислувајќи за Него, за неговата љубов, за создавањето, за откупувањето наше со жртвата на Христос...или се ова што не знаеме, ќе прочитаме, истражиме, побараме да ни открие Бог како е и како треба да биде. Итна и неодложна работа е инта операција, спасување живот, пожар, хранење на добиток...а перење, пеглање,готвење, печење леб во машина за печење... не се итни и неодложни работи кои може (и треба) да ги испланираме пред или после седмиот ден. Инаку библиски, траењето на денот се смета од едно до друго зајдисонце. (Оти е пишано ...и би вечер, и би утро - ден први. И се така, вечер па утро)
Мислам дека прашањето се однесување за Седмиот ден, ако сум грешка, се извинувам. За Недела, за чист...тоа е друга тема и не коментирам овде.
Сметањето на времето според Библијата оди на друг начин, од зајдисонце до зајдисонце. Според тоа шабат е ден (по наш пагански календар) од пекот навечер (зајдисонце) до сабота навечер. Недела како неработен ден е воведен од католичката црква и нејзините сатанистичко пагански навики. Sunday тоест недела е ден посветен на бог на сонцето. Евреите го почитуваат ова правило. На тој ден се оди во синагога, се спрема јадење, се собираат сите на трпеза.
Без ралика како кој прави по тоа Библијата е јасна. Точно се знае кој ден е седми, единствено осветен и благословен кој треба да го посветиме на Бог, а не на секојдневни работи или потреби (таканаречени). И тоа нема никој право или авторитет да го промени, тоа е од Бог уредено за нас.
Ако е така уредено од Бог зошто тогаш велиш да славиме ден недела кој е посветен на пагански бог? Во Библијата јасно пишува кој ден е седми кој шести незнам зошто го игнорираш тоа и истовремено велиш никој нема право и авторитет да го промени тоа што од Бога е уредено за нас.
Никаде не пишав да славиме ден Недела. Недразбирање е, јасно е кој е седми ден. Ама не беше тоа прашањето, не сакав да навлегувам во други прашања.
Погоре одговорив зошто не се пере, готви...во седмиод ден Сабота, тоа е објаснето и Библиски, па ако сакате да знаете и ви се чудни принципите на некои луѓе истражете зошто ги држат. Кој бара ќе најде, на оно кој тропа ќе му се отвори.
хахаха некои прашања не заслужуваат одговр зашто навистина се смешни, а пак ќе повторам ако стварно сакаш да знаеш, пишано е погоре. Инаку пржам јајца во Недела, не се секирај, вчера баш пржев. Во Сабота не пржам. Пред повторно да прашаш зошто ќе ти одговорам исто, пишано е погоре.