Глупо е зашто одговорот е во претходните коментари, ама не се читаат и се поставуваат прашања за потсмев (кои и не заслужуваат одговор) само затоа имам друго (различно) гледање и мислење на нештата. И ова прашање е одговорено. Има итна и неодложна работа и има работа која може да се заврши претходно или одложи за следниот ден.
Навистина веруваш дека ако има сеприсутно, семоќно битие, како што е Бог, ќе се замара со тоа кој-во кој ден работел? Замисли: Семоќно и Сеприсутно битие.
Да. Само што тоа што нас ни е објаснето на наш јазик (како ограничени суштества, не значи дека така баш буквално е и во однос на Него). Ние неможеме да ја сфатиме и објасниме бесконечноста, а Тој е бесконечен. Во тоа што Тој го создал (за наше сфаќање наречено царство) има воспоставено закони, принципи (како и физичките закони) за животот. Тој не се замара дали ние ги пазиме или не, Тој знае ( Семоќно и Сеприсутно битие), на нашата слободна волја останува дали ќе ги прифатиме и живееме по нив како созданија, или ќе се правиме богови.
Зошто би му/и' било битно, дали се работи, или не? Мора да има некакво логично објаснување. ... или не...?
Зашто Неговото царство се заснова на почитување од љубов. Без болести, без зло, без смрт, без завист, љубомора, лага, измама...Со гревот тоа е нарушено и последиците ги гледаме денес. Бог е и Бог на правдата, па платата за нашиот грев ја платил Христос кој се жртвувал иако безгрешен заштоо плата за гревот е смрт. Но бидејќи безгрешен кон воспоставениот закон не може да биде задржан од смртта. Тоа е планот на Бог за еден ден да го уништи гревот и грешниците (непокајаните и оние кои не ѓивеат по воспоставените принципи, кои се за исполнет живот) со доказ за праведната одлука, и да го обнови рајот за грешниците кои ќе се покајат и ќе изградат карактер според тие принципи. Инаку Бог ни е блиску, сака ао нас да разговара, да се друѓи, да размислуваме со него, како најблизок другар со најголема доверба. Гревот не одделил од таквото лично прируство, и затоа сега таа блискост (врска) е преку други начини. Во обновениот рај нема да влезе ништо нечисто и грешно, затоа мора да се изгради карактер според тие принципи и да се види дека тоа е за наше добро. Размислувањето треба да е длабоко. Не толку до работата (ама знаејќи колку гревот е прогресивен знаел дека ќе се злоупотреби), но на секој човек му треба одмор. И смислата физички одмор и психички одмор од секојдневните физички работи и секојдневните оптеретувачки мисли и свртување повеќе кон мислите за Него, Неговата жртва и љубов, принципите на тоа царство, благословите, вечниот совршен живот...Тоа е воспоставено од создавањето на светот..."оти за шест дена ги создаде Господ небото и замјата, морето и сѐ што е во нив; а во седмиот ден си отпочина: заради тоа Господ го благослови седмиот ден и го освети."...како посебен ден кој е како печат на создавањето и треба да се помине поинаку од секој друг обичен ден.
Зошто толку смета да се гледа како Божји принцип? Тој спаѓа во Божјиот морален закон кој важи засекогаш во целата вселена. Целиот закон е за исполнет живот, ако ние се гледаме како создадена машина, тоа е како упатство за работа за да таа машина работи најефкасно и најдолготрајно. Инаку Божјиот закон во оригинал не е баш така како што е преведен. Оригинално на хебрејски е "Нема да имаш други богови освен мене...Не ќе крадеш... не ќе убиваш... не ќе вршиш прељуба...не ќе сведошиш лажно (не ќе лажеш)" и колку би бил животот поубав кога сите би ги почитувале тие принципи, a не "Не прави она, не прави ова...". Има голема разлика.И ова само како прилог, во британска енциклопедија мислам е излезено, дека за сите поважни периоди (циклуси) како се одредени има знаци во природата, само за седмицата да е баш седум дена нема поврзаност во природата, има само во Библијата. Година - еден круг на Земјата околу Сонцето, месец - месечинските мени, деноноќие - Земјата околу оската. За седмицата нема. И во неколку земји, Грција, Франција и други пробано е да промени и трае неделата 10 дена, но не можело да се одржи.
Не смета верувањето, сметаат наметнатите мислења од религиозните институции. Спиритуалноста е приватна, интимна работа. Секој треба сам да дојде до 'нејзе'. Не може друг да ти толкува што и како да мислиш/веруваш/посакуваш/почитуваш/додајпожелба Според мене...
Секако, до некаде се согласувам. Тоа е приватна, интимна работа. Може некој да толкува, презентира, објаснува...ама на крај нејголем авторитет (барем за христијаните) е Светото Пиамо, како Божји збор и тука треба да се види дали тоа е така како што се претставува или е измислица за различни големи интереси. А сепак постојат и некои работи (доктрини) околу кои се кршат копјата на разните религиозни групи. На крај (речиси) сите ќе обединат (веќе и почнаа) под водство на папата.
Мене ме интересира дали има реални докази за постоењето на овие работи.. Ама знам дека нема, па ете ќе прашам како изгледа тој Бог? Човечка форма ли има? Еве пример мој колега од факултет не верува во никаков бог, за него постоел креатор на светот, а тоа била природата.
Имаш стекнато погрешни претстави, ако збориме за нешто кое го надминува секој сегмент од реалноста каква што ја знаеме, не можеш да му даваш човечки карактеристики или било какви особини кои ни се познати.
Никако не можам да опишам, не сум баш верник, само сакам да размислувам на темиве.Сметам дека и да постои Бог (сѐ уште) немаме способност да го перцепираме со нашиот мозок на ист начин како што ги перцепираме сите појави од секојдневието.Што и да е тоа што е над нас, ако постои, е недофатливо и едноставно ја немаме способноста целосно да го разбереме концептот.
Е тоа и јас велам. Маж ми вели не верува во свештениците, верувал во Господ. Кога го прашувам вели дека е важна вербата, да се верува во нешто бесмртно. Нешто ми споменува вселена, потоа ми ја кажува прикаската за Марија како го родила Исус а била невина.. Демек секој различно гледа и различна перцепција си ствара..Многу контрадикторно.
Секој различно гледа затоа што не постојат конкретни докази што ја оправдуваат вербата и Бог, но не постојат ни докази кои директно ги поништуваат, така што на крајот сѐ се сведува на сопствена интерпретација.Нема ништо лошо во тоа, барем јас не гледам ништо лошо во тоа секој на различен начин да ја доживува спиритуалноста и религијата или пак воопшто да не се пронаоѓа во нив.
Според мене е битна верата, ама на духовно и етичко ниво. Вербата во себе знае да те издигне кога ќе паднеш, да помогнеш кога си горе и алтруистички да гледаш кон останатите луѓе. И пред се, да имаш душевен мир и спокој во себе. Ако за тоа ти треба верување во Бог кој е опишан во светите книги (било кои) и те прави подобра личност за себе и за околината, кои се неверниците да те разубедуваат во истото? Тогаш концептот дали постои или не Бог е ирелевантен, битно е твоето верување во него да носи добробит за тебе и тие околу тебе.
Добро можеби е така. Еве јас не верувам во ниеден Бог, од проста причина што ми е нелогично. Не ми е логично ништо искрено. Чист пример ќе ги наведам молитвите упатени кон Бога. Милиони луѓе секој ден се молат. Кој ги слуша тие молитви ? Или еве многумина се плашат од божја казна и си седат мирни, се лишуваат од многу работи за да не горат во пеколот.. Како тој Бог може да ги следи и да памети што кажал/направил секој од нив?