Не мора ниту да ги слуша, ниту да ги памети. Не мора ниту да постои. Ако ти се чувствуваш подобро и наоѓаш твој душевен мир во молењето и веруваш дека некој таму горе те сослушува и е тука да ти помогне, ти сама на себе си помагаш со позитивната мисла. Ако многу луѓе ги спречува фактот да прават криминал и наштетуваат на другите поради тоа што ќе горат во пеколот, и поради тоа што сакаат да одат во рајот, прават добри дела на другиот, што е битно дали постои пекол и рај, ако нивните постапки носат добрина и бенифит за себе си и заедницата.
Точно, немам ништо против религиите. Секоја религија има позитивно влијание, ги учи луѓето на доброто, проповеда правење добрини. Ама ме иритира тоа што наметнува послушност. Иритантно е и тоа што ги затапува луѓето. Ги ограничува. Ако бил верник братучед ми, кој инаку е научник, па тој би бил простак најголем ако се ограничел и не истражувал и не размислувал толку отворено. Би велел дека нема што тој да истражува, Бог створил се, треба да верува и да си седи на газот.
Јас секое сабајле и вечер се молам и се што сум посакала ми се исполнило до сега. Фала му на Господ. Верувај,моли се и Бог дава.
Ги затапуваат верските институции поради тоа што сакаат да ја задржат моќта над луѓето и да ги користат во свои цели, често и спротивни од она што самата религија го учи. Историски примери има еден куп каде наметнуваат послушност над луѓето и ги користат истите. Впрочен, да не постоеле, којзнае каде ќе сме биле денес. Од друга страна, првичната цел на тие книги била етичка. Да ги едуцира луѓето да прават поделба од доброто и злото и како да го живеат својот живот во хармонија. Ако ги читаш, во нив нема никаде забрани, туку само препораки, и сите се базираат на исто. Е потоа се видоизменети низ историјата, повторно за бенифити на луѓето. Пр. ако земеш да ја читаш Библијата никаде не пишува да не готвиш во Недела, туку пишува 6 дена работи, 7 одмарај, (мерка која носи физички бенифит), но луѓето си го интерпретирале на свој начин и сега проповедаат дека не смееш да периш и ручек да правиш па те обвинуваат ако не почитуваш. Има многу научници кои се верници и веруваат во креатор, па тоа им дава поттик да истражуваат и да ги потврдат своите тези. Треба само да имаш широк поглед и да не се ограничуваш, да пристапуваш на работите скептично и да трагаш по вистината.
@Fallen.Angel гледав едно видео пред некој месец ама не можам да го најдам целосно ама еве ти линк,јас заплакав кога слушав. Научници ја имаат испитувано крвта на Исус,потврдено е дека имал 23 хромозоми од неговата мајка а другиот пар недостасува.
Ај ќе го правиме муабетот кога ќе завршиш факултет. Мислам медицина беше запишана. Не мислам ништо лошо. Ниту пак на било кој начин се обидувам да те разубедам или навредам. Ама јас и во науката не сум многу навлезена. Не верувам ни во теоријата на Чарлс Дарвин. Тоа е уште поголема бесмислица од приказнава за Марија како го зачнала Исус. Факт е дека недостигаат факти. Никогаш можеби нема да дознаеме што и како се случило и секогаш ќе има нешто што недостига во целата приказна.
Не бе уживај Онака го ставив видеово. Средно медицинско да завршив али факс не продолжувам за доктор,нешто друго е ама пак е поврзано со медицина. Се имам карано со професорка на час во средно упорно не убедуваше дека сме настанати од мајмуни поголема глупост од тоа не постои,после трпев последици на оцената ама баш ми е гајле и кажав се што имав, ја претера.
Не сме настанати од мајмуни. Можеби имаме сличности со нив, ама да било така до сега ниту еден мајмун ќе немаше сите луѓе ќе станеа.
Според мене, вербата во Бога е нешто духовно, а не онаа фасада што се покажува пред народот. Постојат верници и "верници". Еве на пример, јас верувам во Бога, но страшно ми се одбивни свештеници и оџи. Затоа што сметам дека сам треба да сфатиш што е правилно, а што не, а кога ќе согледаш што кажуваат светите книги, всушност тие на долго и на широко објаснуваат што е етички соодветно. Е сега, свештените лица од сите религии тоа го превртуваат по нивна потреба. Има многу искривувања и погрешни разбирања на она што го пишува (пр. статусот на жената во општеството, што е грев што не и сл). "Верници" се оние што се крстат/ клањаат, а воедно се утепуваат од лажење, превари, оговарање, работа со дрога, оружје, трговија со луѓе и сл. Ама пред луѓе се поставува таа фасада позади која си го кријат грдото лице. Затоа верувам во она клише- верата е во срцето! Сметам дека има некоја виша сила која не создала и живот после смртта.
Се согласувам, не можам да најдам логика од сегашна гледна точка. Всушност, ако сѐ е предодредено однапред тогаш молитвите ништо не би смениле.Или пак, ако двајца се молат за спротивно нешто(на пример јас се молам да добијам на лото, ти се молиш јас да изгубам), тогаш чија молитва ќе победи? Иако, пак ќе речам, не можам да тврдам дали молитвите се реални или не, не знам. Ама, вербата помага на психолошко ниво и тоа мислам дека е една убава и позитивна страна.
Теоријата гласи настанати од предок близок до мајмуните(имаме заеднички предок) а не директно од нив.Или попросто кажано ние сме братучеди со мајмуните(со одредени видови од нив).
Абе ептен слични сме се испраиле од што сме береле плодови на дрвја Да знам од ист предок,хомосапиенс
Плус во глобала не ги ни спречува, и од друга страна им дава утеха на тешки криминалци дека само да се покајат било кога после сите зла што ги направиле е доволно. А да не зборуваме и за сите заостанати норми кои се провлекуваат како добри и морални покрај тие основните вредности што и вака треба и може да ги имаме сите, без потреба од натприродни верувања.
Комплетно се сложувам со тебе. Но, еве за жал и после 20 века од тогаш, човековиот морал кај некои луѓе се сведува сеуште на тоа каква казна ќе ги чека во следниот живот, ако направиле злодела во овој. Замисли кој хаос би било низ историјата и каква анархија би владеела ако некои од нив би ја изгубиле оваа верба и не можат да најдат никаква смисла за живеење во хармонија и со етички норми. Уште многу векови ќе поминат додека не бидеме комплетно морално и етички свесни за последиците кои ги правиме. До тогаш, потребна ни е религијата и повеќе од што мислиме, за каква-таква рамнотежа да прави во светот.
^^Сепак, факт е дека моралните норми кои денес ги почитувме како основни произлегуваат токму од религиите и слични филозофски учења и треба токму нив да им заблагодариме.Така што не можеме туку така да ги разграничиме тие две работи и да ги одвоиме едно од друго, па сосема е разбирливо зошто одредени луѓе сѐ уште се водат според принципот кој го опишавте.
Ова е неточно. Во Библијата конкретно ќе ги најдеш најнелогичните и најапсурдните можни забрани, за кои не можам ни да претпоставам од каде би можеле да потекнуваат, освен од бујната човечка фантазија. Не зборам само за добропознатите забрани за секс пред брак, женски авторитет, хомосексуалност итн. туку и забрана за ,,принесување леб на Бог" на луѓе со телесен недостаток, од инвалиди до луѓе со крив нос. Потоа имаш забрана за одредени фризури и брада, за секс за време на менструација и уште триста глупости што денешниве просветлени си ги толкуваат како им душа сака и маневрираат со нив за да не излезе на виделина дека Библијата е една збирштина на комплетно апсурдни забрани, скроз нерелевантни во денешно време. Не очекувам од верниците да ја имаат прочитано Библијата и да се имаат сретнато со таквите нелогичности, ниту пак мислам дека треба да ја читаат, ама десетте заповеди барем сите ги знаеме. Уште кога ќе видите дека жената се става во иста реченица со стоката, нели треба да ви е сè јасно? Настрана ваквиот очигледен сексизам, нели сите беа божји деца, за кој се тие заповеди наменети кога во нив се спомнува нечија жена, само за мажите? Морав да го потенцирам ова, бидејќи одвреме навреме се појавува некој на кој од уста мед и млеко му тече за книгиве, а тие всушност се as awful as it gets. Куранот не сум го читала, па можам само да замислам таму што се дешава.
Те молам посочи каде во новиот завет можеш да го најдеш ова? Повеќево од нештата што ги имаш набројано се од стариот завет кој ти се приказни на ниво на Македонски народни приказни собрани на едно место, па имаш се и сешто внатре, од џинови, до врагови и бесови. Повеќе се како епови, него како црковни книги. Истите се користат само во Израелската религија. Христијанството on the other hand се потпира на учењето на Новиот завет, т.е. 4 Евангелија.