Знаеш ли ти брате Ортофиле дека непријателот на човечкиот род многу систематски и поупорно си ги врши своите работи ? Тој никогаш не спие. Ех, да го имам копјето на Св. Димитрија .
ви благодарам на одговорите имам уште едно прашање Имам приметено во црква ( православна) како некои коса се прекрстуваат тоа го прават горе на челото, па доле до земја ( стапалата) па десно па лево Зошто?
Епа најдобро да си ги прашаш нив. Сигурно со радост ќе ти објаснат . Правилно се крсти вака: се спојуваат палецот, показалецот и средниот прст во полуисправена положба (во името на Пресвета Троица), малото престе и домалиот прст се спојуваат еден до друг и до шаката (во име на двојната природа на Господ Иисус Христос). Се ставаат трите прсти на челото („Во имја Отца“ или „Слава Отцу“), па на стомакот под папукот („и Сина“ или „и Сину“), па на десното рамо, па на левото рамо(„и Свјатаго Духа“ или „и Свјатому Духу“). Крстејќи се исповедаме дека Отецот е на Небесата, на Земјата слегол Синот, ја исполнува цела вселена Светиот Дух. Мала метанија (појасен поклон) се прави така што раката се спушта до земјата и потоа, кога ќе се исправиме се крстиме како што напишав погоре. Голема метанија (земен поклон) се прави така што се прекрстуваме, клекнуваме на колена и потоа ги спуштаме рацете на земја и со челото (главата) ја допираме земјата.
Еј фала на линковите, сега баш и на вести слушав за истото. Сега го отворив вториот линк и еве што пишува таму: "Njih patrijarh uopšte nije pomenuo, on je govorio da se pojavljuju raskoli. Ko tu sebe prepoznaje - njegova stvar", kazao je vladika bački i dodao da je MPC "raskolnička crkva", ali ne i nehrišćanska. On je naveo da je kod predstavnika MPC došlo do "deficita crkvene svesti, kao posledica dugotrajnog prebivanja u raskolu", kao i da se ovaj raskol ne može završiti "na pučistički način", nego samo jevanđeljskim i kanonskim sredstvima. Значи патријархот воопшто не ја спомнал МПЦ по име, но МПЦ се препознала во неговиот говор затоа што тој експлицитно како пример го посочил прогонството на архиепископот Охридски - Јован Вранишковски. - Во нашите православни цркви повторно зајакнуваат разни расколи, ереси, отпадништва. Ерарсите се прогонуваат, како, на пример, архиепископ охридски Јован. Свештениците, монасите, верниците биваат прогонети за зборот Божји, бидејќи не се согласуваат да се вклучат во антихристијанска и псевдоцрковна организација, а тоа е помогнато и од државните структури. Затоа што го носат името Христово, тие се прогонуваат без каква и да е причина и вина - се потенцира во обраќањето на вселенскиот патријарх Вартоломеј, кој го читаше српскиот владика Иринеј. Во тој случај фер би било и православните цркви да се нарекуваат „источно-православни“ (како што и најчесто се ословувани на интернет „Eastern orthodox“), затоа што терминот „православна“ (ортодоксна) значи „правилно славење“ и секој католик исто така верува дека Католичката црква го држи ортодоксното учење и правилно го слави Бог. Точно така, во апостолското време епископите биле женети и тоа дури и апостол Павле го забележува: „Според тоа, епископот треба да биде: непорочен, маж на една жена,“ (1 Тимотеј 3:2, Библијата)
Пред некое време бев во друштво во кое имаше претставници на друга вероисповед, секта ли беа кој ги знае, така нешто, почнаа да ме напаѓаат кога им кажав дека сум православна христијанка, дека не требало така да се слави Бог како ние што сме го правеле тоа. Јас не сакав да се расправам со нив и гледав што побргу да си излезам од таму. Знае ли некој како треба човек да се понаша во овакви ситуации? Што да им се каже, ако воопшто нешто треба да им се одговори.
Еве што велат старците во врска со твоето прашање: Старец Порфириј Кавсокаливит- Биди христијанин и кон иноверниот In Православие, Православна светлина, Секти on Октомври 5, 2013 at 8:41 pm Старец Порфириј Кавсокаливит Најдобрата мисионерска дејност се остварува преку нашиот добар пример, нашата љубов и нашата кротост Да бидеме ревнители! Ревнител или зилот е оној, кој со целата своја душа Го сака Христа и во Неговото име служи на човештвото. Љубовта кон Бога и љубовта кон ближниот, тоа е неразделна двојка, свештена страст, копнеж, солзи, умиление, но не мисловно, туку од срце. Фанатизмот нема ништо заедничко со Христа. Биди вистински христијанин. Тогаш нема да занемариш никого, а твојата љубов ќе ги покрие сите (1.Кор. 13,7). Биди христијанин и кон иноверниот. Тоа значи: почитувај го на еден благороден начин, независно од неговата религија. Погрижи се за муслиманинот, кога има потреба да разговараш и да се дружиш со него. Треба да ја почитуваш слободата на другиот. Како што Христос стои пред вратата и тропа без да ја отвори со сила, а очекува човековата душа сама да Го прими, така и ние треба да се однесуваме кон секоја душа. Во мисионерскиот труд треба да се користи поспецифичен метод, за да можат и другите да го примат тоа коешто им го нудиме – зборови, книги без да се спротивставуваат. И уште нешто: помалку зборови. Зборовите одѕвонуваат во ушите и многупати ги вознемируваат луѓето. Додека, пак, молитвата и животот одекнуваат. Животот восхитува, преродува и преобразува, а зборовите остануваат бесплодни. Најдобрата мисионерска дејност се остварува преку нашиот добар пример, нашата љубов и нашата кротост. Љубовта е над сè Љубовта кон Христос нема граници. Тоа важи и за љубова кон ближниот. Таа треба да се распростира насекаде, до крајот на земјата и да ги опфати сите луѓе. Јас сакав да појдам на Крит, во Матала, за да живеам заедно со хипиците, се разбира, без грев, за да им ја покажам Христовата љубов, та да го видат нејзиното величие и како таа може да ги промени и преобрази. Љубовта е над сè. Православна светлина бр. 27
Благодарам, значи не сум постапила лошо. Уште нешто ме интересира ако може уште едно прашање. Што се тоа секти, и зошто тие луѓе веднаш те напаѓаат кога ќе им кажеш (а и не мора да им кажуваш, некако веднаш како да те читаат) што си по веросиповед. Што сум тоа сум. Тоа била баба ми, мајка ми, и јас ќе бидам православна христијанка. Што им е гајле што сум била јас. Моја работа. Јас не им се мешам во ништо ниту пак ме интересира што прават тие.
Или попрецизно прашање што се тоа мисионери и зошто мисионираат? Тоа се луѓе кои во крајна линија не се доволно убедени во своето верување (а мислат дека се!) и преку мисионирање се обидуваат и другите да ги преобратат во нивното верско убедување, бидејќи тогаш ќе имаат уште една „овца„ во стадото која ќе бека како и тие и со тоа ќе го зголеми нивното чувството дека тие се во право, другите во криво. Тогаш тоа дава (лажно) чувство на духовна „супериорност„, одбраност, некаква извесна самодоверба... Такви се среќаваат по сите религии, и кај јеховини, и кај католици, и кај православци, и кај муслимани, и кај кришнаити... кај сите. За тнр. „секти„ има истоимена тема, таму веќе објаснивме дека зборот секта во дословен превод значи следба но некои од теолозите на поголемите „секти„ т.е. верски заедници (исламска, католичка, православна, протестантска и тн.) го користат терминот во погрдна смисла во контекст на група со наводно погрешни сфаќања (не баре претходните имаат само исправни сфаќања), па можат по потреба да ја карактеризираат и како опасна, кривоверна и сл. Нема врска со темава и мубаетов, но интересно ми е при вакви ставови, зошто никој не вели: тоа што бил пра-пра-чукунчукунпрачукун дедо ми тоа сум си и јас, на пр. тие словенски пагани и јас паганка/паган. Наместо тоа се сите горди православци, муслимани, протестанти... од кое колено треба да престане да се рачуна ова за верата? Ова е многу коректен став и љубезно но крајно отворено треба на таквите во лице да им се каже дека не си заинтересирана за дискусија околу твоите верски убедувања и точка. Ако се согласат да сменат муабет за временска прогноза во ред, ако не, побарај си поинакво друштво.
Одлично прашање постави daylight. Од кое колено треба да престане да се рачуна ова за верата? Некој ќе рече: „Јас сум верен на традицијата и затоа ја имам истата вера како и моите родители!“ Друг ќе каже: „Не ја менувам верата на дедо ми!“ Трет ќе рече: „Не ја менувам прадедовската вера!“ Итн. До кое колено ќе ја одиме наназад? Од каде знаеме што бил нашиот пра пра пра дедо? Ако одиме малку поназад, ќе видиме дека нашите предци биле пагани за што говорат и многуте пагански елементи во празниците, во адетите и обичаите, а сигурно сите биле пагани пред апостол Павле да дојде и да проповеда за воскреснатиот Христос или пред да „мисионари“ на овие простори (како што се изразивте вие погоре). Првата македонка која што не останала верна на традициите и на фамилијарната вера е Лидија. За нејзиното примање на христијанската вера можеме да прочитаме во Делата на апостолите 16-тото поглавје. Лидија и нејзиното семејство го примиле христијанството, но сигурно поширокото семејство, нејзините роднини, соседи, пријатели ја нарекувале отпадничка од прадедовската вера, нововерка, секташка што верува во некој си таму оживеан евреин, а не верува во македонските богови (Перун, божицата мајка итн). И не само таа, туку и многу другите луѓе од Ефес, од Атина, од Рим, од Галатија, од Коринт, од мала Азија, од северна Африка, од Римската империја, па дури и самите апостоли не останале верни на традициите и фамилијарната вера и ја примиле новата вера во Исус Христос т.е. христијанството. Значи од нашите предци учиме дека верата не е нешто што генетски се пренесува, туку е личен избор заснован на личните убедувања на поединецот. Верата ниту може да се пренесе генетски, затоа што не постои ген за вера Еве, на пример, мајка ми се смета за православна само затоа што нејзините предци биле православни. Но сепак таа само ги задржала православните обичаи (поврзани со празниците), но во суштина таа е суеверен атеист. Кога за Велигден ќе и кажам дека Велигден го празнуваме затоа што тогаш Исус воскреснал од мртвите, она ми вели: „Абе доста таму со глупости, кој се вратил од мртвите па да каже дека има живот после тоа.“ Но сепак таа вапца јајца, затоа што „така е редот“. И покрај тоа што не верува во Христовото воскресение, таа си ги држи адетите поврзани со Велигден. Во позадината на тоа е срамот од комшиите „што ќе кажат тие ако ние немаме вапцани јајца дома, па ако ни дадат они јајце, треба и ние да им дадеме нели А исто така има и доза на суеверие, дека ако не бојадиса јајца, ќе и се случи нешто лошо. Затоа велам, нејзината вистинска вера е „суеверен атеист“ или традиционалист и покрај тоа таа на попис би се нарекла православна христијанка. Мојата проценка од долгогодишни истражувања е дека такви се или слични повеќето македонци. Затоа пријатели, запомнете дека вербата е лично убедување кое се заснова на наше свесно или потсвесно истражување по верските прашања, образование, комуникација со луѓето, искуства и сл. За да не бидеме „испрани мозоци“ или „производ на индоктринации“, потребно е секој од нас да си се преиспита во што верува и зошто верува во тоа што верува. Не е грев да праша, да се прочита, да се советува во истражувањето. Не е грев ни да се разговара со луѓе од другите вери. Објективниот и негорделив истражувач секогаш претпоставува дека можеби и верата на другиот е таа вистинската. Ако безрезервно и без истражување веруваме дека баш нашата фамилијарна вера е онаа вистинската, тогаш ние веруваме дека во свет во кој што има стотици различни вери и религии, баш ние сме се родиле во таа правата, а сите други милијарди луѓе во лажната вера. Веројатноста е реална, но секако дека е мала. Затоа, ако навистина го љубиме Бог и копнееме по вистината, објективно ќе ја истражиме.
Сведоци сме дека до ден денешен автокефалноста на нашата Македонска православна црква која е легитимна наследничка на Охридската архиепископија е оспорувана и деградирана не само од СПЦ, туку и од другите православни помесни цркви. Погазувајќи ги нашите национални, државни, црковни придобивки си дале за цел да го повратат она што бесправно им било дадено. За таа цел ја искривуваат историјата и ги ползуваат само оние работи кои им одат во прилог на нивните чисто националистички и политички интереси. Да продискутираме малку за Српската православна црква. Од кога постои, како и под кои услови е создадена? Овие факти треба да ги знаеме сите, за ако некој не потегне за јазик. Се до 1219 година, српските епархии се наоѓале под јурисдикција на Охридската архиепископија. Иако тогаш веќе Србите имале државна самостојност, немале црковна самостојност, но не ни побарале автокефалност од Мајката - црква. Византија од друга страна била видно ослабена, и после Четвртата крстоносна војна во 1204 год. Цариград паднал во рацете на крстоносците, и станал седиште на новонастанатото Латинско царство. Помоќните Византијци избегале подалеку од дофатот на Латините и формирале свои државички. Тоа биле: Никејското царство, Трапезунтското деспотство и Епирското деспотство. Охрид се нашол на територијата на Епирското деспотство. Сите овие„ наследнички“ на славната Византија меѓусебно се доживувале како ривали и потенцијални наследници на цариградскиот престол, како државен, така и црковен. Затоа гледале меѓусебе да си подметнат, да ги заслабнат позициите на другиот, и сл. Гледајќи ги овие случувања, Србинот Св. Сава (син на Стефан Немања) отишол кај никејскиот патријарх со цел да издејствува признавање автокефалност на Српската православна црква, без оглед на тоа што српските епархии биле под јурисдикција на Охридската архиепископија. Значи сосема го заобиколил и игнорирал охридскиот архиепископ, кој бил единствено канонски надлежен за разрешница од ваков тип. Патријархот од Никеја од своја страна, без проблем ја признал новонастанатата црква, бидејќи и онака ништо не губел, а неговиот противник - охридскиот архиепископ Хоматијан губел и бил понижен. Ете вака отприлика, се одвивало „канонското“ создавање на СПЦ. Но тоа не е се! Во 1766год. неканонски била укината прво Српската патријаршија, а една година подоцна и Охридската архиепископија. Епархиите потпаднале под Цариградската патријаршија. Покасно, по создавањето на кралството СХС во 1920 година Српската православна црква се возобновила, а македонските епархии кои некогаш припаѓале на Охридската архиепископија „канонски“ ги откупила со многу пари од тогашниот цариградски патријарх. Овој секако, повеќе имал корист од пари неголи од епархии кои спаѓаат во друга држава. И сега, кој кого треба братски да го искара и да го подучи што значи канонски, законски, а што е „на препад стратегија“. И за на крај ќе напишам една мисла од нашиот премудар и далекувиден Крсте Мисирков, чија содржина е сеуште актуелна:„- Заседнати помеѓу Грција, Србија и Бугарија, ние имаме потреба од поголеми, подлабоки и поразновидни научни знаења отколку Србите, Грците и Бугарите. Бугарите нека си се занесуваат со крајните политички и економски теории, Србите нека си мислат дека и Господ при создавањето на светот зборувал српски, Грците нека си се сметаат за директни потомци на Хомера, Одисеја и Аристотела, ние треба со големо напрегање, зачувувајќи си ја полната слобода на научната мисла, да го проучиме минатото и сегашноста на сите овие народи за да го определиме своето меѓу нив и да си ја зачуваме својата етничко - историска индивидуалност“. (За македонските работи).
Без да заземам страна меѓу МПЦ и СПЦ, само ќе кажам дека останатите првославни цркви не ја признаваат МПЦ заради тоа што самата си прогласила афтокефалност, без да го добие тој благослов од мајката црква - СПЦ. Тоа според правослвните канони се нарекува раскол. Вистина е дека и СПЦ боравела неколку години во состојба на раскол, но потоа добила афтокефалност од мајката црква - Охридската Архиепископија. Ова според православни канони зборувам, не ги мешам тука Исус и Светото Писмо кои што немаат допирни точки со овие црковни политики. Инаку СПЦ и останатите православни цркви веруваат дека ПОА (Православна Охридска Архиепископија) е легитимна и канонска наследничка на Охридската Архиепископја. Еве ти линк од таа црква: http://www.poa-info.org Сеедно кој ќе искара и подучи, твојот текст иако прикажува еден мал дел од историјата на православните цркви, сепак и од тој мал дел може да се види дека таа историја е полна со расколи, препирки, валкани бизниси, следење политички интереси, и дека сите тие речиси по ништо не се разликуваат од световните политики. Затоа пријатели мои, за да не ви се згади од религијата, огледајте се на Исус Христос и апостолите и нивното изворно, чисто, библиско учење кои единствено може да ги спаси вашите души и да ве исполни со трајна радост, мир, љубов итн.
Златното правило гласи: прави го тоа што сакаш другите да ти прават! Ако сакаш да те признаваат, признај ги и другите цркви, или обратно ако не ги признаваш другите цркви каде се проповеда Словото Божјо, тогаш не очекувај да те признаваат другите цркви, но многу побитно е тоа што Бог може да те отфрли!
Секти се верски заедници кои немаат допирни точки со Црквата и од неа доброволно и своеволно отпаднале(најчесто некој отпаѓа па потоа со себе си повлекува еден куп други). А Црквата е онаа заедница која е директен наследник (преку апостолско преемство-канонско ракополагање на епископи) на првата Христијанска Црква која е создадена на Педесетница - Духовден и притоа пребива во вистина, односно не исповеда никаква ерес. Притоа Црквата е една, света, соборна и апостолска. Таква е само (Грко-)Православната Црква. Да не не` буни тоа грко-православна, тоа е за да се направи разлика меѓу ермено-православната, копто-православната, сирио-православната и етиопско-православната кои се еретички. По економија цркви може да се нарекуваат и гореспоменатите православни цркви, римокатоличката, лутеранската, англиканската и уште некоја од протестантските кои имаат апостолско преемство од римокатоличката и истото го чуваат; иако сите овие исповедаат по некоја ерес. Во Македонија сите верски заедници освен МПЦ-ОА, ПОА, РКЦ и заедниците на „Вистинските“ грчки православни старокалендарски цркви (ги има најмногу во Прилеп и Битола) се секти.
Верски заедници? Значи има разлика меѓу верска заедница и “верска заедница“, така? А овие што на приемр по улица ќе те сретнат ти даваат флаери и на врата што тропаат како трговските продавачи, Јеховини сведоци, па незнам некои евангелисти се кажуваат; знам пред 10-тина години имаше едни америкаци протестанти доаѓаа кај братучед ми дома го наговараа детето а тој само сакал да им помогне нешто да се снајдат овде, ти кога му се наметнаа не можеше да ги откачи. Абе еден куп ги има.
Верски заедници е законски(државно, секуларен) термин и сите кои се регистрирани во законот се еднакви. Но црковните термини се Црква и секти. Значи и Црквата и сектите се верски заедници во однос на државниот закон. Да ти биде појасно постојат најразлични видови на секти. На пример: Јеховините сведоци се псевдохристијанска секта (не веруваат во Света Троица), сектата на Дејлајт - некаква си заедница која верува во она што ќе им го каже фрау Габриеле исто така се псевдохристијанска секта. Од друга страна сектата на Евангелос е христијанска, но е далеку од Црквата и во верувањата и во практиката и во организацијата колку што е далеку Исток од Запад.
Христовата Црква нема потреба од човечко признавање. На вистинските Христови следбеници важно им е Христос да ги познава и да ги познае на Судниот Ден и да не им се обрати како што Исус претскажа: „ Мнозина ќе Ми речат во оној ден: ‘Господи, Господи, не пророкувавме ли во Твое име; не изгонувавме ли бесови во Твое име; и не правевме ли многу чуда во Твое име?’ И тогаш Јас ќе им изјавам: ‘Никогаш Јас не сум ве познавал; одете си од Мене вие, кои правите беззаконие!’“ (Исус Христос, ев. Матеј 7:22-23, Библијата) Залудно е ако цел свет те признава и те велича, а Христос не те признава. Залудно е ако си ословуван и со великодостојнички титули, накитен со великодостојнички одела, со огромни златни крстови, луѓето ти бацуваат раце, ти се клањаат и сл. а Христос јавно те посрамоти на Судниот Ден и те фрли меѓу грешниците. Патем, да не ве чуди што оние кои вистински го следат Исус Христос се ословувани со погрдни имиња (секта, еретици, нововерци и сл.), бидејќи Исус тоа јасно го претскажа и тоа го искусија Тој и апостолите и првите христијани. „А фарисеите, кога го чуја тоа, рекоа: „Овој ги изгонува демоните само преку Велзевул, владетелот на демоните.“ (ев. Матеј 12:24, Библијата) „ќе бидете намразени од сите заради Моето име; но, кој претрпи до крај, тој ќе биде спасен. Кога ќе ве гонат во градов, бегајте во друг; зашто вистина ви велам, нема да ги обиколите израелевите градови додека дојде Синот Човечки.” ”Ученикот не е над учителот, ниту слугата над својот господар. Доста му е на ученикот да стане како неговиот учител и на слугата како неговиот господар. Ако стопанот на куќата го нарекоа Велзевул (принцот на демоните), колку повеќе неговите домашни!“ (Исус Христос, ев. Матеј 10:22-25, Библијата) „Ако светот ве мрази, знајте дека Мене Ме мразеше пред вас! Ако бевте од овој свет, светот би ги љубел своите; но бидејќи не сте од светов - туку Јас ве избрав од светот - затоа светот ве мрази.“ (Исус Христос, ев. Јован 15:18-19, Библијата) „А и сите кои сакаат да живеат побожно во Христа Исуса, ќе бидат гонети, додека злите луѓе и измамниците ќе напредуваат во злото, измамувајќи и бивајќи измамени.“ (2 Тимотеј 3:12-13, Библијата) Инаку христијанството било нарекувано ерес уште од самиот почеток и тоа можеме да го прочитаме дури и во Библијата. Еве на пример како го ословувале светиот апостол Павле (при неговото обвинување пред првосвештеникот Ананиј) и како тој се бранел: „Еве, најдовме дека овој човек е зараза, дека предизвикува препирки меѓу сите Јудејци по целиот свет и дека е водач на назарејската секта .... А кога управителот му даде знак да зборува, Павле одговори: .... Но тебе ти признавам: дека според Патот, кого тие го нарекуваат ерес, така Му служам на Бога на нашите татковци, верувајќи во сè што е напишано во Законот и Пророците,“ (Дела на апостолите 24:5,10,14, Библијата) (п.с. Како што забележувате, во првиот век христијанството било нарекувано „Патот“, веројатно заради Христовата изјава: „Јас Сум Патот, Вистината и Животот“)
Малку да кажам во врска со ова.Без разлика дали човек е православен, католик, протестант е христијанин.И христијанската религија е таа, нема посебно православна, католичка, протестантска и др.Тоа што се случило со црквата, посебно расколот, не е мерка за да се рече дека католицизмот не е христијанство.Како пример кажувам.Секако во сите од нив има различна традиција, различно гледиште во врска со христијанството, но секое е од нив правилно, бидејки е христијанство.Пример, католиците имаат скулптури, православните цркви имаат икони, но суштината, намената е иста.Мислам дека воопшто и не би требало да има толкав јазол помеѓу верските заедници. А секта, ниту едно од тие не е секта.Кога веќе би гледале така, самото христијанство на почетокот било секта и затоа и било прогонувано, секаде каде тоа за некои делувало чудно.Зборот ми беше конкретно што кажа „ но е далеку од црквата...“. Не за друго, кажувам затоа што го имам приметено ова и од порано, не од тука, туку од она што сум прочитала, слушнала за црквата, многу одамна и мислам дека навистина и нема потреба од тоа. Лично, мене ми е интересен католицизмот, сакам да видам каков е односот на католицизмот према христијанството како религија.Но, неможам да кажам дека односот на католицизмот према христијанството не е точен, правилен, бидејки и не можам да го знам тоа, без разлика на пример, што некоја религиска книга збори за католицизмот. И кога би се земало во предвид што рекол Исус, сите треба да се како едно.Тогаш мислам дека нема зошто да се прави разлика меѓу едните и другите, а најмалку пак да се тврди дека едното од нив е правилно, само тоа, но не и останатите. А сосем друго е изброт на верникот и да згрешил ќе ја поправи грешката, па и без некој да му укажал на истата.Животот е оној кој е најдобриот учител.
Исус велел според плодовите ќе ги познаете, оти може ли лошото дрво добри плодови да раѓа? Имено ако се земе некое учење и се примени во практиката, дали тоа дава добри или лоши резултати во човековиот живот и неговата околина? Ги прави ли луѓето посреќни, помирољубиви, поправедни, физички и психички поздрави? Спротивно од тоа црковните теолози велат ќе се препознаело наводно според тоа дали е учењето црковно или не, но историјата повеќепати ги покажала плодовите на црковното учење а ги покажува и ден денес, доволно е повремено да се погледнат вестите низ медиумите.
Твојот текст ме инспирираше да го пренесам следниот напис: Православни Императори Во Ниш, минатата година беа погазени сите норми и вредности на верата. Светот ниту ги виде, ниту ги слушна Поглаварите проповедници на добротољубие. Во Ниш се беа збрали Императори кои дефинираа свои свери на влијание. 1700 години подоцна верските лидери на христијанството ги згазија вредностите на Миланскиот едикт. 18 века подоцна, со христијанството владеат заслепени среброљубци, горделиви великодостојници, надемени себегосподари. Ништо што минатата недела се случуваше во Ниш не го оправда јубилејното укинување на прогонот на Христијаните. Ништо! Затоа што денес е дојдено време за еден нов милански едикт. Но, еден поинаков, кој ќе треба да го укине себепрогонот кој длабоко навлегол меѓу Христијаните. Оваа генерација на Поглавари, оваа генерација на христијански лидери го нема тој капацитет. Ако вековите по Христос, Царевите ја дефинирале вољата за верување, денес, оние кои некогаш беа прогонувани се претворени во џелати на сопствената вера. За нив Митрата е царската круна. Жезолот им е господарската сабја, а Панагијата на Христос и Богородица, декор на позлатеното императорско руво. Во Ниш, минатата година беа погазени сите норми и вредности на верата. Светот ниту ги виде, ниту ги слушна Поглаварите проповедници на добротољубие. Во Ниш се беа збрали Императори кои дефинираа свои свери на влијание. На исток, Русија, на југ доминантната Грција, на Балканите српскиот хегемонизам. Се друго е помеѓу овие свери на влијанија. Или си со нив, или си отпадник Гламурозната прослава на слободтата на Христијаните, беше само интронизирање на моќта, состојба до која е доведено Православието денес. И како на времето, кога се појавија Јован Крстител, Исус Христос и сите кои тогаш беа надвор од тогашните свери на влијание, така и денес, сите кои нема да се вклопат во оваа оска, се еретици, антиканонисти и псевдоцркви. За сите тие не важат одредбите на Миланскиот едикт. Не важат, само затоа што така ценат гоподарите на православните свери. Нема поголем врв на лицемерие, на безбожност, на омраза ако сакате, еден збор да не изустите за барем една запалена црква на Коптите во Египет. Да одбележувате дострел на една царска власт пред 1700 години да воспостави слобада на вероисповест, а денес 18 века подоцна да премолчите еден геноцид на вашите браќа и сестри по вера што се случува секојдневно по квази-демокарстските револуции на арапскаат пролет, е дно. Патосирање на основите на христијанската вера. Но, Коптите се на другата страна, надвор од православниот свет на Вартоломеј, Кирил, Иринеј, Јероним, Атанасиј, Теофил… Коптите се еретиции. И наместо да зборуваат за нивните обесчестени права на слободно практикување на верата, овие денешни самодекларирани властодржци на православната вистина ги кудат, ги поганат, небаре тоа им се случува поради тоа што не се дел од елитниот клуб на православните цркви. Не знам како, Иринеј Буловиќ се воздржа и онака, својски, во негов стил не заклучи дека, ете Коптите се прогонувани и уништувани затоа што така сакал Господ. А, нели Господ така сака, затоа што не дошел кај Иринеј, Вартоломеј, Теодор или некој од кругот да им ја бакнат раката, бидејќи Господ ним им го дал жезолот да ја водат неговата Црква. И ако за тоа молчат овие Поглавари, ако не покажаа ни тронка љубов, не отслужија ниту парастос за сите Христијани, кои во државите дуло на радикалното муслиманство со живот ја бранеа верата христова, тогаш навистина не знам зошто некој се тревожи за двата збора што Вселенскиот Патријарх, ги одвои за МПЦ. Одбележување на 1700 години од Миланскиот едикт треба да биде јубилеј кој ќе воспостави траги во Православието. А, во Православието, денес најмалку е дојдено до квази демонстрирање единство преку возвишени литургии и долги маратонски политички говири, кои некој ги нарекува беседи. Денес во Православието е дојдено до степен кога најитно е потребно меѓусебно погледнување в очи. Потребни се часови и денови и месеци, а веројатно и години во кои констатнтно треба да се разговара, да се анализира и да се решаваат напалстените проблеми. Оваа генерација Поглавари ја пропушти оваа шанса. Следниот јубилеј е по сто години. Некои дотогаш ќе опстанат, некои можеби ќе исчезнат, но сосема сигурно е дека со овој поглед кон верата и Христијанството ќе се множат Качавенди, Пахомијевци, Иринејовци, Артемијевци и кој ли уште не. Марјан Николовски – Новинар