Христијанска книга купена од црква вели дека децата треба да се тепаат. Чисто срање и ништо повеќе, џабе вртиш, џинови, врагови. Во библија нов завет се запишани премногу шовинистички изреки против жената. Во едно книџуле е собрана целата мудрост на светот немој молимтисе.
Посочи каде и кои цитати се тие во 4 Евангелија? И не ми споредувај цркви, тука дискутираме за етичноста и моралноста на светите книги, а не на религиските институции кои се дно дна.
Секоја книга е производ на своето време, не знам што се чудите, сигурно не очекувате од книга пишувана од пред 2000 и кусур години да пишува за психолошките ефекти од тепањето деца или дека секоја жена може да биде астронаут ако посака.
А ти да ми посочиш што е разликата меѓу приказна за врагови, џинови, мориња и смокви и приказна за невини богородици, галеби и воскресенија? Фактот што цела преостаната Библија не е шутната кажува дека христијанството во најмала рака ги толерира сите тие забрани. Покрај тоа, ваљда за истиот Бог станува збор во двата завета, нели? Она што тој го смета за грев е константно и секогаш важечко, па така и аргументот стар-нов завет не држи вода. Дури и да држеше, сè уште ти преостанува да ги оправдаш новозаветните гадотии од типот на забраната за авторитет на жени (1 Тимотеј 2:12 - Нов завет) и дозволите за ропство (Ефесјани 6:5 меѓу другите, исто така, во Новиот завет.).
Токму затоа треба и да остане во минатото, да се анализира и чита објективно како и секоја друга (пра)стара литература, а не луѓе да ја сфаќаат како животен водич по кој ги судат и другите, ги воспитуваат и децата уште од мали итн.
Побитна е суштината, освен некои заедници или индивидуи кои строго се придржуваат до тоа што го пишува во Библијата, кои се малку, не сум видела современ верник човек да се повикува на вакви цитати.
Па Енџи тоа е поентата. Никој од верниците, барем оние здраворазумните, не се повикува на тие цитати, и не треба да се повикува. Ама кога веќе не се повикуваат, не треба да ги игнорираат и да замижат на нив, туку да признаат дека се outdated и дека Библијата не е совршена книга како што се прикажува. .
Природата или енергијате е нешто безлично, не може да има интелигенција. Се што е живо во своите гени или днк има информации сподед кои живее, се оформува, расте, се размножува...А информација може да настане само во интелигентен ум (па и да ја пренесе), неможе да настане во природата или енергијата. А па да не спомнуваме и колку различни информации има според разноликоста на живиот свет). Ние со нашите "мали" мозоци ја "објаснуваме" некако бесконечноста, но неможеме да ја сфатиме или замислиме. Баш затоа што сме конечни битија, а Бог е бесконечно битие. Залудно е да се обидуваме целосно да го сфатиме или секогаш да бараме логичност, и покрај очигледните нешта што некогаш се случуваат натприродно наречени чудо.
Имам тетка што е буквално опседната со вакви работи па вчера бев на гости читаше една книга со наслов „Бог е голем”, разлистав од радозналост и прочитав: Без разлика колку е жената учена, таа секогаш е под мажот. Мажот е главата на семејството и има повеќе права. Абортусот е грев, грев е и тоа што некои се пазат да не направат дете. Толку, ја затворив и си заминав.
Вистина е тоа дека ромките ги ставале у корито со прежешка вода пред да се мажат? Ако не била сексуално активна пред да се мажи немало ништо да се случи. А ако била активна и ставила вештачки химен тогаш тој пукал од жешкото. Вистина е?
Што има ова врска со религијата? Впрочем ако проучуваме некоја религија тоа треба да бид врз темел на нејзината "главна" книга и други што не се контрадикторни на главната. Оти сум христијанин би кажал дека темел за проучување на христијанската религија треба да е Светот Писмо, а не какви било книги што пишуваат нешто што се коси со библиските принципи.
Ова не е поврзано со религија, туку со обичаи. Сум слушнала и јас дека имаат вакво нешто. Една познаничка, Ромка беше тазе омажена и ми спомна дека на денот на свадбата, обичај е да одат младите во спална додека родниниве се пред врата, у дневна небитно и чекаат да ја видат крвта. Ако има тогаш арна е, ако не тогаш ја враќаат на нејзините зошто е "оштетена роба". Е сега имам и другарка кај која ништо од ова не важи. Зависи.
Ај едно прашање Кој палат најголеми свеќи во црквите? И се дерат ко ненормални од Амин ?и кој брзо побрзо застануваат до попот кој си има шваљерка? И на фб кој постираат најмногу слики од богородица и други светци и манастири ? Знаете? Најголемите куртизани и криминалци !!! ФМП
Кај може да ја најдам книгата на Хенок...Читав скоро една книга и таму ја спомнаа, исфрлена е од Библијата. Може и ПДФ Инаку сум христијанка/мол. биолог две различни спротивности Поштедете ме од тоа дека прав христијанин не треба да ја чита книгата за Паднатите Ангели
Нема врска тоа, многу научници се посветни христијани. Нема правило дека професијата треба да те ограничува во верската определба и во што конкретно ќе веруваш, а во што не.