Многупати ми рекле дека професијава не ми е складна со моето верување во Бога, Божица, Енергијата, Универзумот.... Верувам дека има НЕШТО ама како што има ДОБРО има и ЗЛО... Дуализам
Во твојата професија многу верници тргнуваат поттикнати од восхитот и желбата да проучат како боженствениот принцип е втемелен во постоењето на живото, која е таа животворна енергија која вдахнува живост, живот. Многу е испреплетено едно во друго, нема јасни граници тоа си по струка не треба да веруваш и обратно.
Дека не одат тие две работи едно со друго - не одат. Ама тоа не значи дека не можеш да ги правиш. Сите сме контрадикторни за некои работи во животот.
Читав една книга и налетав на овие зборови на Мартин Лутер: "If the woman grows weary and at last dies from childbearing, it matters not. Let her only die from bearing. She is there to do it." Посебно прашање немам, чисто @EvAngelos да го поздравам.
А зошто да не одат професија од област на наука и вера? Можат да не идат и да се спротивни, единствено ако некој е ограничен во размислувањата и гледа црно бело на светот. сериозно, не ми се верува вакво нешто уште да се практикува?
Јас никогаш не би ги ставила под прашалник овие две нешта, научниците кои се религиозни тргнуваат со огромна почит кон Божјото дело и се трудат да го разберат како такво и да успеат да го репродуцираат за добро на човештвото. Пред се сите научници ги тргерува иста идеја и тие што не се религиозни и другиве, тоа е да се проучи нештото и прилагоди и проспособи за обавување добри цели во човештвото. Нема ништо чудно или контрадикторно во ова или јас лично не гледам такво нешто.
Ρомκите не смеат да имаат сеκсуални односи пред првата брачна ноќ. Тие го знаат тоа и ги почитуваат барањата на својата религија а, тоа е Исламот.
На бугарски. http://macedonia.kroraina.com/bg_ap/dp_4.html На српски http://www.pravoslavlje.net/index.php?title=Књига_Пророка_Еноха На хрватски https://samonaprijed.files.wordpress.com/2019/02/enoh.pdf
Не реков дека христијанин не може да биде научник, туку дека христијански научник е контрадикторен. Ако во една област од твојот резон бараш емпириски доказ за да поверуваш во некое тврдење, а во друга веруваш во тврдења кои апсолутно не се потпираат врз докази, тогаш си контрадикторен во твојот резон. И тоа е просто факт, според самата дефиниција на зборот, без разлика дали ни се допаѓа или не.
Спојлер 2020 година, луѓето низ светот преиспитуваат сешто од историја и историски почитувани авторитети ради расизам, колонијализам, ропство, педофилија и општо суровост, ние овде уште на големо ја голтаме христијанско/католичко-нормативната бајка и измама побиена со куп докази за Мајка Тереза, свечено ѝ обновуваме спомен-плоча и претседател на Собрание (не навлегувам кој е и што е Џафери) ја велича. Жално ми е и се срамам од градов кога ќе ми текне дека еден од поголемите општоприфатени симболи на Скопје е фанатичен садист, олицетворение на изопачениот маченички аспект на христијанството, лицемерен „пролајф“ монструм за кого фетуси биле поважни од болни луѓе на кои можела вистински да им помогне многу повеќе и со сиромаштијата и со болестите. Гонџа Бојаџиу е од оние историски личности за кои би требало да му се извиниме на светот, а не да се гордееме, без разлика дали ние или Албанците кај нас. И така... Shame.
Не мислев конкретно на тебе, туку општо коментирав за тврдењето.Нема врска. Нечија вера не мора да се темели на цврсто придржување и слепо верување на она што е напишано во религиските книги.Не постои еден, унифициран начин да се бара повисоко значење на космосот и на животот, така што не гледам причина некој да не може да ги усогласи своите религиски и научни верувања.Да, на прв поглед е тешко да се стават во иста реченица верувањето дека светот и сѐ на него биле создадени за 7 дена, а од друга страна придржувањето до теоријата за еволуција на Земјата и живите суштества, но понатаму може да пронајде подлабоко значење, метафора и поврзаност меѓу она што сигурно се знае и она што е приказна.Така и за сѐ друго што вклучува спиритуалност и религија, само зависно од 1.начинот на кој што еден човек ги согледува работите поради интелектуалните можности и 2.начинот како сака да ги согледа работите.
Нема слепо и неслепо верување кај религиите. Верување во работи кои не можат да се побијат (кои се unfalsifiable) автоматски е слепо и ненаучно. Тука застанува дискусијата. Понатаму може кој како сака да си верува и да бара ,,повисоки знаења", ама да тврди дека се реално основани тие верувања - не може.
Точно, еве јас не сум верник, туку знам дека Бог постои. Тие и тие како тебе сте луѓе кои веруваат само на нешта за кои има папир и е форсирано од одредени моќници дека тоа е така и нема друго. Прост пример, верувате во гравитација а никој ниту знае што е ниту од каде доаѓа, тоа е само формула измислена од дегенерик кој верувал дека секој метал може да го претвори во злато и умрел бидејќи се напил жива. Вам ви се потребни научни докази токму од такви луѓе.
А зошто не ми го цитираш цело мислење туку дел? Вака нема смисла, затоа што понатаму појаснив дека има простор за интерпретации во разбирање на работите. Милион нешта на светот се докажале, па потоа се појавиле и други докази кои биле поцврсти и претходните ги фрлиле во сенка, потоа се докажале работи кои никој никогаш не верувал дека може воопшто да се реални, за многу нешта сѐ уште не сме сигурни како точно функционираат, односно немаме научни докази за нивната вистинска природа..има уште премногу од тоа што не го знаеме, за цврсто да тврдиме што е точно а што не...нема потреба толку остро да гледаш на светот.
Бидејќи остатокот не го сметам за релевантен, ти одговарам само на главната поента. Кога ги спомнувате овие пресврти во науката треба да знаете дека не се случуваат преку ноќ и преку 180 вртеж. Природата на религиските тврдења не е таква што може да се докажува и да се побива, па затоа убаво би било да ги напуштите соновите за тоа како науката еден ден ќе го докаже Бог и сè во пакет. Едноставно се работи за области кои не се мешаат, не се однесуваат на исти нешта и нема како ,,да најдат заеднички јазик". Сфаќањето сериозно на религиите и нивните тврдења е за навреда за научниот метод. Ми го разубави денот.
Јас немам никакви сонови, агностик сум, ама сакам да погледнам од друг агол на работите и да размислувам дека ништо не е невозможно да се дознае.Патем не знам каде спомнав дека откритијата се случуваат преку ноќ? За мене тврдокорни неверници кои никако не можат да прифатат дека постои можност да има креатор на универзумот, се на исто ниво на тврдокорни конзервативци кои постојано ја порекнуваат науката - ограничени.Заеднички јазик може да се најде секаде, ништо во природата и светов не постои одвоено едно од друго. Затоа, не гледам проблем некој да биде спиритуален или приврзаник на некоја религија и истовремено да истражува и да дава придонес во науката, не мора сите луѓе да живеат во еден од двата спротивставени кафези.А, и многу важни историски фигури биле токму такви.