Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сè што сакате да знаете во врска со религија

Дискусија во 'Религија' започната од AdoLf, 14 јуни 2011.

  1. orevokrsacka

    orevokrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    2.468
    Допаѓања:
    8.568
    Си има посебни кутии за оставање пари. А зошто некои уште оставаат пари врз икона, не ми е јасно и мене. Веројатно од маловерие.
     
    На Orthophill, tessie и Angie1432 им се допаѓа ова.
  2. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.869
    Допаѓања:
    4.586
    Пол:
    Машки
    Иконите најдобро е да се постават на почесно место во домот. Односно на место кон кое е упатен нашиот поглед. Најдобро е на источниот ѕид. Но, ако е зафатен источниот ѕид (со прозорци, плакари, регали итн) може и на било кој друг ѕид.

    Оставањето на пари на иконите е нешто најгнасно и најнедостоинствено. Не дека не треба в црква да оставиме некаков дар, треба. Оти и црквите имаат потреба од пари за струја, вода, вработени, одржување итн. Но, недостојно е да се ставаат пари на икони. Зошто? Затоа што иконата е чиста и света, а парите не се. Денеска се кај нас, вчера кој знае кај биле, на какви се` нечисти места. Јас сум и против тоа што има икони на парите, зашто местото таму не им е.
    Јас лично ве молам, не оставајте пари на икони. Ако сакате да оставите, оставете во корпињата и касите, но на икона никако. Ако видите, дека има слободно соберете ги и ставете ги во касата. Добро дело ќе направите.
     
    На GirlLove, Sofija. 123, BlackNight и 8 други им се допаѓа ова.
  3. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.656
    Допаѓања:
    22.408
    Пол:
    Женски
    При процепче како на поштенско сандаче, чуму да глеам јас кај св. Никола пеесче кај Богоројца петстотче залепени? Целив со кармин ми е друг вид негрижа.

    И внуците сум ги научила каде се става, дури и тие веќе на иконите што се ги ставаме во процепчето. Дури еден период кога не бев
    .вработена, по завршувањето на службите си барав од тој помагателот во едната црква кадешто одев си барав да ми даде средство и крпче и ги пребришував кога ќе се испразнеше храмот. Ми беше жал да ги гледам во банкноти и кармини. И не го велам ова како фалба, туку мене ми беше чест и утеха на мојата маленкост.
     
    На BlackNight, zoran43m.k, Veta и 5 други им се допаѓа ова.
  4. Miss666

    Miss666 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    1.365
    Допаѓања:
    3.701
    Пол:
    Женски
    Зошто на крстот долу има мртовечка глава? Која е симболиката?
     
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.115
    Допаѓања:
    163.711
    Пол:
    Женски
    [​IMG]

    иван грозданов.PNG

    Eх, и ова ви е професор на ПМФ и светски признат научник - хемичар што го споделуваат деновиве за негов политички статус од кој е дел принтскринов, имал објавено и книга „Не за еволуцијата, да за библијата“, па за студенти ќе збориме...
    Што знам, ваљда на предавања има објаснето како да се претвори вода во вино, блазе си им на студентите.
    Лудило...
     
    На Waverly Raven, Bezimenka90, blueeparadise и 3 други им се допаѓа ова.
  6. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.678
    Допаѓања:
    25.239
    Пол:
    Женски
    Bravo za profesorot
     
    На Rama и Аргентина * им се допаѓа ова.
  7. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.869
    Допаѓања:
    4.586
    Пол:
    Машки
    Таа е симболика на черепот на Адама. Според Еврејското предание на местото Голгота или Черепница (Лобное) каде Христос беше распнат, бил погребан Адам.
    Истовремено со Крстната Жртва, Христос ни даде можност да се ослободиме од Адамовиот грев, кој сите луѓе го наследуваат, крштевајќи се во името на Отецот, Синот и Светиот Дух.
    Ова е во најкратко.
     
    На zoran43m.k, Rama, tessie и 4 други им се допаѓа ова.
  8. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.662
    Допаѓања:
    39.536
    Пол:
    Женски
    Светски познат научник, професор, хмм не мислиш дека многу лесно го отфрлаш тоа што има да го каже?Јас би слушнала какви гледишта има.
    Едно е што луѓе без елементарни познавања викаат a od majmun sme nastanale haha, друго е кога некој со релевантни познавања ќе изнесе свое размислување.

    :?:
     
  9. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.656
    Допаѓања:
    22.408
    Пол:
    Женски
    Јас пак сосем поинаку си претпоставував за ова, дека ја симболизира Неговата победа на смртта над животот. Но, секако, Голгота ја заборавив.
     
    На zoran43m.k, Rama и Orthophill им се допаѓа ова.
  10. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.686
    Допаѓања:
    6.585
    Не знаев каде да го пишам прашањево... До верниците: Дали се молите, често, ретко? Дали си кажувате веќе напишана молитва или си смислувате сами според потреба, за здравје, финансии, позитивен исход на некоја ситуација, за некоја друга личност? Дали некогаш сте го добиле она за кое сте се молеле? Сметате дека е поубаво да ви испеат молитва, да си кажувате вие веќе напишана или сами да си смислите?

    Се извинувам за 100 прашања. :D
     
    На zoran43m.k и Orthophill им се допаѓа ова.
  11. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.869
    Допаѓања:
    4.586
    Пол:
    Машки
    Јас се трудам да се молам често, т.е. наутро и навечер. Најчесто си читам молитви од молитвеникот, псалтирот, молбен канон и слично. Да ми биде поинтересно и никогаш досадно. Молитви не измислувам туку си читам.
    Кога сум имал потреба за нешто сум се обраќал со ептен кратки молитви и ми биле услишани во екстра брзо време.
    Да ми читаат молитва? Што знам? Ретко. Главно си читам сам.
     
    На BlackNight, zoran43m.k, Rama и 2 други им се допаѓа ова.
  12. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.686
    Допаѓања:
    6.585
    @Orthophill Ти благодарам на одговорот. Може ли да ти пишам ЛП, би сакала да те прашам уште неколку прашања во врска со темава. :)
     
    На zoran43m.k и Orthophill им се допаѓа ова.
  13. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.235
    Допаѓања:
    13.133
    Пол:
    Женски
    Немам некој посебен "ритуал". Прилично сум кратка во молитвите, си кажувам она што искрено сакам да биде. Не сум се молела за позитивен исход (на било што), туку само да ми даде сила да издржам сѐ што ќе следи понатаму. Во читањето молитва не верувам баш (попови ова-она ми е ко пари да ти грабнат), некои си читаат однапред зададени молитви - но мене тоа не ми оди, не е во мој стил и ми е ко да му го губам времето на Господ. @blueeparadise
     
    На Rama, Orthophill и blueeparadise им се допаѓа ова.
  14. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.649
    Пол:
    Машки
    Се молам обично пред спиење. Тоа што ми доаѓа на ум на пример во тој момент. Пример се заблагодарувам што сум жив и здрав за денес, и тоа така да биде утре. Како за мене така и за моите блиски и сите кои ги знам. Кога имаш потреба тогаш молисе. Не сме како муслиманите кои имаат фиксно време.
     
    На Rama, edna_malecka, Orthophill и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.656
    Допаѓања:
    22.408
    Пол:
    Женски
    Една пријателка Муслиманка (баш верник и многу начитана, дури за време на дежурство си чита во нејзината соба од Куранот и хадисите) , ми има раскажувано, како читала дека во почетоците на Исламот и нивниот прв контакт со другите верници на Книгата (Евреи и Христијани) , се изненадиле од обемот и строгоста на молитвеното правило, па неколку пати оделе кај пророкот да го замолат да го намали бројот на молитви во денот, па така ги намалиле од некогашните 50,до денес задолжителните 5. За некои теми, Христијанството има многу построг став, но традиционално некогаш мнозински христијански земји, денес се земји во коишто световното е многу пред духовното, затоа гледајќи го тој начин на живот, луѓето се во заблуда дека Христијанството е полабаво. Жално е тоа што, ние сме тие коишто велиме дека другите многу се молат, укажува на тоа до каде сме стигнале духовно. Боже, проштевај.
     
    Последна измена: 21 декември 2020
    На zoran43m.k, Rama, Vitaly и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Dzeksonka

    Dzeksonka Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2017
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Здраво,
    Имам една недоумица се надевам дека некој ќе знае да ми објасни. Што е разликата меѓу ѓакон и ипоѓакон? Дали ѓаконот мора да е женет? И како се станува ѓакон? Дали ако има некој завршено Богословски факултет и е женет може директно да добие титула свештеник или мора прво да биде ѓакон? Ви благодарам ☺️
     
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.869
    Допаѓања:
    4.586
    Пол:
    Машки
    1) Ипоѓаконот - значи подѓакон е црковна, но не свештеничка титула. Има право да носи орар (тоа долгото, како шал што го носат и ѓаконите), но нема право да кажува ектении, да се причестува во олтарот, да ги фаќа путирот и дискосот, да влегува низ царските двери, да стои пред престолот итн.
    2) Ѓаконот не мора да е женет, но не смее да се жени.
    3) Ѓаконот треба да има богословско образование и честит живот.
    4) Чиновите во Православната Црква одат вака:
    а) Црковни чинови, се добиваат со ракопроизведување (хиротесија):
    а1) свеќоносец
    а2) чтец
    а3) ипоѓакон
    б) Свештенички чинови, се добиваат со ракополагање (хиротонија):
    б1) ѓакон
    б2) презвитер (јереј, свештеник, поп)
    б3) епископ (архијереј, владика)
    Црковните чинови можат да се добијат веднаш (во еден ден, пред една литургија), свештеничките чинови се добиваат на разични литургии (различен ден). Што значи, хипотетички во еден ден, кандидатот може да се ожени и да стане свеќоносец, чтец, ипоѓакон и ѓакон. Презвитер може да стане следниот ден.
    Сепак се` зависи од потребите во епархијата и добрата волја на епископот (владиката).
     
    Последна измена: 23 декември 2020
  18. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.702
    Пол:
    Женски
    Најчесто навечер се молам. Во раката го држам крстот од ланчево што го носам. Во мислите ја кажувам оче наш. Се заблагодарувам за многу работи. Молам за здравје, среќа, љубов, подршка, разбирање, мир на сите.
    Кога нешто се случува барам да биде тука за мене и сите околу мене. Раскажувам одредена тежина, мака, случка. Како со пријател разговарам.
     
    На Rama, blueeparadise, IRBBB и 2 други им се допаѓа ова.
  19. zoran43m.k

    zoran43m.k Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 март 2014
    Пораки:
    128
    Допаѓања:
    1.635
    Пол:
    Машки
    Треба да се молиме постојано (така е напишано во посланијата и православната црква има луге кои постојано се молат , најчесто со исусовата молитва (господи исусе христе помилуј ме мене грешниот , господи исусе христе спаси ме мене грешниот) , Светителите (тие што се молат постојано) , напишале многу свои молитви , онака , како што тие по своето искуство увиделе дека се добри и ги препорачале на верниците а црквата ги ставила во молитвеник и верниците најчесто си купуваат молитвеник од црквата и си одбираат молитви какви што ке им се допаднат или ке осетат потреба да ја кажуваат, како што ти велиш според потреба , здравје , финансии , позитивен исход.
    Секој што моли со вера , господ за да СЕ ПОТВРДИ СЕБЕСИ исполнува молитви на верници за да ја зацврсти верата кај оној што се моли.
    свештениците пеат молитви на верниците за здравје или за било која работа која му е мила на господ , (за деца , за да се омажи некоја или да се ожени некој...)а , сум читал од светиите дека господ сака ние самите да се молиме со свои зборови , бидејки тие се најискрени и излегуваат од срцето.
    се надевам дека си задоволен од одговорот
     
    На hermosa, Vittoria, Orthophill и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.095
    Допаѓања:
    55.849
    Пол:
    Женски
    По повод денешниот празник на христијаните, сакам да прашам едно стручно прашање - зошто жени не се фрлаат по крстот? Дали жена ако изрази желба би ѝ дозволиле да се фрла? Или е men exclusive како многу други работи во религијата? :)
     
    На Ugly Duckling му/ѝ се допаѓа ова.