Нели имаше еден скандал со една жена од Штип што го фати крстот, па и го земаа? Знам после по нејзината случка Теона филм снимаше по наслов "Господ постои, името ѝ е Петрунија". https://time.mk/c/eb3b0abb98/vo-sti...krstot-i-go-ukradoa-reagirase-policijata.html
Не знам, не се сеќавам на овој случај, прашањето беше зошто на жените не им било дозволено да се фрлаат по крстот и јас кажав дека дозволено е. Ова што некој бил некултурен и невоспитан да и' го земе си е друга работа.
Сепак, овде не е проблем свештеникот, туку “верниците“. Ама па затоа наредната година: http://www.mkd.mk/makedonija/bregalnichkata-eparhija-zabrani-zheni-da-skokaat-po-svetiot-krst. Инаку, @Amellie13 баш добро прашање, и мене ме интересира одговорот.
Знам дека никогаш немам видено жена да се фрла, па затоа си реков да прашам. А еве сега ми текна и на инцидентите каде на жени им бил земан крстот. Па убаво би било некој повеќе упатен во овие работи да одговори.
Брегалничка епархија можеби забранила за жените на таа територија (Штип, Радовиш, Кочани, Пробиштип, Св. Николе, Мекдонска Каменица, Делчево, Виница) но во сите други епархии не е забрането. Брегалничката епархија во 2015 ,,забрани", во 2020 имаше женско што учествуваше во Штип. Како ако било забрането?. Имало жени @Amellie13 ти не си видела, јас да, ти тврдам. Не знам што упорно сега сакате да се расправате, демек еве религијава ваква ви е, таква ви е. Единствени услови се да се биде полнолетен и да се поминат прегледи, полот не.
Дали му се има на некој слошено од Темјан во црквата за време на литургија ? Се борев т.е се борам со панични напади и анксиозност,опсесивни мисли итн, под терапија сум и го третирам тоа со психијатар и како верник си ставив некако како предизвик штом со осетам подобро да посетувам повеке литургии, да си најдам духовен отец , исповед , пост , причест....се во свое време ама некако кога присуствувам на литургиите како некој немир имам во мене Пред некој ден ми се претресоа нозете додека бев внатре дали беше од Темјанот дали онака класичен паничен напад незнам... ми рече едене отец да го сватам тоа како искушение кое мора да го надминам...
Знам и попови, на кои им се лоши од темјанот, посебно од миризливиот. Ако ти е од темјанот оди во поголеми цркви и фаќај позиција на крајот од црквата. Сега со маскиве, да бидам искрен ретко кога сум почувствувал мирис на темјан в црква.
Понекогаш Господ допушта кога почнуваме да се вцрковуваме (да живееме литургиски и да ја практикуваме верата со водство од црквата), да имаме одредени тегоби , некој го боли глава , некој станува нервозен , некој не го поднесува мирисот... И многу други работи и надвор од црквата , почнува околината повеќе да го нервира , за да се испита сам себе и да потврди дека е спремен да претрпи одредена непријатност и да остане цврст во вцрковувањето , тоа се случува само на почетокот , откако ке се оттрпи , следува одредена благодат , која се стекнува со пост , молитва , исповед и причест.
А порано ти се лошеше од темјанот? Можеби само имаш класичен паничен напад кој не бира време и место каде да се случи нели А од друга страна сфати го како искушение, и мене многу пати ми се лошело во црква, еднаш дури и се онесвестив пред причест, ама не се откажав од одењето во црква, немој ни ти, се се надминува
Порано не ми се слошувало никад во црква или било каде... Темјанот тогаш не ми влијаеше лошо, можно е да е било и паничен напад, башка соберено се гужва/темјан/лекови што пијам и... ке го сватам како искушение и нормално ке бидам упорен во одење ... фала ви на мислењата на сите Ти се имаш онесвестено од Темјанот или? Некоја друга причина ?
За жал ко што кажав паничниот напад не бира време и место каде да се случи....не верувам да беше од темјанот, јас и дома од време на време почадувам со темјан и не ми се лоши воопшто...а тогаш кога се онесвестив сигурно беше некое нечестиво искушение.... Само имај верба во Бог и сила во самиот себе и со добра мисла се ќе надминеш