Да, во секое време. Бог вели дека ни е поблиску од нашите сопствени раце и нозе. Но Бог може да ни помогне само ако ние доброволно тоа го побараме и го направиме чекорото кон Него, вечната светлина. Тогаш тој ни доаѓа повеќе чекори во пресрет. Тоа е слично како да сакаме некоја темна и задушлива просторија да стане посветла и се исполни со свеж воздух. Ние не очекуваме Сонцето да се пресели во просторијата туку ние сме тие кои треба да ги кренеме ролетните и ги отвориме прозорците за да влезат сончевите зраци и воздухот а со тоа настапи и промената. Во поглед на нашиот живот тоа би значело да се трудиме да ги следиме упатствата во Десетте Заповеди и Беседа на Гората.
Матеј 10:29-31 MKB Не се продаваат ли две врапчиња за асариј? Па ниедно од нив не паѓа на земјата без волјата на вашиот Татко. А вам ви се изброени дури и влакната на главата. И така, не бојте се. Вие сте поскапи од многу врапчиња.”
Може некој да ми објасни што е Прочка? Која е целта, адетите? Знам простување ама гледам по социјалниве мрежи веќе 2 дена "простувам ама не заборавам", "ниту простувам, ниту барам да ми простат". Некако конфузно е
Ќе пробам да ти одговарам најдобро што можам, ако знае некој повеќе, нека се приклучи. Прочка или Велики Поклади е последната недела пред започнувањето на Велигденскиот пост (за Велигден-Воскресение Христово). Постот значи не само воздржување од храна, ами и духовен пост, кој значи одбивање на желбите на нашата падната природа, молитва, искрено покајание и исповед. Како 'услов' пред почетокот на постот е простувањето (Прочка-Проштение-Простување). „Ако им ги простите на луѓето гревовите нивни и вам ќе ви ги прости вашиот Отец небесен“ (Матеј 6, 14). Делбите, спротивставеностите, разделеноста и омразата, тоа е торжеството на гревот и главниот признак на неговото владеење во светот. Затоа првиот пробив низ крепоста на гревот е – простувањето, враќањето кон единството, кон согласноста и љубовта. Ако му простам, меѓу мене и мојот непријател сјае светлозарното сеопростување на Самиот Бог. Да се прости, тоа значи да се отфрлат сите безнадежни „ќорсокаци“ на меѓучовечките релации и да Му се препуштат на Христа. Простувањето е пробив на Царството Небесно во овој грешен и паднат свет.
Простувањето не е адет. Адет е амкањето јајце, адет е носењето портокали на блиските итн. Но, барањето на прошка е исполнување на Божјата заповед: Проштевајте им на ближните, за да ви прости и вам, Отецот ваш Небесен. (Парафразирано). И уште повеќе во Отче наш кажуваме: И прости ни ги долговите наши, како што и ние им ги проштеваме на нашите должници. Значи ако не проштеваме, не треба ни Отче наш да ја кажуваме, зашто во спротивно сами себе се колнеме. Христос, нашиот Бог не` научи да се молиме со молитвата Отче наш.
Денес е Прочка,убав и благословен ден. Побарав и ми побараа проштевање драги и блиски луѓе. Но,постојат личности кои ми згрешиле и длабоко ме повредиле...ме мачи што помина овој ден,што ќе го започнам постот,а не успеав да се натерам себе си да направам чекор кон нив. Од друга страна,размислувам како и Бог ни простува само кога ќе се покаеме и кога ќе ги исповедиме гревовите свои. Како се справувате со простувањето кон оние кои ни се непријатели?
Те разбирам...... Искрено кон тие што сум згрешила секогаш што е можно побрзо сум се извинила, сум расчистила и не сум повторила. За жал имало ситуации кога јас не сум била свесна дека на некој сум му згрешила, тие работи поспоро се решаваа но и тука испаднало ок. Но да, постојат личности кои ми згрешиле и длабоко ме повредиле (дали тоа се случило за некоја поголема Божја цел, стварно не знам и не можам да знам...) Со нив било каков контакт ми е завршен и не се дел од мојот живот (не стигнало до лично опростување)...е сега тоа значи дека максимално внимавам да не се дел од моите мисли, односно од мојот внатрешен живот, бидејќи ако се.... значи не дозволувам раната сама од себе да заздрави и да си продолжам напред. Сега доколку ти осеќаш мака, кажи му на Бога, помоли се... Јас за се што осеќам мака знам да се обратам на Бога, да ја отворам библијата и да размислам за својот свет и како живеам.... Не знам каде го слушнав следново (дали беше јутуб видео) но некој човек збореше дека чуствува срам и мака што едноставно не може да им прости на неговите непријатели, едноставно знае дека искрено не може и не сака да биде лицемер и да глуми дека им простил... И одговорт беше- кажи му искрено на Бога и верувај дека Бог ја знае слабоста на твојата природа и дека длабоко сочуствува со тебе... Со текот на време ќе имаш сила ако сега немаш, помоли се и продолжи... Биди едноставен, искрен, држи се до Бога и не се осудувај себеси. Wishing you all the best
Значи не само со твоите 'да се простиш', туку реално да им простиш на сите кои ти згрешиле, дури и твоите непријатели. Ова ние што го правиме е чисто лицемерие.
Ова секако...и преку исповедање..и не ми е проблем да простам,но не можам прва да подадам рака,знаејќи дека тоа уште повеќе ги распалува нивните срца... Се обидувам и да се ставам во "нивните чевли ", да се погледнам низ нивните очи...тешко ми оди...можно е да сум горделива просто...
Што е лицемерие? Како се простува на непријателите?Им приоѓаш и молиш за прошка,знаејќи дека те мрзат?
Тоа што одиме кај блиските и 'бараме' прошка. Всушност, според она што го цитирала @IRBBB не треба да бараш прошка, туку да простиш ти, без некој да ти побара. Што е всушност многу доблесно.
Со тоа што им простуваш на другите си простуваш и себеси. Затоа што сите ние сме ВО СЕБЕ и ДРУГИТЕ, така сме коеволуирани. Ова е и психолошки механизам, и морален, и спиритуален. Се чистиш и ти и тој/таа од тежината, не си заробеник на „драмата“ и на негативните емоции. Дали потоа ќе продолжите, дали ќе го надоградите односот, дали ќе создадете ваша заедничка “приказна“ понатаму, дали ќе донапишете нови страници, тоа е веќе друга борба...
Аха....а ќе си живееме среќно или нема и понатаму да зборуваме или како? Ако веќе не чувствувам гнев,можеби и сум простила,но ме мачи што блискост не чувствувам....
Ќе и' простиш на таа личност во име на твојот спокој и поради тоа што не вреди да бидеш огорчен или разочаран. Таа личност направила што направила, продолжи понатаму со животот. Велиш дека се уште сте поврзани во животот, претпоставувам дека приморана си на одреден начин да имаш контакт. Тој контакт може да ти биде минимален и цивилизиран, без нервози, но ни без некои посебни топли односи. Прости и' и продолжи си понатаму со животот, така ќе си живееш среќно.
Матеј 5 :44 А јас, пак, ви велам: љубете ги непријателите свои, благословувајте ги оние што ве колнат, правете им добро на оние што ве мразат и молете се за оние што ве навредуваат и гонат. Не верувам дека има човек кој барем еднаш во животот не бил повреден од друг човек. Пробај да се помолиш за тој некој што ти нанел зло, можеби ќе ти е тешко на почеток, но тоа е бидејќи ние како луѓе имаме големо - его. Егото не запира скоро во се, а најмногу во совршеноста на љубовта спрема другите (макар и да не повредиле).