1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сè што сакате да знаете во врска со религија

Дискусија во 'Религија' започната од AdoLf, 14 јуни 2011.

  1. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.180
    Треба да имаш ептен големо срце за такво нешто.
    Зборови кажани ај, ама што ако е нешто поголемо?
    Што ако си била силувана пример?
    Како јас...
    Не можам да замислам да се молам за негово спасение.
    Не е егото во прашање...
     
    На Ugly Duckling му/ѝ се допаѓа ова.
  2. BY<3

    BY<3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2019
    Пораки:
    778
    Допаѓања:
    2.218
    Тој што направил такво зло, баш на таквиот му е потребна помош, тој е болен и слеп.
    Ако Исус им прости на тие што го распнаа, и Дева Марија им прости на тие што и го распнаа синот пред нејзини очи, и ние можиме да простиме ако сакаме за било што.
    Не само ако некој не повредил на збор туку и на дело, а има секакви работи.
    Тебе ти се случило тоа, мене друго. Секој со својата тежина.
     
    На sonuvana и IRBBB им се допаѓа ова.
  3. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.180
    Затоа реков дека треба големо срце за тоа.
    Кое јас го немам.

    Немам ништо против да му биде простено 'таму горе', ама од мене нека не очекува.
     
  4. BY<3

    BY<3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2019
    Пораки:
    778
    Допаѓања:
    2.218
    Штом мислиш за себе си така дека го немаш, ти имаш преголемо срце. Да се признаат некој работи во самите нас кој неможеме да ги направиме со чувства и со дело е тешко. Само Бог може да ти помогне да простиш, како што и мене ми помогна, кога неможев да замислам да простам.
     
    На sonuvana, Angie1432, WildMk и 2 други им се допаѓа ова.
  5. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.180
    Ќе размислам за делот со 'Бог', бидејќи не веруваме во исто, ама сакам да можам да простам.
     
  6. Justify

    Justify Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 август 2013
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    158
    Пол:
    Женски
    Извинете што се надоврзувам на темата.
    WildMk те забележувам низ темите за религија, Бог. Не те познавам лично, не знам што живот си имала, или имаш моментално. Ама фактот што те гледам често низ темите, ми дава чувство дека длабоко во себе можеби знаеш дека ти треба верба или повторно го бараш Бог. Можеби си била запознаена со Него во младоста, но можеби низ текот на годините ти се случувале работи кои те направиле лута, бесна што Господ дозволува да поминеш низ сето тоа. Напуштена, со горчливо чувство спрема целиот свет.
    Имам потреба да ти кажам, дека можеш да простеш, на други личности, на самата себе, за да можеш да продолжиш. Лутината, разочараноста не носат никакво добро. Само доживотна грутка во грлото со омраза спрема случките/личностите, а не убива на крај самите себе. Тоа што сме поминале е резултат на зелено светло од Бога. Тоа е било Неговата Волја. Колку и да те боли. На крај од денот, на животот ќе сфатеме дека сите тие борби, солзи, мачни периоди не направиле тоа што Господ сака да сме.
    Не го затварај срцето. Кога и да се решиш, Господ ќе те пречека со отворени раце кон Него. Ќе бидат солзи радосници, и целиот твој свет и перспектива ќе се смени.
     
  7. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.180
    Често сум во теми за религија оти гледам проблем во институционализирана религија.
     
    На Someonespecial, daylight, Lella и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    3.834
    Допаѓања:
    21.510
    Некој ќе силува и убие дете, а ти треба да се молиш нему да му се помогне, бидејќи ох кутриот тој е болен и слеп. :| Не зезајте, за некои нешта не треба простување. Нека гори во пеколот, нели за тоа постои. Може ако си доволно силен ќе го прифатиш грозното што ти се десило и ќе најдеш начин да продолжиш понатаму во животот, но некои нешта не можат да се простат. Не смеат.
     
    На candy.cane, Someonespecial и Amellie13 им се допаѓа ова.
  9. Lizy333

    Lizy333 Активен член

    Се зачлени на:
    15 март 2021
    Пораки:
    99
    Допаѓања:
    140
    Пол:
    Женски
    Му простуваш поради сопствен мир, бог ќе му суди. :)
     
    На Snowflake97 и IRBBB им се допаѓа ова.
  10. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    3.834
    Допаѓања:
    21.510
    Поради сопствен мир за такво нешто му простуваш на животот што те ставил во таква ситуација, се помируваш со тоа што се случило зошто е надбор од твоја контрола. Но не и на гадот.
     
    На Someonespecial му/ѝ се допаѓа ова.
  11. KittyAgnes

    KittyAgnes Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2021
    Пораки:
    795
    Допаѓања:
    1.197
    Пол:
    Женски

    Иако најголема доблест е да се прости и сите викаат дека е пред се за твој мир, верувај знам христијани кои едноставно не можат да простат некои работи... И не глумат и не се убедуваат ниту себеси ниту го убедуваат Господ дека можат да простат... Сега помирено не значи дека не работат на себе си и на својата верба и врска со Бога... па секогаш има надеж дека во иднина ќе можат да простат.... како да кажам ако не можеш да простиш значи твојот суд го ставаш над Бога, и ете ќе има ситуации кога ти ќе бараш прочка...итн итн...

    За такво зло.. Бог ќе му суди како што самата кажа пеколот е за тоа...
     
  12. stefi23m

    stefi23m Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    1.005
    Допаѓања:
    770
    Пол:
    Женски
    Petolebie koga se nosi v crkva, na sabajle ili za vecernata sluzba?
     
    На kuc и Orthophill им се допаѓа ова.
  13. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.783
    Допаѓања:
    4.397
    Пол:
    Машки
    Може и насабајле и навечер. Но, најдобро во постиве е во петоците вечер (од 17 часот е богослужбата).
     
    На stefi23m и KittyAgnes им се допаѓа ова.
  14. KittyAgnes

    KittyAgnes Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2021
    Пораки:
    795
    Допаѓања:
    1.197
    Пол:
    Женски
    Не можев да најдам по форумов ме интересира што точно се случува за време на литургија освен црковно пеење. Планирам да идам на мојата прва литургија па не знам како да се подготвам и што да очекувам...
     
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.783
    Допаѓања:
    4.397
    Пол:
    Машки
    Накратко - литургијата го претставува целиот живот на нашиот Спасител и Господ Иисус Христос.
    Пред почетокот на литургијата (на утрената доколку ја има) свештеникот ги припрема даровите - лебот и виното кои подоцна Светиот Дух ќе ги претвори во Тело и Крв Христови. Тоа го претставува овоплотувањето и раѓањето на Господ наш Иисус Христос. Литургијата започнува со возгласот - Благословено е Царството на Отецот и Синот и Светиот Дух, сега и секогаш и во вечни векови. Тоа го претставува создавањето на светот и животот на Адам и Ева во рајот. Но, веднаш по овој возглас се затвораат царските двери (врати) на иконостасот. Тоа го симболизира падот на Адама. До малиот вход кога свештеникот излегува со светото евангелие е симболот на стариот завет. Малиот вход пак е симбол на излегувањето Христово меѓу народот и почетокот на проповедта. По малиот вход следува читањето од апостолот и Светото Евангелие. Тогаш царските двери се отворени за да ни укажат, дека оние кои го слушаат и исполнуваат светото Евангелие ќе го наследат Царството Небеско - рајот. После следуваат прозби за се` што ни е потребно за овоземскиот живот, за сите оние кои се дел од Црквата, за живите, за покојните, за оние, кои треба да се крстат... По завршетокот на прозбите почнува Херувикот (херувимската песна - Иже херувим, на македонски: Ние кои херувимите, тајно ги претставуваме и на Живототворната Троица трисвета песна И` пееме, се` што е овоземско сега да го оставиме). Потоа доаѓа големиот вход, кога свештеникот ги пренесува чесните дарови. Тоа е симбол на Христовото влегување во Ерусалим и одењето на страдање и распнување. Кога ќе ги внеси попот даровите во олтарот тивко пее Христо-погребни песни, што значи тој момент е симбол на Христовото симнување од крстот и погребение. Царските двери се затвораат зашто го симболизираат затворениот Христов гроб. Се чита или пее Символот на верата кој секој Православен Христијнин треба да го знае и исповеда. Почнуваат молитвите за претворање на Лебот и Виното во Тело и Крв Христови, односно најсветиот дел од литургијата. Откако ќе заврши претворањето на светите тајни следува спомнувањето на сите покојни и живи. Прва од оние кои не се повеќе живи е Пресвета Богородица - Секогаш Дева Марија, а прв од живите е локалниот епископ - владиката. Потоа се кажува молитвата Оче наш. Во олтарот започнува причестувањето на свештениците. Откако ќе се причестат, свештеникот ги повикува верниците да се причестат со повикот: Со страв Божји, вера и љубов пристапете. Тоа всушност го претставува и воскресението Христово и Неговото појавување меѓу луѓето. Потоа попот ја принесува причесната таму каде што на почетокот се спремаа Лебот и Виното. Тоа е всушност Вознесението Христово. Следуваат уште неколку кратки молитви, се дели нафората и си одиме дома.
    Важно е да се знае, дека додека не заврши целосно литургијата, тие што се причестени (и сите, но најмногу причестените) не смеат да ја напуштаат црквата, зашто на тајната вечера само еден ученик Христов ја напушти истата и си замина откако се причести, а тоа е Јуда Искариот, кој и Го предаде. Да не го следиме неговиот пример, туку примерот на другие свети апостоли!
     
    На душленце, Касија, Lizy333 и 5 други им се допаѓа ова.
  16. KittyAgnes

    KittyAgnes Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2021
    Пораки:
    795
    Допаѓања:
    1.197
    Пол:
    Женски
    Фала за деталниот одговор стварно ми беше потребно за да ја разберам целата симболика.. Дали ова значи дека насекоја литургија се приредува причестување? Јас па мислев после велигденскиот пост тоа се прави
     
    На Orthophill, sonuvana, kuc и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.783
    Допаѓања:
    4.397
    Пол:
    Машки
    На секоја литургија има причесна. Тоа е целта на литургијата. Секоја недела има литургија. Во другите денови зависи од црквата.
     
    На kuc, KittyAgnes и BY<3 им се допаѓа ова.
  18. Hey Boo

    Hey Boo Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 август 2020
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    29
    Здраво дечки, ме интерсира ставот на црквата за луцидните сонови и прарализата во сон?
     
  19. KittyAgnes

    KittyAgnes Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2021
    Пораки:
    795
    Допаѓања:
    1.197
    Пол:
    Женски
    Што значи ако го сонувате Исус?

    Мислев да го пишам ова во сон темата ама мислам дека тука ќе добијам подобри одговори...
    Знам дека соништата се полни со симболи и можеби не треба тука да го прашувам ова...
    Прочитав на интернет дека не секогаш значи ваков сон нешто позитивно (Do you think that Jesus would be more likely to stand beside a person who was well, happy, getting good grades, had caring friends and a loving family; or would Jesus be more likely to stand beside a person who was being teased, was worried about their exams, was dabbling in drugs, was ashamed of themselves and felt that nobody cared? Which is the person that Jesus would be most likely to stand beside? The person who has reall worries.)

    Во мојот сон повторував некои од моите стари гревови на *нов* начин во нови околности(за кои се имам исповедано и се имам отргнато комплетно) и моите блиски луѓе разбраа што се случува и ме осудија а јас жалев мнг и се трудев да го одбегнам нивниот суд...
    Сега мислам дека ова е важно но не се сеќавам дали Исус се појави пред овој дел или после....мислам дека пред да ги правам гревовиве...

    Беше сончев ден, бев надвор небото беше чисто мнг светло сини облаци и видов дека некоја фигура сјае од облаците горе, значи фигурата беше огромна и облаците беа како расчистени... Прво бев збунета, заплашена и тоа траеше... После знам дека помислив зар Исус е? и тоа во големо неверување... После го тргнав погледот од небото, у смисла ми се причинува и пак го вратив и истата фигура и сјај уште беше таму... Втора мисла ми беше- не ми се верува стварно Исус е... и долго време гледав горе... после немам сеќавање што се случуваше...дали поле ги правев гревовите или тоа беше пред ова...

    Пред да го имам сонов, имав мнг тежок ден знам дека си легнав тажна, плус ја изгубив работата неодамна и некако тешко ми беше... Не гледав филм, не читав ништо религиозно па да ми се појави сликава....
    Мое мислење е дека ако Исус се појавил пред да ги направам гревовие, пораката е дека тој секогаш ме гледал и ме заштитувал без разлика низ што сум поминала/направила. неговото присуство било секогаш тука и бидејќи ме спасил од некои ситуации сеуште имам...шанса...но дека е сведок за моите погрешни дела и дека сум го повредила мнг...тој е таму бидејќи умрел за нашите гревови (а бил безгрешен немало причина зошто народот да го осуди и убие) и секој мој грев е рана за него...
    Ако се појавил после моите гревови, можеби значи дека треба повеќе да внимавам и да не го тргнам погледот од неговото водство...можеби бара поголема посветеност од мене и верба за да не ги направам истите гревови на нов начин бидејќи нели господ знае се што ќе се случи и пред да се случи...

    Како и да е ова ми е прв ваков сон, извинете се долгиов пост...
    Го пишав и како потсеник да не го заборавам.

    Ве молам атеисти и спиритуалисти без навреди и потсмевања, фала ви мнг.
     
    На душленце и Orthophill им се допаѓа ова.
  20. BY<3

    BY<3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2019
    Пораки:
    778
    Допаѓања:
    2.218
    Ќе ти постирам еден линк тука убаво е образложено какво мислење имаат православието и црквата за соништата. Повеќето Свети Отци не учат на истото од текстот.

    https://bigorski.org.mk/slova/pouchni/da-ne-im-veruvame-na-sonovite/

    Треба да бидеме многу внимателни со нив, некогаш сме искушувани преку соништата.
     
    На edna_malecka, IRBBB и KittyAgnes им се допаѓа ова.