Мажот ми наишол на овој календар кој ме збунува поради тоа што во редовни седмици секој петок е без масло а средите се понекогаш исто без масло . Дали некој е запознаен со ова и какви се овие пости ,молам за одговор ако некој знае да објасни
Според апостолските правила секој петок и среда треба да се пости (исклучок редовните седмици кои се запишани во календарчето). Во петок бидејќи Христос беше распнат во тој ден, во среда бидејќи Јуда баш во среда го продаде за 30 сребреници. Тие календари најчесто ги издаваат монашките заедници и истите се напишани според типикот(црковниот закон). Сепак најчесто во среда и петок на мирјаните им се дозволува да јадат масло, па дури и риба (пример на/за гости, на патување и сл).
Ве молам да ми одговорите! Мојата ќерка има епилепсија веќе четири години.Пробав со 5 лекови но нема ефект.Но знам дека оваа болест, како и шизофренијата е поттикната од демони во телото.Дали има молитва за бркање на демони!? Одаднапред Ви Благодарам!
Почитувана Мерушка, молитви за изгонување на демони (егзорцизам) во Православната Црква има. Сепак не знам колку тие се применуваат во МПЦ. (Знам дека читал еден свештеник, кој е покоен веќе 7-8 години.) Веројатно и сама знаете, дека тој чин не е играчка. Најдобро за ова да се консултирате со Вашиот парохиски свештеник или со свештеникот од најблиската Ви црква. Во меѓувреме би било добро да го читате светото Евангелие по Јована (Свето Писмо - Нов Завет) и акатистот кон свети Наум ( http://www.bigorski.org.mk/index.php?co ... cord_id=33 или барем само молитвата кон свети Наум, големиот исцелител) и доколку сте во можност редовно со Вашата ќерка да ги посетувате неделните и празничните богослужби.
Здраво Јас сега како Православна Христијанка сакам празниците Бадник и Божиќ да ги прославам со пријатели знам дека има време но ова ми е прв пат па не сакам да направам некој глупост ке може некој да ми каже нешто повеќе Моите родители многу лошо ја прифатија мојава одлука на почетокот сакаа да ме разубедат но сега некако го прифатија тоа
Во мојот крај бадник се прославува со потесното семејство, се прави богата посна вечера, лепче со паричка и се седи цела ноќ, а за Божиќ утредента се пречекуваат гости и се оди по гости, во секоја куќа различни обичаи, така е кај нас, другите феминки нека споделат нивни како да кажам правила, поздрав.
^Па и јас затоа прашувам едни едно ми кажуваат други друго некои 2 пати барале паричка јас тоа не разбирам зошто 2 пати и кога е вториот пат Инаку знам за тоа дека се слави со семејство но моите нема шанси да ми дозволат дома да славам затоа морам да отидам кај другарки и заедно со нивното семејство да славам
Не се секирај, не можеш да направиш никаква глупост, затоа што Господ не кажал никакви уредби и правила за прославување на Божиќ. Така што христијаните низ светов различно си го прославуваат тој празник, во зависност од нивните локални обичаи и традиции. Заедничкото на сите нив е дека сите тие правила се измислени од луѓе, а не од Господ, така што ако нешто згрешиш, ќе им згрешиш на луѓето што ги измислиле тие правила, а не на Господ. А што се однесува до Бадник, тој празник воопшто и нема христијански корени, туку чисто пагански корени и често е критикуван и од православните религиозни водачи.
Стариот Завет , и контрадикторноста со Новиот Завет ? На сите ни се познати некои мрачни страни во него . На моменти ми наликува на политички памфлет Некој поупатен да ми објасни , да не цитирам делови од него , се надевам разбравте што сакам да прашам .
Стариот завет воопшто не е контрадикторен со Новиот Завет. Новиот завет е претскажан во стариот завет и е продолжение на Божјиот план за спасение на грешниот човек. Мрачните страни во стариот (и во новиот) завет се: грешниот човек, последиците од гревот, сатаната и сл. А светли страни во стариот (и во новиот) завет се: Бог, Божјата љубов, Божјата милост, Божјото простување, Божјото спасение итн.
Не мислев дека не се поврзани и дека не е исполнето пророштвото, туку општо за начинот на кој е отсликан Бог , во Новиот Завет е полн со љубов и прошка , а во стариот на моменти е одмаздољубив ..
Не е до Бог. До луѓето е. Во Стариот Завет го нема покајанието. Новиот Завет означува нова “ера“ во човештвото со доаѓањето на Спасителот, распнувањето, воскресението и вознесувањето. Новиот Завет го донесува покајанието. Не осудувај да не ти се суди. Прости за да ти биде простено. Ова само накратко.
Да такв бил законот око за око... Но во времето на Стариот завет силите на поденбесието имале поголема моќ над луѓето. Со доаѓањето на Спасителот Исус, таа моќ се намалува и според некои отци, ѓаволот ништо не ни може само и само, доколку го прифатиме светото послушание и покајанието. Како примери за послушание ни се Богомајката, која рече: Еве ја слугинката Твоја. И се разбира Исус, за чие послушание кон небесниот Отец има многу примери во Н.Завет(неможам сега да ги барам). Претечата Св.Јован , предвеник на Спасителот велеше покајте се...
И згора на тоа во глава 3 од библијската книга на пророкот Малахија има ваков цитат: „Јас, Господ, не се менувам...„. Нешто тука не штима... Секако не е Бог тој кој што не штима, туку Библијата која некои верници ја земаат здраво за готово како слово Божјо од прва до последна страна.
Бог и во Стариот и во Новиот завет ја пројавува Неговата љубов и милост, а исто така и во Стариот и во Новиот завет ја пројавува Својата правда и светост. Бог не деградира, ниту задржува ниту една од овие свои атрибути во никој период. Моите два омилени библиски цитати кои ја отсликуваат Божјата љубов се од Стариот завет: "Нека се раздвижат планините и нека се потресат бреговите, но Мојата љубов нема да се повлече од тебе, ниту ќе се расколеба Мојот Завет на мирот - вели Господ Кој ти се смилува." (Исаија 54:10, Библијата) „Може ли жена да го заборави своето доенче, да не му се смилува на чедото на својата утроба? Па кога некоја и би заборавила, Јас (Бог) нема да те заборавам тебе.“ (Исаија 49:15, Библијата) Од друга страна, во Новиот завет е прикажан најголемиот масакар каков што не бил никогаш во стариот завет и во кој Бог ќе убие/уништи одеднаш многу повеќе луѓе отколку што биле убиени во целиот старозаветен период (од Мојсеј до Исус). „ И морето ги предаде своите мртви, кои се во него; и смртта и Подземјето ги предадоа мртвите, кои се во нив, и секој беше суден според своите дела. И смртта и Подземјето беа фрлени во огненото езеро. Тоа е втората смрт, огненото езеро. И секој кој не беше запишан во Книгата на Животот, беше фрлен во огненото езеро.“ (Откровение 20:13-15, Библијата)
Јас не реков дека целиот Стар Завет е мрачен , напротив .Песна над песните ми е омилена А за Откровението или судниот ден , не мора да дискутираме сега ... Сосема друго значење има , таму Бог не наредува на никој да убие . И таму имам многу нејасни работи , ама толку е дискутирано што во различни временски период различно се толкува .Може и посебна тема да отвориме за него . Нели е контрадикторно што божјата заповед е -Не убивај А тој им заповеда да ги обележат и да ги убијат првородените синови Тоа воопшто не се поклопува со мојата слика за Бог.
Не е контрадикторно. Бог не си заповедал Сам Себе си да не убива, туку му заповедал на човекот да не убива. Заповедта секогаш е поврзана со субјектот/субјектите кон кои е наменета т.е. заповедана. Така на пример, во нашиот сообраќајен закон има заповед дека низ Партизанска не смееш да возиш над 50км/ч, дека на црвено мора да застанеш и сл. Дали овие закони важат за полицијата? Се разбира дека не Човекот не е творец на животот и нема право да го одземе. Бог е творец животот и секако дека има право да го одземе. Тука нема никаква неправда. Може да има негодување од наша страна, но не и неправда кај Бог. Во Библијата Бог јасно вели: „сите животи се Мои“ (Езекиел 18:4, Библијата) Ни со мојата не се поклопуваше порано. Затоа решив да ја сменам согласно Библиската објава за Бог.
Еv Avangelos и самиот знаеш дека на многу места Бог им заповеда на луѓето да убијат , сосема ми е јасно дека Бог зема и дава , ама не ми е јасно зошто им наредува на луѓето да убиваат .Како што би рекол ти субјектите за кои важи законот , а им наредува да го прекршат.
Според законот, полицаец може да ти ја заплени колата на сред возење (доколку е итно потребно да стигне некаде за важна службена дејност), може и да те натера да возиш побрзо од дозволената брзина и тоа нема да биде прекршок, затоа што било наредба на полицаецот. Значи Бог заповедал луѓето да не убиваат, но кога Бог наредувал во Стариот завет да се убијат одредени луѓе, Бог е тој што убивал, а луѓето биле само послушни извршители на заповедите. Не знам зошто Бог директно не им ги одземал животите на тие луѓе. Но ако не знам, тоа не значи дека и нема одговор. Туку едноставно, не можеме да знаеме се. Можеби ќе добиеме одговор на ова прашање некој ден, како и на други прашања во и вон Библијата.