Секој човек во својата подсвест има бројни складирања составени од чувства, осеќавања, мисли, зборови, постапки, желби и тн. Од нив можат да произлезат најразновидни соништа. Бидејќи секој поединец има свој засебен живот, оттаму ликовите и симболите во соновите за секого ќе имаат различно значење. Исус инаку во реалноста ја гоборел потребата од следење на неговото учење (го наоѓаме во Беседа на Гората) на несебична љубов и мир со ближните, а не за соновници или следење на некоја традиција.
Стварно ми помогна ова што ми прати, го прочитав мнг внимателно и комплетно се согласувам.. Ќе применам се што беше пишано, фала ти многу
Здраво на сите. Сакам да ве прашам дали техники како јога,медитација,реики,акопунктура и други се против светото писмо. Јас имам читано и немам најдено нешто баш...или незнам најдобро да толкувам... И дали истиве се техники за повикување на демони како што Миролјуб Петровиќ тврди. Благодарам.
И ова најдов. https://bigorski.org.mk/etika/porad...-se-prelazhani-so-prazni-videnija-i-sonishta/ Стварно е јака страницава.
Види, дали вистински си Го сонувала Господа Иисуса Христа, без разлика на тоа што кажува било кој, е што ќе се случи со тебе по сонот. Дали ќе го поправиш својот живот или ќе продолжиш по старо. Ако животот го промениш (си го променила на подобро) тогаш вистински ти се јавил Христос, за да те поттикне на подобар живот. Исто е и со светците. Како и да е, секогаш имај на ум, дека што и да правиме Христос не` гледа и го гледа нештото што го правиме, дали добро или лошо. Дај Боже, Милостив Господи Иисусе Христе наш, да правиме само добри дела. ПС: Свети владика Николај охридско-битолски и жички рекол: Сонот е лага, Бог е Вистина, ама и во соновите некогаш има нешто. Ги има и во Свештеното Писание.
Фала за пишаново. Да прочитав и такви сведоштва каде сепак Исус им се јавува во сон и луѓето едноставно се сигурни дека е вистина поради едноставноста и чистината на самиот сон и јасната порака и во самата библија има делови каде Бог преку сон им кажува пораки на некои од неговите следбеници.. Но не сакам да си вообразувам, дади умислувам, да навлагам во детали и да барам секаде одговори и значења. Знам дека кога го видов во сон тоа беше посебно искуство и ќе си го носам тоа во срцето и други одговори ќе ги барам во Библијата а и времето само ќе ми одговори. Така ми е најкоретно, најпаметно, можам и во наредна прилика со свештеник да разговарам но мислсм дека не требаше на форумов да пишам.. Фала уште еднаш
Псалтир е книга од Свештеното Писание, во која се наоѓаат собрани молитвите на светиот цар Давид (иако целиот псалтир се препишува на св. цар Давид, сепак голема е веројатноста да има и други автори). Се користи во богослужбите, но се користи и за домашна молитва. На македонски јазик за богослужбена и молитвена употреба го има издадено Повардарската Епархија ( http://www.povardarska-eparhija.org.mk/pe//index.php?option=com_content&task=view&id=2592&Itemid=32 ). Тие што го немаат им препорачувам да си го купат. Во секој православен дом, покрај икони од Господ Иисус Христос, Пресвета Богородица, домашната слава и светците чии имиња ги носат домашните, кандило, каделниче и поскурник (просфорник, печат), треба да има и Нов Завет, Псалтир и молитвеник.
Благодарам за убавиот одговор Баш симнав македонска апликација Псалтир да прочитам и стварно преубави зборови, прекрасна инспирација. Дефинитивно ќе го купам печатеното идзадние
Интернет-зависниците одат во пеколот: Во руски манастир насликани ѓаволи со паметни уреди https://mk.rbth.com/lifestyle/87368-ruski-freski-gjavoli-so-pametni-uredi Ново време, нови казни.
Јас пак знам дека може да се оди во црква, да се палат свеќи, но никако не се целиваат иконите и во никој случај не се прима Светата Причест.
Можеш да. Баш кога бев во манастирот Рајчица ни кажаа сестрите, можеш и да целиваш икони, само едно не смееш да се причестуваш.