Сè што сакате да знаете во врска со религија

Дискусија во 'Религија' започната од AdoLf, 14 јуни 2011.

  1. BY<3

    BY<3 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2019
    Пораки:
    779
    Допаѓања:
    2.218
    Да Бог е насекаде, но без црквата и светата литургија и соединувањето со Христос во неа со светите тајни, џабе е се. Така да црквата е неопходна.
     
    На KittyAgnes, Reina.Gitana, IRBBB и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.890
    Допаѓања:
    41.404
    Пол:
    Женски
    Вчера гледав едно постаро предавање кое искрено ме воодушеви.Далеку сум од атеист, ама конкретно во видеово се прикажани објаснувања за најразличните религиски ритуали и суеверија, како и прашањето зошто некои се порелигизони од други, од еден сосема поинаков агол кој мислам дека е интересен поглед за разгледување и размислување.
     
  3. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.309
    Црквата е институција.
    Нема благе везе со Вера.
    Така пишува во Библијата
     
    На edna_malecka и daylight им се допаѓа ова.
  4. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.854
    Допаѓања:
    80.913
    Пол:
    Женски
    Како нема? Склучување брак, причест, исповед, крштевка, света литургија, кај се прави тоа?
     
    На IRBBB му/ѝ се допаѓа ова.
  5. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.309
    Во религиозен храм, за да земаат пари свештените лица.
    Ако е од Бога надахната, нема да има ценовник.

    Бог не се 'расправа' со ценовници.
     
    На NCIS, Snowflake97, Lella и 4 други им се допаѓа ова.
  6. BY<3

    BY<3 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2019
    Пораки:
    779
    Допаѓања:
    2.218
    Во манастирите не се плаќа. А и свештениците во црквите мора од нешто да живеат имаат семејства и деца.
    Еве јас лично не познавам некој до толку богат како што кажувате вие. Секој еден што го знам, да има кола куќа и се што е неопходно за живот. Зошто тоа би ви ми сметало пример? Зарем треба по паркови да живеат?
    А ако се обратиш на некој свештеник и кажеш дека немаш пари за крштевка или венчавка или било што сигурна сум дека нема да те одбие еве пробај.
     
    На KittyAgnes, orevokrsacka и IRBBB им се допаѓа ова.
  7. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.309
    Па затоа викам дека нема врска со вера.
    Бизнис е.
    И тоа неоданочен.
    За разлика од нив, нам 'обичните смртници', државата не оданочува
     
    На NCIS, daylight и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  8. BY<3

    BY<3 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2019
    Пораки:
    779
    Допаѓања:
    2.218
    Без нив нема благослов, нема исповед, нема служба, нема молитва. Овие работи се бизнис според тебе? Зошто пример на литургија не се плаќа, на исповед не се плаќа и тн?
    Ако беше бизнис и за влез ќе наплаќаа.
     
    На NCIS му/ѝ се допаѓа ова.
  9. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.309
    Тека де... научи го народот дека без свештени лица 'не може да си верник' и репај му ги парите.
     
    На daylight, CameliaMiller и deskarada им се допаѓа ова.
  10. BY<3

    BY<3 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2019
    Пораки:
    779
    Допаѓања:
    2.218
    Имаш избор. Немора да плаќаш ако несакаш. Немора ни да си верник ни да одиш во црква ако не сакаш. Слободна волја се вика.
     
    На orevokrsacka, IRBBB и WildMk им се допаѓа ова.
  11. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.309
    Точно така (y)
     
    На BY<3 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. SugarHoney

    SugarHoney Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2019
    Пораки:
    546
    Допаѓања:
    1.546
    Пол:
    Женски
    Пример се зема од Стефан и тие околу него. Имаат џипови и јахти па сите сите свештеници се ставаат во ист кош, па дури и монаси кои своите потреби ги сведуваат на минимум. И црквата и манастирите имаат објекти кои мора да се одржуваат за да не пропаднат, и свештениците имаат семејство кое треба да јаде да се облече и има други потреби како што ние имаме. А и никој со сила не ги тера да даваат пари во црква за ништо. Може да си влезат да се помолат ако имаат потреба и тоа е тоа. Незнам што државата направила или прави во полза на црквите па тие да плаќаат данок. А и црквата не е создадена со цел да биде бизнис па според тоа не е логично да бараме данок. И да дадат данок ќе го јадат политичарите тој данок.. Порано манастирите биле како фабрики, помагале на народот на секаков начин, а луѓето возвраќале со работна сила и слично за манастирот или црквата да опстои бидејќи парични средства не се користеле толку. Сега е друго време, тоест луѓето се други па и работите се измениле.
     
    На BY<3 и IRBBB им се допаѓа ова.
  13. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.270
    Допаѓања:
    4.345
    Не е спорно дека од нешто луѓето мора да живеат, спорна е професијата!
    Интересно што Христос додека одел по Земјата како Исус од Назарет не бил свештеник по професија, туку столар. Токму свештениците од тоа време биле оние го наклеветиле пред римските власти и побараа (и издејствуваа) негова мачна смрт. Тоа кажува многу!

    Воопшто свештениците спомнати во Библијата честопати биле во конфликт со Божјата волја и дејствувале против божјите пророци. Валтер Ниг во својата книга „Пророчки мислители - не згаснувајте го Духот„ (1957) свештениците ги нарекува „природни непријатели на пророкот„. Наместо да бидат свештеници би требало да го следат примерот на Исус и да се бават со некој практичен занает а не теологијата и вршењето церемонии да им биде професија.

    Можеби има врска со вера, но нема врска со Бога за кого толку многу зборува, а уште помалку има врска со Исус Христос кој своето едноставно но благотворно учење го живееше за пример на сите луѓе.
     
    Последна измена: 26 април 2021
  14. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.309
    Институција е.
    Политика има.
    Приходи има.
    По дефиниција 'институција' нема врска со Вера.
     
    На NCIS му/ѝ се допаѓа ова.
  15. BY<3

    BY<3 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2019
    Пораки:
    779
    Допаѓања:
    2.218
    Друже тие свештеници што ги спомна не се истите од денес.
    Исус Христос им дал власт на Апостолите, а Апостолите ги предале учењата на свештениците.

    Туку да не сме офтопик, има таква тема тука дискутирајте тука ако сакате.

    https://forum.femina.mk/threads/МПЦ-бизнис-корпорација-или-верска-институција-за-народот.23502/
     
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.
  16. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.309
    абе шооо... директна врска со Бог имаат свештениците.
     
  17. matilda258

    matilda258 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 август 2014
    Пораки:
    640
    Допаѓања:
    589
    Пол:
    Женски
    Ќе ве молам за одговор
    Што правите со ланското велигденско јајце?
     
  18. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.930
    Допаѓања:
    4.703
    Пол:
    Машки
    Се закопува.
     
  19. matilda258

    matilda258 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 август 2014
    Пораки:
    640
    Допаѓања:
    589
    Пол:
    Женски
    Каде?
    Живеам во стан
     
  20. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.930
    Допаѓања:
    4.703
    Пол:
    Машки
    Во саксија може да го закопате ако имате...
     
    На matilda258 му/ѝ се допаѓа ова.