Горе долу тоа се истите души само во нови тела, под поинакви називи, но суштината на нивните грешки се исти.
Што да проповеда кога ова со вапцувањево јајца настанало после неговото воскресение и се прави со соодветно значење во знак на тој настан?
Точно. Христијанството и Исламот се темелат врз законите на Аврам и Мојсеј т.е врз јудаизмот или стариот завет. Исус Христос проповедал за мир и разум меѓу луѓето, човечност и нормално љубов кон севишниот бог. Исус Христос е синот божји кој дошол на земјата да ги спаси луѓето од гревот кој луѓето го правеле, бидеќи после Аврам и Мојсеј, луѓето започнале да прават се и сешто, разврат, продолжиле со старите навики. Библијата се фактички законите на Аврам и Мојсеј т.е стариот завет бидеќи и Исус бил евреин само по мајка која го родила а татко нема, бидеќи Марија е чистота на земјата и луѓето која зачнала по благодат од светиот дух. Во Библијата плус додаден е животот на Исус и проповедите. Околу закопувањето на јајца, тој него правел, тоа е отпосле народски. Околу вапцувањето на јајце и тоа е народски, јајцата луѓето ги вапцуваат во црвено бидеќи ја симболизира крвта на Исус Христос исто како виното. Марија Магдалена носела јајца на третиот ден и ги поделила помеѓу луѓето т.е како што раздаваме ние за душа, но не биле во боја.
А грев ли е ако не ги закопам јајцата? Ајде вапцувањето има смисла и не е нешто чудно. Има значење и причина а и се јадат не се фрлаат или слично. Ама да закопуваме јајца? Какво значење, корист и поука може да извади човек од закопувањто јајца? Демек еве ја побожа ќе бидам ако ги закопам јајцата. А тоа што и свесно триста триесет гревови правам секојдневно не е важно.
Chill, постојат милион ритуали и ти се фати за закопувањето јајца? Не мора да ги закопуваш ако не сакаш
Се закопува првото вапцано јајце од претходната година што е чувано. Но не е грев и да не го закопаш, ако не сакаш да го закопаш.
Јајцето се закопува на чисто место, поради тоа да не се расфрла. Пример не е во ред да се фрли во ѓубре или било каде. Затоа треба да е на место каде е чисто и не се гази.
Закопувањето на јајцето е еден убав македонски православен обичај. Ништо нема да ни биде ако не го закопаме, ама убаво да си ги држиме обичаите, зашто тие обичаи не` прават да бидеме Праавославни од македонска традиција. Обичаите не се никаква паганштина. Инаку, јајца се вапсуваат уште од првите векови на Христијанството, затоа што кога отишла Марија Магдалина да се жали кај императорот Тивериј поради распетието Христово му принесла црвено јајце и му рекла ,,Христос воскресе!"
Вапцаните јајца не се некоја светост, не се свети предмети, па да се однесуваме кон нив со такво почитување. Многу важност и внимание се средава на обичаи и традиции, а ни бега од погледот суштината на нештата.
Првото вапцано јајце е посветено на Христос и се чува во текот на целата година.И добро би било да не се расфрла. Не ради традиции. Другите јајца посекако ги јадеме и ги фрламе лушпите. Јајцето претставува живот, а црвената боја ја симболизира пролеаната крв Христова, затоа и вапцуваме нели не бидејќи ни текнало туку така.
Што коментар имаш за борбата на куп свештеници против народните македонски обичаи, како на пример кршењето на паричка за бадник, носењето на мартеници и слично. Нели со таквото "забранување" на обичаите го оддалечуваат народот од верата и го извитоперуваат христијанството? Од самите корени и почетокот на ширењето на христијанството низ Европа истото се обидувало да ги смести своите празници блиску до паганските и празнувањата да ги направи слични со паганските за да бидат полесно прифатени од народот. Неколку примери се и бојосувањето јајца, и ритуали како св. Луција во Шведска. По толку години борба за "асимилација" на населението во христијанската вера имаме надмоќ, арогантност и борба против традицијата. Кому му е тоа на штета?
Ај вака да се убацам ко џокер у покер ама ми фати око делов, па ако имаш време да ми објасниш. Сакав да те прашам што подразбираш под чистота? И што девственоста негова им значи на верниците или пак на религијата генерално?
Борбата против обичаите и најголемата глупост, што ја прават некои свештеници. Искрено, зарем има нешто посмешно од тоа теолози да се расправаат дали паре се става на Василица или Божик? Христос за тоа не дојде во светот. Обичаите се потребни, не се неопходни, но се убави! Често на свештиниците директно им велам, оставете ги обичаите на бабите. Со право се лутите кога ви се мешаат во теологијата, ама и вие не треба да им се мешате во адетите.
Ние како Христијани сме должни да Го следиме Христа во се'. Тој е нашето се'. И затоа во се' треба да го следиме Неговиот пример. Девственоста и чистотата се најголемите добродетели, за оние кои не се во брак, нешто највозвишено, затоа што ние се спротивставуваме на уживањето, кое го побарува теелото, само од љљубов кон Бога. Оние кои се во брак, најголема добродетел им е да ја чуваат и умножуваат брачната љубов и доколку имаат деца да ги одгледуваат и воспитуваат во Христијанската наука и добродетели. Се извинувам за дуплото мислење.