Една од седумте Свети тајни.Молитви за телесно и душевно здравје,преку кои се осветува маслото,па се врши миропомазание. Обредот го изведуваат седум свештеници,но и не мора,може дури и еден. Подетално, @Orthophill
Ако треба да го следиме Христос во се, треба да правиме тоа што Он правел и што оставил аманет како и што да правиме по неговото вознесување. Он не палел сфеќи, не се молел на сфетци и пророци што биле пред него, не правел никакви обичаи што биле слични на паганските. Многу е јасно што правел и што треба денес ние да правиме. Да го запознаеме Него барајќи онаму каде што можеме да го најдеме, а не во обичаите.
Во детали не можеме и не треба да тврдиме па затоа напишав „горе-долу„ односно отприлика. Општо земено кажано е следното: „Земјата е место за отплаќање за душите во земно тело. Сега се многумина од тие некогашни лицемери повторно во телесна обвивка, како би ги продолжиле своите интриги против Мене, Христос, ... Терани од честољубие, моќ и заблуда, овие души наново се враќаат во земно тело, како наново би започнале таму каде што запреле, кога ги стигнала земната смрт. ... „ Христос во „Ова е Мојата Реч - Алфа и Омега„ гл.60 „Она што некогаш било и денес и присутно! Лозјето е светот; во него свештениците сè уште мислат дека можат да одредуваат. ... Спознајте: секогаш тоа се истите - безбожници, свештениците, писмопознавачите и фарисеите - кои им судат на оние мажи и жени кои Бог ги испратил. Сиот напор на безбожниците е во тоа да ја замолкнат вистината. ... „ Христос во „Ова е Мојата Реч - Алфа и Омега„ гл.68
Ако е така, тогаш не ми е јасно за мене. Јас сепак мислам дека не зависи од нас каде ќе се родиме повторно.
Па добро, не зависи во смисла на „музичка„ желба јас сакам во Канада да се родам, таа сакала во Македонија, оној на Гренланд... но зависи во смисла од збирот на нашите добри и лоши страни како и од она кое што искрено душата ја влече како магнет. Тоа не значи дека на душата нужно ќе ѝ се остварат желбите туку дека таа ќе се најде меѓу оние луѓе и околности со кои има некаква заедничка задача или нешто нерасчистено или комбинација на тие работи. Во законот на сеидба и жетва има безброј нијанси, па затоа ние кои тие работи не ги гледаме, не можеме да зборуваме во детали кога се поединци во прашање.
Сите можат,бидејќи освен за здравје и за простување на гревовите се пристапува. Се носи масло и брашно како дар,а се добива осветено масло и брашно на крајот од службата. Истото се користи дома за здравје на домашните. Во обично брашно се става по малку од осветеното брашно и масло и се меси леб,на пример.
Дали е грев да крадеш од крадец? Дали кога умираме одиме директно во рај и пекол или го чекаме судниот ден кога Исус ќе дојде ќе ги стане и мртвите и ќе се одлучи кој е за каде...или не е ни првото ни второто?
Второто е, дефинитивно. Ама црквата мудро молчи околу тоа, а луѓето ги мрзи да прочитаат што вели Светото Писмо.
1. Ако си го враќаш своето не е, ако крадеш туѓо е. 2. После смртта на 40. ден има привремен суд, а после Второто Христово Пришествие, има конечен суд.
Зошто привремен суд, ако има конечен. Дали нешто може да се смени. И каде пишува за тој привремен суд?
Во книгите макавејски има дека може да се смени. Инаку зошто Јуда Макавеј би принесувал жртва за тие што умреле со идоли в џеб? Затоа што Бог е жив и душата е жива и мора негде да се наоѓа до второто Христово Пришествие.
Макавејските книги не се каконски. Тоа е спротивно на она што Исус учел. И Бог е исти вчера, денес и утре, не се менува и зборовите негови, и законите. Човекот може да се спаси додека е жив, умре ли, завршена е приказната за него.
Макавејските книги се законски. Ако на Лутер му текнало, дека не се, Црквата ги признала 15 века пред него. Нека ви завршува вам прикаската, на Христијаните (Православни, Римокатолици, Ерменци, Копти, Сиријци, Етиопјани итн.) не завршува.
За тие што постат знам дека важи дека не смееш да имаш мисли за секс, да имаш секс, ниту па помисла да имаш за спротивниот пол. Баш вчера правев муабет со една другарка, пример ако спиеш со дечкото претходната вечер, сабалје, односно во текот на денот не смеело да се оди во црква,манастир особено не, за големи празници. А, при тоа не постиш. Колку е ова точно?
Брачното полово општење е благословено секогаш. Макаршто на пример оваа седмица е добро да се воздржуваат брачните другари. Вонбрачното полово општење е недозволено. Според канонското право таквите, ако не се во брак, 7 години не смеат да се причестат, и 2 години стојат пред црква. Оние кои се дечковци и девојки најдобро да не одат в црква откако имале односи барем неколку дена. Оние кои имаат противприроден устен блуд, барем 40 дена нека не ги целиваат иконите.
Дојдов баш за ова да прашам. И јас знам дека за парови венчани во црква не е забрането,но ми се запнаа било за време на пост , небитно дали Велигденските, божиќните итн , па ме замисли...