Крштевање и миропомазание. Во Православната Црква се извршуваат заедно, а кај римокатолиците миропомазанието се извршува кога детето ќе потпорасне и ќе го изучи катехизисот. Тогаш добиваат и првпат света Причест.
Нема ваква информација во житијата и историските записи. Се знае само, дека Пилат бил казнет од императорот Тивериј. Не само поради Христос, туку и други глупости правел.
Благодарам. Ама мене повеќе ме интересираше таа, затоа што прочитав дека во православната црква има статус на светица (?) Во западните традиции се верува дека била ќерка на императорот, но католичката црква не ја смета за светица, бидејќи постојат толкувања дека кога го убедувала Пилат да не го осудува Христос, всушност ѓаволот дејствувал не сакајќи жртвата да се случи....и ме изненадија сите податоци
Да во Православната Црква има статус на светица. Ѓаволот тогаш не ни бил свесен дека Христос ќе го разруши адот. Така што се радувал што Христос ќе погине.
Нема кај да го сместам прашањево, овде ќе го поставам. Зошто свештениве лица (попови, владици, оџи, бискупи) кои користат услуги од државата (школување, превоз и сл) како и сите останати и притоа поседуваат огромен возен парк и недвижности и никој од нив не плаќа данок или други обврзни трошкови.. Нелим Македонија е секуларна држава?
На рашко и заев да не им фалат пари? Милиони нудат да излезат од затвор ама вам ви смета свештеник што купил џип... Не дека тоа е океј, не е океј посебно од религиска гледна точка ама барем не ги украл парите туку народот доброволно ги остава во црква. Овие другиве се богатат додека народ нема леб да јаде. А данок за имот сите плаќаат не се секирај. Додека свештеникот се школувал тој не бил свештеник туку ученик па така неговите плаќале данок како и нашите денес. За имот данок знам дека стига кај сите. без разлика кој на која функција е. За превозни средства данок некој посебен не се плаќа освен кога правиш регистрација , поминуваш патарини и слично, тоа е данокот всушност.. Зошто тие би имале некој посебен данок само затоа што се свештеници еве појма немам.
Интересно прашање, ама на погрешно место поставено. Обратете се во министерство за финансии. Истовремено прашајте ги, зошто свештениците не можат да се осигураат на плата повисока од минималната.
Мислиш дека само од тоа шо оставаме пари во црква се богатат? Немој жити се, не знаеш што се работи. Попојве, оџиве а посебно владиките раководат со бизниси и трговија, бизнисмени станаа, огромни бизниси се вртат. Тој владиката од Струмица станал ортак со Заев за производство на марихуана.
Ако станал ортак со заеви тогаш кому да плаќа данок? И сам индиректно кажуваш дека свештениците се плеткаат со политичари кои се на власт и бараш да плаќаат данок. Кому да плаќаат? Чаир и Бит Пазар наликуваат на исламистичко гето од Саудиска Арабија па никоме ништа никој не се буни. Бараш некој да плаќа данок на свој ортак. Нема логика.
Само што се будам од парализа во сон, полошо, амин! А бе иде некој и ми ја граба косава и ме мава од кревет, викам јас по мајка ми. Се гушам, слушам гласови, полудувам реков, едвај се разбудив.... Со уста отворена Прашањето : Како на ова гледа религијата? И до кога е рокот на употреба на Светата Вода што ја земаме од Црква? Од уплав сега се напив, измив и испрскав, а водава е од 2018,сосем случајно ја најдов.. Сега ќе пробам Библија малку оти нз шо ми се случи.....
Водата крстена нема рок на употреба. Читајте од светото Евангелие според св. апостол и евангелист Јован. За време на вакви напади, ако се од демонско потекло, кажувајте ја Отче наш, Богородице Дево и Господи Иисусе Христе Сине и Слове Божји, помилуј ме грешната!
Парализата во сон ја објаснуваат како психолошка појава, не дека има врска со демони. Иако, кога ни се случува, најчесто гледаме баш некои сенки и чудни работи. Како и да е, откако почнав да постам, да се причестувам, се исповедав и сменив начин на живот, од тогаш ниту еднаш ни ми се повторила парализа во сон. Некогаш само молитва не е доволно. Живот со гревови, посебно блудства, си носи последици. @GirlLove
Oва последново ти е најпаметно. И ќе откриеш многу (старо) нови нешта, имаш можност ако со искрено срце читаш да го запознаеш и Христос (Неговиот карактер). И никаде нема да сретнеш ни света ни несвета вода, ни молење на на Марија ни на кој било светец, освен само на живиот Бог (особено во Новиот завет). А во сон, ако се работи за парализа или демони само спомнете го името на Хрстос и барајте помош од Него (го имам слушано од искуства на познаници). Нема потреба а и време во тие моменти за офоцијални или формулирани молитви. Молитвата треба да доаѓа од срцето за суштинските наши потреби, барања и заблагодарувања.
Мене буквално ме гушеше во сон, полусон како да кажам. И не ми оставаше да зборувам, слушав гласови бе. И стварно откако попрскав, ај демек помирен сон. И седатив се напив ни помирен сон ни апче. Знам дека носев икони и крст. И така успеав некако да се разбудам. Инаку цело време бев со отворена уста и низ уста дишев, разбуди се и одма нешто гледам и пак нешто ме удри да заспијам..... Нз што да напрам во теков на денов... Освен да се исплачам
Исплачи се, и потоа биди храбра пак. Не се занимавај ни никакви мистични работи, свети води, икони, светци...се се тоа отварање на вратите на демоните. Во Библијата никаде нема да сретнеш такви работи, туку напротив. А Библијата, особено Новиот завет е изворното христијанство и изворното знаење на Бог. Биди само искрена и барај Тој да те заштини и верувај...надевај се и верувај.
Колку сака да изгледа без веза, кога имам парализа во сон, ја кажувам „Оче Наш“ и ми попушта одма, исто до глава чувам светена вода, и ќе се измијам, или само ќе ја допрам. Имам мало дете, често е вознемирено, па знам да запалам и зрно темјан и да ја поминам куќава. Симболичен ми е твојов пост, дека најчесто парализа во сон се случува измеѓу 03:00 и 03:30 по полноќ. Таа РЕМ фаза е најдлабока, и највивидните сонови се случуваат тогаш, па мозокот ги „исклучува“ рацете и нозете, за на е заминеш низ врата заспана Крстена вода нема рок на траење