Искрено 2 пати ме давеле во сон. Првиот пат никогаш нема да заборавам со колкава омраза ме давеше човекот (сериозно во живот немам почуствувано нешо такво) знам дека бев мнг беспомошна...Вториот пат исто давење само овој пат се сетив во сон да го повикам Исус, и толку од кошмарот.
@GirlLove Нема поврзаност со демони и не е ништо опасно. Секој човек ќе доживее парализа во сон барем еднаш во животот. Најчесто се јавува кога си многу изморена, кога немаш спиено како што треба некое време и слично. Може и поради стрес да биде, а мислам еднаш прочитав дека почесто се јавува ако спиеш на грб. Не е воопшто опасно, само треба да помислиш на нешто смирувачко и ќе се разбудиш. Може тоа е да Исус, може ливада, плажа со бранови, што и да е, ќе проработи. Халуцинациите што ги гледаш се само тоа, халуцинации. Може и да осетиш дека некој те дави, дека лежи врз тебе, ама треба да знаеш во тој момент дека сè е тоа фабрикувано од мозокот и трае само неколку секунди.
Значи оваа тема не е за догмите ни на Православната Црква, ни на протестантските заедници. Не мора во секој миг да бидеме прозелити. Зошто да плачеш? Мислам дека советот на @Bitter-Sweet исто така е многу добар. Би те посоветувал да го послушаш. Но, сепак можеби е само од премор. Како и да е, немој да се вознемируваш или пак премногу да се преоптоваруваш со таквите проблеми.
@Orthophill анксиозна сум, депресивна и под контрола на психијатар и психолог. Во последно време имам, да, стрес, останав без работа и сега најдов, но, морам да чекам, прашање на време е и луѓе дали ќе биде работава или не. Често плачам.
@GirlLove, не заспивај на грб. Легнувај си странично или на стомак.
Се извинувам, не ја знаев целосно твојата состојба. Те разбирам, дека ти е претешко. Ако плачењето ти помага плачи си. Штом примаш помош од стручни лица, јас повеќе немам што да те советувам. Тие знаат подобро од мене, но само би те замолил да се молиш кога можеш и да читаш барем по малку од Светото Писмо.
Ова е и физички. Буквално вака легнувам : Рамениците нагоре главата свиткана надолу, како во грч и ми се случува некогаш да напокријам целосно дури и кај носот да сум покриена. Најчесто пред легнување пељвсм јога истегнувања и ми е мн подобро, специјално за upper back and sholders
Мене само еднаш ми се деси парализа во сон, спиев на грб без перница. Оттогаш внимавам како заспивам и не се повтори.
Дали во новиот завет некаде пишува дека жената треба да оди со покриена глава? Обично кога одам у црква гледам постари, а се повеќе и баеѓи помлади жени и девојки како носат вел на главата, а повеќето жени се само пристојно облечени. Ме интересира дали е само традиција стекната со генерации или има ндкоја примена?
Ме интересира друго сега.... Пример имаш сексуален однос вечерта. Тука ми кажаа дека не смее да се оди во црква, манастир неколку дена после односот. Е сега Дали смееме да читаме Библија, псалами, да си кажуваме молитви? Дали смееме да почадиме со темјан, да се напијаме Света Вода, да се на мачкаме свето масло? Мислам дека треба да отвориме посебна тема за сексот и Црквата. Поздрав.
Во Новиот Завет, во Првото послание до Коринтјаните глава 11 стихови 4-10 Павле (наводно) напишал: 4. Секој маж, кој се моли или пророкува со покриена глава, ја срамоти својата глава; 5. а, пак, секоја жена, која се моли или пророкува гологлава, ја срамоти главата своја, зашто тоа е исто како да е истрижена. 6. Ако жената не сака да се покрива, тогаш нека се стриже; ако, пак, е грдо за жена да се стриже или бричи, тогаш нека се покрива. 7. И така, мажот не треба да ја покрива главата своја, зашто е образ и слава Божја, а жената е слава на мажот. 8. Зашто не е мажот од жената, туку жената од мажот; 9. и мажот не е создаден за жената, туку жената за мажот. 10. Затоа жената треба да има на главата свој знак од власта на мажот над неа поради ангелите. Интересно што Исус од Назарет никаде не спомнувал такви (за мене духовно неприфатливи и не фер) обичаи, туку тие во голем дел произлегуваат од перото на Павле (или можеби некој што го напишал тоа во негово име). Како што вели самиот наслов: „Библија„ таа е само збирка на различни книги од различни автори. Некои од нив биле божји вистинити пророци, а некои очигледно женомрзци кои ги интелектуализирале своите извитоперени погледи врз женското битие наметнувајќи правила кои немаат допир со изворното Христово учење.
Можеби ова по напишал бидејќи долго пред Исус жените во тие предели ги покривале своите глави, па ова е на некој начин објаснување зошто таа долговековна традиција постоела, бидејќи нели го ширел Христијанството во Европа?
Слушав еднаш одамна некој како збори за ова. Мислам дека тоа за во манастир е точно not sure ама ништо за читање Библија.
Апостолите со благослов на Исус продолжиле да го шират христијанството. Не за џабе Исус им рекол да го поучуваат народот. Не можам да го најдам точниот цитат, но верувам ја познаваш Библијата и знаеш дека има таков стих. Значи, делата на апостолите му биле по волја штом нив им предал таква задача. Каде што заминал тој, таму продолжиле тие. Па сега, зависи ти во што веруваш...
Mејнстрим христијанството учи дека Христос му се појавил на Савле/Павле, т.е. Павле имал видување и со тоа се променил целиот негов живот и мисија.
Да, така е запишано во Библијата. Но во контекст на прашањето, дали тоа навистина така се одиграло? Ако да, зошто тогаш Павле имал поинаков однос во своето учење кон жените? Она што го дознаваме за Исус од евангелијата е дека тој имал коректен и рамноправен однос кон спротивниот пол. Разговарал со нив, вечерал, им помагал, исцелувал и не спомнувал за тоа како треба тие да се облекуваат. Сега, доколку на Павле навистина му се појавил Христос во видението тогаш тој не можел поинаку да го подучува од она што Христос додека чекорел како Исус од Назарет на земјава го правел и подучува. Тоа видение или не било Христос, или Павле не го послушал Христос или пак некој се потпишал како Павле во неговите посланија (што била неретка практика во антиката да напишеш текст во туѓо име).
Абе така имам слушнато. Демек ако сте имале секс и не сте се истуширале не смеело да се влезе во црква. Зарем никогаш не ти се случило набрзина и да не се истушираш после секс?