Библија може секогаш да читаме. Всушност и одговорите на останатите прашања ќе ги составиш ако ја читаш Библијата.
Во Библијата исто така Исус вели дека нема да промени ниту збор од Стариот Завет, а Стариот Завет содржи мноштво забрани и ограничувања, не исклучувајќи ја облеката. Така да, не се труди да поентираш зашто не можеш крајот да го најдеш. Твое право е, но денеска сите сме комотни да ги критикуваме тие тогаш. Да си живеел на времето, мислам дека немало да бидеш многу поразличен од нив. Јас верувам дека нештата се променија многу подоцна, оти така е промислено. Колку е промислата фер и дали ми се допаѓа, не навлегувам. Друг пат.
Не рекол дека нема да промени ниту збор од Старио Завет, туку од Законот. Прашањето е што е законот? Дали сите оние прописи кои ги составило тогашното свештенство или се мислело на Законот - заповедите примени преку Мојсеј - Десетте Заповеди? Свештеничкиот сталеж му ставил бројни зборови во уста на Божјиот пророк Мојсеј, но Исус го рехабилитирал и укажал на разликите помеѓу фалсификатот на оние кои се представуваа како Божји посредници (свештенството) и вистината објавена преку пророците. На пр. „Слушнавте дека било кажано..... но Јас ви велам.....„
Нормално дека не ги употребил истите зборови, затоа што во тоа време кога Исус одел по земјата, стариот завет не бил нарекуван стар завет Називот е искован во н.е. Ти секогаш убедено пишуваш што било од Бог, што од Мојсеј, од Исус или од свештениците.... јас не бев присутна да ги видам и чујам и не ви земам ништо здраво за готово. Впрочем, јас главно верувам дека се е од Бог, и добро и зло, и тоа е мое право во кое не сакам да се задира и да ми се наметнува туѓо верување. Кажав дека со христијанска теологија не се излегува на крај, одамна се усовршени и на секое "зошто" имаат "затоа", но само продолжи да ги доведуваш во прашање црковните канони, ко да ќе се стигне некаде. Whatever floats your boat.
Ниту јас, или барем не во овој живот. Но постоеле и постојат луѓе кои имаат увид во оние други светови од онаа страна на материјата, разни мистичари и божји пророци преку кои Христос и небесниот божествен свет се објавуваат и ги разјаснуваат нештата. Секако, наш слободен избор е дали ќе прифатиме во тоа да веруваме или не, и дали ќе живееме според тоа.
Yeah, yeah, спомнати се и лажните пророци кои ќе се појават. Така да, сеедно кој во што верува. Јас верувам дека не правиме слободен избор, дури и кога мислиме дека го правиме. Нема вистински слободна волја, сите сме како во компјутерски програм.
Па дека во нашето тело постои присуството на светиот дух (затоа е божји храм)и дека не треба да се водиме по телесните потреби. Колку повеќе ги исполнуваме наши страсти и телесни желби/смртни гревови толку повеќе се водиме според нашата пропадната природа-го загадуваме божјиот храм и со тоа се одалечуваме од Исус и не сме исполнети со светиот дух
Не биди буквалист, сексот е прекрасна работа кога имате длабока љубов и сте во брак. Знаеш што вика библијата за сексот така да Страстите по тело се блудност, разврат, гордост, прејадување, мрзеливост итн итн Духот чист и телото ќе биде чисто и храмот свет
Да објаснам дека кажаново се однесува за девојки кои подржуваат абортус и да можеш се да имаш...за жени кои не можат да родат можат да посвојат Нормално се вознемиривте....
А јас мислев погрешно го тумачам Fertility is a gift. Јбг, нефертилните во некоја наредна прилика ќе добијат поклон.