Ако де, не го менува зборот дека бременоста е подарок од бога. Зошто стерилните жени да не добијат подарок, а сакаат ?
Fertilty is a gift баш зашто не секоја особено во денешно време може лесно да забремени и плус зашто многу ја земаат плодноста здраво за готово. Не е нешто тешко да се разбере реченицава
Не е, тој никогаш не нанесува зло и секогаш страда заедно со сите негови смртни чеда. Ако сакаш повеќе да разбереш пиши ми пораче ќе ти пратам материјали и видеа за гледање и не е тешко да се дог. средба со свештено лице за да ти се одговори на кажаново. Ако си сигурен во своите убедувања и со потсмев пишуваш тогаш nothing i can do...
Господ ги знае нашите срца, ги знае и нашите мисли поранешни, сегашни и идни. Се` што нам ни се чини лошо, на подолг план е добро! Од кај да знаеме, што ќе се случи ако сите живееме во изобилство? Дали тоа на сите ќе ни годи? Од каде ние знаеме што би направиле во иднина сите оние деца кои сега страдаат, кога не би страдале? Господ знае, за разлика од нас!
Немаштијата и стравот од неа се причинители за повеќето зла. Мнозинството луѓе би биле сосема коректни при задоволителни услови за живот и дадена рамноправност во сите сфери. Јас за многу нешта во промислата и дизајнот верувам дека се нефер.
Значи ѓаволот ги прави сите неволји, а господ е беспомошен зс да ги спречи? Како на долгорочен план е добро да се роди бебе со тешка срцева мана или пак тригодишно дете да заболи од малигна болест?
Веќе самото тоа ти укажува дека нема промисла, туку слободна волја. Да беше се дел од некаква промисла како што напиша во еден претходен коментар, тогаш не би бил напишан овој сега цитираниов.
Јас не знам зошто луѓето мислат дека постојат за да бидат среќни и задоволни и дека за сите треба добри околности и среќен крај... Како со самото наше доаѓање на оваа планета треба и мора да ни бидат загарандитрани и овозможени одредени работи... Зошто? Бидејќи Бог не дал тука, и со тоа МОРА некои работи да ни даде зошто ние така мислиме? и не смее други работи да ни земе зошто ние така мислиме и има смисла во нашата логика? Прочитајте погоре, луѓево мислат дека секоја жена треба да е плодна доколку не е Бог е лош и има одземено одредено *право*, исто и сега оправдување за деца кои умираат од..... исто така Бог е лош и види што им прави на невини деца... Овој начин на размислување и проектирање е мнг навиен..уште понаивно ѓаволот ги правел сите лоши работи а Бог не може да го спречи?... Луѓе значи не станува збор да се објаснуваме цело време, ако сакате да ја сознаете христијанската вера треба да се потрудите а не да имате базирано мислења поради ваши внатрешни верувања, чуства... Секако искуството наше животно ни ги обликува верувањата, ама да и дадеме шанси на христијанската вера да ни покаже работи во поинакво светло. Значи исто како мене, ќе мора да почнете од некаде, читајте ја библијата, гледајте документарци, учете за значењето на нашите празници, посетете црква, литургија, барајте разговор со свештеник поврзете се со луѓе кои се верници.... е дури тогаш ќе добивате одговори на вашите прашања...вака на форум сите со своите убедувања ќе се туркате... Нашето присуство тука на земјава е подарок, ова е нашиот единствен живот тука, во какви услови сме дојдени и во какво семејство тоа не можеме да бираме. Што ни е дадено, а што одземено исто така немаме збор. Но ништо не е случајно, ние сме создадени совршени и целиот товар што ни е даден можеме да го издржиме бидејќи Господ никогаш не би ни дал нешто што не можеме да го издржиме. Да се разбереме, Господ дава и зема работи поради мнг мнг фактори, неговата мудрост е бескрајна и мнг работи кои ги НЕМАМЕ се за наше добро, исто и мнг работи кои имаме. За други работи кои ги сакаме (или не сакаме да ги имаме) треба да се потрудиме и никогаш да не ја изгубиме вербата во Бога.Тука е нашата слободна волја, Бог не не принудува да веруваме во него ниту пак да го градиме нашиот живот по некоја морална и религиозна структура..Имаме дух да посегнеме по работи кои ги сакаме но на какво начин и поради која причина, тоа е нашата слободна волја, имаме ИЗБОР секогаш! Имате бескрајно мнг приказни во библијата на оваа тема, најголемиот владетел Соломон му беше дадено се од Бога и сепак направи смртен грев и мораше да плати, се покаја и заврши таа приказна... Значи иако сите сме создадени совршени, нашата природа БЕЗ БОГА е мнг проклета, така да и најголемите светители имаат паднато пред Бог... За деца, невини и чисти кои страдаат, тие први ќе влезат во Божјото царство и нивното место во рајот е загарантирано..Невини деца кои светот не ги извалкал, чија душа останала кристално чиста имаат посебна приврзаност кон Господ... Можеби Бог знае какво страдање ги чека во нивните подоцнежни години, па сака да им го понуди неговто царство сега? Не значи дека ако живееш долго, ќе живееш добро и убаво и дека даровите од овој свет ќе те исполнат! Е сега направете споредба со вас, каква е вашата душа, што ве чека? каква смрт? Замислете какви моменти ВАС ве чекаат при самиот крај... Зошто Господ ги казнува побрзо добрите луѓе за направено зло, отколку лошите? Бидејќи се ДОБРИ, сака што е можно побрзо да ги исправи од скршениот пат, сака да ги потсети на нивната света душа..А за лошите луѓе кои живеат во грев и прават зло, нивниот пат е поинаков. Бог не ги напушта но тие одамна го напуштиле, затоа и кога се труди да ги исправи тие се толку далеку од него што казната не ја ни разбираат ниту почитуваат, нивниот ум е толку испревртен што знаат да ја *заобиколат*...Нивниот пат е поинаков и како ќе си ги платат гревовите е различно од останатите. И мнг слични вакви прашања..... Долг пост, но ете некое мислење. Имам уште а зборување но долги постови се премнг. Стварно ви препорачувам сами да си истражите ако реално ве интересира.