Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сè што сакате да знаете во врска со религија

Дискусија во 'Религија' започната од AdoLf, 14 јуни 2011.

  1. asdas

    asdas Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    1.034
    Допаѓања:
    1.958
    Ако на децата кои умираат рано им претстои лош живот зошто воопшто господ дозволил да се родат?
     
    На Just.do.it и WildMk им се допаѓа ова.
  2. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.736
    Допаѓања:
    9.260
    Пол:
    Женски
    Затоа што добрите околности т.е. здравјето, знаењето, рамноправноста, чувството на среќа и реализираност, се предуслови човекот да биде дoбар кон останатите наместо да им ги загорчува животите. Секој се претвора во она што го гледа околу себе, многу е јасно.
    А пак да се биде праведен човек, добар спрема другите на Земјата, беше условот да се наследи Божјото Царство, така? И кај гледаш тука слободна волја при правење избор, кога познато е дека секоја личност ја обликуваат искуствата?

    Нели христијанството најпрво учи на еднаквост помеѓу ситe луѓе, како и сите да си помагаат меѓу себе, да се грижат едни за други, сега ти сосема спротивно пишуваш, ако некој страда, друг живее поубаво, така требало и Господ така сака. Па во тоа нема добрина, туку испаѓа дека луѓето се заморчиња кој колку и што би издржал и како би се однесувал. А ако Бог е сезнаен, нема потреба да врши опити за да се увери во нешто, ама ете да ја оправда одлуката зошто сака некого да фрли во пеколот, ќе рече "во искушенијата овој човек покажа дека не вреди". А Семоќниот Бог нели можел тој човек да го направи поинаков?

    И дали ти се трудиш да ги сфатиш ставовите на другите, или само сакаш другите да ги читаат твоите лични убедувања кои ги црпиш од православните догми и да се согласат? Сме се туркале на форум секој со своето.... Епа за да си напишеме мислења го користиме форумот, незнаметеизвини.
     
    На WildMk, asdas, Bezimenka90 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. KittyAgnes

    KittyAgnes Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2021
    Пораки:
    906
    Допаѓања:
    1.360
    Пол:
    Женски
    Па пишав погоре за слободна волја...и не се претвара секој во она што го гледа околу себе, не е така... искрено не се сложувам со тебе погоре, без разлика на нашите услови ние треба да бидеме добри едни со други,но вие мислите поинаку ок

    Тоа што го пишав е поинаку кажано а гледам 10то е разбрано. Ако некој страда друг живее поубаво така треба итн.. не го кажав тоа,концептот е дека не треба горделиво да бараме и да очекуваме работи се заради тоа што сме тука, тука некои работи даде прифатат а други да се променат заедно со Божја милост и верба. Исто така дека страдањето е дел од нашиот паднат свет. Не пишав едни вака други онака.

    Не сакам да наметнувам, те разбирам мнг подобро отколку што мислиш!
    Поентата ми беше да се истражи верата поубаво

    Секое добро.
     
    На sonuvana му/ѝ се допаѓа ова.
  4. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.270
    Допаѓања:
    2.799
    Пол:
    Женски
    Зарем не познаваш луѓе кои имаат се ,а сепак се зли....или предобри и ведри луѓе , кои живеат во страшни услови?
    Избор е тоа, одлука.
    Духовна борба ,некогаш свесна, некогаш вродена.
    Многу е битна и генетиката.
    А и не може да ни биде се јасно....учење треба.
     
    На Elenpelen, Peanut Butter и KittyAgnes им се допаѓа ова.
  5. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.326
    Допаѓања:
    29.121
    Пол:
    Женски
    Ама не е тоа поентата на муабетот. Сите знаеме дека животот не е фер и дека се дешаваат неправди. Ама јасно ни е дека тоа соодветствува на хаотичен свет, во кој среќата и околностите играат најголема улога, а не на свет кој бил плански создаден од страна на милостив креатор. Тоа нема смисла. Светот во кој живееме му одговара на хаос и на randomness. Луѓето се револтирани не бидејќи животот е суров, тоа е old news, туку бидејќи верниците тврдат дека има некаков ред и правда во сето тоа, а тоа е прилично храбро и непромислено тврдење.
     
    На Amellie13, S.W.A.G, WildMk и 4 други им се допаѓа ова.
  6. KittyAgnes

    KittyAgnes Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2021
    Пораки:
    906
    Допаѓања:
    1.360
    Пол:
    Женски
    Тоа дека е непромислено тврдење е твое мислење. Те прочитав убаво и те разбирам. како што пишав кој сака да навлезе и да побара одговори има начини да и се доближи на верата. Убаво пишав поинаков поглед на работите. Можеби среќата и околностите се исто така дадени од Бога? Барање на смислата....За вас лично знам дека сте атеист, ви го почитувам кажаното и ве разбирам мнг..
     
    На MarijaMi90 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.815
    Допаѓања:
    17.598
    Пол:
    Женски
    Ама некои страдаат далеку, далеку повеќе од други.
    Како да ја прифати и промени судбината некое гладно дете во Африка на раб на преживување? Викаш тие ќе го наследеле веднаш царството небесно, ама од друга страна мора да верува во Господ за тоа. Од трета страна немало сигурно ни можност да се запознае со тоа верување.
    И од четврта страна зошто ете Господ решил некои да имаат таква судбина, а некои да ги става низ тестови во животот? Судбината одредена е веќе или не е? Имаме слободна волја или не? Баш ме интересираат последниве прашања.
     
    На Amellie13, WildMk, Someonespecial и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. KittyAgnes

    KittyAgnes Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2021
    Пораки:
    906
    Допаѓања:
    1.360
    Пол:
    Женски
    Не сум свештено лице да одговорам на сето ова и искрено не ми е удобно. Имам свои мислења и мнг споделив. Јас сум само бивш спиритуалист, чиј живот бил трансформиран од христијанската вера. Но јас сум пример само за себе!
    Само ве охрабрувам да се приближите кон христијанската вера и на вакви силни прашања да барате одговор. Како што пишав погоре на тоа и би останала
     
    На Зоранчо, MarijaMi90 и sonuvana им се допаѓа ова.
  9. asdas

    asdas Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    1.034
    Допаѓања:
    1.958
    Кога на нешто немаш одговор, одма не сум свештено лице.
     
    На Just.do.it, Аргентина * и lovestoneddd им се допаѓа ова.
  10. KittyAgnes

    KittyAgnes Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2021
    Пораки:
    906
    Допаѓања:
    1.360
    Пол:
    Женски
    зар од мене ќе барате вакви одговори? од некој член во форум? имам мислења но не ми е удобно јас да го послужам како одговор на вакви прашања кога има црква за воведување на религијата и одговарање на вакви теми. Не е толку едноставно и ве охрабрувам сами да си истражите, јас имав вакви слични прашања и одговорите ги побарав во црквата и библијата и би сакала и другите да го имаат истото искуство. Пиши ми приватно ако не си сигурен како да пристапиш..
    Секое добро
     
    На Зоранчо му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.815
    Допаѓања:
    17.598
    Пол:
    Женски
    Зошто да не? Не значи дека ја претставуваш цела религија, ама сигурно имаш некој свој став. Не гледам причина зошто не би го изнела, сепак темава е објаснување како ја сфаќаат религијата верници. Иначе ќе гласеше "Прашај свештеник".

    Во секој случај, во ред. Чим не ти е удобно да одговориш нема потреба.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  12. KittyAgnes

    KittyAgnes Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2021
    Пораки:
    906
    Допаѓања:
    1.360
    Пол:
    Женски
    Па убаво објаснив зошто не би. Едно е да бараш одговори друго е мислење (if you know what I mean:) )..сега можеби членката бара мислење но според мене нејзините прашања заслужуваат поинакво внимание и затоа го пишав тоа што го пишав..
     
    На IRBBB му/ѝ се допаѓа ова.
  13. MarijaMi90

    MarijaMi90 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2020
    Пораки:
    1.599
    Допаѓања:
    19.957
    Пол:
    Женски
    Мислам дека е мн здраво да имаш верба во нешто...да, мн нешта во животот се рандом, но уверена сум дека нашата среќа не се темели на околностите колку на перспективата. Многу луѓе постојано се потсмеваат на тие што се спиритуални, на тие што веруваат во позитивно размислување итн....а уствари среќата навистина се темели на начинот на нашето размислување. Да, има трагедии, не го негирам тоа, но луѓето знаат да се мн несреќни и без нив. Според мене верата значи go with the flow, живеј го моментот, живеј без страв и имај верба дека си дел од нешто поголемо од тебе, имај верба дека ќе биде во ред. Вербата, вистинската вер(б)а може да ти донесе само смиреност. Ништо лошо.

    Мајка ми е верник и е еден од најпозитивните луѓе што ги познавам. Некој може да рече: И што добила од верата? (Зошто реално поминала низ мн искушенија и неповолни ситуации и ден денес мн работи не и се подредени ко што треба). Но, животот е она што се случува измеѓу, не е само случувањата, не е само достигнувањата. Што добила?

    Добила смиреност, чувство на мир, исполнетост, среќа. Сега кога имаше здравствени проблеми сите луѓе околу неа, и поблиски и подалечни направија се што е во нивна моќ да и ја олеснат ситуацијата. Тоа беа ситни, но за мене мн големи гестови. Кои никој не ги побара од нив. Значи на убавото со убаво се враќа.

    Не мора да верувате во Бог. И мене мн често ми е тешко да поверувам во некои теории. Но, никогаш не сум се посомневала дека има нешто што не поврзува сите нас како луѓе, нешто поголемо од нас. Верувајте во тоа што ви служи. И ако на некого верата му служи за да е посреќен не значи дека не е доволно информиран или интелигентен.

    Ако се водите според 10те божји заповеди нема ништо лошо да произлезе од тоа. Тоа е најхристијанското нешто што можете да го направите. Не одењето во црква, постењето итн. Иако според мене нема ништо лошо ни во тоа.

    Но, ако се водите според тие принципи ќе видите дека тоа е се што ни е доволно за да сме среќни.

    П.С. Ајде, за тие што се агностици или атеисти да ги исклучиме првите две, ама останатите осум се сосема океј.
     
    Последна измена: 5 јули 2021
    На KittyAgnes, Ygritte, sonuvana и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.736
    Допаѓања:
    9.260
    Пол:
    Женски
    Стремеж кон еднакви можности, здравје, среќа, е горделивост? На Господ ли му требаат угнетени робови на земјата?

    Не би рекла дека разбираш колку средината го оформува човекот. Ќе мора преку екстремни примери да ти илустрирам.
    Замисли колку е тешко некој педофил или сериски убиец да се вразуми и да се однесува совесно, кога он не научил подобро оти самиот бил изложен на злоставување или потекнува од многу дисфункционална фамилија, што е обично случај со тие луѓе и што ја уништило неговата душевна состојба.
    Јас не ги бранам предаторите, јас можам поради жртвите да ги мразам, но реално, постои причина зошто се такви, а тебе те заслепува донегде привилегираната позиција. Се погодило да израснеш посаглам и настрана од таквите, и си мислиш Господ те чувал. Господ да чува едни, други не, е НЕПРАВДА, сфатила ти или не.

    И намали со врбување посетители во црква. Ми личи дека си нова во православната вера, како дете ентузијастично за Хари Потер филмови и книги кое сака да стане волшебник, така и ти мислиш дека доволно е да живееш христијански според Библија и тебе Бог ќе ти помага да ги промениш работите во твојот живот. Времето ќе покаже дали ќе биде така.

    Тие немаат се. Чувствуваат некој серозен недостаток или претрпеле трауми за кои не знаеш, затоа се такви. Ајде и да не е така (а така е), зошто Бог не ги промени тие луѓе и не ги спаси другите кои треба да ги трпат? Зошто воопшто дозволил да бидат злобни?
    Ги мешаш работите, не значи дека ведар = добар, немаш видено такви кои се смеат смислувајќи каква пакост ќе направат? Но тоа тука не е тема да филозофираме какви карактери има. Не, немам сретнато некој што живее во страшни услови да е среќен, се познава дека тие луѓе носат товар и нивното сигурно не е избор.
    Ама каква духовна борба. Отвори Библија, книга Јов, таму ќе увидиш дека ѓаволот работи за Бог и ништо не прави без негова дозвола. Дури ѓаволот му сугерира кого да малтретираат и Господ го слуша. Така се договорија да го измачуваат Јов за да видат колку е побожен.

    Како може да се верува, а да не се знаат овие работи. Вие слушате само тоа што и одговара на црквата да ви пренесе и друго не постои за вас.

    Па нели веруваш дека Бог ти ја одредува генетиката, сама не ја бираш.
    И зарем душите имаат генетика? :D

    Која беше поентата да се обраќате ако немате одговори? Ете јас се потрудив да ви одговорам се што доведовте во прашање, одвоив време, а вие не сакате да одговорите на ништо.... да сме прашале поп, да ни рече "чудни се патиштата Господови".
     
    Последна измена: 6 јули 2021
    На sonuvana, MissChievous и Bezimenka90 им се допаѓа ова.
  15. KittyAgnes

    KittyAgnes Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2021
    Пораки:
    906
    Допаѓања:
    1.360
    Пол:
    Женски
    Се погодило да израснеш посаглам и настрана од таквите, и си мислиш Господ те чувал. Господ да чува едни, други не, е НЕПРАВДА, сфатила ти или не.

    И намали со врбување посетители во црква. Ми личи дека си нова во православната вера, како дете ентузијастично за Хари Потер филмови и книги кое сака да стане волшебник, така и ти мислиш дека доволно е да живееш христијански според Библија и тебе Бог ќе ти помага да ги промениш работите во твојот живот. Времето ќе покаже дали ќе биде така.
    _-----_----------



    Не го знаеш моето минато, ниту во какви услови сум израснала, ниту што сум поминала.. си направи неколку силни претпоставки за мене и како јас според тебе ги доживувам работите..и пишуваш работи што не ги зборам, не не мислам дека Бог едни а други не...

    Толку имам да кажам, вашето мислење е силно и јасно искажано, ве прочитав и во претходните постови јас пробав да се изразам најдобро што можам..

    и уште една работа, сведок сум што Бог стори со мојот живот и затоа толку страствено зборам и сведок сум како променил и туѓи животи... ова го пишав и претходно...
     
    Последна измена: 6 јули 2021
  16. Peanut Butter

    Peanut Butter Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2021
    Пораки:
    1.930
    Допаѓања:
    17.503
    Пол:
    Женски
    @Аргентина * Велиш стремеж кон среќа? Дефинирај среќа, христијанската религија е многу покомплексна од ако си добар ќе бидеш награден и обратно. За мене среќа е да се има цел повисока од себеси, да се биде благодарен и за добрите и за лошите работи што доаѓаат бидејќи од сѐ има некоја полза, да не се потклекнува на искушенијата, било да се тоа пороци, завист, гордост, осудување. Живеејќи на овој начин фокусот ќе ти биде на вистински значајните работи и пред сѐ на сопственото растење, а не на статусот во општеството и туѓото мислење. Наместо да се бориш за еднакви можности, целата енергија ќе ја вложиш за без оглед на пречките, да го постигнеш тоа што го сакаш и на тој начин никогаш нема да се почувствуваш немоќно. Вербата во Бог е и верба во себе, верба дека и во најтешките моменти Бог ти е потпора. На некој начин, самата верба ти дава моќ. Тешко е да се дискутира на оваа тема, но се обидувам да доловам што претставува религијата за еден верник.
     
  17. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.736
    Допаѓања:
    9.260
    Пол:
    Женски
    Тоа го велам и јас погоре. Не ги перцепираш поинаквите искуства, појдуваш од личните и сличните, а тие може да се нешто како Барнумов ефект....

    Има мн луѓе кои биле религиозни и го напуштиле православието, дали за друга религија, дали станале атеисти или агностици. Но нивните мотиви и причини, разлики пред и потоа, нема да ги земеш предвид, зашто не секогаш ќе ти одат во прилог.
    Ова е микс на христијанство со њу ејџ, селф хелп и такви ми ти работи. Од амерички јутуб канали го научи?

    Типичен егоцентризам, не ја регистрирај општата ситуација и како им е на другите, гледај ти за себе да си во синх со универзумот.
     
    Последна измена: 6 јули 2021
    На Bezimenka90 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Peanut Butter

    Peanut Butter Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2021
    Пораки:
    1.930
    Допаѓања:
    17.503
    Пол:
    Женски
    Не го научив од амерички Јутјуб канали, очигледно е дека сакаш само да ги нападнеш религиозните луѓе. Ајде не биди егоцентрична и види зошто луѓе од атеисти станале религиозни, јас на пример, погледни ја и другата страна. Селф хелп моментот го напишав за да ти го доближам филозофскиот момент бидејќи погоре имаш напишано дали на Бог им требаат угнетени робови, а христијанството учи на тоа дека ние не треба да сме робови на сетилните задоволства, тоа е вистинското ропство. Што е среќа, можеш да дефинираш? Одговори ми бидејќи велиш дека луѓето треба да се стремат да бидат среќни. Според ставот кој го имаш имам чувство дека си лута на животот што те довел во некоја подредена положба, извини ако грешам, не ми е намерата да навредам или да изигравам психолог, но дискутираме на тема религија што е тесно поврзано со животна филозофија. Можеби оттаму потекнува твојата омраза кон религијата, дефинитивно не си рамнодушна.
     
    На MarijaMi90 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.815
    Допаѓања:
    17.598
    Пол:
    Женски
    Христијаниве низ сите други теми:

    tenor.gif


    Од очај. Имам видено многу примери. Било во ептен тешки состојби кои успеале да ги пребродат и твердат дека религијата им помогнала. И мило ми е. Се тоа е супер, навидум.
    Иронично 90% од нив потоа стануваат најосудувачките луѓе, полни со омраза.

    Некои луѓе лек бараат во психолози, некои во црквата. И двете нудат решенија, разликата е во тоа од каков аспект ги нудат. Психологот ќе те наведе да работиш на себе, да смениш перцепција и ќе ти покаже механизми како да се справуваш со проблемите. Црквата го прави сличното. И таа нуди нова перспектива на работите, и таа нуди механизми за справување (пример, молитви).
    Разликата е во тоа што црквата има се или ништо пристап. Дали е поттикнат човекот од страв (биди добар или ќе гориш во пеколот) или ете чисто од љубов (ако не си доволно добар нема да одиш во рајот), тој пристап создава притисок. И пак се враќаат на почетната состојба по некое време, само сега со поглед дека светот е злобен и цело време им става сопки и искушенија. Па се обидуваат со осуди да ги променат луѓето околу себе да го следат истиот калап.

    Ете имам видено и ова е моето искуство. Секако има исклучоци и ако некој се пронаоѓа во исклучоците, навистина ми е мило. Без сарказам.

    Инаку тоа и е поентата на @Аргентина * . Вие го гледате само вашиот пример или примери блиски до вас и само од тоа вадите генерални заклучоци. За жал реалноста не е таква.
    Дополнително, ако Господ не тестира тоа значи дека имаме слободна волја да одбереме едно или друго. А штом имаме слободна волја, значи дека судбината не ни е одредена. Сами си ја кроиме.
    Тоа понатаму се коси со тврдењата дека Господ знае низ какви маки ќе поминат (не е одредена судбината), па во вода паѓа тоа дека всушност ги спасува децата што умираат мали.
    И на крај, зошто сите различно ги тестира? Зошто не поминуваме сите низ исти услови за да имаме еднакви шанси да бидеме добри?
     
    На Amellie13, Аргентина *, Lella и 3 други им се допаѓа ова.
  20. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.261
    И јас верувам во 'нешто' што не поврзува сите и цел универзум.
    Природата и нејзините закони.
    За мене тоа е 'Бог'.

    Ама овој 'Бог', нема цел, не е добар ни лош... It just is.
     
    На Someonespecial, MarijaMi90 и EuHenIa им се допаѓа ова.