Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сè што сакате да знаете во врска со религија

Дискусија во 'Религија' започната од AdoLf, 14 јуни 2011.

  1. luvena

    luvena Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2012
    Пораки:
    161
    Допаѓања:
    136
    Ми се плаче што немаме верско образование и мора да се самообразуваме, некои на правилен начин со упатства од духовници, образовани лица, од организирани предавања и слично, а некои лутајки без стручна помош можат да направат опасни грешки. А имаме факултети за богословија со млади образовани луѓе со желба за себедавање со љубов кон сите нас, само да им пријдеме. Имаме и искусни стари духовници, имаме поуки од светите отци. Јас ГО ПОЗДРАВУВАМ ПОСТОЕЊЕТО НА ПРЕМИН ПОРТАЛ, НА ВАКВИТЕ ФОРУМИ КОИ НЕ ПОТТИКНУВААТ НЕКОГАШ И ПООСТРО ДА СЕ РАЗМЕНУВААТ МИСЛЕЊА, ИСКУСТВА И СОЗНАНИЈА.Но друго е да се образуваш во некоја област, па било што да е. Голема, голема е мојата желба да се воведе верско образование за помладите, а за сите други тоа да се организира по желба. Ќе биде многу добро. Јас сум православен верник и многу долго сама сум одела по патот на верата, самообразувајќи се и сакам да кажам дека за некои сознанија и заклучоци ми требале години, а за некои часови. Дури откога најдов духовен отец, почнав да одам на литургии, да анализирам, да истражувам не само што пишува во Библијата и дури кога ги споив сите мои знаења од науката, животот со верата, надежта и љубовта, почнаа да се отвараат портите на правиот пат...
     
    На stylishh, tessie и Mama25 им се допаѓа ова.
  2. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.210
    Допаѓања:
    4.252
    Јас на тоа гледам позитивно - децата се заштитени од конфесионална индоктринација. Западните општества, но и оние источните, генерално земено немаат некои добри искуства со таквиот пристап.

    Сметам дека далеку поголема корист и младината и општеството би имале од психотерапија, на пр. групна (идеално за по училишта) или индивидуална.
    :!: Да внимаваме и да се запрашаме дали е тоа искрена желба и на помладите, дали е тоа желба на родителите... сметам дека не би било во ред образовниот систем да се навраќа на нешто кое се надминало на овие простори во средината на дваесетиот век. Тоа духовно гледано би било голем чекор наназад.

    Новите генерации би требало да се воспитуваат во слободен дух а не во крути верски догми и изучување на мненијата кои низ вековите луѓето (теолозите на пр.) го имале за Бог. Истото мислење го имам и за крутите политички и историски догми (македонците, србите, американците народ најстар, најпаметен, нај нај нај... - егоизам до бесвест).
     
    На mimiiiii и imelda им се допаѓа ова.
  3. Padre

    Padre Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2012
    Пораки:
    57
    Допаѓања:
    37
    Ок, познато е дека семитските религии проповедаат (заповедаат ) живот по секоја цена и самоубиството се смета за еднакво ако не и потешко дело од убиството, па ме интересира помеѓу заповедта:
    "Не убивај"
    и Матеевиот амандман :
    "Ако, на пример, твоето десно око те наведува на грев - извади го и фрли го; подобро е за тебе да загубиш еден орган, одошто целото тело да ти заврши во пеколот. И ако, на пример, твојата десна рака те наведува на грев - отсечи ја и фрли ја; подобро е за тебе да загубиш еден орган, одошто целото тело да ти заврши во пеколот.“

    во случај умот да наведува на грев, што има првенство ?
    (не тролам, навистина ме интересира)
     
  4. kva

    kva Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    345
    Ако може да дообјасниш , не разбирам на што мислиш кога велиш - што има првенство?
    Првенство во однос на што?
     
  5. luvena

    luvena Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2012
    Пораки:
    161
    Допаѓања:
    136
    Мое мислење е дека ако умот те наведува на грев, умот, мозокот, не можеш да го извадиш, да се убиеш туку има милион начини да го смениш начинот на размислување, ако треба и да побараш помош од соодветно лице кое најмногу ќе ти помогне и да не ги наведувам сега тие дали се о верска природа, или наши блиски кои ни посакуваат добро или од стручни психолози и психијатри.Важно е да имаме желба да го победиме гневот и разочарувањето во нас. Релакс!
    А за последното мислење на daylight сакам да кажам дека за мене верата не е исто што со оние кои во историјата казнувале кога некој ќе тврдел декаЗемјата е округла. Сега се нови времиња и се повеќе верата и науката според мене се едно исто, само на различни начини искажани. Има многу интелигентни луѓе , научници кои се повеќе наоѓаат вистини во Библијата, како на пример за настанокот на земјата и еволуцијата, но во Библијата место за милениуми се говори за денови. Дали треба да читаме меѓу редови или не, тоа е друго прашање, како што е и прашањето дали сме настанале од мајмуни. Мислам дека ова е преобемна тема.
    Еве за почеток е за позддравување што во училиштата воведоа во 6. одделение изборни предмети мечу кои и Етика на религиите и Религија.
     
    На tessie, Padre и Mama25 им се допаѓа ова.
  6. Padre

    Padre Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2012
    Пораки:
    57
    Допаѓања:
    37
    Ме интересираше чисто теоретски, бидејќи самоубиството е смртен грев поради кој директно се оди во пеколот, а во евангелието на Матеј се споменува отстранување на органот кој тера на грев, немам намера да се рокам или да оладам билокој,. Во случај кога мозокот тера на самоубиство, а отстранувањето на органот кој тера на грев значи отстранување на мозокот т.е самоубиство , имаме од една страна
    самоубиство -> директна карта за пекол
    а од друга чин кој како последица има смртен грев.
    Па од таму , што има првенство при самоубиство. Душата е осудена на пекол поради чинот, или во судот зема предвид олеснителна околност поради цитатот од Матеј.

    Да, знам , глупо прашање.
    Како што објасни luvena, во таков случај би требало да се побараат други решенија.
     
  7. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.210
    Допаѓања:
    4.252
    Не мислев на тоа дали земјата е округла (впрочем Библијата оди во прилог на таа и други научни изјави) туку за етичката содржина на таа збирка книги, кои освен позитивни аспекти содржат и многу негативни, mimiiii во претходните постови спомна некои од нив.
    Јас во веронауката гледам враќање на конфесионалното влијание врз младината кои се идни творци но и жители на утрешното општеството. Сметам дека на младината и е потребна духовност и практична настава за секојдневниот живот а не религиозност.

    Повеќе пати имам забележано низ автобусите на ЈСП како тинејџери (претежно девојки) се прекрстуваат кога ќе здогледаат црква - тоа е црковен обичај. Низ стара чаршија кога поминувам петок околу пладне гледам не мал број млади со или без долги бради како клањаат на улица бидејќи во џамијата нема место. Претходните години ова не беше случај!!! Тоа укажува дека дел од луѓето поради влијанието на институционализираните вери се вртат кон понадворешнетата религија, наместо да се насочат кон внатре со спознанието дека тие се храм на Светиот Дух, т.е. дека Бог (Алах, Вишну и тн. зависно од која религија се) пребива во нив а не во ашрами, пагоди, џамии и цркви.

    Порано имав видено само 2-3 примери некој јавно да ги практицира обичаите вон верски објект: еднаш македонски хинду посветеник ја мрмореше до бесвест харе рам-харе кришна мантрата на бројаница, а друг пат другарка во основно која пред почетокот на тестот по математика ја изговори неколку пати „Здраво Маријо„ (бидејќи е католик) - тоа тогаш беше мало „чудо„ , а денес тендира да стане речиси нормална глетка, како да сме во Грција, Иран или некоја изразито католичка земја.

    Не ме сфаќајте погрешно, не сум против слобода на вероисповед, но против тоа сум вероисповедувањето да стане задолжително за сите, а преку веронауката постепено низ генерациите може да се постигне токму тоа.
     
  8. luvena

    luvena Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2012
    Пораки:
    161
    Допаѓања:
    136
    Да и јас така мислам, но за разлика од мене, тебе и други кои размислуваат на ваков или сличен современ начин, многумина се за жал длабоко погрешно насочени и затоа мислата ми беше на осовременување на верското образование, спојување со науката и филозофијата и нормално секој има право на избор, што ќе прифати.Лошо е кога нема никакво или погрешно образование или самообразование со опасност од залутување.Не треба а се дозволи времето да не прегази, да останеме необразовани во една многу важна област, затоа што знаеме каде тоа води...
    Издигнувањето на верското образование на ниво кое го бара денешницата, развојот на науката, е неминовно
     
  9. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.696
    Допаѓања:
    10.147
    Пол:
    Машки
    luvena, еве да претпоставиме дека државата би вовела верско образование. Тогаш автоматски ќе се постави прашањето: Какво верско образование ќе треба да им се поучува на децата? Во Македонија има над 20 регистрирани верски заедници кои се еднакви (и мораат да останат еднакви) пред законот. Тоа значи дека во секое училиште би требало да има по еден вероучител од секоја од овие верски заедници. Макар и да има само едно дете кое се чувствува како Јудеист (или родителите му се Јудеисти па сакаат да го образоваат во тоа поле) тогаш тоа би требало да има право на учење на својата вера.
     
  10. luvena

    luvena Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2012
    Пораки:
    161
    Допаѓања:
    136
    Баш тоа сакав и да го поздравам со воведувањето на изборните предмети Етика на религиите и Религија. Тоа според мене дава можост со запознавање на различни религии. Е, КАЈ НАС РОДИТЕЛИТЕ УШТЕ ОД САМОТО РАЃАЊЕ ЈА ОДРЕДУВААТ ВЕРСКАТА ОПРЕДЕЛБА НА НИВНИТЕ ДЕЦА. Јас лично потекнувам од атеистичко семејство и бидејќи сум трето дете ( имам десет години постари брат и сестра близнаци кои многу читаа литература за различните религии) имав можност да проучувам многу за будизмот, за зен-будизмот, за исламот за Исхаистичкиот спор- за појавата и разликите во самата христијанска религија, за заедничкото во сите нив, за разликите, за кабала, итн. Е. ЈАС ЈА ИМАВ СРЕЌАТА И ДА ДОБИВАМ ОБЈАСНУВАЊА.Затоа многу сакам и ја знам полезноста од образованоста во некоја област.И сама ја одбрав својата религија без никој дома да знае, И САМАТА СЕ КРСТЕВ ПОСЛЕ ДВАЕСЕТТАТА ГОДИНА ОД ЖИВОТОТ И ВО ТОЈ МОМЕНТ БЕВ СИГУРНА , КАКО И СЕГА ДЕКА СУМ ГО ОДБРАЛА ВИСТИНСКИОТ ПАТ.Нормално, секогаш со почит ги слушам и учам од другите и ги почитувам, освен што ми е многу жал за оние кои и се поклонуваат на темнината, но тоа е нивни избор и не сакам да имам ништо со нив, освен што сега ги спомнав и толку. Се надевам дека ги доловив моите мисли за образованието, кое треба да биде на високо ниво, отворено за сите и за правото на избор. позд.
     
  11. Mama25

    Mama25 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    1.440
    Допаѓања:
    10.957
    Пол:
    Женски
    Prostete sto pisuvam na latinica ne sum vo moznost da smenam fond. Znam deka imase nekade napisano ama sega nemozam da baram,moze li nekoj da me potseti vadenje na 6 meseci za pocinato lice kako bese,dali moze na denot i nedela dena pokasno,porano vo nedoumica sum? Fala odnapred
     
  12. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.864
    Допаѓања:
    4.575
    Пол:
    Машки
    Само помените до 40. дена (3., 9., 20. и 40. ден) треба да бидат на точниот ден. Останатите помени може да се служат и порано.
     
    На Mama25 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Mama25

    Mama25 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    1.440
    Допаѓања:
    10.957
    Пол:
    Женски
    А покасно не смее , ден -два?
     
  14. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.864
    Допаѓања:
    4.575
    Пол:
    Машки
    За подоцна прашајте си го попот. ;)
    Според мене, важно е да се отслужи поменот, а кога не е толку важно.
     
    На Mama25 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. EMILI1999

    EMILI1999 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 септември 2012
    Пораки:
    377
    Допаѓања:
    52
    Пол:
    Женски
    Ке може некој да ми каже нешто на кратко во врска со страдањата на Јов, од стариот завет? :)
    И за Песна над песните да ми објасни некој јас ја прочитав и јасфатив како љубов помегу двајца вљубени, ама читам дека тоа е љубов помегу Бог и Израел?
     
  16. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.864
    Допаѓања:
    4.575
    Пол:
    Машки
    Два осврти на „Песната над песните“, жалам што се на српски.

    http://www.pravoslavlje.rs/broj/1099-11 ... -epstejna/

    http://www.pouke.org/forum/blog/23/entr ... %BC%D0%B0/

    Книга на Јов

    http://www.preminportal.com.mk/content/view/463/65/
    http://www.manastir-lepavina.org/arhiva ... zi_o_jovu/
     
    На Mama25, hermosa и Serafima им се допаѓа ова.
  17. sweet-star

    sweet-star Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2012
    Пораки:
    1.524
    Допаѓања:
    1.738
    Пол:
    Женски
    Не знам дали прашањево ми е на место,ама ако сака некој да ми одговори кое е значењето на "превртениот крст",што симболизира?Ме заинтересира поради модниот тренд со него. :^)
    [​IMG]
    [​IMG]
     
  18. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.864
    Допаѓања:
    4.575
    Пол:
    Машки
    Разните превртени крстови, крстовите (превртени или не и иконите) како модни детаљи, крстовите (превртени или не и иконите) на гаќи(ова особено ме вознемири!), крстовите (превртени или не) на долниот дел од чевлите, крстовите (превртени или не и иконите) на разни диплиња и теписи, тетовираните крстови(превртени или не и иконите) итн. се само богохулни претстави и сквернавења на овие свети работи.

    Превртен крст или крст тетовиран на стапалата прв пат почнале да користат, поточно да ја сквернат оваа светиња, сатанистите, бидејќи ѓаволот и гревот беа поразени на Крстот. Ѓаволот и неговите слуги до ден денеска не можат да ја преболат загубата што ја добиле на Крстот и затоа сакаат да ги натераат и останатите ако ништо друго да се потсмеваат и да си играат со крстот.
     
    На Mama25, pikolino и sweet-star им се допаѓа ова.
  19. val2

    val2 Активен член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2013
    Пораки:
    48
    Допаѓања:
    3
    Како се викаше светиот храм на протестантите?
     
  20. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.210
    Допаѓања:
    4.252
    Немаат некое посебно име. Кај протестантите има разновидни деноминации, а нивните објекти на собирање ги нарекуваат цркви (Евангелско-Методистичката црква во Скопје) но тие можат да бидат обични сали или куќи (на пр. Евангелската црква во Скопје). Или си мислела на нешто друго?