А ти што им предлагаш на луѓето? Зошто гледам дека цело време им ставаш до знаење на тие што се религиозни и на тој начин си нашле потпора во НИВНИОТ живот колку се во заблуда. Еве кажи ни кој е твојот начин да се справиш со тешките ситуации, моменти итн. ? New Age сра.а..... Да бе, и што? Ако на некого тоа му помага да е посреќен, зошто да не? Тоа е крајната цел, да сме океј сами со себеси. Да си најдеме мир. Па крај краева така и најмногу придонесуваме за доброто на другите.
Другарка ми, ко сестра ми е, која ме воведе во верата, од никаков очај не почна да верува, а ни јас, значи дааалеку од тоа. Ако побараш лек во црква, исто како и психолозиве, ти нуди работа на себе, еве јас 20 години не се враќам на старо, ниту се жалам. Ама работа на себе, не волшебно стапче. И колку само советите на психолозите се идентични на советите на светите отци да знаете, ама буквално исти. Луѓето што работат на себе не се ич осудувачки настроени, обично таков впечаток се добива од оние кои се фалат демек се верници, а се повеќе со некои бабини деветини затруени, суеверни и слично.
1. Осудувањето е нехристијански, 99% од луѓето осудуваат, било да се верници или атеисти. Тешко е да се биде добар, ако си верник не значи дека магично ќе станеш совршен, ниту еден верник не е Исус и сите сме грешници, верници и неверници. 2. Немам ништо против психолог, напротив, сметам дека и тоа како може да помогне. Сум била на психолог, ти си разговарала со свештеник? 99,9% нема да зборува за пеколот, ќе зборува за тебе, за твоите проблеми, за светот околу тебе. 3. Не знам кај сте прочитале дека Господ нѐ тестира и дека сите сме еднакви (во очите на Господ, да). Ова со еднаквоста го нема во Библијата. 4. Тоа што велиш дека луѓето стануваат верници од очај е осудување и ти си иста како и тие кои ги осудуваат атеистите. Тоа е исто како некој што вели дека се станува геј од мода. Во некои случаи дека се станува верник од очај и геј од мода е точно, но другото е генерализирање. 5. За да се зборува на оваа тема треба да се прочита Библија, не сајтови кои ја толкуваат Библијата.
1. Затоа што нивните родители/предци направиле тешки гревови. 2. Затоа што ако тие живеат подолго или живеат подобар живот исто така ќе направат тешки гревови. Кога ќе се соберат 1. и 2. причината е за нивна полза во идното Царство. Нашиот живот на земјава е само подготовка за тоа идно Царство и ништо повеќе. Иако ние, од кои првиот сум јас, многу често го забораваме тоа и живееме, како да не не` чека Судот Божји. Има една убава книшка, се вика „Жетва Господова“ („Жетва Господња“ во оригинал) од св. вл. Николај Охридско-битолски и Жички, ако сакате да Ви се разјасни подобро оваа проблематика, прочитајте си ја. На Интернетов може да се најде на српски јазик.
Каква врска имаат гревовите на родителите со децата? Ова нема смисла. Секој е одговорен за своето однесување. Ако живеат подолго може да направат потешки гревови?! Хахаха Тогаш секој човек може да направи тежок грев. Се поставува прашањето, зашто воопшто живееме ако може да направиме некој страшно тежок грев?! Нема логика ниту смисла.
Нема смисла за Вас, бидејќи Вие не ги знаете срцата и помислите на луѓето! Не знаете, ни што би направиле и зошто би го направиле тоа. Ама, Бог го знае тоа. Тоа е разликата меѓу нас и Бога. Патем Бог е Љубов, ама и Правда!
лол Поради одреден впечаток, ќе замолам доколку иста личност ме цитира од повеќе од еден профил, да престане да го прави тоа и да се задржи само на едниот. Фала. Јас немам омраза кон ниту една религија и не припаѓам на ниту една, не сум била под никаква принуда ни притисок да се приклучам, и така сега сите нив ги користам за црпење информации т.е. ги третирам со должната почит. Но, барам дополнителни одговори, преиспитувам и никогаш од друга страна не наидувам на здрав аргумент. Ќе прашам, што значи тој и тој дел од Библијата, зошто е контрадикторен со овој друг дел, или зошто Црквата имплементирала нешта кои се во спротивност со Библијата, дали сметаат дека е тоа конзистентно, ќутат зашто поим немаат или ќе извртат нешто одоколу и по некое време продолжуваат да проповедаат православие. Рака на срце, некои ќе признаат дека нешто навистина не штима, но повеќето тераат по старо. Додека свештенството е позафатено со бистрење политики, отколку да едуцира по духовни прашања.... но верувам дека би овозможиле одговори уште одамна, кога тие самите би ги знаеле или би им одговарало да споделат. Што било среќа, тоа е смешно прашање. Среќата штом се почувствува е многу едноставна, нема мака во неа. Проблемот е да се задржи во овој свет, зашто тука никој не е цело време среќен. Таа е недостаток на перцепција за злото, препреките и потешкотиите. Кога светот би бил лишен од нив, луѓето би биле среќни и задоволни со себе и со другите. Среќа не е сознанието дека 3-годишно дете е болно и се собираат донации за негово лекување. Кај е слободната волја на тоа дете, каков грев сторило, неодговорно било, пушело ли пиело, што... премолчувате. Ќе спомне некој реинкарнација, исплата од минат живот, православните ни во тоа не веруваат. Тој библиски одговор дека исплаќа гревови од предци (други поединци) ни малку не ми се допаѓа. Тоа е неправда. И ретко кога потомци на грешни предци се толку тешко казнети, јасно е, што значи НЕПРАВДА.
Три од тие десет заповеди се буквално само дека Бог е Бог, единствен за величење и поклонување пред него. Четвртата е дека треба да ги почитуваш родителите, еднострано и во секаков случај, како и да се однесуваат тие кон тебе. Така што, и за тие кои велат дека барем божјите заповеди се супер и прикладен морален водич за секого - thanks, I'll pass
Па што очекувате вие од светот во кој живееме?Како тоа што не ни е совршен животот на сите ви е валиден аргумент против постоење на единствен Бог? Балансот постои само ако постојат спротивности, инаку ништо немаше да постои.Цел универзум и ние како луѓе функционираме во перфектен ред и детерминираност, што на прв поглед изгледа хаотично и случајно ама не и ако се погледне целата слика.Во целата таа креација не може да опстојува само она што нам ни оди во прилог. Правдата како ја дефинирате?Како нешто што ве задоволува во моментот и што е во ваша корист? Правда е најчесто субјективен поим, секој настан во светот и секое лошо и добро зависи од перцепцијата на тој што го набљудува настанот и аголот од кој што се гледа.Затоа ми е навистина тешко да осудам од страна што е вистински праведно а што не.Бидејќи не знам сѐ. Бидејќи и војникот кој ќе убие друг војник за да ја одбрани својата земја во очите на патриотите ќе биде херој, ама во очите на семејството на убиенот ќе биде убиец.Само прост пример за да доловам поента. Многу ограниченост гледам на темава, тоа што нешто не е логично во склоп на моменталниот ментален капацитет не е воопшто против аргумент за постење на енергија која е повисока од нас и сѐ уште неосознаена, а која нѐ поврзува сите нас низ просторот и времето на начин кој ни е незамислив. Хмм, @Bezimenka90 многу погрешно.Најпрво, генерализираш, бидејќи некои од нас се интересираат од чиста љубопитност.Второ, тоа што тврдиш дека 90% од верници/религиозни луѓе се осудувачки настроени полни со омраза е само твоја предрасуда.Демек тие што се атеисти се чиста спротивност и цвеќиња за мирисање? Како не.
Насловот на темава гласи Се што сакате да знаете во врска со религија. За докажување вера вс. атеизам има други теми. Некои сте залутале овде.
Океј е постоењето на тој баланс на лошо-добро, радост-тага, црно-бело. Никој не го негира тоа, само глупаво е објаснението дека сето тоа се случува поради бог, ѓавол, некакви си царства, итн. Ние сме само човечки битија кои живеат на една минијатурна планетичка која е дел од огромен универзум, што сите верници го занемаруваат, у принцип. Мали кревки човечиња со минијатурно краток век на постоење, и како такви битија постоиме многу кратко време со оглед на тоа колку долго време постои планетава само. Да, дел сме од нешто поголемо. Нешто за што многу малце знаеме, но тоа не е причина да го ингорнираме. Да, имам претчувство дека поврзани сме со многу нешта за кои не сме свесни сега бидејќи немам можности да ги осознаеме. Но како што праисторискиот човек не знаел што е грмотевицата и и' препишувал свашта нереалистични особини, така и сега, преку измислени религиозни приказни си објаснуваме нешта за кои немам одговор, а се случуваат.
Ама вие не сфаќате, дека станува збор за привремена казна и дека животот наш е привремен! Децата, што ќе бидат казнети, тоа ќе им се смета за добродетел, ако не учествувале во гревот на родителите. На Страшниот Суд тие ќе бидат прави и ќе го наследат Царството Небесно. Но, некогаш и децата учествуваат индиректно во родителскиот грев. Пример: Таткото и мајката крадат од сиромашни или ги кратат платите на работниците, а децата уживаат во украденото. Во овој случај и децата и на Страшниот Суд ќе си учествуваат во трајната казна, ако не се покајат и го вратат украденото.
Сфаќам(е), ама учењето е дека токму тој привремен живот одредува каде ќе ја поминеш вечноста. Поставени се препреки и искушенија кои е тешко човекот да ги пребродува. Замки. Баш ко стапица Бог да се ослободи од некои и на крај да рече "праведно беше, дадов шанса". А се му е однапред обмислено кој за каде е.
Тука ти е дупката во аргументот. Потенцирањето дека светот е нефер не е тврдење што има цел да докаже дека не постои повисока енергија (или како и да го викате Бог at this point), туку одговор на тврдењата дека светот се наоѓа во баланс бидејќи постои енергија. За кружна логика станува збор, не знам како не приметуваш. Нема логика да тврдам дека на светов постои повисок ред што мене ми е невидлив, кога немам никаква причина за тоа. Луѓето што тврдат дека постои енергија што контролира сè во совршен баланс не можеш да ги убедиш дека не е така со никаков аргумент, не болни и гладни деца, не убиства и шотизнам, за нив сè е тоа дел од редот бидејќи a priori го прифаќаат тврдењето дека постои ред. Оттаму ако нешто се случи, тогаш е дел од редот. И нема бегање од овој циклус. Нема како да покажеш дека не е така. Веруваат во нешто што е unfalsifiable. И тука веќе нема што повеќе муабет да правиш. Невалидно верување. Секако дека не ни се јасни многу работи во универзумот, ама as of now, разумната работа е да се воздржиш од тврдења и верувања, бидејќи немаш доволно информации. Оттаму и нема што јас да обезбедувам против-аргументи за нешто што не е аргументирано in the first place.