Ѓаволот како дух лесно може да си поигрува со човекот, кој е душа , ако тој не е во заедница со Бога. Може да биде заводлив и да не заслепи....замисли некој пријател на кого му се восхитуваш , па истиот тој те наведе да украдеш нешто , на пример.....а воспитана си да бидеш чесна....ќе имаш ли последици или не? Јас знам дека тебе те мачат оние невини кој се стрпани во затвор заедно со тебе која си украла , но колку ги има....а и ако ги има , колку од нив ќе му се обратат на Бога да ги спаси ,а колку ќе се гневат и дружат со ѓаволот кој ликува во борбата за секоја душа? Тешко е многу, но и голема вистина е дека можеш да бидеш слободен и во затвор , ако го воздигнеш својот дух , но пред тоа мораш да почитуваш некои духовни закони , кои религијата ни ги покажува... Но,после појавата на Хрисос на луѓето им е објавено дека постои вечен живот....Јов верувал , а не ни знаел што доаѓа после смртта....поради тоа е и најбитен старозаветен лик , можеби и најава на Божјиот син , кој ќе дојде да го искупи човековиот род. Да , ѓаволот е наш владател , се додека не сме во сојуз со Бога. Слободната волја се огледа во тоа да го избереме тој сојуз или не. Без оглед на тоа какви карти сме добиле при првата подела. Бидејќи овде живееме за вечност....животот е секако прекраток да спознаеме самите се што посакуваме ,а да не е инспирирано од Бога... Под ведар подразбирам детски радосен....постојат такви луѓе , не мора да се весели о дружељубиви ,секој со својот карактер , но заедничко им е што имаат дечија искреност , доверба и некоја голема внатрешна сила. Тоа што луѓето толкуваат како сакаат , е поради тоа што сме грешни . Но , вистината може да се открие ако се сака. Лично, прво доживеав мала благодет , па после почнав да го барам Бога. Апсолутно ништо ретроградно не постои во православието. Баш ме интересира каде ја пронаоѓаш.
Љубомората е објективно лоша работа. Меланхолијата и световните задоволства не се. Која е поврзаноста?
Еј јас искрено не те разбирам баш што ми пиша ама ќе се обидам да ја објаснам втората слика. Мислам дека имаш грешка во преводот worldy pleasures- профани задоволства, worldy outlook - световен поглед- не световен како свет туку земјен- проклет. Во глобала сликата значи бидете исполнети со Исус бидејќи други работи ќе ве исполнат ако не го имате Бог, како што е меланхолија, тага итн... не мора мнг буквално ова да го разберете, ко на пример ако сум се посветила на Исус никогаш нема да бидам тажна
Нема потреба од толку тупење. За оние кои се религиозни сликата има смисла, за тебе нема смисла. Get over it
Нема што да се дискутира со тебе, едноставно е, не проповедај нешта кои не ги разбираш доволно. Друг не ти е виновен што не ја познаваш книгата со која се лупаш во гради и кој било цитат од неа може да те побие. Признај си на себе дека погреши и продолжи понатаму како добра христијанка наместо да те пукаат суети. Според таа закоравена логика излегува дека милијардите луѓе на светов кои не се христијани се постојано неодговорни, тажни, љубоморни, меланхолични, алчни, полни со омраза, додека христијаните се такви само одвреме-навреме. Ко по шаблон. На некои тоа им прави смисла, што да правиш, со инка не се сипува.
Но ете Јов бил во заедница со Бог. На светов се случуваат многу погрозни работи од примерите на кражби. Замисли, живееме на планета каде читаме во црни хроники дека тешки лудаци силуваат сопствени ќерки и синови, зарем може да се земе предвид Божја милост и праведност откако ќе чуеш нешто такво? Тоа е пробушено дно во злото. Што со луѓето кои не се едуцирани во ниту една религија? Едноставно религиски неписмени? Јов верувал, но бил гневен и лут и се побунил дека Бог му нанесува неправда. Види, Бог со ветувањата што ги дава за вечен живот без болки и страдања е најдоброто нешто и тоа не го доведувам во прашање, никој не би рекол дека човекот со сите свои мани е врвот. Но дали најдоброто нешто е потполно добро и колку всушност се грижи за човекот? Тоа што другите се полоши од него, не го прави апсолутно добар. Библијата е стар правилник и некои работи запишани во неа не се во ред, и го нарушуваат имиџот и покрај оние сосема коректни поуки. На пример, таму има дискриминација кон немажените девојки, пишува дека ако некој силува мажена жена, треба да се осуди на смрт, а ако силува немажена, треба да се ожени со неа. Тоа е глупост која рандом човек ја смислил, не може да произлегува од виша интелигенција. Исто така во Нов завет пишува дека жената треба да се потчинува на авторитетот на мажот, ко да нема жени кои се попаметни или подоблесни од мажи. Сето е за да се одржи некоја хиерархија, прилагодувано за луѓето од тоа време да го прифатат, но многу верници и ден денес го гледаат како збор Божји и го користат како аргумент дека така треба. Што ти мислиш?
@Аргентина * Човекот го носи својот првороден грев , а на тој грев подоцна се придодаваат и гревови од претците и лични ....сето тоа влегува во една " база " , психолозите го употребуваат терминот колективно несвесно. Така јас си ги објаснувам сите несреќи и страдања во светот. Многу често и самата знам да речам , зошто Боже? , но тоа не значи дека се сомневам во Божјата праведност. Светот е совршено создаден , а и човекот може да се приближи до тоа совршенство , верувам ако го следи патот кој ни го покажал Христос. Јас сум повеќе опитен верник , не умеам теолошки да ти одговорам со цитати и мислам дека и нема потреба. Ако ме прашуваш како сум сигурна , ќе ти одговорам поради лично доживеано. Дури после тоа почнав да читам и се ми има совршена логика. За некои работи знам дека и не треба да ги знам и на тоа се завршува....бидејќи има толку многу што ни е дадено,а сеуште го немам осознаено. Верата бара стрпливост и чекор по чекор. Кога на литургија ќе почувствувам радосен трепет во срцето ,сите искушенија од претходните денови неважни стануваат. И така... Не треба да се бара влакно или како веќе беше ,ако имаме толку многу чисти и јасни правила. Тоа што Бог му допушта на ѓаволот да не искушува , не значи дека нема да ни помогне кога ќе го повикаме.