Епа тогаш истото важи, кога ќе умреш Бог сѐ ќе ти објасни, ако вака дискутираме, не е дискусија и нема поента.
Не знам какви граници имаш поставено за религијата и што очекуваш од неа, затоа не можам да ти објаснам.
Прашањето е едноставно: зошто жените не можат да станат свештени лица, пандан на поповите и митрополитите?
Пошо првиот пат ме изигнорира, пак прашувам зошто не ги следиш правилата кои ги проповедаш, туку се дрзнуваш да поучуваш некого?
Жената треба да е покорна на својот сопруг, не на сите мажи, таа не поучува, дискутира на форум, што е проблемот?
Никаква провокација не е, ти ги бранеше погоре шовинистички правила во библијата, со пост во кој викаш кога ќе цепиш дрва ќе бидеш рамноправна, па сеа те прашувам зошто не ги следиш тие шовинистички начела, од кои едното е, дека жена не смее да поучува некого? Па уште и маж се дрзнуваш да поучуваш? А дрва не можеш да цепиш и со самото тоа си инфериорна!
Прво, мора да има смисла животот? И постапките на луѓето? Второ, ние како битија не сме доволно еволуирани. Многу споро еволуираме како вид и многу кратко постоел нашиот вид на планетава. Колку повеќе човекот се труди да открие нешта, да дознае, да создаде, да го подобри она што му штети, да го заштити она што му треба, толку побрзо ќе еволуира. Можеби се потребни илјадници години на дополнителна еволуција, за човекот да престане да прави одредени гадости. Но во моментов живееме во таков свет, каде што луѓето прават разно разни гадости затоа што се се' уште примитивни битија.