Тоа што се (биолошки) различни не значи дека не треба да се рамноправни. Самиот збор рамноправност ти кажува што е значењето. Зошто да не се рамноправни, сериозно? Без разлика дали си признавате или не, црквата ја смета жената за помалку вредна од мажот на многу полиња. Особено жени не можам да сфатам што се океј со овој концепт.
Нема категорија право во религијата, правото е дел од државното уредување. Жената не е помалку вредна од мажот, има различна функција. Цитирај ми дел од Библијата каде се вели дека жената е помалку вредна од мажот.
Во религиска смисла рамноправност мислев. Да, во религиска смисла ми е во ред, во правна смисла сметам дека треба да има рамноправност. Иста плата, исти можности, исти казни. Жените не смеат да бидат свештеници, смеат да го шират христијанството на други начини, потчинетоста на жените е во областа на Црковната служба, а не дека не можат да бидат директорки во други професии.
Titus 2:5 women should be “submissive to their husbands, so that the word of God may not be discredited” Timothy 2:11-12 “Let a woman learn in silence with full submission. I permit no woman to teach or to have authority over a man; she is to keep silent” Ова тебе ти изгледа како исто да се вредни?
Да, Христос во сѐ му се покоруваше на Таткото, помалку е вреден од Него? Вредноста не е во тоа да се биде ист. Исто така се вели: "Мажи, сакајте ги своите жени, како што Христос ја сакаше црквата и се предаде за неа" .
Ова го најдов како причина зошто жените не смеат да одат на Света Гора. Во нартексот на Ватопеда се наоѓа еден од најпознатите живописи на Атос, чудотворната фреска на Богородица, која потсетува дека пред Бога сите луѓе се еднакви и дека законот важи и за царевите. Според преданието, Плакидија, ќерката на Теодосиј, дошла на Света Гора, и покрај забраната за пристап на жените, а монасите биле во страв од световна власт, свечено ја дочекале и ја повеле во црквата. “Царицата влезе низ малата врата од левата страна во храмот. Наеднаш се слушна глас од оваа икона: “Застани! Не оди понатака ќе настрадаш”. Царицата од страв паднала и низ солзи се молела на Бога да и биде опростено”, се вели во ватопедското предание. Борбата против иконата траела до Вселенскиот собор во 9-от век, кога е потврдено древното учење на црквата за светоста на ракотворената слика која ја направија луѓето од Бога. Тогаш римскиот цар Василије Први издал указ во 885 година, според кој Атос припаѓа исклучиво на монасите. Се до 11-от век присуството на пастирот Влах на Атос сеуште било толерирано, а потоа вселенскиот патријарх препорачал присуството строго да се забрани.
И што подразбираш ти од религиски аспект да си покорна на мажот? Да му кимаш со главата на сѐ што ќе речи, иако лично ти не се согласуваш? Да имаш односи со него само кога тој ќе посака? Или друго нешто?
Подобро ќути си на тема поврзана со смрт и болести кај деца отколку да зборуваш такви гадотии дека плаќале туѓи гревови или биле на подобро место. Не мора да кажеш ништо. Едит - ако више сакаш да ја објаснам еве ќе ти кажам - Господ ако зима деца оти така сакал, ондак е само едно гадно ѓубре. Ако е негова волја - значи може да избере дали да го земе детето или да не го земе. Чим одбира да го земе...нема веќе што да дискутираме тука каков е и дали помага.
Оче , можете да кажете само на свештеник , а преку него како да му се обраќате на Христос...машки принцип. Црквата е мајка...таа навистина како мајка ги собира своите чеда...женски принцип. Едно без друго не може....мажот и жената имаат своја улога , секоја е вредна и потребна. Никаква нерамноправност не сум почувствувала во врска со верата , еве не знам..
Подобро е и ти да ќутиш , во хулата кон Бога. Постојано исти прашања...три вкупно ги вртите...пет исти личности...на подфорум религија. Но, добро...еве јас ќе заќутам.
Јас ќе зборувам од мое искуство. Јас сѐ што мислам му кажувам на сопругот, ако треба дискутираме еден месец сѐ додека не најдеме заедничко решение. Не влечам потези ако не сме со усогласени ставови, но исто така и тој. Почитта е взаемна, се трудиме да дишеме како едно, искрено до сега сме немале некоја работа за која што не сме можеле да најдеме компромис па да треба едниот да се покорува на другиот. Во секој случај, покорувањето за мене е трпение кога некој не ја сфаќа твојата перспектива, што во случајот, за среќа, го имаме и двајцата. Прашањето за односите е смешно, ама еве ако те интересира, не, не ме силува маж ми, сексуално обострано се задоволуваме.
Е како нема нерамноправност, кога се вели жената да му се потчинува и да го слуша мажот. А никаде не пишува дека мажот треба да и биде покорен на жената и да ја слуша.
Христијанството учи дека овој живот е само подготовка за вечноста и дека децата одат во рајот. Тоа е концептот, можеш да веруваш или не. Ако плукаш по Бог, значи веруваш дека постои.
Ама која е причината што умираат невини дечиња, какво објаснување дава верата? Децата оделе во рајот.... А каков живот имаат родителите овде на земјата без своето дете?! Никаква утеха не е тоа со рајот.
Мене ми е стварно мило што имате таква врска. Само кажувам дека според религијата мажот можи и да не те слуша тебе и да си прави сѐ по негово и тоа е оправдано. Пошто никаде не пишува дека мажот мора да се согласи и да го слуша зборот на жената. Така е, само исто така според библијата жените не смеат да зборуваат кога се в црква, а и ако добро се сеќавам има дел во црквата каде е забранет пристап за жени. Зошто олку поделби ако исто вредат во очите на бог?
Христијанинот не живее за земните задоволства, туку за Христос. За христијаните е утеха дека детето ќе биде во рајот. Зошто умираат не можам да ти одговорам зашто не знам, тоа знае само Бог. Зошто па некој да умре од инфаркт, а некој во сообраќајка, кај е тука рамноправноста? Зошто некој на 80, друг на 81? Сите умираме, кога тогаш, виновни или невини, не умираме затоа што сме виновни, туку затоа што сме смртни.
Не е оправдано, ќе му се суди за тоа, исто како и на жената. "Мажи, сакајте ги своите жени, како што Христос ја сакаше црквата и се предаде за неа" . Ако ова не го практикува мажот, ќе му се земе за грев.
Или не постои, или постои ама е себично ѓубре. Ди енд И во двата случаи, не гледам причина да верувам дека ме чува некојси таму/
Членка од форумот можеби има избор, прабаба и немала. Жена која живее во опкружување на мизогини манијаци исто така нема. Претерувате со тоа како сите имале слобода на избор, која всушност не постои, туку се работи за сплет на околности. И ова 1 Коринтјани 14 34 Жените не треба да говорат на богослужбите. Тие треба да молчат и да слушаат, како што наложува Мојсеевиот Закон. 35 Ако нешто не им е јасно, нека ги прашаат дома своите мажи. На жена не и прилега да говори на богослужба. Зошто да не и прилега? Дали треба да се омажам за да имам посредник со надворешниот свет кој ќе прашува тоа што ме интересира? Дали и на други места, како што е форумов, не ни прилега да зборуваме за "Божјите работи"? Има персони кои веруваат дека треба да се водиме според вакви правила, за жал. Кој од злоба и омраза кон жените, кој поради заблуда дека Бог напишал нешто всушност запишано од обичен маж. Нема логика на жената природно да и е даден ум и разум за некој да ја заќутува.