Не ти забранив да мислиш така, така сметаш така прави, немој со иронични коментари од типот 'Штета'. Башка, ти немаш никаква штета од тоа јас да сум покорна во бракот, ако сакаш дискутирај на темата, темата не се вика "Што мисли Вајлд во врска со улогата на жената во бракот".
Па штета е да се потценуваш. За тебе не чини. Како можеш да почитуваш доктрина, која по дифолт те става во подредена улога? Нема многу да напреднеме со вакви размислувања.
Фала ти на грижата, нема потреба, моите верувања се такви, јас твоите ги почитувам, не побарав совет.
Знам дека не побара совет... како и милиони жени кои трпат се' и сешто оти религијата така им налага, или стравот од осуда така им налага, оти не знам кој така им налага... Библијата е пишувана пред 2000 години. Од тогаш сме научиле многу работи, кои тогаш никој не ги ни размислувал. Мислам дека има потреба да се грижам... и тоа многу...
Конкретно: Ти имаш еднаква вредност колку твојот сопруг. И не треба догма пишана пред две илјади години да те убедува дека не е така. Човештвото назадува кога човековите права не се почитуваат. Ваквите размислувања повлекуваат разни проблеми: Семејно насилство, финансиска зависност, неможност за независно одлучување... ју нејм ит. Зошто да пропагираш, поддржуваш и практикуваш догма која 'в сурат' ти вели дека 'не вредиш колку маж'? Мазохист си?
Никаде не пишува дека 'не вредам колку маж' туку дека сме различни. Христијанството вели, мажот и жената во бракот стануваат едно и никаде не промовира семејно насилство, напротив, осудува секакво насилство.
И никаде не пишува дека маж ти треба тебе да ти се потчинува, а ти нему треба. Тогаш каде е тука рамноправноста?
Не со тие зборови, ама со милион други. Го користат мажите ова. Им одговара. Послушна жена, која готви и раѓа деца, која не противречи на мажот оти тој е 'глава на семејството'. Зошто би му дала толкава моќ некому? Моќ врз твојот живот, твоето секојдневие. Ако не можеш да забремениш, ќе побараш ли да ја забремени робинката за да не 'потфрлиш како сопруга' затоа што 'не си можела да му дадеш пород'? Жива навреда. Жените се Џезабел, Вавилонски курви, оние кои заведуваат... а мажите се мажи... Сите овие небулози произлегуваат (да повторам) од книга која е пишувана пред 2000 години. Спиритуалноста не треба да е фиксна, оти природата не е фиксна, оти се менуваме, се развиваме, еволуираме, учиме.
Јас зборувам за христијанството, таму нема такви работи како примерот со робинката, мажот и жената се заедно додека смртта не ги раздели. Исто така, не пишува дека жените се курви, не знам каква Библија имаш читано. Вистински христијанин си ја сака и почитува жената, не ја користи, затоа партнер се бира внимателно.
Е баш во Христијанството е тој 'пример' Abram and Sarai Ем имале ист татко, ем биле маж и жена, ем Хагар му родила дете на Аврам. ..... мислам... шо поќе?
Христијаните ја следат Библијата. А дел од нејзе е и Стариот и Новиот завет. Јудеизмот го следи само Стариот завет. Исламот го следи Стариот завет. Сите на иста лага ве имаат 'фатено'.
Think not that I have come to abolish the law and the prophets; I have come not to abolish them but to fulfil them. (Matthew 5:17 RSV Ова го вика Исус за стариот завет. Ти кажав ја прочитај Библија па ќе дискутираме, вака е смешно.