Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сè што сакате да знаете во врска со религија

Дискусија во 'Религија' започната од AdoLf, 14 јуни 2011.

  1. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.650
    Допаѓања:
    22.300
    Пол:
    Женски
    Размислував деновиве за ова и баш го барав мислењево да искоментирам. Убиството не е обичен грев. Со убиството, човекот, на некој начин, изигрува Господ, т.е. сака нечиј живот да се заврши по негова воља и промисла. Е кога веќе сака да си игра доктор а не е доктор, ќе си ги сноси одговорностите со тоа. Господ Исус Христос бил измачуван и се жртвувал за нашите гревови. Штом е така, зошто и убиецот, штом веќе сакал да има контрола врз нечиј живот и да изигрува нешто што не е, да не ги преземе гревовите на убиениот? Мене ми звучи логично. Голем грев е, слободната воља што ни` ја дал Седржителниот и покрај сета негова моќ (како се вели во Библијата, поточно во делот дека не треба да се колнеме, дека ниту едно влакно не можеме да избелиме без Него), решиме истата слободна воља да ја злоупотребиме правејќи и постапувајќи како некој кој не сме. Не сме биле таму кога тој човек дошол на свет, не сме му ја вдахнале душата и немаме никакво право врз неговиот живот.
     
    На sweet-star му/ѝ се допаѓа ова.
  2. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.213
    Допаѓања:
    4.252
    Јас го дадов веќе мислењето на оваа тема
    но како надополна на дискусијата мислам дека треба да се земе во предвид следното:
    Да беше ова вистина (дека Исус наводно умрел за нашите гревови) тогаш автоматски се поништува следната опција:
    Имено, не е логично бидејќи Исус ионака однапред умрел за нашите гревови. Гревовите на убиениот се кај Исус, гревот(убивањето и изигрувањето Господ) на убиецот е исто кај Исус, нашите и вашите гревови се превземени од Исус... сите се хепи, решен проблем 8)

    Но Исус не подучувал такво нешто, туку предупредувал: „Кој се фаќа за меч, од меч и ќе загине!„ бидејќи „Што човек сее, тоа тој и ќе жнее!„.
    Но тоа тогаш би значело дека оние кои биле таму кога таа/тој дошле на свет имаат право да располагаат со неговиот живот? (на пр. родителите, лекарите...)
    Божјата заповед до сите луѓе е јасна и важи подеднакво : „Не убивај!
     
  3. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.650
    Допаѓања:
    22.300
    Пол:
    Женски
    Јас тебе не те цитирав, си дадов мислење. Ги знам твоите убедувања и ги почитувам како твои лични убедувања, а јас имам право да верувам во што сакам.

    А за последново, не е дека тие кои биле таму имаат право, туку Господ бил тој кој вдахнал душа и да, има да, Господ дава и Господ зема душа. Во тоа верувам јас.

    Доаѓањето на Исус и неговата жртва за нашите гревови го најавува и вечниот (земен и задгробен) живот во кој треба да се искупиме за сопствените гревови. Ете тоа го донело доаѓањето на Исус.

    Имаш право на свое мислење, како и сите ние тука, но не и на негирање на туѓото убедување.
    Јас верувам во тоа што го пишува во Светата книга, одговорите на тоа што ме интересира ги барам таму, верувам дека Исус пострадал за нас и ја почитувам црквата како институција. Тоа никој не може да го смени. А секој си има право на свое убедување и јас истото го почитувам кај другите не наметнувајќи го своето.
     
  4. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.213
    Допаѓања:
    4.252
    Можеби има недоразбирање tessie. Јас никому не го негирам правото на сопствено мислење, ниту се обидувам да го наметнам своето туку во контекст на прашањето на форумџијката и твојот одговор ја продлабочив дискусијата со додатни прашања и изнесување на моето мислење (кое ти или некој друг воопшто не мора да го прифати!). Тоа не го сфаќај лично. :hai:
    Кога цитирам некого или некој мене ме цитира тоа не значи секогаш дека таа личност мора да ми одговори (или јас да и одговорам) повторно, туку го земам цитираното само како основа за натамошен допринос кон темата и сметам дека така понекои (можеби сосема трети) форумџијки можат да бидат поттикнати на натамошно размислување. Делумно тоа го правам бидејќи знам дека и други го читаат форумот, како што и јас читам други теми и мислења иако не се приклучувам во дискусијата. :)

    Баш ме интересира еве какво објаснување или верување имате ако на пр. се оди по логиката дека убиецот ги превзема гревовите на жртвата, дали тоа значи дека ако тој убиец биде убиен од друг убиец гревовите ќе бидат превземени од последниов?
     
  5. luvena

    luvena Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2012
    Пораки:
    161
    Допаѓања:
    136
    Еве еден пример ми текна. Некој ја убил жената своја , која се оддала на блуд и можеби ќе сфатела дека греши и ќе се исповедала, ама сега доцна е. Сега не е наше да судиме, но може да размислуваме и мое мислење е дека убиецот не ги превзема гревовите на убиениот, туку не му дава шанса да СЕ ПОКАЕ И ПОБАРА ПРОШКА.
     
  6. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Големо НЕ !

    Секој ќе си плати за своите гревови кои ги направил, секој си ја носи својата карма.

    Убиеот прави голем грев, но ќе плати за него, а жртвата ќе си плаќа понатаму за своите гревови кои ги правела.
    Никогаш не може еден грев да се препише на туѓа сметка. Секој си ја плаќа својата. :)
     
    На bubamara12345 и daylight им се допаѓа ова.
  7. Dark-Lady

    Dark-Lady Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2013
    Пораки:
    566
    Допаѓања:
    912
    Ме интересира.. Нели муслиманите кога се молат се клањаат 5 пати, што означува тоа? како настанало ?
     
  8. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.585
    Допаѓања:
    40.013
    Пол:
    Женски
    Не настанало од нигде или пак е измислено од човек, тоа ни е запишано во Куранот.
    Клањање е молење пред Бога како што кажа ти- тоа го означува.
     
  9. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.866
    Допаѓања:
    4.579
    Пол:
    Машки
    Православните имаме 9 пати молитва, па да не останат покусо и тие го вовеле 5 пати. И Православните се клањаат, особено во текот на седмичните денови во Великиот Пост.
     
  10. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    Orthophill па најверојатно си имаат некакво верско објаснување за нивните молитви како што и ние си имаме за нашите.
    Не е во ред вакви споредби да правите пропратени со такви омаложувачки зборови. Сепак се работи за нечија вера, нечиј начин на живот и сигурно некој од исламската вероисповест би се навредил, исто како што и јас и ти би се навредиле доколку некој го рече ова за нашата вера.

    Темава е всушност за секоја религија и мислам дека секој треба да си објаснува за својата, зашто сепак секој за својата религија е најмногу заинтересиран и информиран. Така што, доколку јас поставам прашање за нешто во врска со исламот, очекувам некој од исламската вероисповест да ми одговори, бидејќи ги сметам за покомпетентни. :)
     
    На tessie и daylight им се допаѓа ова.
  11. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    феминки, прочитав некаде дека се споменати овие индиго деца во библијата, па ме интересира дали некоја знае за тоа?
     
  12. GanGG

    GanGG Нов член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2014
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    0
    Луѓе, ми треба точен соновник, ми кажуваат нешто некои сонови, а потоа тоа ми се случува, се исто мислам и до некаде сум уверен дека Господ допрва ми дава некоја дарба или некоја натприродна сила, го чувствувам тоа.
     
  13. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.650
    Допаѓања:
    22.300
    Пол:
    Женски
    Aко бараш добар соновник, си ја утнала темата. Барем за Христијанството знам дека не поддржува да се замараме со соновите и да ги толкуваме.
     
    На Twinkles и Mama25 им се допаѓа ова.
  14. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.213
    Допаѓања:
    4.252
    Не постои такво нешто бидејќи секој човек со својата душа, но и со својата свест и подсвест се различни. Она што за една особа ќе симболизира во сонот нешто добро, за друг ќе симболизира нешто помалце добро.
    Господ на сите ни ги дал Десетте заповеди за да според нив ги одмеруваме и насочуваме своите животи доколку сакаме да станеме поздрави, посреќни и поисполнети.
    Воедно може да се прашаме себе си: каква корист од тоа што се остварило нешто што сме сониле? На пр. сонуваме дека сме на врвот на планината Водно и утредента навистина пријателите нè одведат таму - сонот се остварил, но какво фајде од тоа за нас и другите?
     
  15. Ilarija

    Ilarija Нов член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Здраво,

    Ве молам доколку има некој контакт односно е-маил од Владиката Климент, или Дедо Климент, Манастир св. Преображение -Зрзе, нека ми пише во порака.

    Однапред ви благодарам
     
  16. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Мое мислење е дека нема точен соновник за една личност.

    -Прво, зависи КОЈ го сонува сонот. (пр. ако ти сонуваш чадор е едно, а друг друго)
    -Зависи КОГА го сонуваш сонот (ако е касно во ноќта периодот на остварување е подалеку)
    -Зависат сите ДЕТАЛИ во сонот (боја, луѓе, време), а не само главниот предмет (пр. бела мечка).
     
  17. Cvetetto

    Cvetetto Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2011
    Пораки:
    2.834
    Допаѓања:
    1.891
    Пол:
    Женски
    Да ве прашам кое е значењето на денешниот празник Мртва Сабота?
    Го знаам обичајот ама сакам подетално да разберам за што се работи..?
     
  18. Mama25

    Mama25 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    1.440
    Допаѓања:
    10.958
    Пол:
    Женски
    Изнесување на година за покојно лице се вади на денот или може поместуање од недела дена?
     
  19. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.866
    Допаѓања:
    4.579
    Пол:
    Машки
    Само 3., 9., 20. и 40. ден се пеат точно на денот. Другите помени можат да се служат и во најблиската сабота или недела.
     
    На Mama25 и Serafima им се допаѓа ова.
  20. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.272
    Многу од нас и не знаеме што претставува светата вода и како таа помага на тие што ја употребуваат со силна вера и молитва. Неколку зборови повеќе и прекрасно објаснување за неа :) .

    ***

    ЗА СВЕТАТА ВОДА


    Во текот на целиот живот,покрај себе имаме на располагање голема светиња-света вода(на грчки„агиасма“-„светиња“).

    Осветената вода претставува Божја благодат:таа ги чисти од нечистотија оние кои веруваат,ги осветува и закрепнува на подвиг на спасение во Господа.Прв пат се потопуваме во неа на Крштението,кога со примањето на Светата Тајна трипати се потопуваме во крстилницата наполнета со света вода.Светата вода во Светата Тајна Крштение ја симнува духовната нечистотија од човекот,го обновува и го препородува за нов живот во Христа.Светата вода задолжителносе користи кога се осветува црква и свети предмети,кои се употребуваат за време на богослужбите,кога се осветуваат домови или некои предмет од домакинството.Со света вода не' попрскуваат на литиите,на молебните.
    На Богојавление секој православен христијани носи шишенце со света вода,внимателно ја чува како најсвета светиња,земајки ја со молитва за време на болест или немоќ.
    Свети Димитриј Херсонски пишува:„Светата вода има сила да ги осветува душите и телата на сите што ја користат.Ако се користи со вера и молитва,таа ги лекува сите наши телесни болести“.
    Преподобниот Серафим Саровски на поклониците по исповед секогаш им давал да се напијат по една чаша богојавленска вода.
    Преподобен Амвросиј Оптински му испратил шише со света вода на болниот на смрт и неизлечивата болест исчезнала на изненадување на лекарот.
    Старецот еросхимонахот Серафим Вирицки советувал производите и храната да се попрскуваат со крстовденска вода,која,според неговите зборови„се' сама осветува“.кога некој бил тешко болен старецот му давал благослов да зема по една лажичка осветена вода на секој час.Старецот кажувал дека нема посилен лек од светата вода и од светото масло.
    Чинот на водосвет кој се извршува на Богојавление,се нарекува голем водосвет,заради посебно свечениот чин,кој е проткаен со сеќавање на крштението Господово ,во кој Црквата не гледа само таинствено очистување од гревовите,туку и вистинско осветување на природата на водата преку потопување на Бог во тело во неа.
    Големото осветување се извршува двапати годишно

    -на Богојавление,како и вечерта пред овој ден,на Водокрст.
    Некои верници по грешка мислат дека водата,која е осветена во овие два дена е различна.
    Всушност,на Водокрст и на Богојавление чинот на осветување на водата е ист.
    Уште Свети Јован Златоуст велел дека,светата богојавленска вода со години останува свежа,чиста и пријатна,како во тој момент да е наполнета од некој жив извор.
    Какво чудо на Божјата благодат, кое и денес може да го види!
    Според верувањето на Црквата,светата вода не е обична вода од духовно значење,туку нова твар,духовно телесна твар,заемна врска на Небото и на Земјата,на благодатта и на материјата.
    Еве зошто големото водоосветување според црковните канони се смета како понизок степен на Света Причест:
    во случаите кога на некој член на црквата,заради сторени гревови му се наложува епитимија и забрана за пристапување кон Светите Тело и Крв Христови,има исклучок во каноните:
    „Да пие богојавленска вода“.
    Водокрсната вода е светиња,која треба да се чува во домот на секој православен Христијанин.
    Таа внимателно треба да се чува во аголот кај„домашниот иконостас“.
    Освен водокрсната вода,православните Христијани често користат вода,која е осветена на молебните(мал водосвет),а кој се врши во текот на целата година.
    Мал водосвет Црквата задолжително прави на денот на изнесувањето на Чесниот Крст Господов и на Преполовение,кога се потсетуваме на зборовите на Спасителот,исполнети со најдлабока смисла,кои ги упатил на жената самарјанка:
    „А кој пие од водата,што ќе му ја дадам Јас,нема никогаш да ожедни;таа во него ќе стане извор на вода што ќе тече во живот вечен“(Јован.4,14).
    Светата водокрсна вода треба да се зема на празен стомак со просфората по утреното правило,со посебна побожност како светиња.
    „Затворник Георгиј Задонски велел:

    „Кога човек употребува просфора и света вода,од него нечистиот дух,душата и телото му се осветуваат,мислите му се возвишуваат за угодување на Бога и човекот станува склон кон пост,молитва и секаква добродетел“.


    ИЗВАДОК ОД ИЗДАНИЈАТА НА ЛЕСНОВСКАТА БИБЛИОТЕКА
     
    На bubamara12345, kuc, Orthophill и 1 друга личност им се допаѓа ова.