Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сè што сакате да знаете во врска со религија

Дискусија во 'Религија' започната од AdoLf, 14 јуни 2011.

  1. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.736
    Допаѓања:
    9.260
    Пол:
    Женски
    ОК е, ти можеш да веруваш како сакаш, но не можеш да тврдиш дека само тоа е исправното и дека оние кои веруваат поинаку или не веруваат, не се дојдени на своето.

    Не ми одговори кој е твојот став за библиското правило силувачот да ја откупи силуваната девојка од нејзиниот татко и да ја земе за жена. Дали се согласуваш со тоа и дали мислиш дека добриот, семилосен Бог би го заповедал? Тоа денес се нарекува трговија со луѓе.
    А може и да значи?
    А ти како ги објаснуваш, Господ сака да гледа гадости?
     
  2. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.271
    Допаѓања:
    2.801
    Пол:
    Женски
    Знам само дека на никого не би се обидела да наметнам , ниту зборувам на оваа тема во реалноста.
    Ова е форум , каде на одредени теми пишуваме , секој од свој агол и животно искуство.
    Секој сам треба да ја открие вистината.
    Нема потреба од исмевање и навреди.

    Веројатно било вид на правда во тоа време , бидејќи Бог е и правда.
    Денес , во поинакви времиња , кои се поинакви , по Божјо допуштение сепак и правдата се исполнува на поинаков начин.

    Не може....молитва искрена од срце чуда чини...Бог одговара преку луѓе обично , поточно преку збор ...ти дава одговори , кои можеби и тешки ќе бидат , но со сигурност ќе знаеш по кој пат да тргнеш...

    Господ е чиста љубов , гадостите ги чини човекот кој си игра со противникот на Бога....слободна волја , нели?
     
    На MissSiki, BY<3 и Lizy333 им се допаѓа ова.
  3. Peanut Butter

    Peanut Butter Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2021
    Пораки:
    1.930
    Допаѓања:
    17.503
    Пол:
    Женски
    Дали може некој да ми објасни зошто постои црковна пракса поп да не доаѓа да пее покојник кој се самоубил? Мене ова не ми е логично, да, самоубиството е грев, но исто е и прељубата, па попови пејат прељубници. Од друга страна, во Библијата пишува дека и во последната секунда да се покаеш за гревовите, ќе ти биде простено. Како знае попот дека тој што се самоубил не се покајал пред смртта (еве испил апчиња, немало назад, но се покајал)?
     
    На GirlLove му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.736
    Допаѓања:
    9.260
    Пол:
    Женски
    Зошто Бог кој е сезнаен и сеприсутен во сите времиња, би ги менувал правилата и својата правда после Х години?
    Епа Господ го натерал ѓаволот да ги натера нив да исмејуваат и навредуваат. Ако си ја читала Библијата, ќе увидиш дека е така.
    Кажи го тоа на некој кој верува во слободна волја. За мене таа не постои.
    Каков противник на Бог кој не може ништо да стори без Божја дозвола, ццц....
    џабе се вртиме во круг со муабетиве. Тука не ги наоѓам потребните одговори.

    Али ако некој повторно ме убедува во слободна волја, ќе го скршам телефонот и ќе го фрлам во ѓубре (што секако нема да биде по моја волја, туку во афект хехе)
     
    На Црна Ружа и sonuvana им се допаѓа ова.
  5. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.271
    Допаѓања:
    2.801
    Пол:
    Женски
    :rofl::rofl::rofl:
    Ај , да си здрава и жива , ме изнасмеа....не побудалеа овие телефони секако...да се немало време за чиста мисла ццц

    Правдата не се менува суштински....тоа што луѓето поинаку физички живеат и се организираат , не значи ништо за вечност.


    Па така си е....ѓаволот не мами....а Библијата не сум ја читала во еден здив и да ја проучувам детално...не сум теолог...читам повремено и во налети понешто...на литургија добивам делови,па уште и појаснети :)...и така , се снаоѓам..

    Може , но не и до кога сака....како беше оно хмм...можеш што сакаш , но не и до кога сакаш...

    Да , се вртиме во круг...молитва ти треба само...да ти се покаже вистинскиот пат и одговор :)
     
  6. Independent Girl

    Independent Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2018
    Пораки:
    253
    Допаѓања:
    1.190
    Пол:
    Женски
    Ортодоксната и Римо-католичката црква менувале многу правила и го злоупотребувале христијанството во многу сегменти така да дали пеел попот или не не игра клучна улога, битна е Библијата.
    Единствен неопростлив грев е Blasphemy against the Holy Spirit или неприфаќањето на Светиот Дух.
    "Blasphemy against the Holy Spirit" is conscious and hardened opposition to the truth, "because the Spirit is truth" (1 John 5:6). Conscious and hardened resistance to the truth leads man away from humility and repentance, and without repentance there can be no forgiveness.
     
    Последна измена: 17 јули 2021
    На Peanut Butter му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Peanut Butter

    Peanut Butter Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2021
    Пораки:
    1.930
    Допаѓања:
    17.503
    Пол:
    Женски
    Би сакала некој поинформиран да ми го објасни ова. Сум ги забележала разликите во Библијата, но не ми е јасно како христијаните треба да го толкуваат ова. Интуитивно многу повеќе ми се допаѓа учењето на Исус, но од каде овие контрадикторности со апостол Павле? Како го толкува ова црквата?

    *Се молат атеистите да не нѐ просветлуваат со мислења од типот 'религијата е измислица', 'Библијата е смислена за контрола над народот'.

    https://www.quora.com/Why-is-Paul-trusted-as-the-disciple-when-Paul-contradict-Jesus-s-teachings

    paul-v-jesus.jpg
     
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Miro91

    Miro91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2015
    Пораки:
    117
    Допаѓања:
    63
    Јас веќе некое време се занимавам со Евангелието и Светото писмо. Бидејќи израснав во мешана католичко-евангелска заедница и имав предмет религија во школо во Европа, многу се осеќам поприродно во таа заедница иако сум крстен православен. Изминативе месец два редовно одам во Евангелска црква Скопје секоја недела и ако даде Господ ќе се крстам наскоро. Христијаните се во суштина по потекло Евреи според верата. И ден денес имаме многу остатоци од старото време кога христијаните и Евреите се молеле заедно за време на Исус. Дали е во вид на обичаи под пагански влијанија (особено кај Католиците и Православните) и токму тоа беше и причината да се тргнам настрана од нив бидејќи и самата Библија кажува "ослободете се од традициите". Ретко кој навистина се држи до сите 10 заповеди. Една од нив е да се почитува Сабатот. Е сега, малкумина знаат дека сабат (на еврејски шабат, на грчки савато), седмиот ден кога Господ одмарал откако изминатите 6 дена работел на создавањето на светот, е во суштина денешната сабота која ние ја знаеме. Но, поради одлука од Ватикан во 15 Век, денот на одмор се премести во недела бидејќи христијаните веќе го празнувале тој ден како ден кога воскреснал Исус. Мислам дека е многу битно да се вратат некои работи назад на корените. Јас дефинитивно ќе си го почитувам тоа и можам само да дадам добронамерен совет секој христијанин да ја чита Библијата и таму да ги најде сите одговори за христијанството и за животот. Јас искрено никогаш не знаев што да правам со светците. Како да ми го узурпираа патот кон Господ. Евангелските цркви се ослободени од вавилонски-пагански ритуали од Ватикан и Православието. Се реформираа и се вратија на основните корени. Светци таму нема. Има Исус, Господ и Светиот дух и Светото писмо.
     
    Последна измена: 18 јули 2021
  9. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.736
    Допаѓања:
    9.260
    Пол:
    Женски
    Забележувам неконзистентност во твоите мислења....
    Трговијата со жени наложена во Библијата, е праведна за тебе, или не?
    Епа не си ја прочитала Библијата, затоа не ме разбираш.
    Не, не можеш што сакаш. Тоа е залажување.
    А можеби плацебото кое кај тебе има ефект, кај други нема?
     
    На Црна Ружа му/ѝ се допаѓа ова.
  10. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.271
    Допаѓања:
    2.801
    Пол:
    Женски
    Одлично те разбирам , поради тоа и се обидов да ти одговорам.
    За жал,очигледно не е време за одговори.
    Секој си го оди сопствениот пат.
    Јас сепак ти посакувам поинаков поглед од сегашниот, иако се чини дека те иритира тоа во моментов.
     
  11. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.736
    Допаѓања:
    9.260
    Пол:
    Женски
    Продолжуваш по старо дека православието е единствен и вистински пат? Можам да те демантирам веднаш, да ти укажам на недоследностите Библија-Православна Црква, но засега ќе се воздржам и ќе ги почитувам твоите верувања. Мене ништо не ме иритира. Едноставно, не се согласувам и не сметам дека е најправилно.
     
  12. asdas

    asdas Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    1.034
    Допаѓања:
    1.958
    Готвиш во сабота?
     
  13. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.271
    Допаѓања:
    2.801
    Пол:
    Женски
    Мене не ми треба да мерам недоследности , ниту сум на тоа духовно ниво да ја читам Библијата во целост , а да притоа од незнаење духовно , не се раслабам во верата можеби.
    Сега за сега одам чекор по чекор , а во срцето и мислите чувствувам промена.
    Се повеќе простувам туѓи постапки, кои во минатото ме повредиле многу , како да гледам од некој поинаков агол.
    За свои лични покајанија и да не зборувам , а до вчера си се сметав за добра особа.

    Најдобрата другарка ми е со исламска вероисповест...духовни теми во реалноста исклучиво со неа водам.
    Таа во молитвите е фокусирана на барање правда , а јас на љубов. ( ова најгрубо речено ). Добра е и води чесен живот , смета дека нема за што да се покае , а за " ситните " грешки , животните услови ги обвинува.

    Така да знам понешто и вон православието , за споредба.

    Најмногу сум склона да мислам дека со причина сме родени во некоја вера, а православните имаат привилегија , но и обврска со тоа.
     
    На Elenpelen му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.736
    Допаѓања:
    9.260
    Пол:
    Женски
    За Библија ти е рано, за во црква не ти е рано. Каде живееш, во четрс турско?
    Луѓе и библија и куран и талмуд прочитале, и други религиски четива, ти со Библија непрочитана дојде да ми кажеш кој пат да го фатам.

    Не треба да си никаков адвансд левел за да читаш Библија. Не одолговлекувај и нека не те мрзи. Барем ќе знаеш да ги протолкуваш контрааргументите кога дискутираш со некого на форум и нема да извлекуваш погрешни претпоставки.
     
  15. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.271
    Допаѓања:
    2.801
    Пол:
    Женски
    Ихх сега , испадна се зналци околу мене , само јас сум се дрзнала коментар да дадам..
    Не се работи за читање , туку за погрешно толкување....но знам дека знаеш.
    Ај добро...ќе ја почнам од сам почеток.
     
  16. KittyAgnes

    KittyAgnes Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2021
    Пораки:
    906
    Допаѓања:
    1.360
    Пол:
    Женски
    Преубав муабет, мнг учам од човеков, сабајле со кафенце го изгледав видеово :)
     
  17. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    5.969
    Допаѓања:
    15.993
    Пол:
    Женски
    Може некој ова да ми го објасне?

    Како тоа, ние сме грешници со самото раѓање? Screenshot_20210803_163256.jpg
     
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.
  18. KittyAgnes

    KittyAgnes Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2021
    Пораки:
    906
    Допаѓања:
    1.360
    Пол:
    Женски
    Па мислам дека е поврзано со гревот што сме го наследиле од самиот почеток на времето од Адам и Ева и ако не се родиме повторно (во дух а и тело) и не се предадеме на Исус нашата гревовна природа ќе не надвладее.. Родени сме со гревовна природа во пропаднат свет и како растеш колку повеќе си дел од светот таа природа те надвладува... ова е само мое мислење, одговор најдобро да побараш во црква и Библијата :) таму сигурно ќе добиеш побогато и точно објаснување
     
    На GirlLove и Orthophill им се допаѓа ова.
  19. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.216
    Допаѓања:
    4.254
    Забележувам дека авторот на цитираниот псалм (традицијата Псалмите ги припишува на цар Давид) зборува во прво лице еднина, значи вели дека тоа за него лично се однесува и неговите родители. :D

    Инаку знам дека повеќето христијански заедници и теолози веруваат во наследниот грев, и дека поради тоа било потребно крштевањето. Но ако Бог би дозволил гревот да се пренесува наследно од сторителите на невините иако тие во истиот не учествувале, тогаш каде би била праведноста Божја?

    Наместо тоа, далеку пологично ми е објаснувањето преку повторното раѓање т.е. реинкарнацијата - имено дека душата била претходно повеќе пати на оваа Земја, па она што душата си го накалемила во претходните животи, си го зема како багаж во следниот. Така добива на смисла и Исусовата изјава забележана во Ев. по Јован 8:7: „Кој е без грев прв нека фрли камен...„ односно дека никој не е без грев.
     
  20. Гладиоли

    Гладиоли Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2021
    Пораки:
    248
    Допаѓања:
    587
    Во религијата е па тука ќе прашам.
    Сакав да го посетам богородичниот пост,притоа сум доилка ,прво ми рекоа додека дојам не било убаво да постам. Ама почнав. Со тоа што утрово ранејки го детето во раката имав мрсно јадење а тоа тргна да станува од хранилка во паника го напнав залчето... Дали да продолжувам со пост или треба да го прекинам. Патем нема да се причестува секако..