Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сè што сакате да знаете во врска со религија

Дискусија во 'Религија' започната од AdoLf, 14 јуни 2011.

  1. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.688
    Допаѓања:
    79.818
    Пол:
    Женски
    Пред да почнеш да постиш разговараше со свештеник? Бидејќи си доилка, тој најдобро би ти предложил како да постиш. Инаку, да, можеш да продолжиш со постот.
     
    На Гладиоли му/ѝ се допаѓа ова.
  2. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.702
    Пол:
    Женски
    На трудници, мајки со бебиња им се простува.
    Продолжи си со постот.
     
  3. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.718
    Допаѓања:
    10.211
    Пол:
    Машки
    А од кого им се простува?
    Или од кого не би било простено ако стануваше збор за друг човек?
     
  4. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.688
    Допаѓања:
    79.818
    Пол:
    Женски
    Од Бога, секако. :) Патем, вие адвентистите зошто не постите и зошто кај вас нема причест кога тоа ни е од Христос дадено?

    За постот:
    1. Тогаш Духот Го одведе Исуса во пустината за да биде искушуван од ѓаволот.
    2. И како постеше четириесет дни и четириесет ноќи, најпосле огладне.
    3. А кога се приближи до Него, искушувачот Му рече: „Ако си Син Божји, кажи овие камења да станат лебови.”
    4. А Он му одговори и рече: „Напишано е – Не само од леб ќе живее човекот, а од секој збор што излегува од устата на Бога.“
    За причеста:
    26. И кога јадеа, Исус зеде леб, го благослови и рече: „Земете, јадете, ова е Моето тело.”
    27. И како ја зеде чашата, заблагодари, им даде и рече: „Пијте од неа сите;
    28. зашто ова е Мојата крв на Новиот завет, која се пролива за мнозина, за опростување на гревовите.
    29. И вам ви велам, оти отсега нема да пијам од овој лозов плод сè до оној ден, кога ќе пијам нов со вас, во царството на Мојот Отец.”
     
    На Rama, душленце и Just.do.it им се допаѓа ова.
  5. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.718
    Допаѓања:
    10.211
    Пол:
    Машки
    Бог може да казнува или неказнува ИСКЛУЧУВО она што Тој заповедал, а не некој таму што заповедал во 12-13 век. Јас и ти можеме да напишеме еден куп правила, прописи, заповеди... зар Бог би ги казнувал луѓето ако тие не се држат до нив? :)

    Бог никаде во Светото Писмо нема заповедано задолжителен пост, а уште помалку пак некакви временски рокови „од тогаш до тогаш мора да се пости иначе грев“.

    Не сум адвентист. Ниту сум бил, ниту ќе бидам. Јас сум христијанин-протестант.

    Ние секако дека постиме и се причестуваме. Причест имаме секоја прва недела во месецот. А кај постот нема рокови (од тогаш до тогаш мора да се пости), туку постот е духовна дисциплина, исто како молитвата. Секој сам одлучува кога, како и колку ќе постои, во зависност од духовната или молитвената потреба придружена со пост.
     
    На Snowflake97, mesecar, Гладиоли и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.688
    Допаѓања:
    79.818
    Пол:
    Женски
    Секако, не велам ни јас дека е задолжително да се пости, а не беа ни мои зборовите дека за ситна грешка за време на пост Бог нема да прости на некој. Но, членката сигурно мислеше на тоа кога пиша дека ќе и' биде простено. Какви се' гревови не ни простува Бог, па не за каснување мрсно. Постот е полезен за нас и секако дека можеме да постиме кога сакаме но и колку можеме.

    Инаку, те имам читано како иронично си се умешувал во вакви прашања за пост и причест, затоа и те прашав зошто кај вас нема такво нешто. Разбрав, не постите паралелно со православните пости.

    Извини, не знаев што си пошто протестантството си има неколку разграноци.
     
    Последна измена: 15 август 2021
    На Rama и Just.do.it им се допаѓа ова.
  7. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.261
    Зошто семоќен, сеприсутен Бог, башка и интелигентен, би казнувал?
    Сигурно ни ги разбира простите мозоци и дека 'толку ни сечи'.
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Пита со праз

    Пита со праз Активен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2020
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    3
    Каде би можела да го купам Куранот на Македонски јазик во Скопје?
     
  9. asdas

    asdas Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    1.034
    Допаѓања:
    1.958
    Во Арачиново, барај го оџа Селим.
     
    На Аргентина * му/ѝ се допаѓа ова.
  10. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.082
    Допаѓања:
    6.661
    Пол:
    Женски
    Ајде нека ми објасни некој во Авганистан ги закопчуваат жените до гуша едвај дишат сиротите како нели да биде морална да не го покажува телото а од друга страна се најбрутално силувани во светот? Зошто се манипулира со религијата и до кога во религијата мажот ке се прикажува како бог на жената? Болни умови го користат тоа за послабиот пол да гоо смета за негов роб..
     
  11. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.736
    Допаѓања:
    9.260
    Пол:
    Женски
    Dali e tochno toa deka po sudniot den kje nemalo roditeli i deca, deka site rodninski i sopruzhnichki vrski voopshto, kje bile ponishteni?
     
  12. mesecar

    mesecar Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2020
    Пораки:
    241
    Допаѓања:
    714
    Пол:
    Машки
    Нема да има мажење и женење, според тоа, нема да има и деца. Не знам точно какви ќе бидат роднинските врски таму зашто пишано е "што око не видело и уво не чуло ниту на човек на ум му дошло, тоа Бог припрема за оние кои го следат" (парафразирано).
     
    На Аргентина * му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.736
    Допаѓања:
    9.260
    Пол:
    Женски
    Mislev na momentalnite i minatite vrski dali kje se odrzhat, no mi izgleda deka ne i toa e mnogu chudno....Zamisli chovek umira vo nadezh deka povtorno kje bide so bliskite, koga toa nema da bidat vekje pobliski od drugite...kinda sucks. Se izvinuvam za lat.
     
  14. mesecar

    mesecar Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2020
    Пораки:
    241
    Допаѓања:
    714
    Пол:
    Машки
    Малку поинаку ќе е таму, а тука е подготовката. Најблизок треба да ни биде Исус, тој да се, баш се за да ние можеме повторно да живееме во вечно и во рајот. Повторно пишано е (парафразирано) "Кој сака татко или мајка, брат или сестра, деца...повеќе од мене, не е достоен за мене". Сите можат да не изневерат во некој момент или ситуација во животот, дури и нај нај блиските. Но Христос не може. Неговиот збор е остварување, Он тоа што ќе го каже, тоа настанува, се случува...Ќе има некоја блискост секако, и поради спомените...носо тек на време тие спомени веројатно ќе избледнеат зашто ќе биде се ново создадено, неспоредливо поубави и подоро од сегашното за да вреди да се памти.
     
    На Snowflake97 и KittyAgnes им се допаѓа ова.
  15. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.736
    Допаѓања:
    9.260
    Пол:
    Женски
    :doh:
    Па не е работата некој повеќе да се сака, ама зошто Бог дал родители и деца.... зошто дозволил семејство и брак.... нема смисла ова.... Бог создал нешто сосем спротивно од она што му треба, и сега се е грев.
     
    Последна измена: 25 август 2021
  16. mesecar

    mesecar Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2020
    Пораки:
    241
    Допаѓања:
    714
    Пол:
    Машки
    Бог не го создал гревот. Не треба да носиме заклучоци на наши претпоставки ако прво не се информираме и истражиме. Тогаш многу одговори ќе имаат смисла. За нешто треба подлабоко размислување. А некои работи поради нашата ограниченост не можеме или не сме дораснати да ги знаеме, сфатиме или прифатиме.
     
  17. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.736
    Допаѓања:
    9.260
    Пол:
    Женски
    Не се обидувај да навредуваш. Кој го создал ГРЕШНИОТ ЧОВЕК, ако не Бог?
     
    Последна измена: 25 август 2021
  18. mesecar

    mesecar Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2020
    Пораки:
    241
    Допаѓања:
    714
    Пол:
    Машки
    Не навредувам и незнам зошто така сфаќате. Само го пишав тоа што сега го потврдите. Ако извлекуваме заклучоци на основа на наши претпоставки, а не сме се информирале и истражиме за прашањето многу често може заклучоците да ни се погрешни. Бог не го создал гревот. Гревот има своја генеза на настанувањето.
     
  19. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.736
    Допаѓања:
    9.260
    Пол:
    Женски
    Избегнуваш одговор. Кој го создал грешниот човек?
     
  20. mesecar

    mesecar Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2020
    Пораки:
    241
    Допаѓања:
    714
    Пол:
    Машки
    Генезата на гревот не е толку кратка. Гревот се родил во ангелот светлоносец, Луцифер, кој потоа го добива името сатана или ѓавол. Бог не создал роботи, создал суштества со слободна волја, во него се родила завист, сакал да стане како создателот што е неможно. Тука почнува гревот. Трет пат ќе пишам, заклучоците изведни на основа само на нашите претпоставки без информации и истражување најчесто се погрешни.