1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сè што сакате да знаете во врска со религија

Дискусија во 'Религија' започната од AdoLf, 14 јуни 2011.

  1. KittyAgnes

    KittyAgnes Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2021
    Пораки:
    918
    Допаѓања:
    1.369
    Пол:
    Женски
    Ех каде навреди човеков, полека со заклучоците. Мора сами некогаш да ги најдеме одговорите, ако стварно не интересира. Не си помислила да посетиш предавање во црква или да побарсш разг. со свештеник и сите твои прашања да ги споделиш?Можеш и во Библијата да побараш одг:)
     
    На mesecar му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.963
    Допаѓања:
    9.749
    Пол:
    Женски
    Јас сето ова го знам, не ми е јасно како има луѓе кои не согледуваат дека тие теории се полни со дупки. Бог кога го создавал Луци, не знаел дека ќе стане грешен? Околу создавањето на човекот важи истото прашање. И зошто е толку важно некој да ја задржи слободната волја, ако истата е причина за неговата пропаст и за зло? (Овој пат за атер на дискусијата, ќе го заташкам тоа што слободна волја не постои, таа е илузија)
     
    На Ugly Duckling и Angie1432 им се допаѓа ова.
  3. mesecar

    mesecar Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2020
    Пораки:
    241
    Допаѓања:
    715
    Пол:
    Машки
    Ако не постои слободна волја немало да има ниту грев, ниту живи суштества, само програмирани роботи...а во тоа нема љубов. Во основа Бог е љубов. Бог е бесконечен не е ограничен со простор и време. Ние сме, ограничени во многу нешта, затоа и не можеме се да сфатиме и разбереме.
     
    На Snowflake97 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.963
    Допаѓања:
    9.749
    Пол:
    Женски
    Толку те сака, што доколку ти не го сакаш, ќе те уништи.
     
  5. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.963
    Допаѓања:
    9.749
    Пол:
    Женски
    Не постои слободна волја, све е со Божја умисла. Да постоеше апсолутна слобода на избор, убо ќе беше.
     
  6. mesecar

    mesecar Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2020
    Пораки:
    241
    Допаѓања:
    715
    Пол:
    Машки
    Напротив. Затоа и не го уништил Луцифер, за да докаже дека е љубов. За да не му служат останатите ангели од страв, туку од љубов. Тука е и слободната волја. Кој бара ќе најде, кој тропа ќе му се отвори. Бисерите не треба да се фрлаат пред свињите. (парафразирано од Светото Писмо).
     
    На Snowflake97, sonuvana и IRBBB им се допаѓа ова.
  7. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.320
    Допаѓања:
    33.658
    Пол:
    Женски
    Не можеш да служиш на двајца господари. Ти бираш кому ќе служиш и дали ќе се уништиш и сѐ шо подразбираш под уништување.
     
    На Need for Speed, sonuvana и mesecar им се допаѓа ова.
  8. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.963
    Допаѓања:
    9.749
    Пол:
    Женски
    А јас упорно го правам тоа овде :lol:
    Не го уништил за да го уништи подоцна.
    Не можеш да ми дадеш одговори кога нештата тебе ти се помалку јасни.
     
  9. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.963
    Допаѓања:
    9.749
    Пол:
    Женски
    Сите тоа го прават. Нема апсолутно добро.
     
  10. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.320
    Допаѓања:
    33.658
    Пол:
    Женски
    Не го прават тоа сите. И има апсолутно добро и апсолутно зло, само немаме сите дух на прозорливост во очите за да видиме сѐ.
     
    На Snowflake97, Need for Speed и sonuvana им се допаѓа ова.
  11. mesecar

    mesecar Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2020
    Пораки:
    241
    Допаѓања:
    715
    Пол:
    Машки
    Не го уништил, едната причина ја кажав. Другата е за да се видат каде водат последиците од гревот. И да докаже дека е праведен. Претпоставувам дека разбираш многу повеќе има имаш дрскост и сакаш да се инаетиш и исмеваш. Не вреди многу објаснување кога однапред си решена да не отстапиш од своето дури и ако истражувањето те води во друга насока. Нема што повеќе да се објаснувам. Кој сака ќе разбере, кој тропа ќе му се отвори.
     
    На Snowflake97 и Bitter-Sweet им се допаѓа ова.
  12. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.963
    Допаѓања:
    9.749
    Пол:
    Женски
    Некои се посебни, богоизбрани и се "гледаат".

    Не постои апсолутно добро во човековиот свет, ни кај луѓето го има тоа, ни во Библијата, никаде
     
  13. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.963
    Допаѓања:
    9.749
    Пол:
    Женски
    Не сум јас дрска (без причина), некој друг е закоравен и се однесува како член на култ. Како пишал лидерот во книгата, така е и туѓите гледишта се "погрешни". А тоа во книгата, којзнае кој се го пишувал.
     
  14. mesecar

    mesecar Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2020
    Пораки:
    241
    Допаѓања:
    715
    Пол:
    Машки
    Енох одеше со Бог, и Бог го зеде. Апсолутно добро. А кој тоа го напишал, тоа треба да истражуваш. Историјата и археологијата ја потврдува автентичноста на Библијата.
     
  15. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.963
    Допаѓања:
    9.749
    Пол:
    Женски
    Зошто Бог создал некои, за на крај да ги истреби? За да биде интересно?
     
  16. mesecar

    mesecar Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2020
    Пораки:
    241
    Допаѓања:
    715
    Пол:
    Машки
    Бог не го создал гревот. Човекот сам одлучил да згреши и да не се покае. Вечното живеење во грев е измачување. Крајното уништување на тие што не сакаат да живеат по Божјите принципи, а сакаат по принципите на злото, за кои се видливи последиците е за нив блогослов и чин на љубов. Не е искрено истражување ако се истражува и бара факти да се поткрепат сопствените претпоставки. Искрено истражување е со отворен ум и следења на разумните насоки на научните дисциплини.
     
    На Snowflake97 и IRBBB им се допаѓа ова.
  17. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.320
    Допаѓања:
    33.658
    Пол:
    Женски
    Не. Сите сме створени од Бог и сите ќе гледаме толку колку што ќе ги отвориме очите и срцата.
     
    На Snowflake97, Need for Speed, sonuvana и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.963
    Допаѓања:
    9.749
    Пол:
    Женски
    Во Библијата има насилство, убиства, гнев, одмаздољубивост....Библијата ја пишувале од една страна продуховени луѓе, но од друга, земски водачи, а од нив се знае што произлегува.
    ОМГ

    Кои се принципите на злото? И дали знаеш дека многу луѓе немаат поим што се принципи, а не да одберат да се водат според некаков?

    Нема везе. Вие сте во црковна матрица и ништо друго не ве интересира, однапред ви е отфрлено. Не се вознемирувајте од прашања и воздржете се од навредливи коментари кој колку истражувал, може да сфати, "гледа" итн, подобро е со гредата во вашето око да си се занимавате. Зашто Бог бил сезнаен, а човекот бил ограничен, требало да оправдувам крвопролевање, глад, болести, дискриминација....како не.
     
  19. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.842
    Допаѓања:
    41.049
    Пол:
    Женски
    Која е поентата Бог да казнува за гревови ако знаел однапред дека така ќе испадне човекот? Затоа што ако е создадетел на сѐ ќе знае и каква ќе биде иднината на човештвото.Значи да, зошто да создаде пекол само затоа што човекот се води според природата која токму Тој ја создал?
    Не знам зошто упорно зборувате за слободна волја кога јасно е дека такво нешто не постои.
     
  20. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.320
    Допаѓања:
    33.658
    Пол:
    Женски
    Бог ги створил Адам и Ева и им рекол да не пробуваат од тие две овошки во Едемската градина. Првородениот грев го направила Ева со каснувањето на овошката за разликување на доброто и злото (свесноста за гревот).
    Тоа е таа слободна волја.
     
    На Snowflake97 и mesecar им се допаѓа ова.